дома блог страница 965

Ни доаѓа снегот – Се очекува драстичен пад на температурите

Метеоролозите излегоа со најави дека кон крајот на следната недела со натамошно заладување во ридско-планинските предели од регионот може да има и снег. Од средината на неделата полека но сигурно ќе навлегуваме во поинаков тип на време кое се повеќе ќе наликува на доцна есен.

Според долгорочните прогнози на Акуведер, еден од најпознатите светски сервиси за метеорологија снегот во градовите во Македонија би можел да дојде на 23 ноември 2023 кога дневните температури се очекува да паднат на 6 степени, а ноќните на -2.

Се работи за прогнози за југозападните делови на Македонија.

Инаку официјалните институции за утре и задутре најавуваат дека ќе биде наутро свежо, а преку денот со сончеви периоди и повторно релативно топло за овој дел од годината, сепак веќе во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд.

До петок температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата.

Се возело брзо, без возачки дозволи и под дејство на алкохол – 193 казни викендов на подрачјето на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (03/04/05.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 193 возачи, меѓу кои 68 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 32 мерки за возење без возачка дозвола, 22 возачи за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.

За малку им избега полн плен од гостувањето во Скопје – Победашите продолжуваат да собираат бодови во футсал лигата

Фудбалерите на КФМ Победа имаа нов успешен викенд во Втората футсал лига, откако забележаа нерешен резултат на гостувањето во главниот град кај КМФ ССК Скопје 1965.

Крајниот резултат на семафорот беше 4:4, а малку фалеше прилепчани да забележат нов триумф.

За Победа Виктор Тошески и Илија Ристески стрелаа прецизно по еднаш, а Кире Наумоски два пати ја пронајде мрежата на домаќините.

(ФОТО) ГЕСТ ЗА ПОЧИТ! Вечно ќе бидеш нашиот капитен! И фудбалерите од ФК Млекар се простија од Љупче Перканоски

И фудбалерите на ФК Млекар од с. Мало Коњари викендов со едноминутно молчење се простија од Љупчо Перканоски, сопственикот на компанијата “Авто Контрол”, кој на 20.10. како последици од повреди здобиени во сообраќајна несреќа го загуби животот.

Љупче беше прекрасен и почитуван човек меѓу прилепчани и бизнис заедницата. Тој заедно со својата сопруга Даниела, визијата за успех ја градеше несебично во заедницата и во регионот, на взаемна доверба, помагајќи го спортот, културата, медиумите, луѓе на кои им беше потребна помош. Како резултат на тоа, “Авто Контрол Станица за технички преглед” – Прилеп прерасна во водечка респектабилна современа компанија во Македонија.

Tој беше активен учесник во ФК Млекар, а овој фудбалски клуб е само еден од многуте спортски клубови, кои Перканоски ги поддржуваше и ја помагаше нивната работа.

-Денес на натпреварот помеѓу ФК МЛЕКАР и ФК ПРОЛЕТЕР со едноминутно молчење оддадовме признание и почит на нашиот другар, пријател и голем поддржувач и активен учесник во клубот ЉУПЧЕ ПЕРКАНОСКИ – Другару вечно ќе бидеш нашиот КАПИТЕН, секогаш ќе бидеш со нас и никогаш нема да згаснат спомените за тебе. Почивај во Мир – напишаа од клубот.

Вечна му слава!

(Фото) Грчки, бугарски и македонски владика служеа заединчка света архиерејска литургија во Прилеп

Заедничка света архиерејска литургија на тројца владици од трите цркви Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), Грчката православна црква (ГПЦ) и Бугарската православна црква (БПЦ) денеска се служеше во прилепската црква „Свето Благовештение“.

Заедничката литургија од трите сестрински православни цркви ја служеа митрополитот во мирување Игнатиос од ГПЦ, старозагорскиот митрополит Киприја од БПЦ и митрополитот Петар од МПЦ-АО, а на покана на митрополитот Петар. Ова е првпат да се служи во прилепскиот храм „Свето Благовештение“.

-Во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп, митрополитите на трите сестрински православни цркви за првпат заеднички ја служеа литургијата, како потврда на признавањето и рамноправноста на сестринските цркви. Сите заедно од светата чаша се причестија: и Грк и Бугарин и Македонец. За Христос не е битна националноста, туку љубовта помеѓу луѓето, рече за МИА прилепскиот архиерејски намесник, отец Влатко Ристески.

Во Прилеп за првпат по 170 години доаѓа грчки владика, а бугарски по повеќе од 70 години.

Известување од прилепските црковни храмови за престојниот празник Митровден

ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ПОВОД СЛАВАТА СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ДИМИТРИЈ (МИТРОВДЕН)

Лепчињата ќе се креваат (прережуваат) во слава и чест на светителот, исклучиво во црквите.
ВТОРНИК НА 07.11.

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.30 до 17.30 часот.

СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА) – од 08.00 до 09.30 и од 15.30 до 17.00 часот.

СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот.

СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.

На 08ми утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

Св. Петка во нас. Точила и во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) лепчиња ќе се креваат преку целиот ден во вторник (07.11.2023) и тоа од 7:00 – 17.00., И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во средата ПО ЗАВРШУВАЊЕТО на Божествената Литургија.

Мега баскет стигна до втората победа! Во Прилеп совладан Тетекс

Кошаркарите на прилепскиот клуб Мега баскет ја забележаа втората победа во Втората кошаркарска лига, откако вчера во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, го совладаа Тетекс.

Крајниот резултат на семафорот беше 87:79, победа во која голем придонес имаше поддршката од трибините.

Во досегашниот дел од сезоната прилепчани забележаа и три порази, но овие момци ја заслужуваат целата поддршка од спортските вљубеници, пред се’ затоа што се работи за млада екипа, со скромен буџет, но со голема желба за натпреварување и оставање срце на терен.

Во наредното коло Мега баскет му гостува на Борец.

Николовски: Нема да формираме Влада со ДУИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека доколку неговата партија победи на парламентарните избори, нема да формира Влада со ДУИ.

-После изборите една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има. Ова раководство на ДУИ за жал се криминализираше до максимален можен степен, скоро и да нема ден во којшто нема афера во којашто дел се претставници на ДУИ. Тоа е однесување коешто никој не може го толерира и однесување кое што треба да биде истражено од органите, а не да биде дел од владина работа, затоа што ние излегуваме со наша програма и таа програма не можете да ја спроведете со луѓе коишто одат сабајле на работа и размислуваат како да злоупотребат нешто или да направат криминал, рече Николовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Избегната катастрофа во Битола: Се запалил кафемат, а пожарот зафатил и бандера

На 04.11.2023 во 14.20 часот било пријавено дека на 03.11.2023 околу 00.30 часот во Битола бил опожарен кафемат лоциран до продавница, а од пожарот била зафатена бандера со кабли и други предмети во непосредната околина.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

(Видео) Ова се влезовите на подземните тунели на Хамас: Израелската војска објави што пронајде во северниот дел на Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекува војската на земјата, ги објавија најновите снимки направени за време на копнените операции во Појасот Газа.

– Додека Хамас го попречува заминувањето на цивилите на безбедно во јужниот дел на Појасот Газа, членовите на Хамас се кријат во сложена мрежа на терористички тунели – пишува во објавата на ИД на социјалната мрежа. X (поранешен Твитер).