дома блог страница 919

Неуморната и посветена работа вроди со плод: Дечињата од едукативниот центар “Дрим Тим Макси”, успешно ја одржаа првата Новогодишна приредба на англиски јазик во Прилеп (ФОТО)

На 21.12.2023 во киното “Мис Стон” во Прилеп се одржа првата Новогодишна приредба на англиски јазик во градот, од страна на учениците и професорите од едукативниот центар “Дрим Тим Макси”.

Учениците преку рецитација, песна и драматизација го покажаа својот талент и своите јазични вештини во поглед на англискиот јазик.

За подготовката на точките се погрижија нивните професорки Ивана Макалоски и Симона Белокоска, кои неуморно работат со дечињата преку цела година за да ја постигнат целта, нивните ученици да говорат англиски како мајчин македонски јазик.

Приредбата беше проследена со магионичар, а Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња на вредните Дрим Тим ученици.

(ФОТО) Природна Вијагра во Крушево

Пооригинална реклама немало воопшто во историјата на маркетинг индустријата. Месарница во Крушево вели дека производот е 100% ефикасен и испробан. Ваше е да проверите…

Ангелчињата од “Royal Kids House” Прилеп, приредија магична Новогодишна приредба, која никого не остави рамнодушен

Дечињата и нивните наставнички од Центарот за деца Royal Kids House од Прилеп, приредија прекрасна Новогодишна приредба во салата на киното “Мис Стон”. Снежната бајка не остави никого рамнодушен, а дечињата ги освоија срцата на сите присутни.

-За Новодогишната приредба со љубов се подготвувавме со нашите вредни и трудољубиви Ројалковци. Тие гордо и покажаа на публиката што знаат и умеат, а ние само нанижавме уште еден бисер во нашиот ѓердан на успеси и достигнувања. Среќна Нова година! – порачаа од овој детски центар.

Прилепчанец доживеал вистински хорор синоќа: Го нападнале повеќе лица додека се движел низ центарот на градот

На 24.12.2023 во 01.50 часoт, во ОВР-Прилеп Д.Д.(46) од Прилеп пријавил дека во централното градско подрачје во Прилеп бил физички нападнат од неколку лица при што му била одземена и ташната во која имал лични документи.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Од срцето на Старата битолска чаршија започна овогодинешната “ЗИМСКА ПРИКАЗНА” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Со старото градско битолско оро „Пештреф“ низ играта на младите девојки од КУД „Илинден“, облечени во староградска носија, во духот на културата и традицијата, денес од срцето на Старата чаршија започна деветдневната програма на битолската „Зимска приказна“. Помеѓу битолските дуќанџии, занаетчии, негувачи и промотори на значајните историски обележја на градот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги најави програмските содржини кои годинава ќе се реализираат на две локации: во Старата битолска чаршија и Платото на Офицерскиот дом.

Како дел од програмските содржини, градоначалникот Коњановски, заедно со децата од детската градинка „Мајски цвет“ и ракотворците од ЗУР Македонски ракотворби, беше дел од настанот „Заедно да ја накитиме елката“, со што чаршиската елка, се повеќе блеснува во посебен сјај, кој што доликува на просторот во кој се наоѓа.

Денешната раздвиженост на битолската чаршија и присуството на многубројната публика, потврдуваат дека, битолската Стара чаршија, почнува да раскажува една нова приказна, која во себе ги обединува спецификите на минатото, вклопени во потребите на времето во кое живееме.

Во овој контекст, градоначалникот Коњановски, најави дека во соработка со приватниот сектор, воспитно – образовните институции, домашните уметници, изведувачи и претставници на невладиниот сектор, општината продолжува да дејствува во насока на содржинско збогатување и културно туристичка промоција на Битола.

„Трета година по ред, Општина Битола заедно со своите соработници ја организира предновогодишната програма насловена „Зимска приказна“. Годинава имаме дисперзирање на програмските содржини на две локации, а овие девет денови ќе бидат исполнети со програма за сите генерации. За најмладите ги вклучуваме детските градинки, училиштата, организиравме дружење со Дизни маскоти, музички точки од детските фестивали, детски театарски претстави и Возот Мечо како дополнителна атракција за децата. Во музичкиот дел фокусирани сме во најголем дел на наши домашни изведувачи при што ќе проследиме настап на повеќе битолски музички групи, меѓу кои Фонтана, Боеми, Деспина и многу други, ги имаме „Паркети“, „КОД 369“ Виктор Апостоловски, Ламбе Алабаковски, имаме гостување на „Влатко и оркестар Златко Миладиноски“, Миле Кузмановски… Го имаме Камерниот оркестар на Битола со нивниот најнов проект Jingle bell symphony – Sarah Mace & the Christmas Girls, а новата година ќе ја дочекаме со култните Чоканче, Битолскиот дувачки оркестар и стендап комедија со Марјан Георгиевски“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Целодневната програма на „Зимска приказна“, ќе трае до Дочекот на Новата година, а програмскиот концепт ќе биде заокружен со настанот „Први на први“ и полноќното искачување на битолските планинари на Пелистер, во организација на ЗПСК „Олимпус Монс“.

Koвачевски: СДСМ ја покачи просечната плата на 630 евра, а просечната пензија со нас изнесува 20.100денари

Факт е дека остваривме реален раст на платите и пензиите, затоа што ние мислиме за секого, затоа што не носиме популистички предизборни решенија туку системски решенија кои имаат ефект на долг рок, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на партиската трибина “Повеќе за сите” во Кочани.

-Просечната плата СДСМ ја покачи на речиси 39.000 денари, тоа се 630 евра. Неспоредливо со времето на ДПМНЕ кога просечната плата беше 360 евра. Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, кога на власт беше ДПМНЕ. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ. Тоа се факти. За 2 години пензиите ги покачивме за 25%, најмногу досега и пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ. Факт е дека вративме 2,6 милијарди евра кај граѓаните и компаниите. И Факт е дека со СДСМ има Повеќе за сите. Со членство во ЕУ платите и пензиите ќе пораснат и за 70%, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ направи споредба со лажните ветувањата и манипулациите на ДПМНЕ.

-Еднаш велат ќе ги покачиле пензиите за 5.000 денари, па после велат дека мислеле на рати да ги покачат по 500 денари. Така лагата за 5.000 денари поголеми пензии стана 500 денари. Тоа е познатото манипулирање и потценување на граѓаните од страна на ДПМНЕ, кое го живеевме 11 години. Нам пензионерите не ни се гласачка машина, ние пензионерите ги почитуваме, не ги манипулираме пред избори, ние им го даваме тоа што им е заслужено за пристојна старост и навреме, не пред избори. Од првиот ден откако сум премиер така функционираме, ние креираме политики за спокоен живот на нашите повозрасни сограѓани. Со последниот пакет антикризни мерки финансиски ги поддржуваме пензионерите со пониски примања и добиваат и до 15.000 денари, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Кочани.

Блеска од убавина: Погледнете како изгледа новогодишната бајка во ООУ “Климент Охридски” Прилеп (ВИДЕО)

За оваа убавина не е потребен посебен коментар, само уживајте во видеото во продолжение:

Станкоски во одбрана на тутунарите

За една недела од официјалниот почеток на откупната кампања, само 500 тони тутун се преземени по цена од 300 денари за килограм. Откупот не добил на интензитет и се очекува тоа да биде по Нова година. Почетокот го следеа досега незапаметени состојби – отворени, но празни откупни пунктови, а потоа дел тутунари се жалеа дека откупувачите не им го преземаат родот.

-Сите регистрирани 263 пункта во земјава се отворени со 280 ваги од официјалниот почеток на откупната кампања на 15 декември. Досега се откупени преку 500 тони и за откупната сезона сепак е малку, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

До Инспекторатот досега нема стигнато ниту една официјална поплака за неправилности. Но оттаму им порачуваат на откупувачите да не ги условуваат тутунарите дека ќе им доплатат ако и другите компании ги зголемат цените. Тоа може откупувачите да го сторат без условување.

-Одредени откупни компании имаат истакнато некое известување дека доколку се зголемиле цените, и тие ќе им до плателе. Сметам дека сакаат тутунарите да ги доведат во заблуда. Во Законот за тутун се вели дека има можност да се зголемат цените доколку има некои вонредни или неочекувани ситуации во текот на производството и на откупот. Со официјален анекс се решава и може да се зголемат цените по класи. Тоа што го истакнуваат некои фирми е небулоза. Тоа е и малициозно однесување спрема тутунарите. Да бидат сериозни и може да ги зголемат цените по класи. Апелирам тутунарите да не подлегнуваат на такви дејанија, рече Станкоски.

Годинава се склучени околу 30 000 договори за преку 26 000 тони тутун, но родот е преполовен. Се очекуваат од 13 000 до 15 000 тони тутун. Интензитетот на откупот се очекува по Нова година.

Хаос во Белград: Потона сплав, млади лица пливаат во река (ВИДЕО)

Познатиот белградски сплав „Картел“ потона синоќа по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го следат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пренесуваат српските медиуми.

Дел од гостите гостите скокале во реката Сава и пливале кон брегот кога сплавот потонал, како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи.

-Некои почнаа да скокаат во водата и да пливаат до брегот, додека други останаа закотвени во страв. Веднаш дојдоа и родителите на гостите кои беа заглавени на сплавот. Луѓето беа нервозни. Видов дека брзата помош му помогна на едно момче. Сите беа во паника. Повикаа помош, изјавила за „Блиц“ девојка која била сведок на потонувањето на сплавот „Картел“.

АНКЕТА: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски

Декемвриската анкета на МКД.мк која ја спроведе агенцијата Маркет вижн во споредба со претходните покажува дека расте бројот на граѓаните кои би излегле да гласаат на наредните избори.

И оваа анкета го потврди трендот на раст на популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и падот на владеачката СДСМ. Меѓу испитаниците почна да се појавува и новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски.

На прашањето „Во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба“, 12,95 отсто од испитаниците го посочија името на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 6,65 отсто од нив го избраа Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски доверба имаат само 4,25 отсто од гласачите, во Димитар Апасиев, првиот човек на Левица 3,5 %

Кај лидерите, според анкетите на МКД.мк во февруари, јуни, септември и декември, воочлив е растот на популарноста на Мицкоски (од 11 на 13%), падот на Ковачевски (од 8,2 на 4,3 отсто) и на Апасиев (од 4 на 3,5%), и стабилноста во популарноста на Али Ахмети околу 6 отсто.

За тоа во која партија се убедени граѓаните дека ќе победи на наредните избори, 16,35 отсто од испитаниците сметаат дека е тоа ВМРО-ДПМНЕ, 5,95 отсто од ипитаниците се убедени во победата на ДУИ, а за СДСМ се определиле 5,65 отсто.

Трендот на партиите од оние испитаници кои се изјасниле дека ќе гласаат, во споредба со претходните анкети на МКД.мк, покажува голем раст на определеноста на гласачите за ВМРО-ДПМНЕ – од 21,8 отсто во февруари 2023 до 26,7% во декември. Кај СДСМ опаѓа популарноста кај испитаниците кои се определиле – од 12,4 % во февруари до 9,2 % во декември.

ЦЕЛАТА АНКЕТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА МКД.МК