дома блог страница 897

ХАОСОТ во Македонска Пошта и проблемот наречен “двомесечно не-отварање на вреќите пристигнати од меѓународен поштенски сообраќај”

Согласно поплаките од граѓаните, формирањето на групи и поплаки за недоставени меѓународни пратки и интервјуто во дневникот на “Сител ТВ”, јавно се обелодени состојбата во која се наоѓа Македонска Пошта. Се обелоденија и проблемите на граѓаните кои ги имаат при достава на меѓународни пратки. Некои од нив вредни илјадници долари, чија работа зависи од тие пратки. Состојбата е критична, пратките со месеци се трупаат, врејќите остануваат неотворени. За ова говореше во дневникот на “Сител” и претседателот на Синдикатот на Македонска Пошта, Боро Велигденов, кој посочи дека веќе со години бара реорганизација и нова систематизација.

Зошто не излезе во јавност мултибилатералниот договорот кој го има Македонска Пошта со Кина за пратките од “Aли Експрес”? Зошто регулаторот не излезе во контрола за да ја види состојбата во моментов? Ова се само дел од прашањата на граѓаните кои имаат право да ја знаат состојбата, и кога нивните пратки ќе им бидат доставени до адреса. Или можеби така во вреќите како што се пристигнати по истекот од 8 дена повторно ќе ги вратат пратките во Кина

ВИДЕО: “ТВ СИТЕЛ”

Комерцијален прилог “ЕЛС”

Апсења во Битола: Со лисици на рацете завршија петмина дилери

На 17.01.2024 во Битола, полициски службеници од криминалистичка полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Б.А.(20), В.Ј.(23), Г.Р.(20), Ј.Д.(20) и еден малолетник, сите од Битола.

При претрес во домот на Б.А., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и В.Ј.(23), Г.Р.(20), Ј.Д.(20) и малолетникот, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: „2S Студио“ по осми пат утре ќе го пренесува големиот празничен спектакл во Охрид по повод „Богојавление Водици“

Се ѐ спремно за најголемиот православен спектакл во Охрид „Богојавление Водици“. Традицинално по осми пат, тимот на Livestream.mk предводен од професионалецот Стојан Стојановски ќе врши пренос во живо од Охрид за сите кои не можат да присуствуваат, овој пат со повеќе опрема, емитување во живо од најразлични агли, за оние кои неможат да си дозволат да присуствуваат, тука е „2S Studio“ за истиот да го доближи токму до вашите мали екрани.

Планирано е преносот да започне во 8:30ч, кој ќе биде емитуван на Јутјуб Каналот на 2С Студио, Фејсбук фан Страните на Стојан Стојановски, Охрид Инфо, Лејк Охрид, Охрид сити, Македонија итн.

Обезбедете го вашиот ски пакет – осигурајте се од повреди и останати ризици

Најдобро е уште додека се планира одењето на планина или во некој од зимските скијачки центри да се обезбеди и осигурување кое обезбедува покритие за зимските спортови, како што е осигурувањето од дополнителни ризици од спортска незгода и  “Ски-пакетот“.

Сезоната на зимски спортови е во полн ек. Но, зимските спортови на отворено, како што се скијање, сноуборд , ски скокање, хокеј, санкање, боб санкањe и ски тркање иако се мошне атрактивни и забавни, треба да се води сметка дека секогаш носат и одредени ризици од повреди.

Незгодите не можат да се предвидат, но преку соодветни пакети за осигурување секој може да се заштити од непредвидени трошоци кои произлегуваат од ваквите незгоди, велат од СН “Осигурителен Брокер“ – АД Битола.

Кај зимските спортови секогаш постојат и ризици од повреди од типот на исчашувања, повреди или скршеници. Тоа секако натаму ќе предизвика и соодветни трошоци. Затоа, најдобро е уште додека се планира одењето на планина или во некој од зимските скијачки центри да се обезбеди и осигурување кое обезбедува покритие за зимските спортови, како што е осигурувањето од дополнителни ризици од спортска незгода и  “Ски-пакетот“. Со дополнителното осигурување од спортска незгода се осигуруваат спортисти за време на учество на подготвки, тренинзи и натпревари, што се одржуваат во странство, во организација на спортски здруженија и други правни лица регистрирани за спортска дејност. Под спортска незгода се смета секоја незгода настаната при спортување на осигуреникот за време на подготовки, тренинзи или натпревари и има за последица телесна повреда односно нарушување на здравјето на осигуреникот што бара лекарска помош или смрт на осигуреникот.

-Ски пакетот има покритие за сите зимски спортови скијање, хокеј, санкање, боб санкање, ски тркање, ски скокање и сноуборд и доколку со истите  се занимавате исклучиво аматерски. Со овие два дополнителени пакети  се опфатени сите ризиците кога одите на зимување.“-велат од компанијата, објаснувајќи дека ваквите  пакети се потребни бидејќи патничкото осигурување само по себе не носи покритие за повреди настанати при дополнителни ризици, како што е скијањето и затоа е потребно да се направи полиса со вклучени ризици спортска незгода и  ски пакет.

Ски пакетот ги опфаќа и ризиците од затворање на терените, како и настанување лавина или слегнување на земјиштето. Притоа, се надоместуваат екстра трошоци за транспорт и сместување ако настане лавина или слегнување на земјиште на местото на зимување, при што пристигнувањето до местото на зимување е со задоцнување од повеќе од 12 часа, појаснуваат од СН Осигурителен Брокер.

Заштитата со овој пакет оди и чекор понатаму со тоа што опфаќа и изнајмување на ски опрема во случај на доцнење, губење или кражба на ски-опрема, односно скии, чевли, штеки или скиборд, при транспорт до 200 евра.

-Со овај пакет се надоместува за секој ден изнајмување на ски опрема и доколку и  сопствената опрема е привремено изгубена при пристигнување до местото на зимување повеќе од 12 часа, или ако при патувањето истата е изгубена или украдена. Исто така се надоместуваат трошоците за неискористениот дел од ски часовите, во што спаѓаат трошоците за изнајмување на скии, ски лекции и ски карта, ако настапи болест или повреда додека осигуреникот е на зимување. Во овај пакет се надоместуваат за секој ден екстра трошоци за транспорт и карти за жичари до најблискиот скијачки центар ако осигуреникот не бил во можност да скија поради лоши временски услови, велат од компанијата, додавајќи дека подетални информации можат да се добијат на веб страната http://www.snbroker.mk или на телефонскиот број 15 770.

Денес е зимски Крстовден, строг пост- празник кој носи среќа

Денеска е Водокрст или зимскиот Крстовден, денот во кој православниите христијани треба да се одморат и да се подготват за утрешниот голем празник, Богојавление.

Водокрст е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството. За оние кои се родени на овој ден, се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст. Тие, според обичаите се посебно одговорни за своите дела и постапки.

Црквата овој ден го одредила како голем празник со строг пост, за подостоинствено празнување на денот, и за оддавање признание на светиот крст. За оние кои постат, се смета дека сочувствуваат со страдањата на Спасителот Исус Христос.

На овој ден не се јаде ништо мрсно, вклучувајќи го и растителното масло. Денска, според обичаите се јаде само леб и се пие вода. Во православните храмови на зимскиот Крстовден литургиите најчесто се служат во црквите Свети Јован Крстител, a обичај кој се применува е големо осветување на водата.

По осветувањето, водата им се дели на верниците, и се верува дека треба да се чува дома поради здравје и бериќет.

Во овој македонски град светиот кpcт се фрла два пати – и денеска, и утре на Водици (Фото)

Тетово има посебен обичај за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Кај нив светиот крст во водите се фрла два пати, во две цркви, два дена едноподруго – еднаш на 18-ти во црквата Св.Богородица (Водокрст – денот кога е крстен самиот Јован Крстител), вториот пат утре на Водици во црквата Св. Кирил и Методиј.

Минатата година најсреќен и прв до светиот крст дојде Димитар Спасески.

Броѓанец “натепал” извршител во неговата канцеларија

Извршител вчера претпладне бил физички нападнат на своето работно место во Центар.

Како што информираа од полицијата, во дневниот билтен, вчера во 12.50 часот во СВР Скопје, С.П.И.(50) од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот на работното место во канцеларија на извршител на подрачје на Центар во Скопје бил физички нападнат од С.Т.(46) од Македонски Брод.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.

Прилепчанец кој живее во Германија ја промовираше првата македонско-германска песна – Слушнете ја “ФАНТАЗИЈА” (ВИДЕО)

Прилепчанецот Кире Гелев, кој 10 години живее во Бад Херсфелд, Германија, неодамна ја објави својата најнова песна, која е прва композиција на македонско-германски јазик.

Гелев не е непознат за музичката јавност и досега има издадено неколку песни кои можете да ги слушнете на неговиот Јутјуб канал.

Најновата песна е насловена како “Фантазија” и носи одличен ритам. Слушнете ја во продолжение:

Стручна матура и приемни испити на факултетите – Еве што предвидува новиот предлог закон за средно образование

Владата, на вчерашна седница, утврди текст на нов Предлог на закон за средно образование со кој меѓудругото се воведува стручна матура, завршен испит, уметничка матура, како и приемни испити на факултетите. Владата утврди текст и на нов Предлог на закон за стручно образование и обука.

Посебна новина којашто се воведува е воведувањето стручна матура и влезен академски испит. По завршувањето на последната година на гимназиското образование, како што е предвидено, учениците полагаат државна матура, или училишна матура. По завршувањето на последната година во Меѓународна програма за средно образование (ИБ програма) учениците полагаат меѓународна матура и/или државна матура. По завршувањето на последната година на стручното образование со четиригодишно траење, учениците полагаат стручна матура. По завршувањето на последната година на стручното образование со двогодишно, односно со тригодишно траење, учениците полагаат завршен испит.

По завршувањето на последната година во средното уметничко образование, учениците полагаат уметничка матура. Концепцијата за испити на крајот на средното образование, ја изготвува Државниот испитен центар, а на предлог на Државниот матурско-академски одбор, ја утврдува министерот.

Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите: се запишани на четврта година од средно стручно образование или средно уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство, којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.

Новина има и во поглавјето „Права и обврски на учениците и ученичко организирање и учество”. Секој вработен во училиштето, според предвиденото, е должен да се грижи за најдобриот интерес на ученикот и да го почитува неговото достоинството, како и неговите права согласно Конвенцијата за правата на детето. Забрането е телесно, психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него. Во средните училишта, учениците слободно се организираат во класни заедници и ученички совет. Учениците имаат право на слободно организирање во ученички совет на локално и регионално ниво, Сојуз на средношколци на национално ниво, или во други облици во согласност со други закони и подзаконски акти. Во работата на училишниот одбор, стручните органи и тела на училиштето и во Советот на родители, учествуваат претставници на учениците избрани од страна на ученичкиот совет.

Владата утврди текст и на нов Предлог на закон за стручно образование и обука.

Законот за стручно образование и обука којшто во моментот се применува е донесен во 2006 година, а реформата на стручното образование и обука, според предлагачот, Министерството за образование, е тесно поврзана со промените на пазарот на трудот и потребата за модел на стручно образование и обука насочен кон создавање човечки ресуси за потребите на пазарот на трудот, преку вработување или самовработување.

Донесувањето нов Закон за стручно образование и обука е во согласност со Стратегијата за образование 2018-2025 година.

Владата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, ја разгледа и усвои и Националната стратегија за ментално здравје на млади 2024 – 2026 година.

Целта е придонес во унапредувањето на менталното здравје на младите, пришто добросостојбата на младите ќе биде активен двигател на општествениот развој.

Стратегијата се води од Агендата 2030 и општите принципи на Целите за одржлив развој на ОН.

Владата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, ја разгледа Информацијата за усвојување Стратегија за човечки капитал на Република Македонија 2024 – 2030 година и ја усвои предложената Стратегија.

Целта на Стратегијата е да помогне во подобрувањето на резултатите од човечкиот капитал во државата. Притоа, во фокус на Стратегијата се три клучни и меѓусебно поврзани подрачја: образованието, здравството и социјалната заштита, со цел зајакување и подобрување на човечкиот капитал, за инклузивен развој.

Во однос на временската рамка, Стратегијата има за цел да обезбеди патоказ за агендата за човечки капитал до 2030 година.

Двојните избори ќе ја чинат државата 12 милиони евра

Двојните претседателски и парламентарни избори ќе не чинат околу 12 милиони евра со тендеција оваа сума да се зголеми најмалку до 15 милиони евра, бидејќи може да се појават некои непредвидени работи. Сооглед дека се двојни избори не се многу средства, имајќи предвид и дека гласа и во странство и треба повеќе ангажман, вели во интервју за МИА претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

-Ние кога се договаравме со министерот определивме една сума, меѓутоа после кога отиде буџетот во Собрание, многу се скрати. Не можам прецизно да ви кажам. Се надевам дека за некои дејствија ако биде потребно ќе се надополни Буџетот. Јас реков околу милијарда денари, сега е 600 и нешто милиони, меѓутоа најверојатно таа бројка ќе се зголеми. Сега тука многу е битно дали е сметана платената политичка кампања. Ако ја сметаме тогаш тоа ја зголемува бидејќи се работи за поголема сума, меѓутоа ние никогаш не ги земаме во предвид тие бидејќи ние сме како сервис, како дистрибутери на таа операција… Тука и дијаспората многу влече, може да повлече повеќе средства од сите избирачки одбори овде, вели Даштевски.

Во видео интервјуто со претседателот на ДИК, разговораме за подготовките за изборите, за тоа како ќе влие на процесот доколку не биде избран член на ДИК, за Избирачкиот список, за составот на ОИК и Избирачките одбори и барањето на потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху за составот на ОИК да се земе предвид вкупното население од пописот во 2021 година, а не резидентното, за тоа каква соработка очекува со техничката влада, очекува ли „жестока кампања“.

Интервјуто со Даштевски ќе биде објавено во текот на утрешниот ден.