дома блог страница 904

Водици во Прилеп во Аква парк “Салида” – Еве како да се пријавите за учество

Се известуваат сите верници дека по повод христијанскиот празник Богојавление (Водици), чинот на Големиот Богојавленски водосвет и фрлањето на светиот Крст ќе се изврши во водите на базенот при хотелот Салида (Аквапарк), на 19 јануари (петок) со почеток во 12:00 часот.

Пријавувањето за учесниците ќе биди во Општина Прилеп (во приемно одделение), задолжително со копија од лична карта, на 11ти и 12ти јануари од 09:00 до 15:00 часот

Веќе станува традиција: По четврти пат празникот Богојавление Водици ќе се одбележи кај Плетварското езеро

По четвти пат група ентузијасти од Прилеп, и оваа година организираат одбележување на празникот Богојавление – Водици во водите на Плетварското езеро.

Ако првата година на ова место се собраа неколкумина, минатата година интересот кај прилепчани беше многу поголем, а оваа година се очекува да се пријават уште повеќе верници.

-Ве покануваме и оваа година, традиционално во чест на големиот Православен празник Богојавление Христово на настан кој ќе се одржи на 19-ти јануари со почеток во 11 часот во с. Плетвар (кај езерото). Сите верници и посетители кои сакаат да бидат дел од овој настан да не известат на следниот телефонски број 078 520 792 или во порака најкасно до 17-ти јануари. Домаќини и кумови оваа година се Игор Димоски-Папе и Оливер Димески – стои во поканата на социјалните мрежи.

И оваа година заедничко празнување на Василица со греано вино, чај и бурек во центарот на Прилеп

Со бурек, греано вино и топол чај, и оваа година на православниот христијански празник Св.Василиј, а во организација на општина Прилеп, ќе се одржи манифестацијата „На Василица во Прилеп“.

За таа цел општината упатува покана до сите граѓани на ден 13.01.2023 (сабота), во 12 часот заедно да го одбележиме доаѓањето на православната Нова година на платото пред Градскиот Саат.

-Сакам да Ве поканам во името на Општина Прилеп, во сабота на 13-ти јануари, ден пред големиот празник Св. Василиј Велики- Василица или уште како и што народски си ја викаме православна Нова Година во 12 часот на платото пред градскиот саат заедно да го одбележиме празникот, почитувајќи ги нашите вековни обичаи.

Целта е овие прекрасни наши христијански празници и обичаи да ги изнесиме надвор помеѓу народот и во духот на заедништвото да ги одбележиме заедно.

За среќниот добитник следува пригоден и симболичен подарок. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои што се веќе вклучени и го поддржуваат овој настан, а се разбира дека секој е добредојден кој што сака да го помогне и поддржи овој настан затоа што ова се прави за сите граѓани на Прилеп и за заедништво во нашата општина.-стои во поканата од градоначалникот Борче Јовчески.

Да се потсетиме: Оваа е најубавата зграда во Прилеп …еве ги и цените

На само 1.5 км од центарот на Прилеп, компанијата “Специјал градба” започна со реализација на нивната најнова мисија, а тоа е изградба на најсовремениот досега станбен комплекс во градот под Марковите Кули.

Објектот кој веќе е во напредна градба, се наоѓа на улица “Круме Беќар”, во населбата “Рид”, на широк простор, и според она што може да се види од плановите за изградба, ќе биде нешто за што прилепчани досега само можеа да сонуваат.

Станбениот комплеск – или HILL RESIDENCE располага со 9 типови на станови, чија површина се движи од 50 до 70м2, и истите ќе бидат изградени со целосна енергетска ефикасност. Цената на м2 е 980 евра со гратис паркинг место.

Идните домови ќе бидат опремени со германски врати и дограма со двојни термопан стакла. Во зима топло, лете ладно, затоа што зградата ќе има изолација од 12цм, а впечатливо е и тоа што секој стан ќе има обезбедено високо ефикасно ладење, греење и најважното – бесплатно гаражно паркинг место.

Со три зборови: УДОБНОСТ, КВАЛИТЕТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ! Сето тоа и многу повеќе ќе добиете, ако HILL RESIDENCE биде вашиот избор за нов дом.

И секако побрзајте! Затоа што HILL RESIDENCE веќе ги доби своите први сопственици на станови, кои едвај чекаат изградбата да заврши и да се вселат во својот дом од соништата. Контактирајте на следниот телефонски број: 073 333 300 и закажете средба.

Плановите од становите и сите останати проекти на “Специјал Градба” можете да ги погледнете ТУКА

А за сите поволности кои ги нуди компанијата, како и соработките кои ги имаат со други компании за уредување на становите, погледнете повеќе ТУКА

ЗА КОМПАНИЈАТА ИНВЕСТИТОР НА HILL RESIDENCE:

“Специјал Градба” e компанија основана во 2011 година, која за време на досегашното постоење, се најде на листата на 200 најуспешни компании, направена од Европската бизнис асоцијација во Македонија.

Компанијата е позната по тоа што во објектите кои ги градат користат градежни материјали со одлични термички, акустични и хидроизолациски својства, и сето тоа исклучиво од лиценцирани произведувачи. Мисија на компанијата е изградба на високо енергетско-ефикасни објекти, се со цел задоволни клиенти преку заштеда на енергија, но и намалување на негативните влијанија врз животната средина, што пак ја покажува општествената одговорност на компанијата.

Стево се македонизира? Распали по Грците и порача пасошите да не се менуваат уште пола година

Претседателот Стево Пендаровски на членови на Владата им предложил продолжување на рокот на важење на документите без новото име на државата за уште најмалку половина година.

„Тоа е срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно. Ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската Влада: со брза интервенција во два закона – Закон за лични карти и Закон за патни исправи, ако е потребно и во Законот за безбедност во патниот сообраќај – тоа се прави во едно попладне и не мора да биде со европско знаменце, ќе го пролонгираме рокот до септември/октомври. Претходно, ќе ги известиме Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор. Знаете дека Грците немаат сменето една единствена табла по граничниот премин со ‘Северна Македонија’. Зошто? Затоа што им пречи Македонија во тоа сложено име. Значи, ние со добра волја јавуваме во Брисел: ‘Ова ќе го промениме од технички причини, зошто не можеме да стигнеме’. Нема смисла да ги малтретираме луѓето на -10 да чекаат по пет часа и им велиш: ‘Дојдете утре, задутре’. Секоја сериозна држава ги почитува своите обврски. Што е проблем да пролонгираме за 6-7 месеци?“, изјави тој во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

„Тоа е надлежност на Владата. Јас немам право на законодавна иницијатива, меѓутоа можам да го кажам ова. Министрите рекоа дека ќе пренесат во Владата, па ќе видиме“, додаде Пендаровски.

Maкедонија вечерва против Франција го стартува Евопското првенство во ракомет

Со натпреварот меѓу македонската и француската репрезентација вечер во 18 часот ќе биде отворено 16. Европско првенство во ракомет за мажи.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Дизелдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар.

Покрај во Дизелдорф, натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат и во Берлин, Манхајм и Минхен.

Континенталниот собир во Германија е првото ЕХФ ЕУРО со 24 екипи чиј домаќин е една земја.

Група А (Дизелдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
Група Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија
Група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
Група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
Група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
Група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција.

Двете првопласирани од секоја група одат во Главната фаза која ќе се состои од две групи со по шест селекции.

Европската ракометна федерација ги објави и судиските номинации за машкиот ЕХФ ЕУРО 2024 година во Германија. Помеѓу 18 двојки се и македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Првенството се одржува од 10 до 28 јануари следната година, а бранител на шампионскиот трофеј е Шведска.

E вака е одма подруго: Наместо Мехмеди, за директор на М-НАВ Владата го предложи Хекуран Асани

Откако во медиумите излезе информацијата дека предлогот на Владата за директор во М-НАВ, Илир Мехмеди не ги исполнува условите за таа позиција, од Владата се предомислија и наместо Мехмеди сега го предлгаат Хекуран Асани.

Имено, Мехмеди немал валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, имал најмалку шестгодишно работно искуство како контролор, објавија медиумите.

Новиот предлог – Хекуран Асани, е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнувал барањата предвидени со Статутот на М-НАВ.

Промените во раководството на М-НАВ доаѓаат по насилниот упад на осуммина осомничени на чело со Беким Незири советник на директорот на ова акционерско друштво.

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) утре нема да го затворат македонскиот возушен простор, а штрајкот најавен за утре останува во мирување, откако Владата денеска му препорача на Надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски.

Вака и кај нас сме сложни: Земјоделците ја блокираа Германија (ВИДЕО)

Германските земјоделци во понеделникот започнаа еднонеделни планирани протести, бидејќи властите предупредија дека екстремно десничарските групи се обидуваат да го искористат протестот за свои политички цели.

Земјоделците ја започнаа неделата блокирајќи ги патиштата низ поголемиот дел од земјата како одговор на владиниот предлог за ставање крај на клучните даночни олеснувања, а германските власти предупредија дека екстремистите се обидуваат да се поврзат со демонстрантите за да им се приближат на гласачите, објави Политико.

„Десните екстремисти и другите непријатели на демократијата се обидуваат да се инфилтрираат и да ги инструментализираат протестите“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во Берлин. Државната федерална полиција, додаде Фезер, верува дека овие групи сакаат да поттикнат генерален штрајк или дури и немири за да доведат до соборување на владата.

Зошто земјоделците протестираат?

Земјоделците протестираат против планот на владејачката коалиција во Германија за постепено укинување на даночните олеснувања за дизел горивото. Ова се дополнителни мерки за штедење за намалување на расходите од федералниот буџет за 2024 година. Во Предлог-законот за финансирање на буџетот меѓу другото се опфатени и спорното намалување на субвенциите за дизелот за земјоделците, повисоките даноци за авиосообраќај и построгите санкции за социјална помош за невработените.

Овие мерки за штедење се неопходни бидејќи, според претходната одлука на Сојузниот уставен суд, владата мора да закрпи дупка од околу 30 милијарди во буџетот, како и во Фондот за клима и трансформација.

Од мај се зголемуваат даноците на авионските билети. Во зависност од крајната цел на патувањето, тие треба да се зголемат за речиси една петтина – на 15,53 до 70,83 евра по патник. На сите патници кои заминуваат од германските аеродроми ќе им се наплаќа такса на билети. Авиокомпаниите ќе треба да платат за нив, но овој товар ќе можат да го пренесат на патникот. Врз основа на оваа промена, владата во Берлин годинава очекува дополнителен приход од околу 400 милиони евра, пишува Дојче веле.

Владата остана и на одлуката за контроверзното намалување на субвенциите во аграрниот сектор – и покрај протестите на земјоделците. Станува збор за постепено укинување на даночните кредити за дизелот. „Тоа е посебен придонес за намалување на субвенциите кои и штетат на климата“, се наведува во Предлог-законот.

Досега земјоделците можеа да добијат делумен поврат на енергетскиот данок на дизелот, со поврат од 21,48 центи за литар.

Владејачката германска коалиција првично имаше намера веднаш и целосно да ги укине овие поволности, кои постојат од 1951 година. Засегнатите земјоделци и компании од аграрниот сектор сега добија повеќе време да се прилагодат. Годинава надоместокот ќе се намали за 40 отсто, а во 2025 и 2026 година за дополнителни 30 отсто. Од 2026 година овие субвенции повеќе не треба да постојат. Минатата недела владејачката коалиција се откажа од првично планираното укинување на даночните ослободувања за земјоделските машини.

И покрај протестите, субвенциите за дизелот се укинуваат

Во понеделникот започна најавениот еднонеделен штрајк и ширум земјава земјоделците со трактори и други возила ги блокираа патиштата и влезовите во градовите.

Меѓутоа, истиот ден, канцеларот Олаф Шолц одби да се согласи со барањата на фармерите.

„Владата останува на оваа одлука“, рече тој. „Ова е наш предлог и верувам дека е добар и избалансиран.

Иако владата ги омекна првичните предлози за намалување на даночните поволности за земјоделците, многумина остануваат незадоволни, велејќи дека планот на владата го загрозува опстанокот на многу земјоделци со ниски профитни маржи.

Владата беше принудена да ги намали трошоците во нејзиниот нов нацрт-буџет за 2024 година, откако највисокиот суд на земјата во ноември пресуди дека некои од практиките на трошење се незаконски, што доведе до тековната буџетска криза. Анкетите покажуваат дека популарноста на трипартиската коалициска влада е на историски ниско ниво

Ова не е прв пат екстремно десничарските групи да се обидат да стекнат политичко влијание со приклучување кон протестите во Германија. Нешто слично беше видливо во протестите против вакцинирањето за време на пандемијата и во протестите против воената помош за Украина, пишува Политико.

Можеби немаше да дојде до израз доколку 100 земјоделци не се обидоа да му пристапат на министерот за зелена економија Роберт Хабек во четвртокот, спречувајќи го да се симне од траект во северна Германија по приватна посета на остров во Северното Море. Полицијата ја опиша средбата како „многу, многу напната“.

Инцидентот предизвика голем гнев во Германија, но јавната поддршка за земјоделците останува висока.

Јоаким Руквид, претседател на Германското здружение на фармери, кое учествуваше во протестите, го осуди инцидентот во Хабек и се огради себеси и здружението од екстремистичките групи.

„Не сакаме десничарски и други радикални групи кои сакаат да ја соборат владата на нашите протести“, рече тој. „Ние сме демократи“, додаде тој.

Одлука за буџетот најверојатно во јануари

Откако Владата донесе одлука за мерките за штедење, на потег е германскиот парламент. Владата очекува буџетот да биде одобрен во јануари во Бундестагот, а потоа на седницата на 2 февруари во Бундесратот, советот на германските покраини. Дотогаш, т.н привремено управување со буџетот.

Јавноста ја воодушеви со портрети изработени од коса, а сега ги понуди своите дела со ликот на Тоше на аукција – целта е повеќе од благородна!

Во пресрет на 43-от роденден на нашиот ангел, под мотото „Срце није камен“, во спомен куќа на Тоше Проески се реализира хуманитарна продажна изложба на уметнички слики, нацртани на камена плоча со акрилни бои, со ликот на Тоше.

Уметничките слики изработени се од вредните раце на Светлана Зуламоска Грозданоска, уметник, стилист која веќе подолго време е позната по своите творби пред македонската и пошироката јавност, како гостин во емисии за светски таленти, на руска и други светски телевизии, портали и по социјалните мрежи.

До пред извесен период Светлана беше позната по изработката на портрети на познати јавни личности од коса, меѓу кои особено впечатлива беше изведбата на портретот на Тоше.

Светле во изминатиот период креативноста ја искачи на уште едно ниво, и почна својот уметнички талент да го изразува преку сликање со акрилни бои на камена плоча. 12 нејзини дела со ликот на Тоше се изложени во спомен куќата во Крушево и посетителите може да ги видат. Изложбата е од продажен карактер, со продажни цени и со правила за наддавање.

Сите собрани парични средства Светлана, хуманитарно ќе ги донира, за медицински третман и лекување на малиот Војдан Спасовски, кој боледува од церебрална парализа.

Делата на Светле, почетните цени за наддавање и правилата можете да ги погледнете ТУКА