дома блог страница 903

(ФОТО) Еднаш легенда, секогаш легенда! Јоноски со моќна порака од арената во Дизелдорф

Нашиот прославен ракометар, кој до неодамна беше дел од стручниот штаб во репрезентацијата, ја бодреше Македонија во арената во Дизелдорф, каде долги години живее со својата фамилија.

На несекојдневен начин со својата маица, на сите му кажа од каде доаѓа и што е…

“Пиеме ракија, јадеме скара и зборуваме МАКЕДОНСКИ” – пишува на маицата.

СЕКОЈА ЧЕСТ! ЕДНАШ ЛЕГЕНДА, СЕКОГАШ ЛЕГЕНДА!

Василичарска вечер во манастирот Св. Илија Писокал кај Кален – Домаќините ги канат сите добронамерници

Одборот на манастирот Св. Илија – Писокал кај мариовско село Кален и домаќините Теодора Кулеска, Златко Думаловски и Зоран Пејкоски, ги покануваат сите добронамерни луѓе и верници, на Василичарска вечер и традиционално кршење на бурек со паричка на ден 13.01.2024 (сабота).

Заедно да ја прославиме Православната Нова година во ова преубаво свето место и да наздравиме за добро здравје, среќа, љубов и мир во секое семејство.

За доброто расположение на присутните ќе се погрижат дечките од “Ритуал Бенд” oд Прилеп, а пред забавата ќе се одржи и света литургија, со почеток од 18:00часот.

Ужасна трагедија ја потресе Македонија: Двегодишно дете почина, откако таткото му нанел тешки повреди

Двегодишно девојче почина во болница во Кичево по 22 дена борба за живот.

Според инфорнациите од полицијата, таткото на девојчето е приведен и осомничен дека на 18 декември и нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана.

Како што се наведува, девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, во понеделникот починала.

Нов концепт на детски забави во Прилеп: Спа третмани за деца, чајни забави, украсување колачиња, сликање на лице (ВИДЕО)

Нов уникатен концепт за прославување на детски родендени пристигна во Прилеп. Концептот на забави е комбинација од спа третмани за деца, декорација на колачиња и цртање на лице. Овој начин на забава ветува незаборавни искуства за вашите деца и нивните другарчиња.

Што подразбира овој нов концепт на роденденски забави?

Штом ќе пристигнат малите гости, забавата започнува со релаксација и разгалување во посебна спа зона, комплетирана со наметки, меки влечки и смирувачка музика. Професионални спа терапевти погодни за децата, се при рака за да обезбедат нежни маникир, шарени педикири, па дури и привремени тематски тетоважи. Децата можат да уживаат во спа третманите во мирна атмосфера, создавајќи чувство на спокојство и забава.

Следна е чајната забава за украсување колачиња:

Овој вид на забава не е само традиционална чајна забава. Оваа чајна забава за украсување колачиња ги носи работите на сосема ново ниво на сладост. Шармантниот сет-ап чај содржи различни вкусни колачиња во различни форми и големини, заедно со асортиман на живописни глазури, прскалки и украси за јадење. Децата можат да ја ослободат својата креативност додека ги украсуваат сопствените колачиња, претворајќи ја оваа чајна забава во кулинарско ремек-дело. Не се работи само за пиење чај, туку и за уживање во радоста на создавање уметност за јадење со пријателите.

Сликање на лице:

Во посебно катче за сликање лице, професионалните уметници ги трансформираат малите лица во магични суштества, суперхерои, или пирати. Станицата за сликање лице е украсена со сјајни, живописни бои и огромна палета на матрици за да се осигура дека лицето на секое дете ќе стане платно за нивната имагинација.

Повеќе за овој нов концепт на роденденски забави погледнете ТУКА и ТУКА, или контактирајте на телефонскиот број: 070 665 814 и е-маил адресата: [email protected].

„ЕКСПЕРТ ЗА РАКОМЕТ“ – НОВА АКЦИЈА НА „SPORT LIFE“ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ

Од 10-ти до 28-ми јануари 2024 година, во обложувалниците „Sport Life“ ќе се одвива акцијата „ЕКСПЕРТ ЗА РАКОМЕТ“,  во знакот на европското ракометно првенство за мажи на ЕХФ – ЕУРО 2024.

Сите оние кои ќе одиграат тикети со натпревари исклучиво од понудата за ракомет, приложени со и регистрирани на Sport Life клуб-картичката, и кои ќе имаат највисок вкупен коефициент на добитен тикет во периодот на траење на промоцијата, ги очекуваат три главни премии: 60.000 денари (прво место), PlayStation 5 (второ место) и еден милион поени за подароци од СЛ маркетот (трето место).

„Нашата понуда ја збогативме со нова игра „Експерт за ракомет“ и можност за дополнителни подароци за најдобрите типувачи. Веруваме дека на претстојното Европско првенство во ракомет – мажи ќе гледаме  одличен ракомет, со особено возбудливи мечеви на нашата репрезентација, како и возбудлив натпревар помеѓу нашите играчи членови на СЛ клубот. “ – истакнуваат од Sport Life.

Покрај натпреварите од понудата за ракомет, која ги вклучува и посебните игри – победник, учиноци на играчите итн, во акцијата учествуваат и натпреварите од понудата за обложување во живо и од понудата „Супер тип“ .

Тикети треба да бидат со една комбинација, уплатени со приложена СЛ Клуб картичка, во периодот на траење на акцијата.

Тековното рангирање на играчите може да се следи ТУКА, а победниците ќе бидат објавени, на интернет страницата sportlife.com.mk и на фан-страницата Facebook@SportLifeBet.

Милошоски: Власта го менува законот за Академијата за судии и јавни обвинители за да прими со коалициски договор 100 судии и обвинители

Писмен испит за 100 однапред избрани судии. Вчера Министерството за правда соопшти дека  ќе го менуваат законот за Академијата за судии со злоупотреба на европско знаменце, за да се озакони писмено полагање на главниот тест за прием на новите 130 судии и обвинители. Изговорот е заради непредвидени проблеми во набавката на електронски софтвер за полагање на квалификацискиот тест во Академијата за судии. Но, оваа манипулација се побива со чл.55 од Законот за јавни набавки, каде доколку е нешто итно, може да се направи итна и неодложна набавка и на електронски софтвер со преговарање, без јавен оглас. Плус, во Македонија има најмалку 7-8 правни лица кои имаат соодветен електронски софтвер и опремени простории за електронско полагање на испити, вклучувајќи го тука и самиот Правен факултет „Јустинијан Први”, Скопје, вели Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговиот Фејсбук статус.

Да биде појасно, за разлика од електронското полагање, писменото полагање на квалификацискиот тест на Академијата значи човечко влијание, можност за манипулации, дополнително одговарање од страна на трето лице на неодговорените прашања и доделување на максимум поени на владините фаворити за судии и обвинители.
Затоа, реакцијата на мин.за правда значи дека владата во заминување сака пред распуштање на Собранието по секоја цена да си намести луѓе кои утре од позиција на обвинители и судии ќе треба да ги заштитат одговорните за скандалите во М-НАВ, онкологија, за БЕСА транс, убиствата на Панче и Вања, за милионските тендери во РЕК Битола, за двете евтини куќи во Тафталиџе2, за Соравија, за незаконитото работење на видео-лотариите и за многу други скандали.

Зракот надеж во ова агресивно владино наметнување на ад-хок правила е што во раководните органи на Академијата за судии има неколку поединци кои не сакаат да си го извалкаат интегритетот и не сакаат да го аминуваат овој владин “кронизам” за инсталирање на марионети во правосудството. Таквите совесни поединци и понатаму се свиркачите чии информации го разобличуваат брзањето на власта со злоупотреба на европското знаменце да го озакони писменото полагање на главниот испит, а тоа е следниов               КОАЛИЦИСКИ ДОГОВОР:

Од вкупно 130 идни судии и обвинители, според изворот од АСЈО, на Академијата ќе бидат запишани:
25 од листата утврдена од страна на ДУИ
20 од листата на Алијанса
45 од листата на СДСМ и
10 од помалите коалициони партии.

Останатите 30 судии и обвинители ќе бидат избрани од најдобрите меѓу преостанатите 200 пријавени кандидати.

Значи од предвидените 130 идни судии и обвинители кои треба да се запишат на Академијата, 100 се однапред познати, според “кронизам” методологијата и тие писменото полагање на тестот ќе го поминат со максимум бодови. Реална трка за запишување во АСЈО ќе има само за преостанатите 30 места, за што во конкуренција се 200 кандидати кои не се на владините  коалициони листи на СДСМ, ДУИ, Алијанса и другите помали партии.

Во следниве денови предлогот за измена на Законот за АСЈО со злоупотреба на европското знаменце се очекува да помине на Влада, а потоа експресно да стигне во Собрание. Целта е Законот да се изгласа по скратена постапка преку Комисијата за европски прашања, за до крајот на јануари да може да се организира фиктивното писмено полагање на квалификацискиот тест за судиите и обвинителите, од кои 100 се веќе однапред се утврдени.

Страшно! За два дена исчезнаа три момчиња во Хрватска – сите родени 2009 година

За само два дена во Хрватска исчезнаа три момчиња на иста возраст. Двајца исчезнаа во главниот град Загреб, додека третото дете исчезнало во Риека.

Според податоците во националниот регистар на исчезнати лица, четиринаесетгодишниот Иван Шнајдер исчезнал во саботата на 7 јануари во Загреб. Тој е висок 162 сантиметри, кафена коса и сини очи, а во моментот на исчезнувањето носел спортски панталони и бела маица.

Ден подоцна, исто така во Загреб, исчезна Патрик Гек, кој исто така има 14 години. Тој е висок 175 сантиметри, кафена коса и кафени очи, а во моментот на исчезнувањето носел црни панталони и портокалов дуксер со качулка. Имаше и црна јакна и патики на нозете.

Истиот ден во Риека исчезнал и Лукас Кираљ Јеремиќ. Како и двете момчиња кои исчезнаа во Загреб, Лукас е роден во 2009 година.

„Доколку имате информации за овие лица, известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и на е-маил адресата: [email protected]“, пишуваат од полицијата.

Зеленски почна да ја губи популарноста во Украина?

Во источна Украина продолжуваат жестоките борби. Украинското Министерство за здравство објави дека руските напади оштетиле повеќе од 1.500 здравствени установи од почетокот на војната.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Украина минатата година изгубила повеќе од 215.000 луѓе и 28.000 парчиња опрема.

Тој додаде дека во исто време, украинските војници ги исцрпуваат своите ресурси, а на бојното поле нема резултати. Украинскиот оператор на електричната мрежа соопшти дека поради лошите временски услови и тешката зима, повеќе од стотици села и градови во девет региони останале без струја.

Но она што најмногу ги загрижува украинските власти е моменталната популарност на Зеленски која се спупти на 42%.

На денешен ден во Прилеп е роден Методија Шаторов – Шарло

Во Прилеп е роден Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист и национален деец.

Како долгогодишен активист во комунистичкото движење, Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија.

Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство — тој е исклучен од КПЈ — а по ослободувањето поради него официјалната македонска комунистичка историографија ќе го третира Шарло исклучително негативно. Во Бугарија се смета за бугарски партизан.

Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Тој се смета уште за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на македонскиот народ.

Постојат и други ставови. Вера Ацева, на линија на официјалната историографија во времето на комунизмот, во 1973 година го тврди следното: „Прво, другари, ако се чита писмото на Методија Шаторов-Шарло, напишано по распуштањето на Покраинскиот комитет и неговото сменување од секретар на ПК на КПЈ на Македонија ќе се види дека тој во душата е Бугарин. Целото негово дејствување преку летото 1941 година, како секретар на ПК, беше подредено на тоа Македонија да биде составен дел на Бугарија. Јас лично го познавам, сум работела со него, сум била член на ПК, па според тоа, можам повеќе и да судам.“

Поради неговите автономистички и македонски заложби кои беа во спротивност со југословенската идеја, застапувана од македонското политичко раководство, Шарло за време на комунистичкиот режим беше оцрнуван како предавник на македонскиот народ и саботер на неговата борба за ослободување.

Рехабилитацијата на Шарло започнува по падот на комунизмот, а значителен придонес во таа насока дава научниот собир посветен на Шарло, а организиран од МАНУ во ноември 2005 година.

Навивач на Лос Анџелес Лејкерс погоди од пола терен за 100.000 долари (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс го победи Торонто репторс со 132:131 во НБА лигата во одличното издание на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.

И двете кошаркарски ѕвезди на Лејкерси барем за момент останаа во сенка на еден навивач.

Овој фан на „езерџиите“ доби шанса да си оди дома побогат за 100.000 долари и истата успеа да ја искористи.

Сè што требаше да направи е да погоди од центарот во кошот пред НБА ѕвездите и полната сала на полувремето од натпреварот.

Топката помина низ обрачот на задоволство на публиката на Крипто Арена. Погледнете на видео записот како сето тоа изгледаше: