Слушнете ја “Вечна ѕвезда” – Прекрасна преработка на 16-годишната Јана од Прилеп за 43. роденден на Тоше (Видео)

Младата и талентирана Јана Мрческа од Прилеп, ученичка во втора година во ДМБУЦ “Илија Николоски – Луј”, со своите 16 години сними преработка по повод 43 роденден на нашата вечна ѕвезда Тоше, a така и гласи насловот на нејзиниот кавер – “Вечна ѕвезда“.

-Инспирација за насловот на каверот – “Вечна Ѕвезда” ми беше тоа што иако немав шанса да го запознаам Тоше во живо, тој бил ѕвезда на сцената, a јас го чувствувам како ѕвезда водилка низ мојот живот и музичката кариера која ја градам – вели младата Јана Мрческа.

Јана веќе има учествувано на повеќе интернационални фестивали, каде се има закитено со многубројни награди и пласмани. Гордо ја претставува својата татковина, но вели дека ова и е еден од поважните проекти што ги има направено досега.

Taa со овoј проект сака да докаже и да покаже дека Тоше не бил ѕвезда само во неговата татковина Македонија, туку тој бил и една светска ѕвезда со хитови на повеќе јазици.

-Уживав додека работев на каверот за Тоше и се надевам дека и вие ќе уживате гледајќи го и слушајќи го, но сепак морам да кажам дека имав и доста измешани чувства на радост и тага, посебно за време на снимањето на спотот во спомен куќата на Тоше – вели Јана.

Преработката “Вечна Ѕвезда” може да го погледнете на линкот подолу или на јутјуб каналот на Јана Мрческа.

Примиерата на ова музичко парче беше во Спомен куќата на Тоше на 25.01.2024 година. Уживајте!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.