дома блог страница 960

Потег за почит! Победниците на Светиниколскиот турнир во мал фудбал, дел од наградата ја донираа за голем фан на ФК Победа

Уште едно успешно издание на Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп е зад нас, а победничкиот трофеј оваа година на турнирот го подигна екипата на “ТЕА АНДРЕА – ХАЈФ КАФЕ”.

Дечките беа неприкосновени на теренот, а својата големина ја покажаа уште еднаш, откако решија дел од наградата да ја донираат онаму каде што е најпотребно и како што доликува во овие предпразнични денови.

Тие го израдуваа со подароци нашиот сограѓанин Далибор Милески – Чачоро, младо момче кое инаку е голем фан на ФК Победа и прилепскиот спорт воопшто.

Секоја чест за гестот, и нека овој нивни потег послужи како пример за сите кои имаат повеќе, и се во можност да изднудат среќа и радост на нечие лице.

Внукот од Ахмети што ја купи “Соравија”, уапсен за петарди: Oва се деталите од МВР

МВР информира дека во џипот на внукот на Али Ахмети пронајдени се 749 пиротехнички средства.

-Полициски службеници, синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас, и при преглед на возилото пронашле 749 пиротехнички средства.

Како што соопштуваат од МВР, лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Квалитет, професионалност и доверба која трае! Еве како најбезболно и трајно да го решите проблемот со дотраената дограма (ФОТО)

Вложувањето во квалитетна дограма во денешно време е пред се спас од високи сметки за електрична енергија, а за прилепчани најчесто тоа е инвестиција која значи домаќинлук. Прашањето секогаш е кому да му се даде довербата, кој нуди поевтини цени и квалитет и кој најбезболно ќе ви го реши проблемот со дотраената надворешна столарија.

Ако ги прашате прилепчани, особено оние кои веќе се увериле, ќе ви речат да се обратите во “Гермак Дизајн”, една од најдобрите специјализирани фирми за производство и монтажа на ПВЦ и алуминиумска столарија. Зошто “Гермак Дизајн”? Епа затоа што се фирма која ретко како кој друг ќе ви излезат во пресрет на сите ваши барања.

Луѓето се професионалци во својата работа, целата им е задоволни муштерии и добар глас, а за да го постигнат тоа вложуваат максимален труд и напор.

Во “Гермак” ќе ви понудат секакви профили на прозорци и врати, стаклени огради, гаражни врати,…. едноставно умот да ви зајде од изборот кој ви го ставаат на располагање.

За нивните производи и услуга ќе слушнете само пофални зборови, и тоа не само во Прилеп, туку и пошироко во целиот регион, па и во цела Македонија.

А најважно од се’, брзо ја реализираат секоја порачка, а монтажата им е безболна, односно ќе си поминете без поголемо оштетување на ѕидовите, а со тоа ќе избегнете и дополнителни трошоци.

Контактирајте ги на телефонскиот број 078 308 548 и закажете состанок, а потоа заедно пронајдете го најдоброто и најфункционално решение за вашиот дом.

(Фото галерија) Убавина во центарот на Прилеп: Дедо Мраз подели колетчиња на стотици дечиња

Во соработка со КАМ маркети, општина Прилеп и Дедо Мраз денеска доделија стотици колетчиња на најмалите кај Градскиот Саат во Прилеп.

Дечињата се дружеа со кловнот Лили и се фотографираа со старецот со бела брада, а нивните мајки, татковци, баби и дедовци, уживаа во разиграната празнична атмосфера.

-Ја завршуваме оваа 2023 година со една позитивна енергија и со добра мисла дека во новата 2024 година заедно ќе продолжиме со уште поголема динамика, нова енергија и одговорно работење! Како што напоменавме средствата планирани за организиран дочек и изведувачи ќе бидат пренаменети во хуманитарни цели – порача градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Уапсен дилер од битолско кој се барал со централна потерница

На 28.12.2023 во 22.15 часот на ул.„Шералти” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.К.(36) од с.Граешница, битолско.

Тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на една година и седум месеци од казната.

Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

“Ако имаш донеси, ако немаш понеси”: Закачалка на хуманоста пред пилјара во Прилеп (ФОТО)

Пред пилјарата Fruit Маrket во населбата “Точила” во Прилеп е поставена закачалка на добрината. Мотото е: “Ако имаш донеси ако немаш понеси”, а досега повеќе хумани граѓани дале свој придонес за оние наши сограѓани на кои им е најнеопходна помош.

Празничните денови не се само прослави по кафеани и ресторани, туку во овие денови треба да научиме да сакаме, да споделуваме, да шириме позитивна енергија и да даруваме. Само така нема да има ниту една празна трпеза за Божик и Нова година.

Секоја чест за идејата на сопствениците на пилјарата, а вие побрзајте и дајте свој придонес во оваа хумана мисија.

„SPORT LIFE” им подари новогодишни пакетчиња на децата од ранливите категории и на лицата со посебни потреби (ФОТО)

„Sport Life“ обложувалници ја продолжија традицијата од последните неколку години и оваа година им подарија новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост.

Од страна на тимот на „Sport Life“ во празнична атмосфера и заедничка дружба, беа поделени вкупно 114 пакетчиња, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово, во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово, како и во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје.

„За нас посетата и грижата за дечињата од ранливите категории и за лицата со интелектуална попреченост претставува благородна традиција и дел од нашата визија за општествена одговорност и поддршка на сите ранливи категории во општеството. Им благодариме за топлиот прием и нивните драги насмевки, кои навистина многу ни значат.

Воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите дечиња и на сите наши граѓани во името на „Sport Life“ обложувалници – изјави Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.

И Дедо Мраз научи да спарингува во Прилеп (ФОТО/ВИДЕО)

Во соработка со Љупче Бубио и пицерија “Ла Страда”, Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп синоќа ги израдува своите најмали членови со новогодишни пакетчиња и дружба со Дедо Мраз.

Старецот со бела брада кој деновиве ги радува сите дечиња патем научи и некои боксерски техники, а добро се снајде и на спаринг во рингот.

Од БК “АС” Прилеп им ја честитаат Новата 2024 година на сите нивни членови и нивните семејства, и им посакуваат уште поголеми успеси во иднина.

Татко и син прво нападнати пред социјалното во Прилеп, а потоа удрени и со возило

На 29.12.2023 во ОВР Прилеп Е.А.(29) од Прилеп пријавил дека во близина на Центарот за социјални работи заедно со неговиот татко биле нападнати од неколку лица кои употребиле и тврди предмет, а потоа биле и удрени со возило.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од ОВР Прилеп.

Нов скандалозен оглас за вработување: ЈП Национални шуми има потреба од дрвосечачи – Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија…

На неколку месеци пред избори во Македонија се активираше добропознатата ПР-алатка, а тоа е огласи за вработување во државни институции.

Па така во последните неколку дена сведоци сме на серија огласи за вработување во државни претпријатија, органи и служби.

Еден таков оглас е и оној на „Национални шуми“, каде верувале или не, во општини како Крива Паланка, Берово, Демир Капија… се бараат вработени, но истите мора да се Албанци.