дома блог страница 986

ТАГА ДО НЕБО: ВАЊА Е ПРОНАЈДЕНА ПОЧИНАТА

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023

Трагичен крај на потрагата по 14-годишната Вања. По повеќедневна голгота, девојчето кое од понеделникот се водеше како исчезнато, пронајдено е мртво.

Во врска со овој случај, МВР информираше дека се приведени 5 лица, а обвинителството за три од нив побара притвор.

Уште едно лице е пронајдено починато во Велес.

Целото соопштение од Јавното обвинителство прочитајте го во продолжение:

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.
Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.
Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.

Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.

Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

Мајмуни со кортео го кренаа Прилеп на нозе, а од трибините порачаа: “Крстот на Шапка вечно че сјај, големиот Бог че ви суди на крај” (ФОТО)

Во пресрет на вчерашното пелагониско дерби помеѓу екипите на Победа и Пелистер, кое за жал црвено-белите го загубија со 0:2, навивачката група “Мајмуни” приреди мал спектакл низ улиците на Прилеп.

Со кортео и навивачки песни му оддадоа почит на прерано згаснатите животи на Ѕивата и Мевцето, а потоа од трибините на Градскиот стадион “Гоце Делчев” упатија порака:

“Крстот на Шапка вечно че сјај, големиот бог че ви суди на крај”

Четата на Велески како КУД…оди на гостување да се забавува

Екипата на Голден Арт на свој терен беше убедливa против Прилеп со 28:18 во натпревар од 13. коло од Супер лигата.

Фото/ФБ/RK Golden Art

Поголемиот дел од првото полувреме беше израмнетo, но домаќините беа поконкретни на теренот, a победничкиот поход Голден Арт го направи во вториот дел кога имаше серија од 7:0.

Кај прилепчани како и во поголемиот дел од останатите натпревари, се истакна Владан Кастратовиќ со 5 постигнати гола, а зад него беше Пеце Рајатовски со 4.

Ова беше деветти пораз за прилепчани сезонава, кои на контото имаат само три победи и еден нерешен резултат. Со овие резултати РК Прилеп заслужено се наоѓа само на шестото место на табелата, а зад нив се само Мулти Есенс и Вардар Неготино.

Во последното коло од есенскиот дел на сезоната РК Прилеп го пречекува Еурофарм Пелистер, а напролет ќе води битка за опстанок во суперлигашкото друштво.

Американски воен брод нападнат во Црвено Море

Американски воен брод и неколку комерцијални бродови биле нападнати во Црвеното Море, тврди Пентагон.

– Свесни сме за извештаите за напади на УСС Карни и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе споделиме повеќе информации штом ќе станат достапни – соопшти Пентагон.

Британската армија, да потсетиме, претходно објави дека имало напади и експлозии со беспилотни летала во Црвеното Море, но без детално објаснување.

Пентагон се уште не соопшти кој стои зад нападот.

“Левица” го реизбра Апасиев за претседател

Президиумот на Левица, едногласно го реизбра, Димитар Апасиев, за старо-нов претседател на партијата.

Јована Мојсоска е назначена за Генерален секретар на Левица.

Вториот Пленум на партијата се одржа во текот на вчерашниот ден, а делегатите на Пленумот ги усвоија Статутарните одлуки. На оваа сесија на Централниот комитет беше реизбран досегашниот состав на Президиумот.

Започнува процедурата за промена на Бајден? Републиканците сметаат дека имаат доволно гласови за “импичмент”

Мајк Џонсон, републиканскиот конгресмен кој претседава со Претставничкиот дом на САД, рече дека верува оти републиканците имаат доволно гласови за да започнат формална истрага за импичмент на претседателот Џо Бајден, пренесува Си-Ен-Ен.

– Верувам дека ќе имаме. Очекувам дека нема да има демократи кои ќе ги помогнат тие напори – изјави Џонсон за Фокс њуз за истрагата што веќе ја спроведуваат претставници на Републиканската партија.

Си-Ен-Ен објави дека републиканците и клучниот конгресен комитет во кој доминираат , во петокот објаснија зошто веруваат дека е неопходно гласање за истрагата на Бајден.

Републиканците изјавија дека тоа ќе ги зајакне нивните правни позиции пред судот и во исто време ја осудија Белата куќа која „одбива каква било комуникација“ во врска со истрагата за деловните потфати на американскиот претседател и неговиот син Хантер Бајден.

Николоски: Владата руши рекорди во крадење

Додека оваа влада креира мерки за поткуп со кој го потценува народот со 500 или 1000 денари, јавноста мора да знае дека милионите течат во приватни џебови од државни тендери, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Додека оваа влада креира мерки за поткуп со кој го потценува народот со 500 или 1000 денари, јавноста мора да знае дека милионите течат во приватни џебови од државни тендери, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Власта на СДС и ДУИ на заминување се утепа од крадење во последните денови од власт и нормално местото за крадење и „златната кокошка“ за крадење е РЕК Битола и Електрани на Македонија со омилената компанија на власта Марковски Компани од Битола која што ги добива сите возможни тендери во РЕК Битола. Денес ќе презентирам фрапантен случај како броилото на власта врти додека народот осиромашува. Пред вас презентирам договор кој во суштина е рамковна спогодба за ангажирање на 10 булдожери гасеничари од Марковски Компани кои треба да бидат ангажирани во РЕК Битола во период од 18 месеци по замислете неверојатни 16.253 денари по час. Повторувам 16.253 денари по час или вкупната вредност на оваа рамковна спогодба е 9 милиони и 200 илјади евра кои Марковски Компани треба да ги добие за ангажирање на само 10 булдожери гасеничари во рамките на РЕК Битола. Овој договор кој го презентирам и кој кажав дека чини неверојатни 16.253 денари по час, значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра, истакна Николоски.

Отворено се поставуваат неколку прашања:

Колку нови булдожери може да се купат со договор од 9.2 милиони евра и тие да бидат во сопственост на државата, а не на омилената приватна компанија?

Дали можеби можат да се купат 15 или 20 булдожери кои ќе бидат во сопственост на државата, а не во сопственост на Марковски Компани?

Кој поединец, кој граѓанин заработува по 16.253 денари за работа за само еден час или 6.300 евра дневно? Ова го нема никаде!

Кој заработува 6.300 евра дневно или 253 евра по час за сопствената работа, дали има втор случај во Македонија или во регионот или во Европа со вакви цени? Праша Николоски.

Понатака, за народот антикризните мерки кои владата ги дава се во вредност од 500 или 1000 денари, а за своите од Марковски Компани се 16.253 денари. Ова е тежок скандал, порача Николоски.

-Прашувам кој е интересот на власта од овој договор? Кои се скриените коруптивни намери во овој договор и кои се првенците од власта од СДС и ДУИ кои имаат дебела корист од овој договор? Дали е вистина или не, дека врвот на СДС директно ги договара тендерите во РЕК Битола? Праша тој.

Ваков договор треба да е предмет на опсервација и на проверка од обвинителството и сите надлежни институции и да најавам ако тоа не го направат во следните 4 до 5 месеци, ќе го направиме ние после промената на власта затоа што мора да има одговорност за кражбата на народните пари, додава Николоски.

Падна авион со политичари во Парагвај, четири лица загинаа (Видео)

Политичарот од Парагвај, Валтер Маркс заедно со уште три лица трагично го загуби животот во авионска несреќа во саботата вечерта.

Несреќата се случила веднаш по полетувањето, на оддалеченост од околу 200 километри од градот Асунсион. Во овој трагичен настан загина претставникот на владејачката партија Колорадо и тројца членови на неговиот тим, се наведува во полицискиот извештај.

„Пријатели, добив тажна вест за смртта на нашиот колега, пријател и брат Валтер Хармс“, објави на социјалните мрежи вицепремиерот Педро Алијана.

Снимките кои кружат ги покажуваат остатоците од авионот во пламен на местото на несреќата.

Првичните информации говорат дека авионот удрил во дрво при полетување, што резултирало со пожар и ненадеен пад на леталото.

Талат премиер и заеднички листи на СДСМ и ДУИ на избори?

Талат Џафери од ДУИ да биде премиер сто дена пред избори, а координаторот на СДСМ, Јован Митрески нов претседател на Собранието, е најверојатната варијанта за техничката влада, објави попладнево „360 степени“.

Канал 5 доби потврда од извори во СДСМ дека овој предлог бил ставен на маса, од нивна страна, на последниот состанок со ДУИ, но од Мала Речица се уште не добиле одговор на понудата..

Аргументите на Бихаќка се дека со ваквото решение, би се постигнал баланс во распределбата на врвните функции во власта, ДУИ не би имала и премиер и претседател на парламентот во исто време, а во случај да не се избере шеф на државата, в.д. претседател би бил етнички Македонец…

На последниот состанок на коалиционите партнери, според информациите на Канал 5, СДСМ излегол и со понуда за настап со заеднички листи на парламентарните избори, но и за ова се уште не добиле одговор од Ахмети..

Пет лица приведени во врска со случајот за исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања, информира денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за време на посетата на Куманово, одговарајќи на новинарски прашања дали има напредок во истрагата за девојчето.

-Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај, рече министерот.

Истакна дека низа криминалистички истражни мерки се презедоа во изминатиот период се со цел да се утврдат сите овие факти.

-Тие факти коишто ги утврдуваме преку овие истражни мерки ќе ги соопштиме во јавноста во момент кога треба да бидат соопштени, заради тоа што предвременото соопштување ни прави проблеми, истакна Спасовски и додаде дека вчера рекол дека не е точно дека на Вања и се губи траг кај „Силбо“, односно кај „Броз кафе“, со цел да не се шират повеќе шпекулации.

Спасовски потенцираше дека сите податоци кои ги утврдуваат ќе ги соопштат во даден момент, бидејќи, како што кажа, за истрагата е многу релевантно кога и како ќе соопштат во јавноста.

-Ви се заблагодарам на сите вас заради тоа што навистина објективното пренесување на сите информации, па и околу овај случај, сериозно влијае на спротивставувањето на лажните вести и на сите оние коишто сакаат од неразбирливи причини, без разлика од што се мотивирани, да ги пласираат во јавноста, додаде тој.

Веќе шест дена се трага по Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало.