дома блог страница 911

Вистина или лага? Просечната плата во декември достигнала 39.998 денари, велат од државна статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Просечната бруто-плата во декември 2023 година, изнесувала 60.036 денари.

Во Прилеп запалено возилото на јавен обвинител

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп, Марјана Илиеска.

Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

Според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Јавното обвинителство на Република Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

Пример за општествена одговорност: “Кожувчанка” договори соработка со Кошаркарската Федерација на Македонија

Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Македонија во наредниот период.

Кожувчанка со новото партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ за да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски национални тимови под капата на кошаркарската федерација.

-Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да поттикне покрај спортски успех и националната гордост на нашата држава.

Тоа да бидат успеси на многу деца, кои што ќе се определат за овој спорт, со одговорност и дисциплина, на нови генерации кошаркари и кошаркарки, на сите нас кои што заеднички ќе изградиме уште подобри услови за спортот во земјава.

Ние и нашите партнери од федерацијата сме сигурни и убедени дека во иднина нашите кошаркари и кошаркарки ќе дадат се од себе за да ја вивнат и вратат македонската кошарка во нови височини и одново да покажеме дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа.

Посакуваме успех, нови победи и со голем оптимизам гледаме на оваа соработка, но најважно за нас е дека повторно ја потврдуваме нашата вредност, одговорност и квалитетот кој што го имаме и го градиме речиси 30 години како компанија – истакна генералниот менаџер на Кожувчанка, Јанинка Чупаркоска.

− Нашата федерација добива партнер во докажан пријател на спортот и партнер кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот како на спортот така и во многу други и голем број на организации, активности и настани, се со цел да се промовираат и прослават успехот, вредностите и напредокот. Веруваме дека овој спонзорски договор ќе донесе успех и среќа за сите нас – истакнапретседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Општествената одговорност како еден од императивите на работењето на Кожувчанка и Кошаркарската Федерација на Северна Македонија има за цел да ја потврди посветеноста на двете институции и оваа соработка во создавањето на една убава приказна со мотив и желба за нови победи.

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Двајца прилепчани се обиделе да ограбат здравствена установа

На 22.02.2024 во 03.10 часот на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Џ.(36) и Ќ.Ш.(42), двајцата од Прилеп.

Тие биле затекнати при извршување на кражба во здравствена установа во Прилеп и кај нив биле пронајдени метални и остри предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

На здравје: Таче и Спасовски ќе лапаат по 2.500 евра апанажа 12 месеци

2.500 евра на сметките на поранешните функционери Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски ќе легнува во следните 12 месеци.

На поранешните владини функционери од редовите на СДСМ, поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски веројатно јасно им е дека никогаш повторно нема да бидат на истите функции – пишува “ЛИДЕР”.

Откако не останаа на истите позиции како и досега во техничката влада Ковачевски и Спасовски аплицирале и добиле апанажа, односно на нивното конто да „легнуваат“ по 2.500 евра следните 12 месеци.

Собраниската Комисија за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на Ковачевски и на Спасовски.

Ни помалку, ни повеќе покачената плата ќе биде за 78 отсто. Со контроверзната одлука одлука на Уставниот суд кој одлучуваше по платите на фукционерите со кои им се зголемија за вртоглави 78%, овие поранешни двајца носители на функции ќе земаат 156.482 денари – Ковачевски, додека Оливер Спасовски ќе зема 153.037 денари, односно плати кои ги земале додека ја извршувале функцијата.

И тоа не е сѐ. Веројатно овој слоган звучи како маркетинг реклама, но на барањата на Коавчевски нема крај. Освен правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило. Ова на поранешниот премиер му следува во согласност со Законот за возила.

Извор: “ЛИДЕР”

Исчезнат е Александар Јошески од Прилеп, семејството моли за помош!

Исчезнат е Александар Јошески од Прилеп, семејството моли за помош!

Последен пат бил виден вчера кај автомеханичар “ЦУЦУЛО”, а потоа се упатил кон патот за Селце и од 12часот му се губи секаква трага.

Секој кој има инфромација или го забележи, семејството замолува да ги контактира на телефонскиот број: 078 278 873

Денеска се празнува Светиот маченик Никифор

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се одметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот Саприкиј беше осуден на смрт и изведен на губилиште. Нажален Никифор појде со Саприкиј молејќи го патем барем пред смртта да му прости и да се разделат во мир: „Те молам, Христов маченику“, му велеше Никифор, „прости ми ако ти згрешив нешто!“ Саприкиј не сакаше да се обѕрне на својот соперник, туку мирно и гордо чекореше кон смртта. Но, кога ја виде тврдокорноста на неговото срце, Бог не сакаше да му ја прими маченичката жртва и да го овенча со венец, туку тајно му ја одзеде благодатта. И во последниот миг пред џелатите Саприкиј се одрече од Христа и изјави дека ќе им се поклони на идолите. Така беше заслепен од омразата.

Никифор го преколнуваше Саприкиј да не се одрекува од Христа. „О брате, не прави го тоа, не одрекувај се од нашиот Господ Исус Христос, не губи го небесниот венец!“ Но сè беше залудно, Саприкиј остана на своето. Тогаш Никифор им возвикна на џелатите: „И јас сум христијанин! Убијте ме мене наместо Саприкиј!“ Џелатите му го јавија ова на судијата и тој им нареди да го пуштат Саприкиј, а да го убијат Никифор. Тој радосно ја положи својата глава на трупецот и му ја отсекоа. Така се удостои со Царството Небесно во кое влезе овенчан со маченички венец на бесмртната слава. Ова се случи во 260 година, во времето на царот Галиен.

НЕМА КРАЈ! Ново опожарено возило утрово во Прилеп

На 21.02 2024 во 04.51 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп, настанал пожар во гаража сопственост на М.И.(59) од Прилеп, при што е опожарено патничко моторно возило „опел инсигнија” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на М.И..

Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увидот го извршила увидната екипа на Полициската станица Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Кратко им траеше радоста, разрешена претседателката од СДСМ! ВМРО-ДПМНЕ формираше ново мнозинство во Македонски Брод

Европскиот фронт за кој СДС и коалицијата заедно со ЛДП беа многу гласни дека со преземање на мнозинството во Советот на општина Македонски Брод на пролет ќе оди на сигурна победа, траеше МНОГУ кратко – велат од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина.

-На денешната седница на Советот на Македонски Брод е разрешен претседателот Дијана Јованоска од СДС, заедно со коалицијата и ЛДП!
За нов претседател е избран независниот советник Марјан Алампиоски, со поддршка од:
2 советници на ВМРО-ДПМНЕ,
1 од левица ,
1 Единствена Македонија и
2 независни советници.
Коалицијата на СДС и ЛДП од денеска ПОВТОРНО се во опозиција во Советот на Македонски Брод – стои во соопштението од ОК ВМРО-ДПМНЕ Македонски Брод.

Советникот Мариноски, од денеска е нов Претседател на Стопанската Комора Прилеп

Никола Мариноски, сопственик на конфекцијата „Кули“ од Прилеп и советник од редовите на СДСМ во Советот на општина Прилеп, е новиот претседател на прилепската Регионална стопанска комора.

Мариноски на оваа позиција доаѓа на местото на сопственичката на “Комфи Ангел”, Ирена Јакимоска, на која и’ истече петгодишниот мандат.

Јакимоска останува да биде потпретседател на Регионалната стопанска комора, заедно со сопственикот на “Прилепска пиварница”, Сашо Самарџиоски.