Погледнете како би изгледале Прилеп и Битола кога би биле дел од Дизни анимиран филм:
Авторот на овие впечатливи илустрации не е познат, па доколку се пронајде слободно нека не’ контактира за убаво да го испофалиме.
Беше човек за сите додека беше меѓу нас, а како таков несомнено ќе биде запомнет засекогаш. Љупчо Перканоски, човекот кој прерано не напушти, вчера на свеченост во хотелот “Континентал” во Скопје, од страна на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, беше постхумно одликуван со Златна благодарница за „Трајни вредности во превенција од Dijabetes Miletus.
Благодарница доби и компанијата “Автоконтрол”, која Љупчо ја предводеше заедно со својата сопруга Даниела Перканоска.
Перканоски кој и самиот боледуваше од дијабетес, својата несебична поддршка ја пружаше и во оваа организација, каде помагаше во напорите пред се за подигнување на свеста, како и за превенција и лекување на така наречениот “тивок убиец” – дијабетесот.
„Ќе ми беше мило доколку тој ја подигнеше благодарницата бидејќи и самиот тој се соочуваше со дијабетот. Вие кои успеавте да го запознаете сигурно знаете за каква личност станува збор, а за останатите Љупчо помагаше секаде, a посебно за дијабетот, остави многу дела од кои што зрачеше и сеуште зрачи неговиот дух. Жал ми е што прерано го изгубивме”, рече неговата сопруга и Генерален менаџер на “Автоконтрол”, Даниела Перканоска, која ги прими плакетите.
На свеченоста Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија додели платеки и благодарници и до повеќе други компании и поединци, кои на различен начин ја помогнале работата на оваа организација.
Почивај во мир Љупче! Нам, твоите сограѓани, соработници, пријатели… ни остави голем товар. Тешко ќе биде да ги следиме сите вредности кои ги постави, но ветуваме дека ќе се обидеме.
„Никола Јанчев“- семејната фондација на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, донира 10.000 евра за лекување на 19-годишниот Бошко Јанкулов од Кавадарци, кому му е дијагностициран канцер.
-Уште од првиот ден од објавата за Бошко, и потребата за негово лекување, сум во контакт со неговото семејството. Во текот на утрешниот ден треба и да оствариме средба. Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од се срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што поскоро.
Од семејната фондација Никола Јанчев ќе бидат одвоени финансиски средства во износ од 10 000 евра , се со цел да започне процесот на лекување. Во наредниот период како приватно така и преку Општина Кавадарци ќе се организираме да се соберат и дополнителните средства кои се потребни за понатамошно лекување.
Некои работи не се така едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму – порача Јанчев.
Секој кој е во можност може да донира за Бошко на приложената трансакциска сметка и со повик на телефонскиот број 143 193 за корисниците на Телеком.
Преку светлосни ефекти и 3 Д мапинг, Општина Битола, од минатата година, воведе нов начин на одбележување на Дочекот на Новата година, кој предизвика воодушевување кај пубиката и остави убави впечатоци.
Поаѓајќи од минатогодишното искуство, а во насока на почитување на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и еднаква грижа за сите граѓани, општина Битола, нема да организира огномет на Новогодишната ноќ.
„Зимската приказна“, ќе биде збогатена со соодветни содржини, кои без негативни влијанија, на полноќ ќе ја доловат радоста на убавите желби за годината што доаѓа.
Медицинска опрема и апарати во текот на целата година пристигнуваа на адресите на здравствените установи низ Македонија, како би можеле докторите непречено да се грижат за пациентите.
Како и секоја претходна, така и оваа година компанијата Mozzart одвои значителна сума за поддршка на здравствениот систем во Македонија.
Најголемата донација која компанијата Mozzart ја реализиаше оваа година беше на Клиниката за Неврологија во Скопје. На настанот присуствуваше и министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.
Нов лик доби болницата „Ферид Мурад” во Гостивар, каде со поддршка на Mozzart, реконструирано беше педијатриското одделение, при што беа набавени нови бироа,гардероби,детски кревети,завеси,телевизори и медицинска опрема.
Обновено беше и Одделението за цистична фиброза на Детската клиника во Скопје, каде стариот и дотраен мебел ја отежнуваше работата на персоналот. Сега одделението има еден целосно нов лик, а вработените многу подобри услови за работа.
Mozzart и изминатите години има остварено голем број донации во здравствените установи во Македонија, како што е донација на лекови и медицински материјал во болницата во Штип, болнички инвентар за Здравствен дом Тетово за просториите за имунизација и итна помош, ЕКГ апарат за општа болница Битола и многу други.
Во 2024 година, компанијата Mozzart ќе продолжи со силната поддршка на здравството, како еден од главните столбови на општеството и заедницата.
На 13.12.2023) во 03.50 часот во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 ст.1 од КЗ.
Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03.20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот.
Малолетникот во присуство на родител е приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.
–Во последните десет години има прилично зголемување на корупцијата во земјава, оцени американската амбасадорка Анџела Агелер на брифинг со новинари.
Таа ја повтори констатацијата дека во Македонија има епидемија на корупција.
-Како што веќе кажав, има епидемија на корупција во земјава и тоа во секој сектор, во секоја организација. Само со објавување на корумпираните актери можеме да ѝ помогнеме на земјава да „се фати за работа“ за тоа, изјави Агелер, говорејќи за објавувањето на поединци, вклучително и на Кочо Анѓушев на американската црна листа.
Според неа, во периодот од 32 години од американските односи со Македонија, САД, настрана од воената помош, дале речиси половина милијарда долари за добро владеење и за владеење на правото.
– Спроведовме обука за мнозинството од судиите и обвинителите и не видовме враќање на „инвестицијата“. Едно од средствата што како САД ги имаме на располагање е ставање на лица на црната листа, или на онаа од Стејт департментот или на таа од Министерството за финансии, рече Агелер.
Што се однесува до случајот со Анѓушев, таа информираше дека тој, преку адвокати, веќе вложил жалба на американската одлука да го стави на црната листа, но како што кажа, има слобода на говор и секој може да реагира на некоја одлука. Притоа појасни дека ставањето на некое лице на црната листа не засновано само на сомневања, туку на докази и вети дека Анѓушев не е последниот што се најде на листата туку ќе има и други, без да говори за имиња.
Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
– Законското решение, најверојатно, ако не наредната недела, до крајот на годината, ќе го дадеме на Влада. Ќе остане во Собрание да има 61 пратеник, кои ќе се одважат законското решение да го донесат. Поинакво решение нема можност. Кажав дека строго стојам дека не треба да има ново зголемување на функционерските плати од март според методологијата и тоа е најмалку што може да биде направено. И сметам дека тоа не треба да е прашање на разговор со ниту еден друг чинител, рече Битиќи.
Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Северна Македонија, за намалувањето на платите на функционерите за 78 посто, повтори дека е потребен општ консензус на сите.
– Во 1.260-те функционери има судии, обвинители, градоначалници, 120 пратеници, 20 министри, директори…, Сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина во нашето оптество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања, а камоли да им земете нешто од буџетот, изјави Битиќи.
Полициски службеници од СВР Битола денеска (13.12) заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ ги лишиле од слобода П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од с.Канино,битолско. Имено, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар.
При претрес во с.Канино, битолско во домот на Т.Г.(51) од с.Канино, пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка.
Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави – информираат од СВР Битола.
Гимназијалците од “Мирче Ацев” и оваа година конкурираа на конкурсот за најдобра рецитација, организиран од ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп. Во конкуренција на ученици од сите средни училишта, гимназијалците ги освоија првите три награди.
ПРВОТО место и припадна на ученичката Софија Оџаклиеска од II година, под менторство на професорот Дарко Ристески.
ВТОРОТО место го освои ученичката Евгенија Димитриоска од I година, под менторство на професорот Филип Ристески.
ТРЕТО место освои ученичката од I година, Лаура Кајџаноска, под менторство на професорот Филип Ристески.
На настанот на гимназијата и’ беше доделена плакета, Благодарница за континуирано активното учество и благодарност за поддршката од директорката Весна Михаиловска.
Им честитаме на ученичките и менторите!