дома блог страница 918

Грција ги легализираше истополовите бракови

На истополовите двојки во Грција законски ќе им биде дозволено да посвојуваат деца, по вчерашното гласање во парламентот.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе поддржи сериозна нееднаквост“.

Законот беше усвоен со просто мнозинство во парламентот од 300 пратеници.

Мицотакис беше за законот, но му требаше помош од опозициските партии за да собере мнозинство, додека повеќе од десетина пратеници од неговата централно-десничарска партија се спротивставија на одлуката.

15 февруари 1903год. – Сведоштво на француски весник за една македонска крвава свадба во гевгелиско

15 февруари 1903 година, Париз
Франција, на денешен ден точно пред 120 години, весникот Le Petit Zournal, дава опис на маскр на православна свадба во Македонија.

Што точно се случило во гевгелиско на овој ден прочитајте во продолжение:

Во сабота сите во сала! Мега Баскет во Прилеп го дочекува Шкупи!

Екипата на Мега Баскет од Прилеп во сабота е пред нов предизвик во Втората кошаркарска лига. Во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” гостува третопласираната екипа на Шкупи, еден од главните фаворити според досегашните резултати за пласман во најелитното кошаркарско друштво кај нас.

Прилепчани ветуваат одлична игра и мотивираност за добар резултат, а за тоа секако ќе им биде потребна помош од домашната публика.

Досега Мега баскетџиите забележаа пет триумфи и девет порази, и со 19 освоени вода се на добар пат да обезбедат опстанок во овој ранг на натпреварување.

Натпреварот од петнаесеттото коло против Шкупи, се игра со почеток од 19:15ч. Да ги поддржиме нашите момци и да ја наполнеме трибината во “Добре”.

Здравјето на вработените за нив е неприкосновено! ВИТАМИНКА организираше предавање на тема “Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите” (ФОТО)

Како дел од грижата на Витаминка за своите вработени, постојано презема активности во чиј фокус се здравјето и добросостојбата на вработените. Со истата цел денеска беше организирано предавање на тема „Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите“.

Поттикнато од недоволното знаење и свесноста за опасностите по машкото здравје, предавањето имаше за цел да информира, едуцира и да ја подигне свесноста за ризиците по машкото здравје и за превентивното делување.

Предавањето беше во организација на Витаминка и Здружението за унапредување на здравјето Филип Лукароски Прилеп, а пред вработените опасностите по машкото здравје од различни аспекти беа претставени од предавачите Петра Лукароска, претседател на Здружението за унапредување на здравјето Филип Лукароски, д-р Љубица Илиеска доктор по општа пракса од ПЗУ Алфамед Прилеп, д-р Златко Савоски, специјалист интернист и д-р Влатко Кузманоски, специјалист уролог.

Ново правило: Тие што имаат џип ќе плаќаат двојно повеќе паркинг од обичните коли – Tреба ли вака секаде?

По Париз, од март и германскиот град Кобленц ќе применува нови цени за паркирање врз основа на големината на возилото.
Од март се воведува основна сума од 23,40 евра годишно (0,45 неделно) што се множи со променлив фактор врз основа на димензиите на возилото.

За разлика од Париз, новите цени ќе важат главно за жителите на градот.

„Кој сака да паркира теренец во француската престолнина, од септември ќе треба да плати 18 евра на час. Шест часа паркирање во Париз би требало да чини 225 евра“, пишува „ХАК“.

Париз ги договори тие стапки по референдумот. Новата тарифа не важи за жителите на Париз, туку само за луѓето кои доаѓаат во градот однадвор.

Организацијата за заштита на животната средина „ДУХ“ смета дека ова е добра идеја и заедно со организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ и Здружението за заштита на животната средина и природата (БУНД), повикаа на слични правила за поголемите германски градови.

ФАТЕНИ ЖИВИ: МВР на Тошковски откри корумпирани полицајци кои ќе ,,летаат” од работа (ВИДЕО)

МВР на техничкиот министер Панче Тошковски фати корумпирани полицајци на граничниот премин Ќафасан кои земале пари за да помогнат на криминалци да влезат во Македонија.

Полицајците, ако се докаже вината на суд” ќе бидат избркани од МВР.

,,Ставаме крај на селективното постапување и ја засилуваме борбата против корупцијата и криминалот во полициските редови. Во таа насока, министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против две лица – полициски службеници од ПС за ГП Ќафасан поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „Примање поткуп“.

Согласно сознанијата добиени врз основа на преземените оперативни активности од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, првопријавениот примил парични средства за да изврши дејствие кое не смеел да го изврши, додека второпријавениот му помогнал да не биде откриен, односно ги сокрил инкриминираните дејствија. Покрај кривичната пријава за лицата ќе биде поднесен предлог за отстранување од работните места.

Како министер секогаш ќе се залагам за одговорно работење и посветена борба против корупцијата, бидејќи нашите сограѓани заслужуваат професионална, одговорна и посветена полиција која ќе биде нивен сервис”, објави Тошковски.

Милошоски: “Отповикајте го Мемеди од амбасасор. Тој работи против Македонија”

Нарекувајќи го скандалозен, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека случајот е особено сериозен со оглед на тоа што, како што вели, ниту Министерството за надворешни работи ниту Амбасадата немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи. Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, побара одговорност од амбасадорот на С Македонија во Рим, Весел Мемеди, поради тоа што, како што тврди, преку официјална нота ги известил властите во Италија дека и валидните патни исправи на македонските државјани кои се со старото уставно име се неважечки по 12 февруари 2024 година.

Милошоски објави и фотографија од документот кој Мемеди го доставил до тамошните власти.

Нови цени на горивата од полноќ, бензинот ќе биде поскап

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 22.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,029%, кај дизелот за 3,417%, кај екстра лесното масло за 2,626% и кај мазутот зголемувањето е за 2,167%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,061%

Од 16.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 40,732 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

По втор пат во Прилеп се одржа манифестацијата “Љубов и вино”: Уживање во поетски стихови и голтка црно вино

Синоќа во киното “Мис Стон” во Прилеп, по втор пат се одржа манифестацијата „Љубов и вино“, која Центарот за култура “Марко Цепенков”, ја реализираше во соработка со Клубот на литературни творци и ОМУ „Ордан Михајлоски“ – Оцка.

Aндриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп ја отвори со свои стихови манифестацијата, што ја поддржаа Витаминка и Блажо Стојаноски.

Со поетски дела се претставија 30 учесници, поети од Клубот на литературни творци – Прилеп и поети од Битола и Охрид, за потоа да се напијат вино.

Таравари ја објави кандидатурата – „Дојде времето државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински“

Денеска во 10 часот на градскиот плоштад во Гостивар, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ја објави кандидатурата за претседател на државата. Кандидатурата е поддржана од претседателството на партијата и од Европскиот сојуз за промени, коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократско движење.

До сега во претседателската трка влегоа професорката Ванковска и докторот Вело Марковски. Се очекува свои кандидати да имаат ВМРО-ДПМЕ и СДСМ како и партијата на Максим Димитриевски. Големи се шансите со свој претседателски кандидат да истрча и ДУИ, а таму како најсериозен кандидат се спомнува Бујар Османи.

Тој порача дека дошло времето државата да има претседател Албанец.

„Не технички туку вистински“, порача Таравари.