дома блог страница 928

Г.г. Стефан: Крајно време е да видиме дека Македонија не е само географија, туку библиска земја со свето име

Чествувањето на 152 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас почна со панихида со која чиноначалствуваше г.г. Стефан во сослужение на повеќемина свештенослужители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

„Споменот за Гоце останува и љубовта кон него не се намалува. Не треба да размислуваме само колку се гордееме со Гоце, туку и колку тој се гордее со нас, дали не смета за родољубци подготвени да ги бранат неговите аманети. Гоце и многубројните комити и борци сѐ дадоа за слобода на татковината, а што даваме ние. Љубовта кон татковината се потврдува само со дела, крајно време е да видиме дека Македонија не е само географија, туку библиска земја со свето име“, истакна поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

(ФОТО) Сообраќајната сигнализација на повеќе места во Прилеп, е пример како НЕ ТРЕБА!

Новинарот Зоран Момироски на социјалните мрежи го покрена прашањето за недостатокот на вертикална сообраќајна сигнализација во Прилеп, горливо прашање на кое граѓаните со години реагираат.

Но, не само што сообраќајните знаци и патокази недостасуваат на одредени места, туку голем дел од нив се поставени на пешачки и велосипедски патеки.

-Во Прилеп недостига вертикална сигнализација. И таа што ја има “дивјаци” ја уништуваат. Ама таа што ја имаме прашувам со кој ум некој дозволува друг да ја постави без мозок и грижа онаму каде што ќе посака! ПЕШАЦИ, ВЕЛОСИПЕДИСТИ и ИНВАЛИДИ јавно покануваат експерти од целиот свет за да го посетат Прилеп. И да научат каде и како во иднина да поставуваат сообраќајни знаци и патокази во своите градови. Оти вакви уникатни пример ретко може да се види на друго место. Јас јавно прашувам дали во Прилеп има служби кои вистински водат грижа за безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајнот?!?! И дали постои Општински совет за безбедноста на сообраќајот?! – пишува Момироски.

Битола: Му влегол во дворот и го нападнал со нож

На 03.02.2024 во 16.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.К.(26) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 07.00 часот со остар предмет го нападнал Т.М. од Битола во неговото дворно место.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од СВР Битола.

Не им иде умот: Полицијата фати 18 пијани возачи синоќа во Прилеп и Битола

Во текот на изминатата вечер (03/04.02.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 20 возачи од кои (9 во Битола, 9 во Прилеп, 2 во Ресен), а откриени биле и 10 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – информираат од СВР Битола.

Maкедонија одбележува 152 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 152 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава. Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Станкоски: Нема да дозволиме манипулација на тутунарите!

Станкоски е категоричен дека нема да се дозволи каква било манипулација со тутунарите.

-Нема да дозволиме да се манипулира со тутунарите. Тутунопроизводството е значајна индустриско-земјоделска гранка, влијае и на девизниот прилив во земјава. Нашите подрачни канцеларии во земјава е отворени и сите тутунари може да се обратат во секој момент, вели Станкоски.

Ваквата ситуација може да влијае на новото тутунопроизводство. И Инспекторатот и тутунарите се гласни за измени во Ѕаконот за тутун.

-Со оглед на ситуацијата, тоа може да влијае на новото тутунопроизводство. Затоа мора да има законски измени и за процесот на производство, преработка, за цените и правата на тутунарите. Но за тоа е потребно да се седне на заедничка маса, првенствено на производителите и откупувачите. Можеби таква можност ќе има во април кога е Конкресот на тутунарите и тутунопроизводството, вели јане Станкоски, директор на Државниот земјоделки инспекторат.

Официјално, откупот на тутунот законски ќе трае до крајот на февруари. Ланската реколта се проценува на 13 000 до 15 000 тони што е преполовување на производството.

Тутунарите да прифаќаат само официјални анекси за зголемување на цената на тутунот, да не подлегнуваат на усни најави од откупувачите и секоја неправилност или евентуална злоупотреба да ја пријават, порачува Државниот земјоделски инспекторат кој постојано е на терен при откупот на тутунот од ланската реколта.

Според директорот на Инспекторатот, Јане Станкоски, откупот ја нема посакуваната динамика. Досега се откупени скоро 9 000 тони тутун по просечна цена од 330 денари за килограм. Само една од 10-те откупни компании со анекс официјално ја зголемила цената на 365 денари.

Инспекторатот ги повикува компаниите да ги потпишат анексите и да се заокружи откупот што официјално трае до крајот на овој месец.

-Досега се откупени близу 9 000 тони тутун. До нас нема стигнато официјален приговор за неправилности. Има пријава до Инспекцискиот совет, но од анонимен тутунар дека една откупна фирма понудила анекс, но ние тој анекс не можеме да го видиме. И се е на збор, а на тоа не може да дејствуваме. Тутунарите официјално нека пријавуват, не мора ситуацијата да биде за Инспекторатот, туку и за други институции, на пример полицијата за лажни ветувања и доведување во заблуда. На откупувачите им порачуваме да ги склучат тие анекси и да заврши откупот на тутунот. Само една фирма склучи анекс за зголемување на цената на 365 денари. Значи може да се зголеми. Од почетокот на откупот немаше дебата, комуикација меѓу откупувачите и тутунарите, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Таравари го нанесе конечниот удар кон ДУИ…

Претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари попладнево на фејсбук најави дека од Собранието на неговата партија ќе побара да влезат во коалиција со здружената Албанска опозиција.

Ова би значело дека АА на избори ќе учествува заедно со партиите на Меџити, Касами и Гаши.

– Безрезервно верувам во моите сопартијци и во нашата заедничка визија и ја барам нивната нивната доверба Алијансата на Албанците да влезе во изборната трка заедно со албанската опозиција и заедно да направиме најдобро за државата. – напиша Таравари на фејсбук.

Тој најави дека оваа коалиција ќе испише историја со тоа што ДУИ по подолго време ќе падне од власт.

– Многумина читаат историја, но ретко имаат шанса да пишуваат историја. Денеска ја имаме оваа шанса веднаш. Ајде да бидеме оние што испишуваат историја. – поентираше Таравари.

Полицијата приведе тројца млади битолчани

На 02.02.2024 во 18.30 часот на ул.„Паца Ванчова” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода П.Ж.(18), Ф.П.(20) и Б.К.(18), сите од Битола. При преглед кај нив, кај П.Ж. била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Мицкоски од Женева: Дијаспората масовно да излезе да гласа на претстојните избори, овие избори се суштински за Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки е во дводневна посета на Швајцарија.

Денеска во Женева тој имаше состанок со претседатели на многу задгранички комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа.

-Навистина една исклучително квалитетна атмосфера, мотивирани се луѓето сите тие си ја љубат својата татковина Македонија и се подготвени да дадат максимум во периодот кој следи да успееме заедно да ја поразиме коалицијата СДСМ – ДУИ и како што вие дадовте една фантастична најава да донесеме промени. Бидејќи промени се потребни во Македонија.

Ценам дека сите овие луѓе кои денеска се заедно со нас овде во Женева имаат план како да дејствуаат во месеците кои се пред нас. Продолжуваме денеска со трибина во Лозана потоа утре продолжвуаме во местото Тринген каде повторно ќе имаме трибина.

Цениме дека оваа мобилизација ни е потребна бидејќи периодот кој следи е нависитна предизвикувачки и е потребна што е можно поголема мобилизација на дијаспората да излезе да гласа на следните претседателски и парламентарни избори бидејќи се суштинкси за иднината на Македонија. Она кое го слушнав од луѓето овде се незадоволството како Владата на СДСМ и ДУИ се однесува кон дијаспората игнорантскиот однос, немањето механизми да се одговори на нивните барања и потреби, потоа бариерите при можните инвестиции и вложување во Македонија. Огромното ниво на корупција и криминал во рамки на државните институции, образованието исто така беше предмет на дискусија и испраќањето на лица кои вршат образовен процес во рамки на дијаспората. Навистина една корисна дебата, корисна дискусија, јас сум многу среќен и задоволен што можев со овие луѓе денеска да се видам кои од цела Европа се собраа овдека во Женева и ќе дадат додадена вредност понатмау во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се разбира во рамките на теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ не само во Македонија туку и во дијаспората, изјави Мицкоски.

(Фото) Прилепчанец синоќа фатен со 2,7 промили алкохол

Во текот на изминатата вечер (02/03.01.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 14 возачи од кои (9 во Битола,4 во Прилеп,еден Македонски Брод),а откриени биле и 13 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – информираат од СВР Битола.