дома блог страница 894

Искусниот капитен Велески ја направи прилепската фаланга непобедлива: РК Прилеп освои голем бод во Куманово

Ракометарите на РК Прилеп останаа непоразени и на тешкото гостување во Куманово, откако во драматична завршница Христи Бикоски донесе голем бод за избраниците на Боби Мојсов.

Иако прилепчани имаа водство во речиси сите 30 минути од првото полувреме, а на пауза се замина со 12:14, домаќините со мини серија во вториот дел дојдоа до изедначување (17:17), а неколку минути подоцна и до водство.

И кога сите мислеа дека Прилеп ќе го доживее првиот пораз, а Куманово водеше со 25:23, прилепчани повторно се вратија и израмнија на 25:25.

Драмата се случуваше во последните секунди, кога Костов реализираше пенал за Куманово за 26:25, но брзо организираниот напад на гостите му даде чиста позиција на Бикоски, кој погоди од левата крилна позиција и донесе голема радост.

Најдобри во составот на РК Прилеп беа Денис Шабановиќ, кој дури 10 пати ја пронајде мрежата на кумановчани, а го следеа Пеце Рајатовски со 6 погодоци и Владан Кастратович со 4.

Капитенот Филип Велески не се запиша во листата на стралците на овој натпревар, но неговото искуство и мотивацијата која им ја пренесува на останатите играчи, со сигурност играат огромна улога во овој нов непобедлив Прилеп кој го гледаме.

Во наредното коло Прилеп го дочекува Вардар Неготино.

Бумбароски феноменален: Сите просветни работници ќе земаат плата според колективен договор

„Несомнено еден наставник мора и треба да одржи час без да има учебник пред него, но недостатокот на учебници е проблем за учениците и е проблем за родителите. Ние на часот можеме и без учебник да предаваме но што ќе се случи со учениците кога ќе дојдат дома и треба да го повторат и продлабочат она кое го научиле за време на часот. Ние честопати им даваме и дополнителни материјали и тоа го правиме постојано. Но во недостаток на учебници ние бевме приморани и да диктираме“, рече членот на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Гоце Бумбароски на денешната трибина образовна платформа за иднина на тема „Нов концепт за развој на образованието“ во Куманово.

Тој продолжи и додаде дека несомнено е потребна дигитализацијата, но пред се потребно е да има печатени учебници.

-Македонија е различна во сите сфери и имаме региони каде можат да бидат дигитализирани, но имаме и реони каде навистина имавме проблем со онлајн наставата и тоа индиректно ни кажува дека дигитализацијата во целост нема да биде успешна онака како што е замислена, кажа Бумбароски.

Тој истакна дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочи кон подобрување на квалитетот на образованието.

-Морам да кажам дека ако сакаме сите промени, активноста која идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја насочи кон подобрување на квалитетот на образованието да биде успешна, а успешноста и воведувањето на сите промени се директно преку наставниците тогаш ние мора да имаме мотивирани наставници. Само мотивирани наставници можат успешно да ги воведат сите новитети сите програми и се она кое сметаме ние дека е наменето за подобрување на образованието во Македонија, вели Бубароски.

Тој рече дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го потпише колективниот договор за образование.

-Оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ не го потпиша колективниот договор за образование. идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе соработува со сите социјални фактори кои ги претставуваат во сите образовните институции во основното и средно образование и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го потпише колективниот договор за образование. До крајот на мандатот сите просветни работници ќе земаат плата според колективен договор, истакна Бумбароски.

Тој посочи дека сите наставници во основно и средно образование ќе имаат правичен развој во својот кариерен развој.

-Исто така важно е сите наставници кои се во основно и средно образование да имаат правичен избор во својот кариерен развој односно да добијат еднакви можности кариерно да напредуваат. Што значи кариерното напредување во звање ментор и советник ќе биде еднакво за сите наставници. Нормално тука ќе има услови, оној што ги исполнува условите кариерно ќе напредува, заклучи Бумбароски.

Жените избраа: Ова според нив е најдобриот автомобил за 2024 год! Дали се согласувате?!

Новинарки од 52 земји кои работат автомобилизам го избраа светскиот автомобил на годината за 2024 година.

На овој избор, кој симболично беше објавен на 8 март, учествуваа 75 новинарки, а наградата за најдобар автомобил отиде кај Kia EV9.

Ова е првпат да победи целосно електрично возило, а пред оваа главна награда беа објавени и победниците во различни категории:

Автомобил подолг од 4,6 m: BMW Серија 5
Автомобил до 4,6 m: Volvo EX30
SUV: Kia EV9
4×4 и пикап: Volkswagen Amarok
Луксузен автомобил: Aston Martin DB12

„Изборот беше особено тежок оваа година. Секој од финалистите заслужено победи, но Kia EV9 ја симна предноста поради неговата способност да допре до возачите во најголемиот дел од светот, рече извршната претседателка Марта Гарсија.

При изборот беше земено предвид и дека автомобилот мора да биде нова генерација (не редизајн) и дека мора да се продава на најмалку два континента. Минатата година победник беше Kia Niro, во 2022 Peugeot 308, а во 2021 Land Rover Defender.

ПОДГОТВЕТЕСЕ ЗА НЕВРЕМЕ, НИ ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН: Утре и задутре пообилни врнежи со локално невреме и силен ветер

Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд, над 20 литри на метар квадратен, проследени со силен ветер, над 70 километри на час и појава на грмежи.

Во Скопје утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи.

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.

Го снимил моментот на камера: Гром удира во авион со 400 патници (ВИДЕО)

Видео снимка на еден Канаѓанец го прикажува моментот кога Боинг 777 беше погоден од гром веднаш по полетувањето.

Според Националната метеоролошка служба, повеќето авиони се удирани од гром најмалку еднаш годишно. Сепак, ваков инцидент ретко се фаќа на видео, пишува Business Insider.

Итан Вест изјави за CBC News дека гледал авиони на меѓународниот аеродром во Ванкувер во неделата кога видел еден од неговите омилени авиони: Боинг 777-300ER.

Набргу откако почнал да го снима авионот на Ер Канада како полетува, леталото било погодено од гром.

Портпаролот на Air Canada потврди за CBC News дека авионот што полетал од Ванкувер бил погоден од гром во неделата.

Авионите за кои постои сомневање дека се погодени од гром мора да бидат подложени на задолжителна проверка, што може да доведе до доцнење на летовите.

Трипуновски на средби со земјоделците од битолско: Земјоделците се револтирани и демотивирани, затоа и приносите се помали (ФОТО)

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство вчера беше во работна посета на општина Битола.

При посетата остварени се повеќе средби со земјоделци од с. Велушина и с. Кравари каде што се разговараа актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат изминатиов период.

-Во 2016 година во Македонија под пченица биле некаде околу 80.000 ха, а во 2022 година површините паѓаат на 70.000 ха, што значи 10.000 ха помалку. Во 2016 година како држава сме произвеле 306.000 тони пченица, а во 2022 година некаде околу 224.000 тони пченица, што значи дека и површината се намалува и произведената пченица. Ова се официјални податоци од извештаите на државниот завод за статистика и годишните извештаи на министерството, изјави Трипуновски.

Како главна причина за оваа состојба Трипуновски ја наведе ланската ситуација кога за потребните на стоковите резерви наместо да се откупи домашната пченица, државата увезе пченица по далеку повисоки цени, а македонската домашна пченица остана не откупена.

-Ова предизвикува револт и демотивација на македонските земјоделци и затоа се повеќе земјоделци го напуштаат полето и земјоделството како примарна дејност, рече тој.

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Витолишта, од село Штавица кон село Бoнче

Поради одрон на камења во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Витолишта, на потегот од селото Штавица кон селото Бунче.

Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е во прекин од 17:10 часот.

20 години традиција и илјадници задоволни муштерии: “Ана Марија Фуд”, тимот кој од прилепчани направи вистински гурмани (Фото галерија)

Живееме во време кога како никогаш досега сме преокупирани со работни овбрски, со брзање да стигнеме секаде, да обезбедиме денар повеќе и подобар живот за себе и своето семејство. Па не е ни случајно што во една ваква трка со времето, многу често се случува готвењето да го ставиме во втор план.

Ако ги прашате прилепчани пак, тие ќе ви речат дека одамна заборавиле што е тоа готвење, а зошто е тоа така? Епа Прилеп си ја има “Ана Марија”, кетеринг кој секојдневно се грижи за илјадници трпези со највкусни јадења. И сега многумина ќе речат: “Па тоа не е причина да не се готви дома”. Не е причина, но ако ги погледнете нивните цени, а потоа и вашата сметка за потрошена електрична енергија, и тоа како ќе ви стане јасно за што зборуваме.

20 години традиција се нешто со кое ретко кој може да се пофали, а притоа ниту еднаш да не ги разочара оние кои им ја даваат довербата. Сите кои се увериле во квалитетот на храната, услугата, љубезноста, виското ниво на хигиена и уредност секогаш повторно се враќаат.

Менито е секојдневно богато, има од се’ по нешто, па дури и најпребирливите ќе најдат храна која им одговара. За да нема кавги подома од типот “Што ќе јадеме утре?”, тимот на “Ана Марија” навремено ги известува своите потрошувачи за утрешното мени.

Неодамна во нивниот синџир за храна се приклучи и “Ана Марија” ресторанот за брза храна, лоциран веднаш до кетерингот и место каде прилепчани уживаат во најдобрите хамбургери и гиро во градот. Ако сте вљубеници во овој вид на храна, наш совет е секогаш навремено да порачате на телефонскиот број: 072/267-000, затоа што редот на порачки често е долг.

И за понудата на храна да биде комплетна, сопствениците отворија уште и пица ресторан, кој пак се наоѓа веднаш до средното училиште “Орде Чопела”.

Готвена храна со многу љубов, вкус и мирис за уживање, хамбургери какви нема никаде во Прилеп и пици по најниски цени во градот. Сето ова само во “Ана Марија”, а како успеваат да постигнат се’? Eпа затоа се мајстори на својот занает во кој никој не им е рамен.

А за малку ќе заборавевме. Тимот на “Ана Марија” ви стои на располагање за сите помали и поголеми свечености. Нудат кетеринг прилагоден по вашиот вкус, со кој вашите прослави ќе добијат поинаков шмек.

Бидете и вие дел од илјадниците кои својата својата доверба им ја дале на најдобрите. Веќе од понеделник, стартувајте ја работната недела со нешто вкусно и неодоливо.

Побарајте ги на телефонските броеви: Пица ресторан – 073/444-433
Фаст фуд: 072/267-000
Готвени јадења: 075/234-190
Тимот на “Ана Марија” ве очекува!

Фатен бегалец од прилепскиот затвор – Се барал да одлежи над 9 години затворска казна

Денеска (09.03.2024) во 11.15 часот, по наредба за распишана потерница од Казнено поправната установа Затвор-Прилеп, од страна на полициски службеници од СВР Битола на ул. „Мирче Ацев“ во Битола е лишен од слобода Н.Н.(24) од Битола, кој бил баран за издржување на вкупна казна затвор во траење од 9 години и 3 месеци, од кои што издржал 2 години и 5 месеци, за тешки кражби и разбојништва – информираат од СВР Битола.

Историско достигнување на Македонски Железници! Возот до Велес наместо 20 ќе почне да вози со 50км на час

Наместо со 20 километри на час, која беше максималната дозволена брзина на движење на возовите на пругата Велес-Скопје, отсега возовите на оваа делница ќе сообраќаат со „неверојатни“ 50 километри на час, бидејќи, како што соопшти МЖ Инфраструктура, завршена е санацијата на пругата.

„Сектор ЗОП Скопје во изминатиот период работеше на замена на дрвени колосечни прагови и шини на делот меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес. Замената е завршена и брзината од 20 км/час е зголемена на 50 км/час“, соопштија од МЖ Инфраструктура.

Исто така, во изминатиот период се работело на замена на дрвени прагови во станицата Кадина Река на втор колосек, кој досега беше затворен за сообраќај.

Колосекот е пуштен за сообраќај, со што се овозможува вкрстување на возови и зголемување на протокот на железничкиот сообраќај