дома блог страница 890

“ИЗОФАС” го почна новиот кружен во Прилеп – Ќе чини 5,4 милиони (ФОТО)

Во центарот на Прилеп започна изградбата на новиот кружен тек.

Тендерот за овој зафат e тежок вкупно 5,4 милиони денари, a го доби фирмата “ИЗОФАС” увоз-извоз ДОО Прилеп. Предвидено е работите да се завршат во рок од 4 месеци, па прилепчани би требало пролетва да ја дочекаат со нов петти кружен тек.

За изведбата на овој проект, градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на Фејсбук напиша:

“Во централното градско подрачје потребен ни е слободен и брз проток на сообрајќајот. Особено на оваа раскрсница кај Центарот за култура Марко Цепенков, што во моментов претставува „тесно грло“ и често сме сведоци на огромни колони, сообрајќаен метеж и нефункционалност на вертикалната сигнализација.

Со овој кружен тек го продолжуваме таканаречениот отворен сообрајќај, низ центарот на градот и го ослободуваме и забрзуваме протокот на движење на сите учесници во сообрајќајот.

За имплементација на целосен систем на отворен сообрајќај во нашиот град, што е докажано, дека е најекономичен и озвозможува најголем проток на возила, ни остануваат уште неколку тесни грла во сообрајќајот, тоа се вкрстувањата на: бул. Гоце Делчев со улица Војводинска (раскрсница кај нова автобуска), бул. Гоце Делчев со улица Прилепски Бранители (раскрсница кај градска) и вкрстувањето на улица Александар Македонски со улица Димо Наредникот (раскрсницата кај населбата Димо Наредникот)”.

Ќе ве расплаче! На роденденот од Тоше објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

(Фото галерија) Ех, жална Македонијо! Србија е блиску, ама сепак далеку за нас

Е наша жална Македонија, не мора далеку да погледнете, само до соседна Србија. Еве низ фототографии погледнете пожарникарите во Србија во изминатите години со какви се возила го модернизираа возниот парк – стои на ФБ страната “Се молиме за Македонија”, а објавата за кратко време се прошири на оваа социјална мрежа.

-Возат ИВЕКО, СКАНИЈА, ВОЛВО, МЕРЦЕДЕС МАН, МАЗ, КAМАЗ, ИСУЗУ, БМЦ, ЏИП, УРАЛ возило 6×6. Имаат најмодерни авто-скали, платформи, теренски возила за непристапни терени, модерни авто цистерни… ма секоја чест – стои во објавата.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02bKRuA6jbxgzjpho186H9oBCHERrJvs21Bmg3Tmi2wVnpWHPWBzG1fi71ZTv5Y5F3l&id=100080636204225&mibextid=2JQ9oc&paipv=0&eav=AfZiiHaY4brmicVKCpvGRQedACk8AroxedJ_6hhgBFk8Nj6iclriqED9PlXe1seHOlE&_rdr

ВО МЕЃУВРЕМЕ КАЈ НАС….

(ВИДЕО) За АЛФА МАКЕДОНЕЦ нема постојат екстремни услови за да удри чочек

Не е важно кој е јунаков, каде и кога е снимено видеото, ама заслужува громогласен аплауз! Браво МАЈСТОРЕ!

СДСМ ја почна процедурата: Пачешкоски и Пиличев најсериозни кандидати за пратеници? (ФОТО)

СДСМ Прилеп во демократска атмосфера ја започна процедурата за предлози за Претседател на државата и пратеници.
СДСМ како државотворна партија покажа дека има најголем демократски капацитет кој постојано се надоградува – велат од Општинската организација на партијата.

Во партиското соопштение на социјалните мрежи се вели дека биле предложени имиња за кандидати за пратеници, за кои сега ќе одлучува партискиот врв.

Неофицијално меѓу понудените имиња, најголеми фаворити за пратеничка фотеља се претседателот на општинската организација и Генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп, Зоран Пачешкоски и директорот на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Прилеп, Кристијан Пиличев.

БРУКА! Прилепчанец фатен на дело како краде во куќа

На 25.01.2024 во 22.15 часот на Кеј „1 Мај“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.С.(37) од Прилеп.

Тој бил фатен при извршување кражба во куќа, при што одзел повеќе предмети.

Одземеното било пронајднео и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

(Фото галерија) Богатиот и шарен колорит на Африканскиот куп на нации

Aфриканскиот куп на нации како и секогаш, и оваа година донесе одлични натпревари и многу возбудувања. Испаѓањето од групната фаза на фаворити како Алжир и Гана е досега најголемото изненадување, а во пресрет на елиминационите рунди ви пренесуваме дел од шарениот колорит на трибините.

Слушнете ја “Вечна ѕвезда” – Прекрасна преработка на 16-годишната Јана од Прилеп за 43. роденден на Тоше (Видео)

Младата и талентирана Јана Мрческа од Прилеп, ученичка во втора година во ДМБУЦ “Илија Николоски – Луј”, со своите 16 години сними преработка по повод 43 роденден на нашата вечна ѕвезда Тоше, a така и гласи насловот на нејзиниот кавер – “Вечна ѕвезда“.

-Инспирација за насловот на каверот – “Вечна Ѕвезда” ми беше тоа што иако немав шанса да го запознаам Тоше во живо, тој бил ѕвезда на сцената, a јас го чувствувам како ѕвезда водилка низ мојот живот и музичката кариера која ја градам – вели младата Јана Мрческа.

Јана веќе има учествувано на повеќе интернационални фестивали, каде се има закитено со многубројни награди и пласмани. Гордо ја претставува својата татковина, но вели дека ова и е еден од поважните проекти што ги има направено досега.

Taa со овoј проект сака да докаже и да покаже дека Тоше не бил ѕвезда само во неговата татковина Македонија, туку тој бил и една светска ѕвезда со хитови на повеќе јазици.

-Уживав додека работев на каверот за Тоше и се надевам дека и вие ќе уживате гледајќи го и слушајќи го, но сепак морам да кажам дека имав и доста измешани чувства на радост и тага, посебно за време на снимањето на спотот во спомен куќата на Тоше – вели Јана.

Преработката “Вечна Ѕвезда” може да го погледнете на линкот подолу или на јутјуб каналот на Јана Мрческа.

Примиерата на ова музичко парче беше во Спомен куќата на Тоше на 25.01.2024 година. Уживајте!

Николоски: Mojoт реизбор за потпретседател на ЕПП во Советот на Европа е потврда за поддршката која ја има ВМРО-ДПМНЕ

Европската Народна Партија е најголема политичка партија во Европа, има најмногу пратеници во ЕП, и најмногу пратеници во Парламентарното собрание на Советот на Европа каде што сум и јас. Има и најмногу премиери и претседатели во држави кои што се земји членки на ЕУ, и ја има и претседателката на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија говорејќи за тоа што беше реизбран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа.

„Доаѓате од мала држава како што е Македонија, сме во земјите кои што имаат најмалку гласови затоа што оди и според пропорција на број на жители. Мислам дека е сериозно достигнување, но други треба да зборуваат за мене. Но, факт е дека е сериозно достигнување“, појасни Николоски.

Тој додаде дека залудно е оцрнувањето на власта кон ВМРО-ДПМНЕ, сепак делата говорат дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за да Македонија влезе во ЕУ.

„СДС и ДУИ многу сакаат да се фалат со поддршка на странците. Но, не гледам дека нив ги бираат на било која позиција, еве нас не бираат. Не можам да се сетам за ниеден посериозен избор на било која позиција од страна на кандидат номиниран од СДС или ДУИ. А, запазете плус се владејачки партии и ја имаат целата логистика на Владата, на македонската дипломатија, итн.“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски посочи дека тој сам успеал бидејќи ја нема логистиката како што ја имаат партиите кои што се на власт.

„Не видов на пример да било кој од Македонија да е избран па макар и за обичен чинар, или писар во било која институција каде што Македонија членува. Еве со ОБСЕ претседававме, не слушнав дека било кој од Македонија е избран пошта да прима во ОБСЕ. А, да не зборувам за посериозна позиција“, нагласи Николоски.

Тој рече дека од власта не можат да се пробијат ниту во некоја од институциите во кои што Македонија членува. А, тоа говори дека власта е неспособна.

„Таму не се пробивате со корупција, таму се пробивате со квалитет“, нагласи тој.

„Македонија имаше единствена можност да организира самит на ОБСЕ во рамки на сопствено претседателство, самитот наместо да е за Македонија победа стана пораз од причина што се наместија два тендери“, заклучи Николоски.

Тој укажа дека поради власта се вакви состојбите во Македонија.

Среде јануари Шпанија ја погоди топлотен бран: Температури и до 30 степени

Во Шпанија, која ја погоди топлотен бран среде јануари, денеска се регистрирани температури од околу 30 степени Целзиусови, соопшти локалната метеоролошка служба.

Во Валенсија денеска беше 29,5 степени, а во Малага 27,8 степени, соопшти службата, додавајќи дека во околу 400 метеоролошки станици се забележани температури над 20 степени.

Ваквата температура е специфична за средината или крајот на јуни, односно во текот на летото, изјави портпаролот на метеоролошката служба.

Според Давид Корел, истражувач од Универзитетот во Валенсија, топлото време среде зима, која го зафати југоисточниот дел на Франција, е предизвикано од присуството на силен антициклон над Средоземното Море.

Шпанија се соочува со сè почести топлотни бранови, понекогаш и надвор од летните месеци, што ги загрижува научниците.

Земјата веќе регистрира невообичаено висока температура во декември, со максимални 29,9 степени во Малага, што е национален рекорд за месец декември.

Топлотните бранови се јавуваат во контекст на тешка суша, особено во Андалузија и Каталонија на исток, каде властите воведоа рестриктивни мерки за потрошувачката на вода, по три години слаби врнежи дожд.

Во Каталонија, во средината на јануари, нивото на акумулации во кои се складира дождовницата за употреба во сушните месеци падна на 17 отсто од капацитетот. Доколку падне под 16 отсто, што се чини дека е неизбежно, властите нема да имаат друг избор освен да прогласат вонредна состојба, со дополнителни ограничувања.