Заборави дека во Македонија неодамна усмрти жена? Рокерот Ѓорѓе Давид уловен како вози 150км/ч низ улиците на Белград (ВИДЕО)

Рокерот Ѓорге Давид недамна помина низ агонија откако во Македонија доживеа сообраќајна несреќа во која животот го загуби една жена.

Екипата на „Папарацо лов“ овој пат го улови пејачот како беснее низ улиците на Белград правејќи неколку големи сообраќајни прекршоци.

Она што се вели во прилогот е дека тој најверојатно купил или изрентал иста марка автомобил со каков што направи сообраќајка и усмрти жена на патот кон граничниот премин „Табановце“.

Инаку членот на жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“ неодамна имаше и прес конференција за медиумите по сообраќајката каде изрази жалење велејќи дека се уште не бил слободен човек и дека има товар во себе по несреќата.

Сепак ова видео е доволен доказ за неговиот темперамент додека е во сообраќајот без разлика дали вози во населено место или на автопат.

На прес-конференцијата неодамна тој изјави и дека нема страв од возење во иднина, автомобилот бил целосно оштетен и дека бил свесен во секоја секунда од несреќата.

Тој вели дека километар претходно претекнал камиот кој возел некаде 110 км/час и дека мисли дека возел 130 км/ч колку што мисли дека е пропишано и дека брзината ја намалил кога видел светлосни знаци…

Целата негова изјава е во продолжение, а делот кој го споменуваме започнува да го раскажува од 36-та минута.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.