дома блог страница 896

17-годишно момче го фати Светиот крст во водите на реката Вардар и порача: “Да се обедини Македонија и македонскиот народ”

На мостот „Слобода“ архиепископот г. г Стефан во го положи Светиот крст во водите на реката Вардар.

„17 години, ова ќе ми донесе спокој, здравје и среќа. Со Господ напред и се најдобро за сите. Господ е голем и Господ гледа се, за сите да имаме единство, да се обедини Македонија и македонскиот народ“, рече среќниот фаќач.

Видео кое зрачи со неизмерна љубов и убавина: 11 новороденчиња на Водици во болницата “Плодност” во Битола

-На денешниот празник Богојавление – Водици, благословени сме со 11 бебиња. Нашата Болница Плодност – Hospital Plodnost и денес го дочекува овој голем христијански празник со многу новороденчиња и со желби за нивно добро здравје, заедно со нивните семејства – напишаа од болницата на Фејсбук.

(ВИДЕО) Топлото време донесе голем број посетители: Празникот Богојавление по четврти пат одбележан со осветување на водите на Плетварското езеро

По четвти пат група ентузијасти од Прилеп, и оваа година организираа одбележување на празникот Богојавление – Водици во водите на Плетварското езеро.

Ако првата година на ова место се собраа неколкумина, минатата година интересот кај прилепчани беше многу поголем, а оваа година уште повеќе верници се пријавија да влезат во осветените води на езерцето.

Првите две години организаторите правеја крст во замрзнатите води, а минатата и оваа година поради топлото време, беше направена макета на крст каде влегуваа верниците.

Теофил Петрески прв до Светиот крст во дворот на црквата Св. Кирил и Методиј – Параклис (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Големиот христијански празник Богојавление-Водици масовно се одбележува во прилепските црковни храмови, не само во градот, туку и во населените места.

Водите се осветуваа и во црковниот храм Св. Кирил и Методиј – Параклис, каде најсреќен меѓу учесниците беше Теофил Петрески.

ФОТО: Андреј Иваноски

БОГ СЕ ЈАВИ! Краток историјат и значење на големиот православен празник Богојавление – Водици

Поврзаноста на празниците Рождество Христово и Богојавление е воочлива во самата содржина на богослужбените песни. Во стихирите на празникот Рождество Христово наоѓаме мисли и изрази кои се однесуваат на празникот Богојавление, а во Богојавленската служба изрази кои се однесуваат на Рождеството. Тоа се оправдува со фактот дека во почетокот на 6 / 19 јануари се славел еден колективен празник (επιφὰνεια, ϑεοφὰνεια = Богојавление), кој соединувал повеќе настани од Христовиот живот на земјата, односно се празнувало општото Божјо јавување на земјата. Подоцна кога од празникот на 6 јануари се издвоиле останатите спомени (како на пример Рождеството Христово), главниот спомен кој останал да се празнува на овој ден било Крштението на Господ Исус Христос на реката Јордан.

Во историјата на празникот Богојавление можеме да следиме три периоди: првиот е периодот на III век кога Богојавлението е главниот настан кој се празнува на 6 јануари, но е поврзан со повеќе настани од Божјото јавување на земјата; потоа вториот период е IV век, кога Рождеството Христово станува центар на празнувањата во овој ден; и третиот период е крајот од IV век и подоцна, кога споменот на Рождеството Христово се издвојува од Богојавлението.

Празникот Богојавление се нарекува така зашто во мигот на Крштението Христово „се покажа поклонувањето на Света Троица“. Отецот зборуваше од небото за Синот Кој се крштева, Синот Божји се крштеваше од св. Јован и како таков беше посведочен од Бога Отецот, а Светиот Дух Кој слезе во вид на гулаб го потврди гласот на Отецот. Уште се нарекува и „Просвештение“, зашто во древноста во навечерието на празникот, по примерот на Христа се крштевале и со Божјата благодат се просветлувале огласените.

Овој празник започнал да се слави на Истокот уште во III век и тоа особено во Египет. Првото сведоштво за него го наоѓаме кај св. Климент Александриски (215 г.), во неговото дело „Стромата“, каде што вели дека следбениците на гностичкиот еретик Василид уште пред православните започнале да го слават овој празник. Имено, за нив овој празник имал големо значење – нивното учење вели дека Христос бил само обичен човек, а станал Син Божји во мигот на Неговото Крштение. Православните, пак, спротивставувајќи му се на ваквото погрешно учење на гностиците, го востановиле овој празник објавувајќи ја преку него особено силната и длабока смисла на Божјото јавување. До почетокот на IV век Богојавлението веќе се славело насекаде. Неговата самостојност започнува на Истокот, од каде што подоцна е пренесен на Запад.

Според главниот спомен на Богојавление – Крштението Христово, во древноста, во навечерието на празникот се извршувало осветување на водите за крштение и биле крштевани огласените. Исто така особено значајна е традицијата на големото торжество на реката Јордан, во која на полноќ многумина влегувале во водата да се искапат, а ова капење ги очистувало телесните и духовните рани. Според Уставот, во навечерието на празникот и на самиот негов ден се врши осветување на водите. Стихири за богослужбата на овој празник имаме од: Јован монах, Визант, Козма монах, Анатолиј, Патријархот Герман, а каноните ги напишале св. Јован Дамаскин и св. Козма Мајумски.

Специфично за празникот е и тоа што во древноста, Александриските епископи според одредбите на Првиот вселенски собор, секоја година за Богојавление ги испраќале и своите посланија до старешините на црквите во кои бил објавуван датумот на празникот Воскресение за таа година. Старешините потоа им го објавувале тој датум на верните. Тоа го практикувале зашто токму во Александрија цветала астрономската наука. Така, Црквата зачувала многу пасхални посланија од Александриските епископи, меѓу кои се и оние на светите Теофил, Дионисиј, Атанасиј и Кирил Александриски.

Смислата на празникот Богојавление

Христос „на секому му ја даде можноста да ја стекне благодатта на синовството, да го стекне Богојавлението во својот личен живот. Тоа јавување Божјо го сочинува богопознанието, а бидејќи тоа е егзистенцијално собитие, затоа и го предизвикува спасението“ (Јеротеј Влахос).

Собитието на создавањето е едно чудесно таинство во кое Троичниот Бог се јави и го повика човекот од небитие во битие, го создаде според образот на Словото, вдахнувајќи во него живот преку Светиот Дух. Човекот живееше во благодатно заедничарење со Бога, за него небесата беа отворени и од таму тој го слушаше гласот на својот Создател, разговараше со Него сѐ до мигот кога заради неговата непослушност тој ја изгуби благодатта и заедницата со Бога. Како последица на тоа небото се затвори за сиот човечки род, кој сега веќе не можеше да преуспева во духовниот живот, ниту да бива поткрепуван и просветлуван од Божествената благодат. И живеејќи без Бога, валкајќи се, потопувајќи се во нечистата и матна вода на гревот човекот достигна страдање, кое, пак, за своја последица го имаше целосното деформирање на неговата личност.

Но, Божјата љубов и сострадание кон родот човечки е толку голема, што Бог Отецот Го испрати Синот Свој, чиешто доаѓање на земјата имаше за цел да му ја објави на човекот предвечната Божја промисла за него, според која тој е создаден по образ и подобие на Христа, Словото Божјо. И еве, Крштението Христово ни покажува дека Он дојде при нас, го зеде нашиот образ, за да го очисти, просветли и облагодати за ние полесно да дојдеме до Него. Он е Новиот Адам Кој сега повторно го отвора небото, од каде гласот на Отецот ја покажа, ја објави обожената човечка природа примена од Христа. Јавувањето, пак, на Светиот Дух во вид на незлобив и кроток гулаб, го објави крајот на потопот од гревот и почетокот на несфатливата милост Божја кон нас луѓето. И сето ова Бог го направи за да можеме ние повторно да се искачуваме кон Бога и да стекнеме заедница со Него.

Така, значи Пресвета Троица учествуваше во создавањето на човекот и ете, сега повторно Пресвета Троица учествува во неговото пресоздавање. И тоа покажува една голема богословска тајна: дека единствено човекот, кој е создаден според образот Христов, може да биде посветеник и поклоник на Пресвета Троица. Затоа Црквата овој ден го нарекува и празник на пресоздавањето на човекот, почеток на неговото обожување.

Богојавлението, пак, за нас почнува во крштелниот купел, кој е духовна утроба што нѐ преродува за еден висококвалитетен и достоинствен живот. Ние во крштението се очистуваме, ја отстрануваме Адамовата нечистотија, го измиваме нашиот внатрешен човек. Ја примаме благодатта Божја, го примаме залогот на Духот, но го примаме со можност да се усовршуваме. Според тоа, кога човекот прави гревови, тој ја валка веќе очистената и измиена негова природа. Тогаш благодатта се повлекува од него и тој духовно умира зашто ја губи својата заедница со Бога и можноста што ја примил на крштението. „Секако благодатта не се губи целосно, но во овој случај таа не го врши спасението“ (Ј. Влахос).

Сепак радоста на празникот Богојавление е токму во верата дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди. А тоа се случува во мигот кога ние суштински ќе се доближиме до празникот и ќе сфатиме дека очистувајќи се повторно ќе ја привлечеме благодатта Божја во нашиот живот. Колку и да сме извалкани, помрачени и со своите гревови оддалечени од Бога, сепак, во нас не згаснала надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото. Тогаш кога ќе одлучиме да живееме во совршена послушност кон Бога, исполнувајќи ја Неговата најголема заповед за љубов кон ближните, тогаш и небото на нашиот внатрешен живот постојано ќе биде отворено и ние слободно ќе разговараме со Бога, Чијашто светлина ќе го озарува целокупното наше битие.

(ВИДЕО) Величествен собир за Водици во Охрид: Никола Јакимоски прв стигна до Светиот Крст од осветените води на Охридското Езеро

Водици во Охрид се одбележува масовно, со присуство на илјадници верници, како и стотици и илјадници капачи кои влегуваат во осветените езерски води.

Никола Јакимоски од Охрид денеска беше најсреќен меѓу охриѓани. Тој беше највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро.

– Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече 29-годишниот Јакимоски.

Традиционално, најсреќниот и оваа година беше даруван. Владиката дебарско-кичевски Тимотеј го даруваше со златен ланец со крст, а градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков му подари икона и крст изработен во филигран.

Традицинално по осми пат, тимот на Livestream.mk предводен од професионалецот Стојан Стојановски вршеше пренос во живо од Охрид за сите кои не можат да присуствуваат, овој пат со повеќе опрема, настанот беше емитуван во живо од најразлични агли.

12-годишниот Димитар Мицески прв стигна до Светиот крст во дворот на црквата Св. Благовештение во Прилеп

12-годишниот Димитар Мицески прв го изваде Светиот крст од водите на базенот во дворот на црквата Св. Благовештение. Димитар е ученик во ООУ “Гоце Делчев” и за прв пат влегува во осветените води на празникот Богојавление – Водици.

Во овој црковен храм пријавени беа 20-тина дечиња до 12-годишна возраст, а меѓу нив имаше и две девојчиња.

Големиот настан на осветување на водите, каде вкупно се пријавени 123 лица, ќе се одржи во 12 часот, во Аквапаркот “Салида”.

Стотици верници утрово ги исполнија прилепските храмови: Гулаби го најавија осветувањето на водите (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Денес православните христијани го празнуваат големиот празник Богојавление – Водици.

Стотици верници уште во раните утрински часови ги исполнија храмовите во Прилеп за да присуствуваат на утринската литургија.

Во храмот Св. Благовештение (Стара Црква) верниците во најголем број го започнаа празнувањето на Водици и се поздравуваа со радосниот христијански поздрав “Бог се јави”.

Симболично, беа пуштени и гулаби кои го најавија осветувањето на водите во Прилеп.

Вечерва останете будни до полноќ: Замисете си желба, се верува дека пред Водици се отвора небото

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според Библијата, на овој ден се отворило небото и се слушнал божјиот глас.

Вечерва штом сонцето почне да заоѓа, христијаните почнаат да се поздравуваат со поздравот “Бог се јави!” во очи празникот. На ова се одговара “Навистина се јави!”, и особено е важно да останете будни до полноќ! Всушност, нашите предци верувале дека ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари, e време кога небото се отвора и “Бог се појавува.”

Според верувањето, Богојавление – јавувањето на Бога, се случува во глувaта доба на предвечерието на празникот Богојавление, кога ќе дојде моментот кога се отвора небото и кога се вкрстуваат ветровите кои дуваат во зима и оние кои дуваат во лето. Во овој момент, сите води на светот престануваат да течат, а оној кој ќе се најде на отворено, и го види отворањето на небото, може од Бог да бара исполнување на желба. Денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан.

Според христијанското верување, нво 30-тата година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со неговата мајка Марија и нејзиниот маж Јосиф, кога го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан. Според Библијата, веднаш по крштевањето, а тоа е објавено со потопување во вода три пати, небото се отвори и се чул гласот на Отецот Бог, кој соопштил дека Исус е неговиот син, а потоа на рамото на Исус слетал Светиот Дух во вид на гулаб. Крштевањето на Исус го означи почетокот на неговата мисија и проповедта. Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Вековни традиции и верувања Според мислењето на многумина, за Водици ги имаме најубавите традиции, а празникот се карактеризира со голем број на други верувања од минатите векови. Се верува дека немажените девојки, ако стават огледало под перницата на 18 јануари вечерта, ќе го сонуваат човекот за кого ќе се омажат.

Исто така, во некои делови, младите девојки замесуваат од тесто три-четири топчиња и во три од нив ставаат ливчиња на кои се испишани имињата на нивните симпатии. Четвртото е празно. Потоа топчињата се ставаат во вода која врие, и првото топче кое ќе исплива, го носи името на љубовта таа девојка. Ако исплива празното топче, тоа значи дека девојката сеуште не го сретнала човекот на својот живот. Се верува дека за време на Водици се предвидува и какво ќе биде времето цела година.

Ако утре има силен мраз или паѓа снег, годината ќе биде плодна. Ако, сепак, биде сочнево, годината ќе биде сува. Ако на 19 јануари е дождливо, во текот на целата година ќе има многу врнежи од дожд и поплави. На овој ден се осветува вода за која се верува дека има лековити и чудесни својства и се нарекува Богојавленска вода. Верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година. Богојавление се празнува низ цела Македонија со традиционално пливање по крстот за Водици.

Се разбира, постојат и луѓе кои мислат дека сите овие традиции само се суеверие и глупост. За некои од нив Македонската православна црква вели дека се пагански. Меѓутоа, сите го издржале тестот на времето и опстојуваат и денес.

Затоа, вечерва на полноќ, отворете го прозорецот и посакајте желба … треба да биде јасна и богоугодна …недвосмислена и имајте малку верба! Не треба да ви штети.

Нечовечки услови во штипската болница – Ова го нема ниту на хорор филм (ФОТО)

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави фотографии од условите во болницата во Штип.

Во целост ви го пренесуваме нивниот статус:

НЕЗАВРШЕНИОТ НАЈВАЖЕН ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ВО ШТИП – СПОМЕНИК НА ВЛАСТА ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА И ПУСТОШОТ ВО ШТИПСКОТО ЗДРАВСТВО

Понижувачките и недостоинствени услови за третман на пациентите од Штип и околината, или целиот Источен регион не ги реши ниту денешното „сликање” на Меџити во оваа Клиничка болница-Штип

Министерот кој секој ден се слика, без суштинско решавање на основните проблеми иако самиот изјави дека не би се лекувал во оваа болница сепак и после речиси една година од мандатот, не ги подобри условите за третман на пациентите

Штипјани многу добро ги паметат лажните ветувања дека новата клиничка болница во Штип ќе заврши некаде во септември 2019, а актуелниот министер Фатмир Меџити се расфрлаше со нови рокови или вели ќе биде во 2026.

Повторно прашуваме:

Зошто не е реализиран клучниот проект нова клиничка болница во Штип

Зошто со својата неспособност и негрижа за пациентите и дипломираните млади доктори се соочуваме со егзодус на докторите и специјалистите во Клиничка болница Штип

Зошто со месеци не беше во функција мамоматот кој е клучен за дијагностика

Магнетната резонанца не работеше повеќе од 7 месеци минатата година

Компјутерската томографија не работеше исто така со месеци, како и рентген апаратите

Нема одговор до каде е регионалниот центар за дијабетско стапало, па пациентите се изложени на дополнително препраќање и трошоци до Скопје и Кочани.

На ортопедија во Штип нема асистенти за операциите, па пациентите се препраќаат за скршениците во Скопје. За протези за колена, повторно пациентите се препраќаат во Скопје или Охрид

Несоодветната грижа за специјалистичкиот кадар и во оваа здравствена установа е јасна, а штетата од овие лоши политики се одразуваат на здравствениот систем на долг рок