дома блог страница 934

Денеска се слави Св. Апостол Јован Богослов: На овој ден од неговиот гpoб излегyвала пpaшина од која оздpaвyвале болните

Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21/8 мај, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот (воскреснал мртви, исцелил болни, ја скротил бурата на морето, а кога патниците на бродот немале вода за пиење солената вода ја претворил во слатка итн.), секоја година на 8 мај (с.с.) од неговиот гроб излегувала прашина од која оздравеле многу болни. Песните што на тој ден се пеат во црквата во негова чест главно се составени од Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман во VIII век.

Роден е во Витсаида, град на брегот на Галилејското Езеро и е помлад брат на апостолот Јаков, според татко му наречен Заведеев. Татко му се викал Заведеј, а мајка му Саломија и била ќерка на Јосиф, старателот на Богородица, кај кого што живеела по напуштањето на божјиот храм.

Јован бил рибар и заедно со брат му и со татко му ловеле риби на езерото. Еднаш кога ги крпеле мрежите кај нив наминал Исус и ги повикал Јована и Јакова. Тие веднаш го напуштиле татка си, бродот и мрежите и му се придружиле. Исус му бил посебно наклонет на Јована поради што овој присуствувал на сите поважни настани од неговиот живот. Заедно со Јаков и Петар присуствувал на Преображението на Исус на планината Тавор, тројцата биле заедно и кога Исус ја воскреснал Јаировата ќерка, а близу до Исус биле и кога тој се молел во Гетсиманската градина непосредно пред страдањата. Исус му укажал посебна чест кога на Тајната вечера го седнал до него и токму нему го претскажал предавството на Јуда. Кога Исус кажал дека ќе биде предаден од еден од апостолите само Јован се осмелил да го праша кој ќе биде тој што ќе го предаде.

Кога Исус бил фатен сите ученици се разбегале само Јован одел по него и додека го воделе кај првосвештениците и подоцна кон Голгота. Присуствувал и на распнувањето и сочувствувал при овој чин, заедно со Богородица и Марија Магдалена. По погребот на Исус и по воскреснувањето кога жените соопштиле дека го нема телото во гробот Јован прв се сетил дека Исус е воскреснат. Сепак, најголема чест Исус му направил кога во претсмртниот час му ја оставил мајка си да ја чува. „А Исус, штом ја виде мајка си и ученикот кого го љубеше, како стои, и рече на мајка Си: ʼЖено ете ти син!ʼ Потоа му рече на ученикот: ʼЕте ти мајка!ʼ И од тој час ученикот ја зеде при себе“. (Јован 19/26,27) Јован ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка сè до нејзиното успение.

По Вознесението на Исус, додека била жива Богородица тој проповедал во Палестина, а потоа низ Мала Азија. Најдолго престојувал во Ефес. И подоцна Исус му се јавувал на Јована, а еднаш му раскажал за иднината на неговата црква. Според ова јавување Јован го напишал своето дело „Откровение“ со коешто завршува Светото писмо (Библијата). Напишал и други дела, а најпознати се трите посланици. Од неговите дела се гледа дека бил талентиран писател и дека имал моќ да ги разјасни најдлабоките тајни на Христовата наука, поради што е наречен Богослав. Со своите проповеди многумина пагани обрнал кон христијанство поради што од царот Домицијан бил многу мачен. Му дале да испие отров, потоа го фрлиле во жешко масло, а кога и од тоа немал никакви последици плашејќи се дека е бесмртен царот го протерал на островото Патмос до брегот на Мала Азија.

Кога на римскиот престол дошло до значајни промени, кога бил убиен Домицијан, а на негово место дошол Нерво, христијаните добиле извесни слободи. Тогаш и Јован се вратил во Ефес од прогонство каде што минал 25 години. Христијаните го пречекале со голема радост и со зборовите: „Благословен е оној што доаѓа во името Господово“. Кога се појавиле разни ереси што го нагрдувале вистинското христијанско учење овдешните епископи го замолиле тоа што го проповедал усно и да го напише. Еден ден го зел со себе ученикот Прохор се искачиле на една висока планина и, по три дена минати во пост и молитви, Јован по волја на Светиот Дух започнал да зборува, а Прохор да запишува: „Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото…“ Бидејќи ги знаел содржините на трите евангелија според Лука, Марко и Матеј, Јован ги запишал оние моменти од животот на Исус што не биле опишани или доволно објаснети. Така настанало евангелието напишано според Јован Богослов. Има различни мислења за времето кога е напишано ова евангелие. Според едни тоа е напишано околу 90-95 година, а според други многу порано, околу 40-65 година.

Евангелието по Јован започнува со зборовите: „Во почетокот беше Слоовото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото.“ (Јован 1:1) Ова евангелие е многу поразлично од другите три, како според материјалот што го вклучува, така и според неговата обработка. Исус е претставен како месија уште од самиот почеток

Според божјата волја доживеал длабока старост. Починал на 105 годишна возраст и е единствен од дванаесетте христови апостоли што умрел од природна смрт. Кога си го почувствувал крајот зел со себе неколкумина од своите ученици меѓу кои и неговиот постојан придружник Прохор, ги одвел надвор од градот, ги замолил да ископаат гроб, а потоа, откако им ги дал последните упатства легнал во гробот и ја предал душата на Бога. Споменот на смртта на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов се празнува на 26 септември по стариот, (или на 9 октомври по новиот) календар.

Важно известување за сите кои периодов ќе патуваат преку скопскиот аеродром

Од денеска до крајот на ноември патниците кои ќе ги користат авионските услуги на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат три часа пред летот.

Од „ТАВ Македонија“ во петокот информираа дека авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж.

– Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет, стои во соопштението.

После 3 кола Победа запиша цели 3 бода – Успешно деби за тренерот Николоски

Ако на гости оди тешко, на домашен терен црвено-белите се супериорни, а така беше и денеска во дуелот со Детонит Плачковица, кој победашите го добија со 2:0 и по три кола запишаа цели три бода.

Филип Стомнароски донесе рано водство за Победа во 5-тата минута, при една мешаница пред голот на Детонит, а така беше се до 39-та минута, кога Алекс Константино Горгиовски упати еден одличен волеј удар за 2:0.

Гостите дојдоа во Прилеп како третопласирани и имаа голем број шанси до крајот на натпреварот, но за среќа на домашната публика ниту еден од тие удари не заврши во мрежата на Иван Николоски. Неговиот татко пак, Јане Николоски, имаше успешно деби, откако минатата недела повторно се врати на клупата да ја води прилепската екипа.

Победа сега е деветтопласирана со 11 осовоени бода, а во наредното коло прилепчани гостуваат кај Кожув во Гевгелија.

Самоуништувачки менаталитет: Човечки фактор причината за три пожари во Кавадарци

Човечки фактор била причината за три пожари денеска во Општината Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Денеска благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Кавадарци, на три локации на отворено – ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште – Кошани, е спречено ширење на пожари без поголема материјална штета. Инаку, според информациите кои ги имаме од терен, човек е причината за предизвикување на истите, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму апелираа до населението за внимателност, со цел превентивно да се влијае и да се спречи евентуално настанување на пожар.

Прилепски срам: Ја “тупосале” цела гарнитура во природа – добро бе како не ви беше тешко да ја довлечкате до тука? (ФОТО)

Несовесни граѓани истовариле цела гарнитура мебел кај месноста “Пештерица” во близина на Прилеп. Без ни малку човечко чувство, го тупосале стариот мебел во природа.

Зарем не ви беше тешко да го влечкате мебелот до таму? Не ќе беше ли полесно да се јавите во Комуналец, и да побарате да го соберат овој отпад?

Европа?! Изгоре Европа за вакви ко вас!!!

ФОТО/ВИДЕО: Златко Ате Димески

(Видео) Ужасни сцени од Израел: Државата и официјално прогласи воена состојба

Жестоки борби се водат во близина на јужниот израелски град Магена, кој се наоѓа во близина на границата со Појасот Газа.

Безбедносниот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа објави веона состојба и издаде дозвола за извршување „значајни воени активности“.

Се наведува дека Кабинетот за безбедност одлучил стапи во сила клаузулата 40 од Основниот закон за Владата на Израел. Според таа клаузула, Израел не може да војува доколку не добие одобрение од владата.

Полицијата изврши рација во угостителски објекти во Битола: Фатиле малолетници после полноќ

На 08.10.2023 во времето од 00.00 до 01.00 часот од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола била спроведена акциска контрола на подрачје на Битола при што извршена е контрола во три угостителски објекти, при што во еден угостителски објект се затекнати двајца малолетници после полноќ, а во друг угостителски објект затекнати се тројца малолетници после полноќ.

По документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави – велат од СВР Битола.

Тешка сообраќајка во битолско: Пет лица повредени во судар на два автомобили

На 07.10.2023 во 19.25 часот на регионалниот пат Р-1311 Битола-Маково, во близина на с.Новаци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.П.(47) од с.Добрушево- општина Могила, и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ж.Т.(51) од с. Долно Оризари, битолско.

Од страна на лекар во Клиничката болница Битола, на сопатниците во возилото „опел корса“ М.М.(58) од Битола и С.К.(48) од с.Логоварди, битолско им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на двајцата возачи и малолетна сопатничка во возилото „голф“ им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Прв погодок на Несторовски за Асколи (ВИДЕО)

Илија Несторовски го постигна својот деби гол во новиот тим Асколи. Неговиот гол донесе предност на Асколи во дуелот со Сампдорија, но на крајот тимот кој е предводен од легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, успеа да се избори за бод преку удар од белата точка, кој го реализираше Борини.

Прилепчанецот погоди пред самиот крај на првиот дел, кога најдобро се снајде во казнениот простор со глава по едно нафрлување на Фаласко.

Несторовски во Асколи дојде како слободен играч пред самиот крај на трансфер пазарот летово, а пред навивачите беше претставен како големо засилување.

Погодокот на Иле погледнете го ТУКА

МАШИНИ! Мега Баскет со 54 разлика го потопи Куманово во Прилеп (ФОТО)

Екипата на Мега Баскет го торпедираше довчерашниот прволигаш Куманово, во првиот натпревар од втората кошаркарска лига. Мега баскетџиите од Прилеп се дебитанти во Втората лига сезонава, откако минатата година со одличните игри повторно ја вратија кошарката во градот под Марковите Кули.

Тимот е речиси истиот, но желбата за натпреварување е уште поголема, па така синоќа во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, прилепчании буквално ги растурија кумановчани. Крајниот резултат на семафорот беше 121-67, на огромно задоволство на вљубениците во кошарката.

Прилепчани беа како тим од НБА лигата за Куманово кој воопшто не наликуваше на тим кој играл во најелитното кошаркарско друштво кај нас.

Во следното коло Мега Баскет гостува во Штип кај екипата на Соколи.