“Македонија постои, чувајте ја” – Северина се расплака на крајот од концертот во Скопје (ВИДЕО)

Хрватската пејачка Северина синоќа во Скопје докажа зошто е на врвот на листата на пејачи во регионот. Атрактивната Далматинка направи музички земјотрес во „Арената Борис Трајковски“ со својот препознатлив перформанс и хитовите кои повеќеилјадната публика ги пееше буквално од почеток до крај.

Очекувано, на радост на целата публика, Северина двочасовниот концерт го започна со големиот хит „Бред Пит“, а го заврши со „Италијана“.

Облечена во мини фустан во облик на корсет, згодна и одлично расположена, неуморно скокајќи и обраќајќи ѝ се на публиката, не дозволи никој да седне ниту да застане за момент.

Кралица на сцената, како што ја нарекуваат, од калибар на светските ѕвезди. Северина е Северина!

Во еден момент ја понесоа силни емоции, па се расплака на сцената, пеејќи ја песната „Родено мое“, посветена на синот Александар.

На одушевување на публиката, Северина ги допре срцата изведувајќи ги песните „Македонско девојче“ и „Јовано, Јованке“, како и „Македонија“ од Дадо Топиќ.

Северина на крајот остави силна порака за Македонија:

– На крајот, имам само една желба, чувајте ја Македонија! Многу ве сакам!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.