дома блог страница 910

“ГРЕТА” гостува во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Гостување на претставата „Грета“ во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 28 февруари,среда, со почеток од 19:30 часот.

Влезници на тел. 076 442 378

*******************************

„Грета“ според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете
Режија и адаптација: Тамара Стојаноска
Преведувачи: Тамара Стојаноска и Ане Блажовски
Играат: Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски
Музика: Лука Тошев
Вокал: Дина Јашари
Дизајнер на плакат, маски и портрети: Бојана Цилевска
Изработка на сценографија: Слободан Петрушевски
Извршен продуцент: Бобан Алексоски
Продукција: Театар „Златен Елец“ – Скопје
Фотографија и видео: Јани Патче

*Награда за најдобра женска улога на интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, 2022

***********
Со „Грета“ се раскажува приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава.

Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.

„Пробата треба да носи радост. Зашто за пробата се одделува половината од секој ден во тек на целиот живот. И, по напорните проби, ако излезе дури и добра претстава – тоа не ќе ги покрие загубите.“
– А. Ефрос.

Прилеп ќе добие министер во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ?

Новинарот Зоран Момироски го објави најновото издание на својата актуелна колумна “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, и повторно ги елаборираше најактуелните случувања во Прилеп во изминатите 7 дена, каде се осврна и на гостувањето на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, во програмата на “РАДИО ПЕЛА”.

Според Момироски, Ристески би можел да биде идниот министер или заменик министер во ресорот Локална самоуправа, доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира новата влада.

-На својот 52 годишен роденден,роденденски во интервју на Радио Пела екс градоначалникот Марјан Ристески се пофали дека бил едукатор – предавач на семинари и средби со градоначалници во Сокобања во Србија. Притоа Ристески убедува дека седум години тој молчел, ама еве сега решил јавно да проговори.Најверојатно тргнал од митот: 7 дена во неделата, 7 светски чуда, 7 топ планети 7 случајни средби…Го слушам Мацио како кажува за основните принципи и норми во една Општина. Кажува како треба нормално да функционира една современа локална самоуправа. Ама кога сака да направи споредба со нашава во Прилеп, како голема кнедла во грлото да му застанава, па со вода ја поттурнува. Кажува Мацио дека не треба прекубројна туку искусна администрација, дека е неопходна база на готови проекти изработени од и во локална самоуправа , ама самиот знае дека во Општината каде што сега работи како комунален инспектор такво нешто нема!!! Се обидува да ,,покрие,,ама ќебето што му го дале ептен е кусо. Се кажа како треба да биде, само две клучни работи не кажа. Првата, како граѓаните пред избор да го препознаат вистинскиот кандидат што си го сака градот и сака да се вложи во развојот на градот и како да го препознаат кандидатот кој зборува за градот а мисли за својот џеб, за своите бизниси и за своите лични интереси!!! И втората работа што не ја кажа ,а со тоа и не даде одговор на прашањето ДАЛИ ОД СЕКОЕ ДРВО МОЖЕ КАВАЛ ДА СЕ ПРАВИ ?!? Без конкретни одговори на овие прашања преку ораторски способности Ристески се обиде , ама до крај не успеа да не убеди во сегашната прилепска реалност. За мене остави впечаток дека човекот си тера, така наречена скриена изборна кампања за својата матична партија и за својата следна кариера алудирајќи за министер или заменик министер во локална самоуправа, се разбира ако партијата на која и припаѓа , победи на следните избори и доколку формира влада.

Грција му се налути на “Нетфликс”, затоа што Александар Македонски во новата серија бил претставен како хомосексуалец (ВИДЕО)

Серијата „Александар: Создавање бог“, со Бак Брејтвејт во главната улога, се соочува со остри критики од грчките медиуми, Министерството за култура, како и од Парламентот поради претставувањето на Александар Македонски како хомосексуалец во документарната серија на Нетфликс.

Министерката за култура Лина Мендони го критикуваше Нетфликс за „исклучително лоша фикција“, која „се заснова на историски неточности“. Таа им се приклучи на критиките од грчки весник кој ја обвини претходната адаптација на приказната за Александар Македонски за покренување „пропагандна кампања“ дека најголемиот војсководец во историјата е геј. Во коментарот на весникот „Елефтерос типос“ се обвинува дека филмот на Оливер Стоун со Колин Фарел и Анџелина Џоли од 2004 година ја шири идејата дека македонскиот крал имал хомосексуални односи.

Во грчкиот парламент, лидерот на екстремно десничарската православна партија Ники, Димитрис Нациу, ја нарече новата серија на Нетфликс „очајна, неприфатлива и неисториска“. Тој додаде дека нема основа да се претпостави дека Александар Македонски бил хомосексуалец.

Лина Мендони одговори дека стилот на режисерот одразува „небрежност“ и додаде дека од античките текстови никогаш немало индикации дека односот меѓу македонскиот крал и Хефестион е „надвор од границите на пријателството“. Сепак, министерката за култура додаде дека концептот на љубов низ вековите отсекогаш бил „широк и повеќедимензионален“ и истакна дека современото општество не може да ги наметнува своите норми на древните цивилизации. Иако ја критикуваше серијата, таа посочи дека грчката влада нема да преземе мерки против стриминг гигантот бидејќи тоа би било „неуставно“. Таа истакна дека грчкиот устав ја штити „слободата на уметноста“ и дека спроведувањето на таква акција би било еднакво на „цензура“.

„Сакале или не, инспирацијата на уметниците, личната интерпретација и судот на поединци очигледно не можат да бидат предмет на регулаторен режим и контрола и не можат да бидат обвинети од судот. Сепак, секој од нас ги оценува, меѓународната заедница ги оценува. Така се оценува и Нетфликс“, ја цитира „Дејли мејл“.

Историчарите долго време се во конфликт околу определувањето на сексуалната ориентација на Александар Македонски, што не е прецизно наведено во античките текстови. Еден дел од текстот што понекогаш се толкува дека укажува на хомосексуалноста е делото на римскиот историчар Квинт Курциј Руф, во кој се наведува дека мајката на Александар била вознемирена од фактот што нејзиниот син не изгледал заинтересиран за жените. Текстот вели: „Тој ги презре телесните задоволства до таа мера што мајката се грижеше дека нема да може да има потомство“.

Во текстови се сугерира дека мајката на Александар Велики донела една жена, Каликсена, и го замолила да спие со неа, но тој одбил.

Во врска со односот на Александар со Хефестион, Руф еднаш напишал дека тој бил „најдрагиот пријател на кралот“, кој „ги знаел сите негови тајни“.

Кога умрел Хефестион, записите велат дека Александар бил во период на длабока жалост и не јадел неколку дена. Потоа му организирал погреб во Вавилон.

Сепак, кралот бил оженет со три различни жени за време на неговиот живот, а грчкиот филозоф Плутарх еднаш изјавил дека Александар имал афери со една жена, Барсина, откако таа го освоила со нејзината убавина и љубов кон литературата.

Moмироски до Проданоски: “Во политиката треба континуитет, а не со месеци дремење како восочна фигура од Мадам Тисо”

Новинарот Зоран Момироски го објави најновото издание на својата актуелна колумна “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, и повторно ги елаборираше најактуелните случувања во Прилеп во изминатите 7 дена.

Посебно внимание новинарот овојпат посвети на предизборните прегрупирања и растрчаноста на партиите на терен, како и на реакциите на членството на средбите со партиските чиновници.

-ВМРО-ДПМНЕ си ,,турка,, изборна агенда во месните комитети. И со средби со граѓани.И таму основна тема е вработувањето. Кој кого го вработува?!? Дали постои непотизам?!? Дали постои некаков ,,усул,, во тендерашењата ?!? Забелешки имало и за прераспределба на вработени во локалната самоуправа, правејќи поделби на мои, твои и негови. Неговите се мисли на екс градоначалникот Марјан Ристески.

Моите се мисли на актуелниот градоначалник Борче Јовчески. И на неговите се мисли на екс градоначалникот Илија Јованоски. Според мое лично и скромно 40 годишно политичко искуство повикот за обединување од страна на претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски е задоцнето.

Во политиката треба да постои континуитет и тоа без изразена препотенција, а не со месеци да се ,,дреми,, како воштена фигура извадена од Мадам Тисо. И притоа да се тераат лични бизниси а да се молчи или да се поттикнуваат не основаните кодошења во Централата.

Но, и да се дозволува етикетирање на едни луѓе и тоа само поради лични и бизнис интереси на ,,лајачите,, на исфлустрираните и неизживеани поединци. Поединци слезени од планина или дојдени од поле. – пишува Момироски.

Денеска е Св. Харалампиј – светецот кој чумата ја држи во синџири

Светец кој ја држи чумата во синџири

Свети Харалампиј е христијански светец и маченик од 3 век. Oвoј свeтитeл бил eпискoп вo Магнeзија и пoстрадал вo свoјата 113 гoдина. Кoга настаналo прогонувањето на христијанитe вo врeмeтo на царoт Септимиј Север, старeцoт Харалампиј продолжил јавнo да ја прoпoвeди Христoвата вeра. Според христијанското верување, ситe маки ги прeтрпeл какo вo туѓo тeлo. А кoга oд нeгo жив кoжата му ја oдралe, нeзлoбивиoт свeтeц им рeкoл на царскитe вoјници: “Ви благoдарам, браќа, за тoа штo истругувајќи гo мoeтo старo тeлo виe гo oбнoвивтe мoјoт дух за нoвиoт, вeчeн живoт”. Oсудeн на смрт и извeдeн на губилиштe, св. Харалампиј ги крeнал рацeтe кoн нeбoтo и Му сe пoмoлил на Бoга за ситe луѓe. Пoстрадал вo 202 гoдина. Нeгoвoтo тeлo гo зeла Галина, царската ќерка, и чeснo гo пoгрeбала[

Во Прилеп како што сведочи М. Цепенков Свети Харалампиј за свој патрон го имале казанџискиот, тенекеџискиот (бакарџискиот) еснаф, а во некои места за свој покровител го имале и ѕидарите.

(Именден празнуваат: Харалампие, Ламбе, Хари…)

Светиот свештеномаченик Харалампиј, епископ од Магнезија (Тесалија) настрадал за време на царот Септимие Север кога бил вршен страшен прогон на христијаните. И покрај жестоките репресалии тој јавно ја проповедал Христовата вера, станал популарен кога воскреснал еден мртовец. Под негово влијание царската ќерка Галина станала христијанка и ги искршила киповите на римските богови. Поради тоа бил страшно мачен.

Според едно предание му биле пресечени рацете, а потоа бил исечен со меч. Според друго предание, пак, дури му била одрана кожата, а кога и тоа го примил како доближување до Бога, се помолил на својот Бог и испуштил душа, пред да се спушти мечот на џелатот врз него. Тогаш имал 113 години, а тоа се случило на 23/10 февруари 198 година. Потоа царската ќерка Галина пристојно го погребала, а неговата глава и денес се чува во манастирот Свети архиѓакон Стефан во Тесалија.

Празникот на Св. свештеномаченик Харалампиј народот го вика и Чуминден, зашто овој светец од христијанскиот календар е поврзан со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува и со чумата, зашто таа се сметала за најопасна болест. И на фреските во нашите цркви св. Харалампиј е претставен како ја држи чумата во синџири, како ја тепа и мачи. Народот верувал дека св. Харалампиј е заштитник од чумата која ја соборил и победил, а тоа, всушност бил ѓаволот олицетворен во чума, како што се верувало во Охрид.

Лаап за функционерите – Башка од 78%, сега плус 500 евра на плата

Нов раст на функционерските плати. Зголемувањето ќе биде од 300 до 500 евра, во зависност од позицијата. Па така, шефот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума и премиерот, а пратениците над 2 илјади евра, објави ТВ Сител.

Откако лани платите пораснаа за 78%, Владата најави дека сама ќе ги скрати платите, па се премисли и формираше работна група, денеска техничкиот премиер кажа дека пресметката не може да ја регулира секој.

„Методологија на пресметување на плата е, и не е работа дали е за функционерите или не. Тоа е методологија која ќе се спроведе со оглед на заклучокот на статистика по однос на бројките коишто произлегуваат од минатата година. Тоа не е работа што може да кажете дека може да го регулира овој или оној“ – Талат Џафери, технички премиер

Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година, оти Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците…вкупно 1.060 функционери.

Потрагата по 46-годишниот прилепчанец заврши со трагичен крај

Потрагата по лицето Александар Јошовески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата вчера попладне за жал е пронајден починат вечерва.

Ова преку социјалните мрежи го пренесоа неколку луѓе, но и новинарката Каролина Дурло.

„Потрагата по лицето АЛЕКСАНДАР ЈОШЕСКИ од Прилеп, кој од вчера околу 12 часот се водеше за исчезнат, ЗАВРШИЛА доцна вечерва, за жал, со најнепосакуваниот исход“, пишуваа таа во својот пост на Фејсбук.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02uo8AHLyeGo8cj8wscCnJTpNingxk1AtKuefzdzsW1rx8jJDDK5Lj4WV5J5aFmD2kl&id=1096639113&mibextid=Nif5oz

Пелагонискиот дел од пеколот изгледа вака: Беснее пожар над прилепско Тополчани (Видео)

Веќе со денови беснеат пожари низ пелагониското поле, a густ чад се шири низ целата котлина.

Вечерва ситуацијата е навистина алармантна на ридот над село Тополчани, каде огнените јазици се простираат на голема површина.

Најчесто ваквите пожари се подметнати од несовесни граѓани, кои ги палат стрништата по нивите пред пролетното орање.

Засега надлежните немаат фатено ниту еден од овие сторители, кои освен што предизвикуваат енормно загадување на воздухот, го загрозуваат сообраќајот и домовите во околните населени места.

Утре јавна презентација за овој атрактивен детален урбанистички план во Прилеп

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се организира јавна презентација и јавна анкета за ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Јужната и југозападната граница се движи по должина на осовината на собирната улица, бул.“Гоце Делчев” со ознака С2 во должина од 1198,2м’, врти кон североисток каде оди по осовината на собирната улица “Новопланирана” со ознака С12 во должина од 455,1м’, формирајќи ја северозападната граница, потоа врти во југоисточен правец по осовината на собирната улица “Самоилова” (Пере Тошев), со ознака С3, во должина од 513,4м’, формирајќи ја североисточната граница, потоа врти во јужен правец по осовината на сервисната улица “Браќа Миладиновци” со ознака Ср9, во должина од 283,5м’, формирајќи ја источната граница, потоа врти во источен правец по осовината на сервисната улица “Браќа Миладиновци” со ознака Ср9, во должина од 220,6м’, формирајќи ја северната граница на опфатот, се до накрсната точка со сервисната улица “Браќа Миладиновци”, со ознака Ср5, во должина од 445,5м’, врти во југоисточен правец се до вкрстувањето со бул.“Гоце Делчев” која е и почетна точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со периметар од 3116,64м’, со површина на планскиот опфат од 438249,96 м2, односно 43,82ха. Подрачјето на пласнкиот опфат е во рамките на ГУП за Општина Прилеп.

Јавната анкета и јавната презентација ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Нацрт Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 41 ден од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 07.02.2024 година до 18.03.2024 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.02.2024 година, петок во 10:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески

Вистина или лага? Просечната плата во декември достигнала 39.998 денари, велат од државна статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Просечната бруто-плата во декември 2023 година, изнесувала 60.036 денари.