дома блог страница 959

Прекрасен дочек на Новата година во Битола (Фото)

Во прекрасна атмосфера на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа Битола ја дочека Новата година.

За крај на „Зимската приказна“ и успешен почеток на Новата година, програмата беше исполнета со „Eruption Band“, „Elicsir band“, Групата „Чоканче“ и Битолскиот дувачки оркестар надополнет со Стендап комедија на Марјан Ѓорѓиевски.

Точно на полноќ, впечатливи светлосни ефекти го означија почетокот на 2024 година, а градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на сите граѓани им посака многу здравје, среќна и успешна година.

Традиционално, планинарите од групата „Олимпус Монс“, синоќа го започнаа искачувањето на Пелистер, како дел од првиот настан за оваа година, насловен „Први на први“.

АНТОНИА е првата ѕвездичка во Новата година во “Плодност” Битола – На свет дојде веднаш по полноќ

Антониа е првото родено бебе во битолската болница “Плодност”.

Бебето на свет дојде точно во 00:10часот и е тешко 3220грама.

Да е здраво и живо!

Во првите 15 минути од Новата година, на ГАК се родија 3 бебиња, првото точно на полноќ

Министрите за здравство и за труд и социјална политика, Фатмир Меџити и Јованка Тренчевска, денеска на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, ќе го посетат првото родено бебе во 2024 година.

Првото бебе годинава се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10.

Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат. Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

– На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението.

Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.

Годината ќе ни биде бериќетна: Првото бебе во Прилеп е женско

Првото родено бебе во Новата 2024 година, во прилепската болница “Борка Талески” е девојче.

Бебето на свет дојде 1 час по полноќ, а додека очекуваме повеќе информации, да им честитаме на среќните родители.

Годината ќе ни биде бериќетна, да е здраво и живо!

СВР Битола со апел до возачите: „Алкохол и волан – најлоша комбинација” – Во две вечери фатени 17 пијани возачи во Прилеп и Битола

За само две вечери (29/30/31.12.2023) во периодот од 22.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола, со акцент на Битола и Прилеп спроведена е засилена акциска контрола, за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 17 возачи, а откриени биле и 14 останати прекршоци – информираат од Секторот за внатрешни работи при МВР од Битола.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се воздржат од конзумирање алкохол при управување со моторното возило, бидејќи само така ќе овозможиме безбеден сообраќај и спречување на сообраќајни незгоди – велат од СВР Битола.

Новогодишно обраќање на градоначалникот Јовчески: “2023 год. беше година на промени за поквалитетен живот на граѓаните на општина Прилеп” (ВИДЕО)

Почитувани мои сограѓани,
Магијата на новогодишните празници е во споделување среќа, а таа се шири и пренесува со убави зборови. Новогодишните и божиќните празници се убави моменти, кога со другите се споделува радоста, среќата и спокојот. Затоа, во овие моменти, искрено Ви посакувам, Новата 2024 година да Ви биде исполнета со спокој, ведра мисла и добро здравје!

Зад нас, оставаме уште една година исполнета со бројни предизвици; економски, урбани, политички, безбедносни. Но, секогаш, кога завршува една година, важно е да го согледаме и цениме сето она што сме го направиле и постигнале и да создаваме подобар почеток без разлика дали се работи за лични достигнувања или за пресвртници што ги постигнавме како заедница. 2023 година беше година на промени за поквалитетен живот на граѓаните на Општина Прилеп.

Работевме, чесно, одговорно и напорно во реализирање на квалитетни проекти од витално значење за нашиот град и населените места и покажуваме решителност да создаваме, работиме и креираме во интерес на граѓаните.
Заедно со вас ќе продолжиме во истиот дух , и во Новата 2024 година. Со уште поголема динамика, со нови планови, проекти, нова енергија, знаење и одговорно работење. Оваа Нова 2024 година, е почеток на едно сосема ново поглавје. Продолжуваме заедно да го развиваме нашиот Прилеп во еден урбан и модерен град, град на можности и напредок. Сигурен сум дека наредната година ќе успееме да ги оствариме нашите цели.

Затоа, Ви посакувам да останете во добро здравје и да имате среќна, просперитетна и успешна 2024 година и да го сакаме и да се грижиме за Прилеп ! Среќна Нова година и среќни божиќни празници!

(ВИДЕО) Како се славеше Нова година во Прилеп пред 10 години

Во моментите кога отчукуваат последните часови од 2023 година, убаво е да се потсетиме низ што сме поминале во изминатите години, да споделиме убави сеќавања, но и желби за уште поубава и поуспешна 2024 година.

Прилеп како град во последните 20-тина години имаше свои подеми и падови, имаше моменти кога градот се развиваше, но и моменти на апатија, пред се предизвикана од политичките случувања, но и пандемијата со корона вирусот која најтешко го погоди нашиот град.

Во моментите кога сите сакаме да заборавиме на се’ што лошо поминало и се надеваме дека Новата 2024 година ќе донесе радост, среќа и просперитет, како за нашиот град, така и за секое семејство, да се потсетиме како се славаше Нова година на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” пред една декада.

Пред преполниот плоштад тогаш настапија “Супер Хикс”, па погледнете дел од новогодишната еуфорија тогаш во продолжение:

Оваа година прославата на плоштадот ќе изостане, а од општината информираа дека парите кои беа предвидени за прослава и изведувачи, ќе се дадат во хуманитарни цели.

Момироски: Цакио е налутен, а еве кога ќе има и кривични за СДСМ Прилеп

Во најновата колумна на порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски по обичај се освртна на дневно-политичките случувања во Прилеп, а посебен акцент секако стави на релациите помеѓу двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

“Читам на еден познат прилепски портал повеќе на шега отколку сериозно најавуваат дека кривичните пријави на ОК на ВМРО-ДПМНЕ по ревизорскиот извештај ги закочиле новогодишните забава. Нели пред Нова година треба да сме расположени, а не уплашени. Јас мислам дека истото важи и во СДСМ. Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Прилеп одлично функционира. Што би рекол и подобро од очекувањата. Па ако се надоврзам на оваа шега која многу говори за вкупните состојби по ова прашања, тогаш сигурно дека првата кривична пријава овие од ВМРО-ДПМНЕ за мовчето “Сточен пазар” ќе ја поднесат веднаш во првиот работен ден по Нова година. Втората за демолираниот и обезличен објект за подрачното училиште во населбата “Сточен пазар” најверојатно ќе биде поднесена пред Коледе. Третата за која ВМРО-ДПМНЕ урликаше за прескапата вертикална сигнализација за прескапите знаци ќе биде поднесена после “Стара Нова година”, а за четвртата, за новата детска градинка во “Точила”, време нема да има. Прво, бидејќи сите празници ќе се поминати, второ бидејќи влегуваме во сериозна предизборна кампања”, пишува Момироски.

Новинарот потоа му посвети и збор-два на претседателот на ОО СДСМ Прилеп и од скоро Генерален директор на Тутунскиот Комбинат, Зоран Пачешкоски, кој наводно се лутел на критиките кои ги добива во колумните.

“Да не испаднам некоректен спрема генералот над генералите – Цакиот, бидејќи плачи како бебе и рони бучински солзи, како од бучински кромид дека во скоро секоја колумна неосновано го коментирам, сакам да го потсетам и лично му се обратам: Цаки, кога ти беше раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделие, а јас уредник во информативната редакција на “Канал 5″, секој твој јавен настап го следев и го објавував во вестите на оваа национална телевизија. Така централата на СДСМ слушна за тебе. Јас работам професионално и така ќе продолжам. Ако имаш забелешки тоа е твој проблем и не можам да ти помогнам”, напиша меѓудругото Момироски.

Потег за почит! Победниците на Светиниколскиот турнир во мал фудбал, дел од наградата ја донираа за голем фан на ФК Победа

Уште едно успешно издание на Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп е зад нас, а победничкиот трофеј оваа година на турнирот го подигна екипата на “ТЕА АНДРЕА – ХАЈФ КАФЕ”.

Дечките беа неприкосновени на теренот, а својата големина ја покажаа уште еднаш, откако решија дел од наградата да ја донираат онаму каде што е најпотребно и како што доликува во овие предпразнични денови.

Тие го израдуваа со подароци нашиот сограѓанин Далибор Милески – Чачоро, младо момче кое инаку е голем фан на ФК Победа и прилепскиот спорт воопшто.

Секоја чест за гестот, и нека овој нивни потег послужи како пример за сите кои имаат повеќе, и се во можност да изднудат среќа и радост на нечие лице.

Внукот од Ахмети што ја купи “Соравија”, уапсен за петарди: Oва се деталите од МВР

МВР информира дека во џипот на внукот на Али Ахмети пронајдени се 749 пиротехнички средства.

-Полициски службеници, синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас, и при преглед на возилото пронашле 749 пиротехнички средства.

Како што соопштуваат од МВР, лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.