дома блог страница 932

Ирена Јакимоска доби нова функција

Нови подпретседатели на УО се Анита Блажевска (41) – „ФИЛИП МОРИС ТКП“„ и Ирена Јакимовска (50) – „Комфи Ангел“. Во УО беа избрани Снежана Савиќ Димовска (45) – „ПИВАРА СКОПЈЕ“ АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) – „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД-Скопје“ и Горан Мауровски (37) – „ФАКОМ„ АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) – „АИТОНИX“, Жарко Димитриоски (34) – „БД ГРУПА“ и Аријана Коскаровска (34) – КРЕАТИВ ХАБ. Исто така зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

Со тоа Комората уште еднаш покажа дека располага со значаен кадровски потенцијал, кој е потребен за новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација; формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 – Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.

Во УО на Комората се наоѓаат и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев, д-р Никица Мојсовска Блажевска, сите на возраст помеѓу 30 и 45 години.

П.С: Континуираните кризи од 2008 до денес (економска, финансиска, здравствена, енергетска), го принуди подпретседателскиот тим на Комората Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси. Сега тие оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании.

Служба за информирање

Стопанска комора на Македонија

Веќе се бара маса повеќе! Најдобарата пица во Прилеп отсега во нов топол амбиент и нов уреден стил (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Да се допре до нечие срце и да се изнудат воздишки не е лесно, но ним и тоа како им успева во изминатите години. Омиленото гастрономско место на прилепчани сега зрачи со нов маестрален изглед.

Од викендов одново се отворени вратите на “PIZZA BAR ACADEMY”, каде сега ќе ве дочека нов аристократски амбиент, нешто што е реткост за градот под Марковите Кули.

Благодарение на “Академи”, Прилеп освен со највкусната скара, во изминатите години може да се пофали и со одлична понуда на пици, чиј вкус и мајсторија го доближија нашиот град до светскиот дом на пицата – Неапол.

Работењето со многу љубов, посветеност и огромна енергија, ја освои довербата на прилепчани, но и на секој гостин во нашиот град, па токму затоа сопствениците не застануваат тука и оваа успешна гастрономска приказна ја “облекоа во ново руво”.

За нив задоволство е насмевката на вашето лице и спокојот во вашата душа, кои со сигурност ќе ги понесете со себе, знаејќи дека сте вкусиле нешто што е единствено во градот.

Фотографиите кажуваат се’, а вие побрзајте и почестете ги вашите најблиски со некој од многуте новитети oд менито на PIZZA BAR ACADEMY.

Наздравје!

Полна сала и врвни фудбалски натпревари: Ова се резултатите од првите два дена на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023”

Викендов во Прилеп започна најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023”.

Пред многубројните спортски љубители се одиграа првите натпревари во кој владееше спортски дух и високо ниво на фер-плеј.

Во двата натпреварувачки дена постигнати се следните резултати:

Полицијата направи “пуздер” викендов на територијата на СВР Битола: 315 казнети, 203 возеле пребрзо, 24 пијани

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (08/09/10/12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 315 возачи, меѓу кои 203 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 39 мерки за возење без возачка дозвола, 24 возачи за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – стои во соопштението од МВР.

Девојките борачки од Прилеп, со 4 медали се враќаат од силниот турнир во Белград

Девојките од прилепскиот боречки клуб “7 Мај – Златна рака”, викендов зедоја учество на силниот меѓународен турнирн “Победник” во Белград, каде одново постигнаа врвни резултати.

Девојките во Прилеп се враќаат со две први места и две трети места.

Првопласирани во своите категории беа Тамара Цветкоска до 66кг. во пионери и
Елена Дејкоска во категорија до 49кг. во кадети, а трети места освоија Ангела Трајкоска и Јована Тодороска во категорија до 50 кг за пионери.

Одличен настап имаше и Анабела Стојаноска, која го освои петтото место во категорија до 50 кг. за пионери.

Со овој турнир БК “7 Мај – Златна рака” ја завршува 2023година, која и тоа како беше плодна на натпреварувачки план.

Честитки за девојките и желби за уште поголеми успеси во Новата 2024 година.

Скопска фирма во Прилеп нуди почетна плата од 25.000 денари

Скопска фирма бара две жени садоперачки за во кујна во Прилеп.

Почетна плата 25.000 плус оброк.

Иформации на телефон: 070 222-272 и 072 667-177

Никого нема да остави рамнодушен: Маестрален рецитал на “Тешкото” од актерката Димитрина Мицкоска од Прилеп (ВИДЕО)

,,О, тешкото!
Синџир ти беше на робја,
дур не стана народ во листена гора,
сè дури со јадот од векови собран
не поведе бујно, бунтовничко оро!
Се залула танец низ крвје и оган,
и повик се зачу и грмеж во чад –
те разнесе сегде бунтовната нога
по родниот кат”

Маестрален рецитал на “Тешкото” од страна на младата актерка од Прилеп, Димитрина Мицкоска, а потоа и настап на Ансамблот “Македонија” на Вториот Пленум на политичката партија “Левица”.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) “КАСНИ ПОРАСНИ” – 13 години традиција на вкусна храна во Прилеп

Koj пробал знае, а кој не пробал отсега нема да одолее. На улица “Јоска Јорданоски”, отспротива на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп, се наоѓа еден од главните репрезенти за добра храна во градот под Марковите Кули – сендвичарата и пицерија “КАСНИ ПОРАСНИ”.

Постојат веќе 13 години и секоја наредна година стануваат се’ подобри и подобри. Во нивната понуда ќе најдете секаков вид на пици, печени сендвичи, тостови, пастрмајлии, топено сирење…. но и голем број освежителни и топли пијалоци

Работат од понеделник до сабота од 08:00-22:00ч, а вршат и достава до дома. Ќе ги добиете на телефонскиот број: 077 675 000, а потоа ви останува само да уживате од прв до последен залак.

Во продолжение ви приготвивме и една примамлива фотогалерија, која со сигурност нема да ве остави рамнодушни:

Битола блесна во НОВОГОДИШНО РУВО (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Од срцето на Старата битолска чаршија, околу Саат кулата, преку плоштадот Магнолија и Широк сокак, па се до Офицерскиот дом, каде што е поставена новогодишната елка – Битола блеска во новогодишно руво.

Драма во казино во Битола: 27-годишен битолчанец со остар предмет повредил свој врсник

На 08.12.2023 во 02.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(27) од Битола, поради тоа што на 07.12.2023 во казино во Битола со остар предмет го повредил Р.К.(27) од Битола.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.