дома блог страница 984

(Видео) Интервју на Трамп пред да се предаде во затвор: Одговори и на прашањето дали ќе има граѓанска вojна во Америка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговараше со Такер Карлсон, поранешен водител на Фокс њуз, во пресрет на неговото предавање на властите во затворот во округот Фултон во Џорџија. Во интервјуто зборуваше за можноста за политичко насилство во САД.

Угледната веб-страница „Хил“ објави дека Трамп, на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), рекол дека страста и омразата во Америка достигнале невидени размери.

Трамп реши да ја прескокне дебатата на кандидатите за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, која штотуку ја организираше Fox News, а неговото интервју со Карлсон се емитуваше само неколку минути пред да започне дебатата.

– Никогаш не сум видел толкав дух и толку страст, а исто така никогаш не сум видел, во исто време, во истите луѓе, толкава омраза за она што и е направено на нашата земја – рече Трамп.

Кога Карлсон потоа го праша дали мисли дека САД се упатени кон „граѓанска војна“, Трамп се осврна на насилството што избувна на 6 јануари 2021 година на Капитол Хил кога неговите приврзаници маршираа кон зградата на Капитол за да извршат притисок врз тогашниот потпретседател Мајк Пенс.

– Има голема страст и голема љубов. Знаете, 6 јануари беше многу интересен ден бидејќи тие (медиумите) не известуваат соодветно за тоа. Верувам дека тоа беше најголемата маса луѓе на кои некогаш сум им се обратил – рече Трамп, додавајќи дека „многу мала група“ од нив го нападнала Конгресот.

(Видео) “Вагнер” со закана по смртта на Пригожин: “Oчекувајте, доаѓаме”

Русите тврдат дека рускиот шеф на платеничката група, Пригожин загинал синоќа во приватен авион во близина на Москва, точно два месеци по неговиот неуспешен бунт против руското воено раководство.

Каналот на Телеграм „Греј зона“, кој е поврзан со платеничката војска на Пригожин, Вагнер, тврди дека авионот бил намерно соборен. Дека загинал беше објавено и на каналот на Телеграм поврзан со Вагнер.

„Но, и во пеколот ќе биде најдобар. Слава на Русија!“, се додава мрежата што Пригожин обично ја користел за споделување видеа.

По неговата смрт, прашањето е што ќе прави сега Вагнер. На Телеграм каналите и социјалните мрежи е објавено видео во кое се најавува одмазда.

„Многу се зборува за тоа што ќе направи Вагнер во оваа ситуација. Ќе кажеме едно. Веќе сме на пат. Чекајте не“.

Но, аналитичар на Би-би-си накратко коментира дека без Пригожин, Вагнер во сегашната форма е завршен.

Таста го победи поранешниот европски шампион, сега на ред е РК Прилеп во прво коло

Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, прилепчанецот Горан Кузмановски, во новата сезона во ракометната Супер лига ќе ја предводи екипата на РК Бутел.

Кузмановски одлично ги почна подготовките за ракометните предизвици во Супер лигата, а доказ за тоа е синоќешниот триумф над некогашниот европски првак Металопластика Шабац со 28-27, во второто коло од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“, кој се одржува во Охрид.

Бутелчани триумфираа со 27:28 (10-12 на полувремето). Прв предизвик за прилепскиот стратег во Супер лигата ќе биде токму гостувањето во родниот Прилеп против истоимената домашна екипа. Натпреварот се игра на 09.09 (сабота), а претходно Бутел ќе ги тестира силите и на дуелот со словенечкиот Татран Прешов, исто така на турнирот во Охрид.

Тепале полицаец со стапови, шипки, тупаници – Истрага за 13 жители и притвор за петмина

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР-СВР Струмица кој излегол на лице место во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели – предмет на пријавено кривично дело „Кражба“. Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети најпрвин започнале да удираат врз полициското возило. Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ја одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото. Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земјата и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди, информираат од ЈО.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Пригожин и официјално е мртов – пронајдено неговото тело

Руските медиуми објавија дека по вчерашната авионска несреќа во близина на Москва е прнајдено телото на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Неговото течло е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина.

Во близина на Бирото за судска медицина распоредени се голем број полицајци.

Откако беше потврдено дека Пригожин загина во авионска несреќа, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда.

– Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте не, истакна еден член на „Вагнер“.

Претходно беше објавено дека конвој возила на „Вагнер“ се движат од Белорусија кон Русија, но таквата информација не е официјално потврдена.

Руското Министерство за вонредни состојби вчера соопшти дека приватен авион „Ембраер Легаси“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во авионот имало 10 лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале. Пригожин и командантот на „Вагнер“, Дмитриј Уткин биле на списокот на патници.

Ни следуваат два продолжени викенди во две недели: До крајот на годината имаме уште неколку неработни денови кога ќе одмараме по три дена!

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 aвгуст 2023 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

ММТСП на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

• 8 септември (петок), Ден на независноста,

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Несекојдневен настан во Прилеп: Утре автокино во дворот на ООУ “Гоце Делчев”

Во петок на 25 август 2023г во дворот на ОУ „Гоце Делчев “, прилепчани ќе можат да присуствуваат на еден несекојдневен настан со следната содржина:

19.00ч Тимот на Tuning CAR SHOW Prilep ќе ни ја презентира програмата што ја подготвува за нивната јубилејна 15та изложба на автомобили која тредиционално ќе можеме да ја видиме на 11ти Октомври во Прилеп.

21.00ч Автокино под отворено небо, каде прилепчани од својот автомобил ќе можат да го проследат култниот македонски филм ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ.

Настанот е во организација на Општина Прилеп, TOROS film studio и Tuning CAR SHOW Prilep.

УХМР: Сончево и многу топло, попладне услови за пороен дожд

Времето денесика ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=7, извести УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени, велат од УХМР.

Ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме, особено во сабота.

Чичко Тома Фила да ви каже нешто за Европска Унија (ВИДЕО)

Eден од најпознатите адвокати на сите времиња на поранешните ЈУ простори, Тома Фила од Битола, зборува пред камерата на “Алфа” за односот на Европската Унија:

Турнир во баскет 3х3 викендов во Прилеп! Е тоа го сакаат младите

По пауза од 4 години, КГЈ 3х3 е повторно со вас. Оваа година ќе се организира 13-то издание на популарниот турнир во кое има пријавено над 20 екипи од Прилеп.

Oд најзабавниот 3х3 турнир, кој полека станува традиција на овој град, не’ делат неколку дена. Турнирот ќе се одржи на 26. и 27. август во училишниот двор на “Кире Гаврилоски-Јане”.

Очекувајте многу изненадувања како за играчите така и за публиката, и секако неверојатна акција на теренот и одлична атмосфера.