дома блог страница 909

Американска држава со закон ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години

Парламентот на Флорида, под контрола на републиканците, усвои нацрт- закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 16 години, потег што поддржувачите велат дека ќе ги заштити малолетниците од онлајн ризиците за нивното ментално здравје.

Мерката, која сега треба да ја потпише републиканскиот гувернер Рон ДеСантис, бара од социјалните мрежи да ги укинат сметките на сите помлади од 17 години.

Претставничкиот дом го усвои законот со 108 гласа „за“ и седум „против“, неколку часа откако Сенатот го даде конечното одобрување.

ДеСантис, кој не кажа дали ќе ја потпише мерката, минатиот месец изрази загриженост за потенцијалното прекршување на правата на приватност.

Поддржувачите сметаат дека законот ќе ги заштити децата од штетните ефекти на социјалните мрежи, како што се анксиозноста, депресијата и другите ментални болести, и ќе биде од корист за оние кои прекумерно користат такви платформи.

Критичарите велат дека законот го прекршува Првиот амандман на Уставот на САД, кој гарантира слобода на говорот и дека родителите, а не Владата треба да носат такви одлуки.

Во март 2023 година, Јута стана првата американска држава која донесе закони за регулирање на пристапот на децата до социјалните мрежи, а наскоро ќе им се придружат и Арканзас, Луизијана, Охајо и Тексас, според анализата подготвена пред носењето на законот на Флорида.

Според анализата, голем број други држави размислуваат за слични регулативи.

(ФОТО) Пони коњчињата и понатаму ќе ги радуваат посетителите на Могила – Најден ковач кој ќе ги спаси од инвалидитет

Деновиве на социјалните мрежи стана актуелна веста за состојбата на пони коњчињата во Паркот на револуцијата во Прилеп. Веста ја рашири активистката и ветеринар, Дариа Шафрина Најческа, која на својот Фејсбук профил објави фотографии и алармираше дека коњчињата се во лоша состојба и лесно би можеле да останат инвалиди, доколку итно не се најде ковач.

На веста брзо реагираа голем број граѓани, па од ЈКП “Комуналец” Прилеп ги слушнаа апелите, па по два дена се најде ковач кој ќе им помогне на коњчињата безболно да газат и понатаму да ги радуваат посетителите на најголемиот парк во Прилеп.

Честитки за Дариа и за сите оние кои помогнаа коњчињата во Паркот на Могилата да бидат спасени!

“Луди млади години”: Пензионери се степале во пензионерско здружение во Прилеп

На 23.02.2024 во 11.30 часот во ОВР Прилеп, С.Ј.(69) од Прилеп пријавил дека во пензионерско здружение бил физички нападнат од С.Ј.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Дизелот од денеска со нова намалена цена

За два денари се намали цената на дизел горивото, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад

Непроменети остануваат цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра леснотомасло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС.

Од 24.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,901 (денари/килограм)

Тешка сообраќајка синоќа во Битола, повредени се три лица

На 23.02.2024 во 19.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(68) од Битола и патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ П.Ч.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и сопатник А.Х.(29) сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Жител на скопски Сарај удрил со автомобил во 83-годишна баба во Битола

На 22.02.2024 во 11.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Битола, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од с.Сарај, скопско, удрило во М.Г.(83) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Објавен јавниот повик за карневалот “Прочка 2024” – Еве како да учествувате!

Општина Прилеп ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица од Прилеп и останатите градови и населени места од Република Македонија, со особен акцент на основни и средни училишта, градинки, едукативни центри, здруженија и останати креативци, да земат учество на манифестацијата Карневал “Прочка 2024”, која ќе се одржи во Прилеп на 17.март.

Вашето учество со грушни и поединечни маски ќе ја збогати програмата на карневалот и воедно ќе придонесе за креативен израз во поглед на негувањето на културното наследство и традиција.

Потврда за присуство и број на учесници потребно е да се пијави најдоцна до 05.03.2024год. на е-маил адресата: [email protected] или лично во просториите на општина Прилеп.

Пријавата може да се преземи од линковите: www.karnevalprilep.mk, www.prilep.gov.mk.

За сите останати информации достапен е следниот контакт: Снежана Ристеска (076/432-953)

Утре прилепската ФАЛАНГА мора да го покори Мулти Есенс

По победите над Скопје и Голден Арт, екипата на РК Прилеп утре (сабота), со почеток од 18:30ч. во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, во рамките на третото коло од плеј-аут разигрувањето го дочекува Мулти Есенс.

Прилепчани се во залет и ветуваат сигурен опстанок во најелитното ракометно друштво и во следната сезона.

Од друга страна Мулти Есенс забележа победа на гостувањето кај Голден Арт, а загуби дома од Вардар Неготино.

Во есенскиот дел од сезоната, двете екипи ги поделија бодовите, Прилеп славеше на домашен терен со 34:31, а Мулти Есенс на домашен терен беше подобар со 31:30.

Се огласија од МВР: Познато каде било најдено телото на 46-годишниот Александар од Прилеп

46-рилепчанец Александар Јошески, по кого вчера трагаа семејството и прилепската полиција, е пронајден починат.

-Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

“ГРЕТА” гостува во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Гостување на претставата „Грета“ во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 28 февруари,среда, со почеток од 19:30 часот.

Влезници на тел. 076 442 378

*******************************

„Грета“ според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете
Режија и адаптација: Тамара Стојаноска
Преведувачи: Тамара Стојаноска и Ане Блажовски
Играат: Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски
Музика: Лука Тошев
Вокал: Дина Јашари
Дизајнер на плакат, маски и портрети: Бојана Цилевска
Изработка на сценографија: Слободан Петрушевски
Извршен продуцент: Бобан Алексоски
Продукција: Театар „Златен Елец“ – Скопје
Фотографија и видео: Јани Патче

*Награда за најдобра женска улога на интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, 2022

***********
Со „Грета“ се раскажува приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава.

Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.

„Пробата треба да носи радост. Зашто за пробата се одделува половината од секој ден во тек на целиот живот. И, по напорните проби, ако излезе дури и добра претстава – тоа не ќе ги покрие загубите.“
– А. Ефрос.