дома блог страница 930

Успешна акција на битолската полиција: За неколку часа пронајдоа лице кое било пријавено за исчезнато

На 31.01.2024 во 19.45 часот, во СВР Битола се јави лицето О.П.(54) од с.Кравари и пријави дека на ден 31.01.2024 година, во околу 14.00 часот неговиот дедо Л. Н.(75) од с.Кравари се оддалечил од домот и се упатил во непознат правец, односно истатиот го пријави за исчезнат.

По добиената пријава, веднаш од страна на полициски службеници од СВР-Битола преземени се мерки и активности за негово пронаоѓање при што беа организирани патроли за пребарување на теренот во поблиската и пошироката околина на с.Кравари, битолско и тоа, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола како и полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и полициското одделение Велушина како и лица од селото, при што лицето во 23.15 часот од страна на полициските службеници лицето беше пронајдено кај црквата во с.Кравари во добра здравствена состојба но изнемоштено и премрзнато по што беше однесено во неговиот дом, предадено на неговите роднини и повикана е екипа од ИМП-Битола.

Украина добива 50 милијарди евра финансиска поддршка

Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра помош за Украина на специјалниот Самитот на Унијата што денеска се одржува во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс.

– Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова значи стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и одговорност за поддршка на Украина; знаеме што е во прашање“, напиша Мишел на Х.

Со ваквиот договор се стави крај на неизвесноста околу поддршката од ЕУ за Украина, поради најавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека може повторно да стави вето за пакетот помош, како што се случи на претходниот Самит на Унијата во декември.

Според дипломатски извори, „мала група лидери на ЕУ“ пред почетокот на Самитот го убедиле Орбан да се откаже од евентуално вето за ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на Унијата за периодот 2021-2027 година, која во најголем дел вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина.

Истите извори посочуваат дека Орбан се сретнал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони и претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, а нешто подоцна на средбата се придружиле и премиерите на Белгија, Александер Де Кро, на Холандија, Марк Руте и на Полска, Доналд Туск.

Како отстапка за Орбан, постигнат е договор за имплементацијата на пакетот помош за Украина, лидерите на ЕУ да одржуваат годишна дебата, како и Европската комисија да изработува годишен извештај за спроведувањето на Механизмот за помош на Украина. Доколку врз основа на овие дебати и извештаи се увиди потреба, по две години би можело да биде побарано од Еврокомисијата да предложи нова ревизија на Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ.

Врз основа на денеска постигнатиот договор се очекува Белгија во својство на претседавач со ЕУ за в понеделник да свика „тријалог“ во Стразбур за усогласување на техничките детали на ревизијата.

Договорот на европските лидери го поздрави украинскиот премиер Денис Шмихал, која оцени дека тој претставува поддршка „што ќе помогне да се оствари заедничка победа“.

– Секој ваш глас е значаен придонес за нашата заедничка победа. Договорот е приказ на солидарност и единство во 27-члениот блок, наведе Шмихал во објава на социјалните мрежи.

Инаку, со ревизијата на Буџетската рамка се предвидува обезбедување на дополнителни 64,6 милијарди евра, од кои 50 милијарди евра наменети за Украина за следните четири години и тоа 17 милијарди евра грантови и 33 милијарди евра позајмици.

Од останатите средства, 7,6 милијарди евра се предвидени за поддршка на земјите од европското соседство и за партнерите ширум светот, по две милијарди за справување со миграцијата и управување со границите и за Инструментот за флексибилност на ЕУ и по 1,5 милијарди евра за Европскиот одбранбен фонд во рамките на СТЕП и како резерви за солидарност и итна помош.

Наскоро… нова стихозбирка “Молк пред стиховите” на Ирена Блажеска Дончева

Збирката поезија се состои од песни кои го опишуваат секојдневието,карактерот на луѓето, љубовта кон семејството и мотивацијата за оние кои мора да бидат борбени за да не се откажат пред предизвиците на животот. Песните се исполнети со емоција во која сите би се пронашле барем на кратко.
Промоцијата е планирана во март , во Крушево и Кочани.
Добредојдени сите љубители на пишаниот збор.

Мега Баскет стартуваа со висок триумф, а во сабота во Прилеп им доаѓаат “должниците” од есенскиот дел на сезоната

Екипата на Мега Баскет со триумф го започна пролетниот дел од сезоната во Втората кошаркарска лига. Минатиот викенд во поларните услови во спортската сала во Куманово, совладан е истоимениот противник со повеќе од убедливи 35-73.

Таа победа, како и двете пријателски средби претходно, одиграни во Лерин и во Битола, треба да бидат увертира за подобри резултати во однос на есенскиот дел. Со четири победи и осум порази, прилепската екипа се наоѓа на осмото место на табелата и има 16 бода, исто колку и Водно Санс и Работнички 2018 на деветтата и десеттата позиција.

Во сабота (03.02.2024) со почеток од 19:00 часот, во Прилеп гостува екипата на Соколи 1933 од Штип, на која што прилепчани и’ должат реванш за тесниот пораз во октомври.

Нашите дечки ја заслужуваат вашата поддршка, а Прилеп заслужува квалитетен спорт, затоа се гледаме сабота во 7 во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”.

Родители контролирајте ги децата: Деветтоодделенци од Кавадарци ќе одговараат, монтирале фотографии и исмевале соученички

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените.

Анкета на МРТ 1: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во ИЕ 1 и ИЕ 5

На прашањето која партија сметате дека ќе победи на парламентарните избори во ИЕ 1 анкетираните одговориле дека ниедна 9.0%, не сака да каже 7.7%, не знам / немам одговор 26.2%, СДСМ 8.3%, ВМРО-ДПМНЕ 28.1%, ДУИ 5.9%, ЕСП 4.5%, АА 1.6%, Левица 4%, Знам 3.5% и друга 1.2%

Додека пак за претстојните претседателски избори во Македонија во ИЕ 1 својот глас за претседателскиот кандидат од СДСМ би го дале 9.7%, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 19.4%, за кандидатот на ДУИ 6,6%, за кандидатот на ЕСП 4,4%, за кандидатот на АА 0.7%, за кандидатот на Левица 4,3%, за кандидатот на движењето Знам 3,6%, друг 0.2%, ќе се определат откако партиите ќе ги соопштат кандидатите 8.0%, ниеден 16%, не сака да каже 12.8% не знае или немале одговор 14.3%.

На претстојните парламентарни избори во ИЕ 5 според анкетата за ниедна партија би гласале 18.6%, не сака да каже 16,7%, не знам / немам одговор 14.2%, СДСМ 13,6%, ВМРО-ДПМНЕ 19.8%, ДУИ 6.1%, ЕСП 2.1%, АА 2.8%, Левица 2.9%, Знам 2.0%, друга 1,2%.

Во однос на тоа која партија ќе победи анкетираните во ИЕ 5 за ниедна рекле 5,9%, не сакале да кажат 5.1%, не знам / немам одговор 29.9%, СДСМ 14.2%, ВМРО-ДПМНЕ 28.4%, ДУИ 6.1%, ЕСП 1.9%, АА 2.5%, Левица 2.7%, Знам 2.0%, друга 1.3%.

Во ИЕ 5 за претседателски кандидат од СДСМ би гласале 14.3%, ВМРО-ДПМНЕ 20.1%, ДУИ 6.9%, ЕСП 2.1%, АА 2.7%, Левица 3.4%, Знам 2,4%, ќе се определам откако партиите ќе ги соопштат кандидатите 9.7%, за друг 0.5%, за ниеден 14.2%, не сакаат да кажат 8.6, не знаеле или немале одговор 15.1 процент од испитаниците.

Утврдени цените: Еве колку ќе чинат налепниците за регистерските таблици

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистерски таблици и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „НМК“.

Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

-Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, се вели во одговорот од МВР за Курир.

Граѓаните најдоцна до 12 февруари треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

(ФОТО) Нова огромна инвестиција во Прилеп

На само еден километар од центарот на градот, наскоро во Прилеп започнува изградбата на првиот мол, а прилепчани конечно ќе можат да доживеат посебно шопинг искуство.

Новиот STRIP MALL PRILEP ќе се наоѓа на излезот од градот кај “Паркот на револуцијата” и ќе се простира на површина од 9.000м2.

Се работи за еден совршен проект кој пред се’ ќе има огромен економски бенефит за Прилеп, објект кој ќе ја збогати понудата на градот, ќе привлече голем број секојдневни посетители и секако ќе значи нови работни места.

STRIP MALL ќе понуди најразлични содржини за сите возрасти. Површината на објектот ќе биде поделена на повеќе деловни простории, каде ќе се сместат над 40 реномирани и атрактивни за купувачите брендови.

Покрај тоа предвидено е новиот шопинг мол да понуди и содржини за најмалите, како и угостителски простор.

И секако изградбата на еден ваков објект ќе значи и огромен финансиски бенефит за општинската каса на општина Прилеп, со што ќе им овозможи на општинските власти да реализираат нови проекти од интерес на граѓаните.

Повеќе информации во периодот кој следи.

Мицкоски: Тие ја одземаа државата, ние ќе ја вратиме во рацете на народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес е во посета на тетовското Кале и црквата Св. Атанасиј.

-Нека е за многу години. Тетово е гордо на своите традиции. Заедно да се избориме за промени и победа над хаосот. Тие ја одземаа државата, ние ќе ја вратиме во рацете на народот. Заедно и силно. Момент за промени“ – истакна Мицкоски.

Ќе се делат ваучери од 25.000 денари за клима-уреди, пријавување од утре

Министерството за економија ќе подели 4 милиони евра на домаќинствата за клима –уреди за да ги намалат сметките за струја и да придонесат за енергетска ефикасност. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека програмата годинава е изменета и проширена согласно барањата на граѓаните.

„Од утре ќе објавен јавен повик преку кој Министерството за економија ќе дели ваучери со вредност од 25.000 денари по домаќинство за домаќинствата кои живеат на територијата на пелагонискиот регион и југозападниот регион во кој влегуваат општините Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени, Вевчани, Дебар, Дебарца, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга и Центар Жупа. За овие Општини во програмата се определени вкупно 100 милиони денари. Освен овие, другите средства се предвидени за другите градови“, најави министерот Бектеши.

Тој ги повика сите граѓани кои ги исполнуваат условите од утре да аплицираат во Министерството за економија. Услов за добивање ваучер од 25.000 денари е домаќинствата во изминатите три години да не користеле средства од кој било извор за надоместок на трошоци за грејни уреди, печки на пелети или високоефикасни инвертер клима-уреди, да немаат приклучок на централно градско греење, уредот да го купат во текот на 2024 година, но и купениот уред, за да се избегнат манипулации, задолжително да грее на надворешна температура од минус 15 степени.

Предвидено е да се поделат 7.000 ваучери, но министерот Бектеши рече дека има можност да се зголемат средствата доколку се случи граѓаните да аплицираат, а да се исцрпат предвидените 4 милиони евра.

Ваучер од 25.000 денари по домаќинство е предвиден за општините од пелагонскиот и југозападниот регион, додека за домаќинствата од останатите региони предвиден е ваучер од 23.000 денари.

За ранливите категории ваучерот ќе изнесува од 27-30 илјади денари во зависност од примањата и членовите во семејството.