дома блог страница 964

Ja oграбил државната сувенирница на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп

На 07.11.2023 на Плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. (28) од Прилеп.

Тој се сомничи дека извршил кражба во објект за продажба на сувенири, сопственост на Музеј Прилеп. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Душа малечка: По 77 дена на интензивна нега и терапија на ГАК, ова малечко бебе борец здраво си замина дома (ФОТО)

Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од Клиниката за гинекологија и акушерство.

По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции – пишуваат на ФБ од оваа државна клиника.

Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2110 грама.
На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа.

На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон – стои во објавата.

(Фото) “Скопје ќе биде срцето на Албанија” – Teшки националистички провокации од трибините на Шкупи

Навивачите на екипита Шкупи на синоќешниот фудбалски дерби натпревар на стадионот во скопската населба Чаир истакнаа провокативни пароли со националистичка и екстремистичка содржина.

„Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“ – се вели на една од паролите.

Според присутни на натпреварот имало и пароли и извици со кои се величаат убијците на младото момче Никола Саздовски – Саздо, што е уште потешка форма на говор на омраза.

Засега нема никаква официјална реакција на ови националистички испади ниту од ФФМ ниту од МВР, кои начелно се залагаат за сузбивање на говорот на омраза и навредите на национална основа на спортските натпревари.

Иако и тоа е со закон забрането во Македонија, неочекувано по натпреварот со запален факел во раката на теренот излезе и еден од фудбалерите на чаирчани. Тој претходно на лицето ја стави т.н. маска „Гај Фокс“ која е позната како „маска на одмазниците“ односно „маска на анонимните“, со цел да не биде идентификуван од полицијата.

Според Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортските терени секое палење факел, без разлика од која причина, носи и казна. Зачудува што изостана реакција од присутните полицајци на теренот, кои би морале да го идентификуваат фудбалерот на тимот од Чаир и да го санкционираат со парична казна од 500 евра.

Истовремено, поради палењето факели на трибините, како и таа на теренот, според истиот Закон, челниците на Шкупи би морале да бидат казнето со 5.000 евра додека одговорното лице на клубот со дополнителни 1.500 евра.

(Фото) Беше министерка, а сега фотелјата ја замени со трактор

Не така одамна седеше во удобна министерска фотеља, но реши да направи промена.

Станува збор за Фросна Ременски која на својот фејсбук профил напиша:

Добро утро Македонијо каде и да си Есенското орање на бавчата во село Бардовци со тракторот заврши успешно.

Со ова задоволство СеРасправавме еден саат, а со плодовите од бавчата #ЌеСеРасправаме цела зима – што со зимницата, што со фолијата за зима со лукче, кромидче, рукола, марула, ротвица и други треви. Орачот си го заслужи ручекот.

(Видео) Вечерва премиера на новиот македонски филм “Кино љубов” во киното “Мис Стон” во Прилеп

„Кино Љубов“ во режија на Јани Бојаџи е најновиот македонски филм, кој премиерно ќе биде прикажан на 7 ноември /вторник/ од 19.30 часот во кино Мис Стон. Се работи за 93 минутна драма во која играат Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Благоја Чоревски…

Содржина:

-Коста е актер кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Дополнително на с#, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на идеја да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И решава да земе заем од неговиот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата – се вели во содржината на филмот.

******************************************************************************

Влезниците по цена од 150 денари ќе се продаваат вторник од 10 до 13.00 ч. и два часа пред проекцијата на филмот.

Гевгелија престолнина на атлетиката – Mozzart и годинава го поддржа спортскиот настан „NOVEMBER RUN 2023“ (ФОТО)

Гевгелија минатиот викенд беше вистинска престолнина на атлетиката и домаќин на најголемиот спортски настан во регионот кој беше поддржан од лидерот во приредување игри на среќа.

Компанијата Mozzart и годинава беше еден од спонзорите на третата по ред трка „NOVEMBER RUN 2023“ на која учество земаа 2300 натпреварувачи.

„Викендов, Гевгелија беше домаќин на најголемиот атлетски спортски настан во регионот, обединувајќи 2300 натпреварувачи од 14 држави. Особено сме благодарни на компанијата Mozzart која веќе втор пат е наш значаен спонзор и соработник со чија поддршка успеавме да организираме ваков масовен спортски настан”, изјави Игор Коцевски, Претседател на Атлетски Клуб 7ми Ноември Гевгелија.

Главниот настан беше трката на 5 и 10 км, по што следуваа три детски трки, како и тката ‘Run Together’ за лицата со попреченост.

„Mozzart застана зад уште еден голем спортски настан. Ни преставува чест и задоволство што до нас се почесто стигнуваат барања за помош и поддршка на вакви големи манифестации. Ова е втора година по ред како нашата компанија даде зелено светло и помогна во организацијата на настанот. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и во иднина”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Бројот на спортски настани, поддржани од лидерот во приредување игри на среќа се повеќе расте. Само годинава Mozzart застана зад 15 вакви и слични настани. Помошта и поддршката продолжува и натаму, а се со цел развој на спортот и спортскиот дух.

Охриѓанец синоќа загина во страшна сообраќајка кај Битола

Во СВР Битола вчеравечер во 19:32 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен, во близина на битолското село Братиндол, се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички возила „бмв” и „рено клио”.

Возилото „бмв“ било со ресенски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(24) од селото Езерани, Ресенско, во кое сопатник бил К.Ш.(25) од село Царев Двор, Ресенско. Патничкото возило „рено клио”, со охридски регистарски ознаки, било управувано од Г.С.(50) од Охрид и во него сопатничка била Н.С.(55) од Охрид.

Доктор во Клиничката болница во Битола кај лицето Г.С констатирал смрт како последица од повредите, а кај сопатниците констатирани се повреди.

Увидот синоќа го вршеше увидната екипа на СВР Битола, а сообраќајот на релација Битола – Ресен беше пренасочен по стариот пат.

Значително поскапување на цигарите: Еве кои брендови се со нови цени

Дел од цигарите во Македонија веќе поскапеа иако од Министерството за финансии, изјавија дека наместо од 1 ноември, поскапување ќе има на 1 јануари наредната година.

Како што објави еМагазин, се работи за поскапување од 10 денари и тоа за цигари кои ги произведува Империал Тобако Тутунски комбинат Скопје, поточно брендовите Вест, Бос, Давидов, Родео, Жаде, а истото го потврдија од маркетите за веб порталот.

Директорот Заев му подари шест веспи на МВР да брка криминалци…

Во кругот на Министерството за внатрешни работи, денеска беше предадена донација од Фондацијата Заев, која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција.

Директорот на Фондацијата, Зоран Заев ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството.

Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата, велат од МВР.

Министерот Спасовски, во свое и во име на МВР, изрази благодарност до Фондацијата Заев за оваа важна донација, при што истакна дека безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока.

Mицкоски: Во маркетите имаме европски цени, а стандардот ни е полош и од некои афрички земји

При денешната посета на општина Радовиш во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што министерот за економија вели дека храната поевтинува истакна дека министерот за економија или долго време не влегол во маркетите или не знае што се случува и со каква мака се соочуваат граѓаните, по маркетите имаме европски цени а стандардот е полош и од некои афрички земји.

„Министерот за економија или долго време не влегол во маркетите или не знае што се случува. Најлошо е кога политичарите го зборуваат она што не го чувствуваат граѓаните. За жал, тоа го прави и министерот за економија, можеби тој го изгубил тлото под нозете, како и впрочем цела влада на ДУИ и СДСМ, одамна заборавиле со какви маки се соочуваат граѓаните секојдневно, денес за жал во маркетите имаме храна која што има европски цени но за жал стандардот ни е, да ми простат, полош од aфричките држави. Така што добрата вест е ќе повторам што за неколку месеци од денес овие луѓе ќе бидат минато ќе дојдат луѓе кои што ќе се грижат за иднината на Македонија“, нагласи Мицкоски.