дома блог страница 917

Битолчанец фатен на дело во кражба, а потоа признал дека извршил уште четири други

На 16.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(47) од Битола. Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во помошна просторија од куќа на ул.„Илинденска“, сопственост на С.Т.(27) од Битола.

Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во куќи, станови и во параклис на подрачје на Битола.

Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Важно соопштение за вљубениците во театарот во Прилеп!

Почитувани, ве известуваме дека претставата “Стапица за глувци” закажана за утревечер, сабота 17.02.2024, e ОДЛОЖЕНА заради здравствени проблеми на актер – информираат од Центарот за култура “Марко Цепенков”.

-Следната изведба е во среда 21.02.2024 во 19.30ч. кога ќе го одбележиме и 74 – от роденден на театарот. Купените влезници и резервациите ќе важат за среда. Ве молиме да ги потврдите вашите резервации на тел.076 442 378. Ви благодариме за разбирањето! Ваш театар “Војдан Чернодрински” – стои во известувањето.

Тој е амбасадор на Македонија низ целиот свет, а сега државата го понижи: Познатиот македонски готвач заглави на Фиџи

Професионалниот готвач Виктор Настески кој повеќе од две децении работи на крузери, заглавен е на островот Фиџи поради Преспанскиот договор. Во својата објава тој истакна голем револт кон оние кои се одговорни за оваа ситуација, а како што вели тој, да е третиран како најголем криминалец. Тој, како што напиша, доживеал големо понижување токму од неговата татковина – Македонија, иако цел свој живот го посветил да ја претставува во најубаво светло.

“23 години работам по крузери!
23 години во кој го обиколив целиот свет и посетив преку 320 места во светот!
23 години ја преставувам Македонија со големо срце сегде низ светот!
23 години амабасадор на својата земја!
23 години амбасадор на македонската храна и култура!
23 години секогаш со крената глава како прав македонец!

Денеска понижен како никогаш до сега и третиран како криминалец!
Денеска се повредени моите права како Македонец!
Денеска се повредени моите човекови права!
Денес не постојам како Македонец!

И се тоа благодарение на мојата некогаш убава и силна Македонија и благодарение на неспособноста на тие кој ја водат оваа земја!

Уништивте комплетно се во мене, и ме бутнавте на колена!

ПРОКЛЕТИ ДА СТЕ” – напиша Настески.

https://www.fotor.com/features/add-logo-to-photo/

Лошо време за “лепачите на плакати”: За лепење каде ќе ви текне, полицијата може да ве казни од 100 до 250 евра

Во пресрет на започнувањето на предизборната кампања за претседателските и парламентарните избори Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува, односно укажува дека пишувањето графити и особено на графити со вулгарна и навредлива содржина на јавни места и објекти е спротивно на Законот за јавна чистота , како и самоволното лепење на плакати на места кои не се определени за таа цел и намена. Покрај тоа, зависно од видот и обемот на оштетување на објектот, тоа претставува и прекршок против јавниот ред и мир (член 27), за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност.

Доколку пораките се со содржина која поттикнува национална, расна или верска омраза, раздор и нетрпеливост, пишувачите на таквите графити ќе се соочат и со кривична одговорност согласно член 319 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира , особено до помладите, да се воздржат од пишување графити и оштетување на јавните објекти , како и на културните и историските споменици, зашто на тој начин не само што причинуваат одредена материјална штета, туку можат да предизвикаат и други несакани појави.И не само тоа, туку и да се соочат со законски предвидените санкции.

Секој ден нови цени: Од полноќ повторно поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 15.2.2024 година.

Од 17.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)

Прилепските велосипедисти од ВК “ИЛИНДЕН” собраа грст награди: Федерацијата ги прогласи најдобрите за 2023 година (ФОТО)

Велосипедска Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите велосипедисти и клубови за 2023 година.

Велосипедскиот Клуб “ИЛИНДЕН” од Прилеп беше единствен кој освои награди во три различни дисциплини екипно и дури шест награди во поединечна конкуренција.

– АНДРЕЈ МАЏОСКИ – ШАМПИОН во МТБ, второ место во Роад и трето во Вело Крос во јуниорска категорија;

– КОНСТАНТИН КОСТОСКИ – ШАМПИОН во Роад, втор во Вело Крос во категорија кадетти;

– НИКОЛА РИСТЕСКИ – трето место во Вело Крос во кадети;

Севкупно В.К & Сервис ИЛИНДЕН освои второ место во Велос Крос, второ место во РОАД (младински конкуренции) и трето место во планински велосипедизам.

Честитки за постигнатиот успех на момците и нивниот тренер Драган Димитријоски.

Се започнало во 1950 год. со “Кир Јања”: Прилепскиот театар утре ќе одбележи 74 години постоење

Театарот „Војдан Чернодрински“ во сабота 17.02.2024 ќе прослави 74 години од формирањето, од денот кога завесата се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Годишнината ќе биде одбележана со изведбата на најновата претстава „Стапица за глувци“ според текст на Агата Кристи, во режија на младиот и талентиран режисер Борис Василески, од 19.30 часот во театар, во која се говори за тоа дека секој мисли дека неговата перспектива е правилната, но што е, всушност, вистината?

Низ годините различните генерации на актери ределе премиери една по друга, имало и падови, но и успеси на театарот. Досега прикажни се околу 360 премиери, одиграни над 7500 претстави кои ги гледале над 1, 7 милиони луѓе.

Најгледаната и најиграна, изведена стопати, е “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, па потоа „Од кол на кол„ во режија на истиот режисер.

Голем успех театарот постигна и со претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Швејк…“ во режија на Мартин Кочовски, со “Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”…. Белег во повеќедеценискот растеж на театарот дале и претставите “Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, “Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, “Арсениј” од Б.Р. Платнар, “Полковникот птица” од Христо Бојчев и “Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски.

Претстава која најмногу го сврте вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика е “Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. Не помалку наградувана е ,,Кавкаскиот круг со креда,, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија. Десетина награди има освоено на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Театарот во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Од 2004 година работи во состав на ЦК “Марко Цепенков.

Претреси кај двајца битолчани – пронајдена дрога

На 15.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Н.(28) и И.Ч.(24), двајцата од Битола.

При претрес во домот на И.Н., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Додека, при претрес во домот на И..Ч., извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска промоција на книгата “Заклетва” – Дело пишувано од директни учесници во војната во 2001 година

Денеска со почеток од 19:00 ќе се одржи промоцијата на книгата „Заклетва“, која ќе биде пропратена со македонска вечер. Во House of Legends ќе настапат Влатко Миладиноски, Филип Карајановски и Дамјан Стојаноски. Рецензент на книгата е Јохан Тарчуловски.

„Заклетва“, како што самото име кажува, е книга за еден збор кој има многу силно и големо значење. Пред еден век нашите револуционери давале заклетва за да станат дел од МРО. Тоа меѓу другото била и заклетва за одбрана на својот дом, на своето вековно огниште. Пред преку 20 години нова закана се вивна над македонското небо. Илјадници бранители се одлучија да одговорат на повикот на татковината и да застанат на нејзиниот браник.

Токму како што пред повеќе од еден век, револуционерите и партизаните давале збор во вид на заклетва за ослободување на својата мајка Македонија од злите раце на окупаторите така и бранителите во 2001 година ги напуштија своите огништа, својот пород и род, својата слобода и се одлучија на еден непредвидлив потег – да ја одбранат Македонија од тогашниот терор. Бранители кои беа подготвени да го дадат и најсветото за татковината. Токму тие луѓе не се штедеа себеси со цел исполнување на аманетот оставен од предците.

Во оваа книга ќе се спуштиме во рововите заедно со бранителите за да допреме поблиску до тоа што се случи таа година, а исто така ќе допреме до нивните сеќавања преплавени со страв и храброст, истовремено. Ќе се навратиме на миговите кога Македонија имаше потреба од силата на нејзините синови. За нас, Македонците, 2001 година е година на целосно отсликување на структурата на една држава, способна за себеодбрана. Причината за конфликтот е сè уште вид мистерија затоа што и до ден-денес се кријат многу работи, разни пропусти во командниот систем, а и многу работи ќе ви станат конфузни по читањето на книгата. Книгава во суштина е колекција од интервјуа со бранители. Интервјуата и сведоштвата ги собиравме веќе подолг период и успеавме да собереме доволен број за да се создаде книгата. Свој придонес дадоа бранители кои биле на најразлични позиции за време на конфликтот и кои учествувале во сите поголеми операции. Сите тие ги оставија дома родителите, жените, децата, за да ја исполнат дадената заклетва. Некои од нив се вратија, некои не успеаја. Државата ги заборави тие што се вратија од фронтот. Тоа и една од причините за пишувањето на оваа книга. Она што треба да се напомене е дека со секое купување на книгата „Заклетва“, дел од средствата ќе бидат наменети како финансиска помош за бранителите. Во книгата е зачувана анонимноста на бранителите од принцип на приватност. Да искажеме голема благодарност до сите бранители кои собраа храброст и сила да ги споделат со сите нас поголемиот дел од нивните доживувања на браникот на борбените акции и угнетувања. Нека Бог нè чува нас Македонците, како и нашите бранители кои биле подготвени да го дадат или за нас го дале најсветото што го имале – животот. Сите даваме по нешто, но некои даваат сè.

Mицкоски: Се спрема епски криминал на бегање

Се спрема епски криминал на бегање. Повеќе од 140 милиони евра тендери се подготвуваат во РЕК Битола. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милјарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Однапред ќе ви кажам дека тие две јавни набавки ќе ги добијат фирми кои ги знаете и кои се омилени фирми на неколкумина од власта. И ќе го доделат тендерот за ископ на јаглен и јаловина на омилениот конзул на една источна земја бидејќи се европски фронт ама не им смета да доделуваат вакви јавни набавки на конзули коишто се од источни земји коишто имаат санкции од ЕУ. Тоа е во вредност од повеќе од 40 милиони евра – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој упати и апел:

-Апелирам до луѓето коишто се во ЕЛЕМ, до генералниот директор и до вработените и во рудникот и во термоелектраната лично за неколку месеци од денеска ќе се занимавам со овие две набавки. И јас им ветувам дека секој оној кој ќе стави потпис на оваа јавна набавка ќе биде изнесен пред лицето на правдата и ќе одговара за тоа што го пљачка народот за да ги полни џебовите на неколкумина кои се спремаат да бегаат после 8 мај. Лично ќе се занимавам, а верувајте имам големо искуство и знаење посено во делот на енергетиката. Иточно знам што правите и што се подготвувате да направите. Нема да дозволам овој сиромашен народ дополнително да биде пљачкан од овие политички криминалци кои што се во заминување. Ова не е закана, ова е предупредување. И со ова лично ќе се занимавам ако се случи.

https://publish.twitter.com/?url=https://twitter.com/MickoskiHM/status/1758141765352145243#