дома блог страница 933

Maкедонија застана на страната на Израел: Македонската влада синоќа обоена со боите на израелското знаме

Владата на Република Македонија синоќа беше обоена во боите на израелското знаме, како знак на поддршка за Израел, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковсчевски.

– Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме.

60-годишна кавадарчанка фатена на дело како краде во фирма

На 09.10.2023 во 18.50 часот во атар на с.Возарци, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Ј.Т.(60) од Кавадарци. На место викано „Шамаците“ во атар на с.Возарци, таа била затекната при извршување кражба на имот на правно лице од Кавадарци.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ј.Т. била задржана во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Прекрасна глетка: И оваа година манастирот во прилепско Бонче беше преполн со верници за празникот Св. Јован Богослов (Фото)

За празникот Св. Јован Богослов во прилепско традиционално највесело е во истоимениот манастир во село Бонче.

Така беше и оваа година кога за време на двата празнични дена манастирот го посетија стотици верници.

Весело беше и на заслогот и денеска на самиот празник. Се пееше убава македонска песна, се виеше македонско оро, а присутните ги забавуваа “Оркестар Маестрал” од Битола.

Нека е за многу години и напомош!

На 70 години ќе одговара: Жител на крушевско село приведен поради предизвикување на пожар

Денеска (09.10.2023) полициски службеници од СВР Битола- ОВР Крушево го приведоа П.З.(70) од с.Светомитрани, крушевско, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, односно намерно предизвикување на пожар во с.Светомитрани.

Имено, тој бил затекнат во моментот додека пали сува трева во атар на селото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Пример кој треба да го следат и останатите големи прилепски фирми: Донација на спортска опрема и реквизити за учениците во с. Мажучиште (ФОТО)

Подрачното училиште на ООУ “Климент Охридски” во населеното место Мажучиште, денеска во соработка со општествено одговорни компании, како и со помош од училишниот одбор и локалната месна заедница, доби донација на спортски реквизити и спортски помагала од тутунската компанија “Алијанс Уан Македонија АД”

-Со овој потег ги охрабруваме сите општествени фирми во Македонија да го следат овој пример на тутунската компанија и колку толку го дадат својот придонес во образованието. Влогот во образованието е влог во својата иднина на државата – напишаа од училиштето.

Прилепчанец останал без викендица: Пожар во кој горела трева му ја проголтал и викенд куќата

На 08.10.2023 во 13.29 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп настанал пожар во кој горела сува трева, а кој се проширил и целосно опожарил викенд куќа на В.Д.(58).

Од екипа на Територијалната противпожарна екипа Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема – информриаат од ОВР Прилеп.

(Фото галерија) Во Прилеп се одржа изложба на олдтајмери и авто-слалом трка во центарот на градот

Во организација на Авто Мото клубот “Класика” од Прилеп, а како дел од настаните за чествување на Денот на народното востание – 11-ти Октомври, вчера во градот под Марковите Кули се одржа изложба на олдтајмери, како и авто-слалом трка во центарот на градот.

Вљубениците во автомобилизмот уживаа во разгледувањето на прекрасни олдтајмери, се фотографираа и се распрашуваа за различните модели.

Еден прекрасен настан кој привлече големо внимание кај прилепчани и кој заслужува уште поголема поддрша и афирмација во иднина.

Над 300 џудисти од 7 држави се натпреваруваа во Прилеп на традиционалниот турнир “Прилеп, град херој – Цевитана куп” (ФОТО)

Со низа спортски настани, во Прилеп вчера започна чествувањето на Денот на народното востание – 11-ти Октомври. Меѓу овие настани беше и традиционалниот Меѓународен џудо-турнир во пионерска и кадетска конкуреција “Прилеп, град херој – Цевитана куп”.

Tурнирот беше во организација на клубот “Сеишин”, а ова беше 13-то издание. Учество зедоја млади џудисти од седум држави и 30 клубови.

Спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” безмалку беше претесна да ги собере сите 300 натпреварувачи, кои приредија одлични борби и покажаа врвни спортски квалитети.

Од најмали до најголеми! Над 300 учесници на велосипедската тура “Сава Мариово тур 2023” во Прилеп (ФОТО)

Со низа спортски настани, во Прилеп вчера започна чествувањето на Денот на народното востание – 11-ти Октомври. Под покровителство на Општина Прилеп, се одржа и традиционалната, велосипедска трка “Сава Мариово тур 2023”.

Tурата имаше два сегменти, натпреварувачки и рекреативен, а за најдобрите беа предвидени награди.

Натпреварувачката тура беше во должина од 72 км, а истата стартуваше од пред Камената бина, па преку кружниот тек “Прилепски бранители”, велосипедистите се упатија по стариот пат за Битола и кон Мариово до Расимбегов мост на Црна Река.

Рекреативците пак возеа до селото Штавица и назад, или вкупно 26км.

Исто така учество на овој спортски настан зедоја и голем број дечиња, а за сите нив имаше обезбедено дипломи.

Се возело брзо, без возачки дозволи и под дејство на алкохол: Полицијата казни 176 возачи викендов на територијата на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (07/08.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 176 возачи, меѓу кои 85 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 19 возачи за управување под дејство на алкохол, 17 санкции за непрописно престигнување. Изречени се три санкции за користење на мобилен телефон при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.