Прилеп во март ќе биде домаќин на голема меѓународна изложба на сите видови расни кучиња

Во организација на Кинолошкото друштво од Прилеп, на 16 и 17. март, градот под Марковите Кули ќе биде местото каде ќе се одржи голема Меѓународна изложба на сите видови расни кучиња, “ЦАЦИБ ПРИЛЕП 2024”.

Вљубениците во вакви настани ќе можат да уживаат во прекрасна приредба во спортската сала “Македонија”, а оние кои сакаат да учествуваат и да се натпреваруваат со своите миленици, тоа можат да го направат со пријавување на телефонските броеви во продолжение до 10.март.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.