дома блог страница 985

Николоски за убиствата на Палчо: Власта негувајќи монструм, создаде Франкештајн

Николоски потенцираше дека власта на СДС и ДУИ е директно одговорна, бидејќи негувајќи монструми, создала како што рече тој Франкештајн, како и дека бидејќи истите претходно не биле казнети за помали дела, стигнале да убиваат деца.

Во Македонија со години важи една политика на неказнивост. Треба да го видиме добро профилот на осомничените за кои се осомничени дека се извршители на овие два грозоморни чина. Се работи за лица кои што беа полициски проект добри 6-7 години во Македонија. Кои што некаде пред референдумот за името во 2018та година беа создадени како “патриотски движења“ кои што требаше да ја одземат силата на ВМРО-ДПМНЕ, па нели тие беа “патриотите“, а ние бевме “предавниците“, тие беа тие кои што се удираа во гради за Македонија, а ние требаше да изгледаме како некои помеки. А, во суштина тоа беа полициски инсталации, полициски структури со дебело криминално досие кои што одработуваа со цел полицијата да не ги казнува. И тоа обично така оди, кога негувате монструм, на крај добивате Франкештајн, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во Тема на денот на телевизија Сител за извршените убиства од страна на Љупчо Палевски Палчо.

Николоски потенцираше дека власта на СДС и ДУИ е директно одговорна, бидејќи негувајќи монструми, создала како што рече тој Франкештајн, како и дека бидејќи истите претходно не биле казнети за помали дела, стигнале да убиваат деца.

Оваа власт негувајќи монструми, на крај создаде Франкештајн, бидејќи мислејќи дека ќе останат неказнети за помали кривични дели, стигнаа до тоа да убиваат деца, да убиваат луѓе, затоа што сметаа дека вечно ќе бидат заштитени од параполициските структури на оваа власта. И тука има подеднаква одговорност и СДС и ДУИ, изјави тој и додаде:

Всушност видете каде најчесто овие луѓе гостуваа по медиуми и видете на пример каде Артан Груби гостува по медиуми, и горе доле ќе ви се поклопат работите. Така што кога ќе се претера со тие политички игри и кога тие политички игри се само во сурова заштита на сопственото владеење во Македонија, за жал и на криминал, доаѓа до вакви ситуации. И тука апсолутно има одговорност целата власт на СДС и ДУИ, затоа што не се непознати лица осомничените, не се обични криминалци од улица.

Николоски додаде дека овие радикални политички структури се поддржани од власта, потсетувајќи дека токму и поранешниот премиер од СДС Зоран Заев се фалел од собраниска говорница дека ги финансирал истите.

Трагедијата ќе беше еднакво голема да беа овие и улични криминалци кои што ги направиле овие злосторства. Но, самото што се работи за јавно профилирани личности кои што имаа добиено таква улога од параполициските структури во државата, командувани од владата на СДС и ДУИ, покажува дека контекстот е многу посериозен. И дека оваа политика од една страна на неказнивост, а од друга страна на стимулирање на говор на омраза во јавност кој што го имате на секој чекор за жал носи до вакви последици. Радикалните политички структури во оваа држава, за жал се поддржани од власта. Да ве потсетам поранешниот премиер Зоран Заев јавно од говорница се фалеше кој од овие радикални политички структури финансирал и како финансирал, рече тој.

Николоски потсети дека и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а и тој лично добивал закани од Љупчо Палевски Палчо, но полицијата тогаш не преземала ништо, односно како што рече тој бидејќи од власта не ги санкционирале за тоа од “копачи на злато“, се претвориле во суштина копачи на зло.

Да ве потсетам дека истите ликови упатуваа закани кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кон неговото семејство, кон мене лично, и не еднаш туку многу пати, никој од власта не ги санкционираше за тоа и кога имате политика на неказнивост на овие “копачи на злато“, а во суштина копачи на зло, тогаш имате резултат каков што имате, а резултатот е трагедија, истакна Николоски.

Нови цени на горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, намалени цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензините поевтинуваат за еден денар по литар, а дизелот се намалува за половина денар за литар.

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 78,5 денари, бензинот БС-98 ќе чини 80,5 денари за литар, а литар дизел ќе се продава за 76 денари. За половина денар од полноќ се намалува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 75 денари за литар.

По пониска цена ќе се продава и мазутот кој поевтинува за 0,431 денари, а еден килограм ќе чини 42,086 денари.

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали во СВР Скопје имало пријава пред 5 дена дека убиецот е Палевски?

Од МВР денеска се бара одговор дали пред 5 дена било пријавено дека убиецот на малата Вања е Љупчо Палевски.

Одговорот го бара пратеникот Игор Јанушев на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали во СВР Скопје имало пријава пред 5 дена дека убиецот е Палевски, и зошто ништо не е преземено во однос на тоа, прашува Јанушев кој со вториот дел од прашањето всушност укажува дека МВР добила информација кој е можниот сторител.

Според временската рамка Јанушев навестува дека упре во средата МВР односно СВР Скопје добил информација дека убиец на малата Вања е Љупчо Палевски Палчо.

Целата прес конференција во продолжение:

Лишени од слобода двајца млади прилепчани: Во автомобилот им пронашле марихуана

На 03.12.2023 на ул.„Сашо Китаноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Ш.(28) и Б.М.(27), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив и во возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од ОВР Прилеп.

Девет години СН Осигурителен Брокер АД Битола – континуирано вложување во професионален кадар и врвна услуга за клиентите

– Континуираното вложување во професионален кадар и испорачувањето на врвна услуга за клиентите се основните постулати на нашето работење, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, посочувајќи дека досегашниот раст и развој се должат на експертизата и балансираното менаџирање, како и на придонесот на целиот тим во чиј фокус е секогаш клиентот.

Заокружувајќи ја деветтата година од основањето, овој 4-ти декември најголемото брокерско друштво во секторот на осигурувањето во земјата, СН Осигурителен Брокер АД Битола, заокружува уште една успешна година во процесот на постојан раст и развој.

Континуирано задржувајќи ги лидерските позиции во својот сектор денес компанијата ја трасира стратегијата за раст и развој втемелена на посветеноста и придонесот на млад, високообразуван стручен кадар. 130 вработени секојдневно ги опслужуваат клиентите преку раширена мрежа од 43 подружници низ целата држава.

Континуираното вложување во професионален кадар и испорачувањето на врвна услуга за клиентите се основните постулати на нашето работење, велат од компанијата, посочувајќи дека досегашниот раст и развој се должат на експертизата и балансираното менаџирање, како и на придонесот на целиот тим во чиј фокус е секогаш клиентот.
„СН Осигурителен Брокер постојано ги следи потребите на осигурениците со цел да им ги понуди најдобрите решенија. Задоволството и лојалноста на клиентите се наш поттик и инспирација. Активно сме вклучени во донесувањето на законски мерки и начинот на обештетување на осигурениците, како и нивно целосно информирање. Нашата позиција е секогаш на страната на клиентите, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а најважно е што сме дел од секој процес на осигурување, почнувајќи од давањето на понуда до исплата на обештетување. Осигурителните брокери се вистинскиот начин секој да дојде до добро и соодветно осигурување, а осигурениците веќе знаат дека во нас имаат вистински партнер.“-велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

СН Осигурителен Брокер АД Битола е најголем брокер по бруто полисирана премија и реализирани штети, број на експозитури и вработени, територијална покриеност и број на вработени лиценцирани осигурителни брокери.

Со ваков капацитет разбирливо е како токму СН Осигурителен Брокер е компанијата која го скрши мразот на полето на корпоративните обврзници во Македонија.

Имено, СН Осигурителен Брокер АД е првиот правен субјект од нефинансискиот сегмент на националната економија кој издава долгорочни хартии од вредност − корпоративна обврзница. 2023 година за компанијата е значајна по тоа што ја исплати првата годишна камата за корпоративната обврзница, оправдувајќи ја со тоа довербата дадена од инвеститорите.

Покрај тоа, уште еден голем настан во СН Групацијата ја одбележа деветтата година од постоењето на компанијата. Имено, на крајот на декември се навршува една година од отворањето на СН Мото Центарот во Скопје.

Се работи за инвестиција на СН Осигурителен Брокер во најсовремена станица за технички преглед. СН Мото центарот за речиси една година од отворањето прерасна во двигател на мото културата во скопскиот регион опслужувајќи ги клиентите во мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни во Момин Поток-Карпош во Скопје. Центарот располага со 1.847 метри корисна површина и со најсовремена опрема и стручни кадри, велат од компанијата.

Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, ЦЕМТ, хомологација, ПТЕУ, меѓународна возачка дозвола, полномошно и пошта. Достапни се сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.

Всушност, СН Мото Центарот во Скопје ја пресликува успешната приказната на СН Сообраќајниот центар во Битола – инвестиција на СН Осигурителен брокер во 2019 година, тешка 5,5 милиони евра.

Сето ова покажува континуитетот на позитивните резултати од деловното работење на СН Осигурителен Брокер АД Битола, кој со секој нов успех го потврдува трендот на раст и развој, стабилност и покажува дека храбро и успешно зачекорува во десеттата, јубилејна година од своето постоење.

Спасовски: Таткото на Вања им дал информации на киднаперите, Палевски со пиштол ја усмртил девојката

Вања е киднапирана во влезот на зградата и со врзани раце и нозе и во вреќа за спиење е ставена во багажникот на возилото „цитроен“ и однесена надвор од Скопје каде е убиена, по што е запалено возилото.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Јавното обвинителство рече дека според сознанијата и исказите на осомничените, Вања е киднапирана во влезот на зградата и со врзани раце и нозе и во вреќа за спиење е ставена во багажникот на возилото „цитроен“ и однесена надвор од Скопје каде е убиена по што е запалено возилото.

Како што појасни Спасовски, возилото „цитроен“, сопственост на убиениот велешанец, на „сејф сити“ првпат се појавува на 27 ноември кога е киднапирана Вања.

Пред возилото „цитроен“ со кое е киднапирана Вања, се наоѓало возило „рено канго“. Двете возила по нејзиното киднапирање заминуваат надвор од Скопје.

На прес-конференцијата, Спасовски рече дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија.

Спасовски ги негираше и информациите пласирани во јавноста дека полицијата знаела, а не откривала детали за исчезнувањето на Вања, поради Самитот на ОБСЕ.

Спасовски информираше дека девојчето Вања е киднапирана пред влезот на нејзиниот дом откако претходно нејзиниот татко споделил информација со организаторот за времето на нејзиното излегување.

-Како што веќе сте запознати, мотивот е „користољубие“ при што едно од лицата во договор и со знаење, според привчните сознанија на член на семејството, го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од кое понатаму сите инволвирани би имале материјална корист, посочи Спасовски на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Таткото на Ѓорчевска е приведен, со него е извршен распит и ќе се преземат мерки по насока на Јавното обвинителство.

Убиството на 74-годишниот жител од Велес, како што посочи Спасовски, нема никаква врска со убиството на девојчето, но имал нерасчитени односи со еден од осомничените. Неговото возило „цитроен“ е искористено за извршување на киндапирањето на девојчето.

– Со тоа возило е одземена малолентичката и тоа во влезот од зградата каде живееле отако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзинот излегување, рече Спасовски.

Министерот изрази сочуство до семејствата на убиените и најави дека лицето кое е во бегство, а го има извршено убиството на Вања, ќе биде изведено пред лицето на правдата.

Првосомничениот според објавите на медиумите е Љупчо Палчевски – Палчо, а денеска на прес-конференцијата Спасовски рече дека тој заедно со неговиот адвокат со возило пребегнале во Белград, а потоа во Бугарија. По него се трага, а скопскиот обвинител Гаврил Бубевски нагласи дека против него ќе биде издадена меѓународна потерница.

Спасовски: Главниот извршител на убиството е во бегство

Главниот организатор и извршител на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски е во бегство, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешата прес конференција.

– Главниот организатор и извршител кој со пиштол на 27 ноември според досегашните утврдени докази некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата истрага после првата пријава, можам да ветам дека ќе сторам се и јас и институцијата ова лице или ако сакате подобро на овој монструм на кој му ја следиме трагата час поскоро штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата, кажа Спасовски.

ОДРЕДЕН ПРИТВОР за тројца осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА.

Притворот им е определн поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело. Тројцата ноќеска се спроведени во Истражниот затвор во Шутка.

Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Честита слава на сите кои празнуваат! Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица

Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Јерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Јерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и Ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана.

Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи. Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите ја кренаа Девата на првото скалило, а таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, каде што ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на свети Јован Претеча. Кога првосвештеникот ја зеде за рака, ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на Светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архијерејот. Свети Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „вон себе и обземен од Бога“ кога ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот.

Таа пребиваше во храмот цели девет години. Родителите ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана. А кога нејзините родители беа повикани да се претстават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за во вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот. Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и неа потоа ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички.

Името на Љупчо Палевски – Палчо се поврзува со убиството на Вања

Скопјанецот Љупчо Палевски – Палчо го поврзуваат со киднапирањето и убиството на младата скопјанка, Вања Ѓорчевска, дознава Фокус.

Според информациите, тој е надвор од Македонија. Дел од информациите велат дека пред неколку дена се упатил кон Турција.

Целиот текст прочитајте го на “ФОКУС”