дома блог страница 888

Братот на Џафери: Талат има коефициент на интелегенција како Алберт Ајнштајн, а можеби и поголем

Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем – вели во изјава за косовската телевизија „Клан“, Нешат Џафери, брат на техничкиот премиер Талат Џафери

„Знаев дека ќе биде изгласан затоа што не ги остава работите на половина“, вели Нешат Џафери, брат на техничкиот премиер Талат Џафери, кој од семејниот дом го следеше изборот на техничката влада, а на гости му беше екипа од косовската телевизија „Клан“.

Според Нешат Џафери, неговиот брат Талат Џафери, со посебна посветеност ги завршува обврските, без разлика дали има неразумни пречки од други партии или пратеници.

Тој вели дека Талат секогаш наоѓа правилен и реален пат за подобар соживот на народите во Македонија, без разлика на која нација или вера припаѓаат.

Понатаму, Нешат додава дека брат му не одмора дури и кога доцна се враќа дома, но затоа цени дека е искусен и има капацитет да ја води државата.

„Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем“, вели Џафери.

Со 65 гласа „за“ и 3 „против“, Собранието денеска ја изгласа техничката влада, по речиси двочасовна пленарна дискусија. Премиер во преодната влада е Талат Џафери од ДУИ.

ДИВ ЗАПАД! За две години во Прилеп запалени 23 возила, сторителите откриени само во 5 случаи

Во периодот од 01.01.2022 година до денес во Прилеп намерно се опожарени 23 возила од кои кај само 5 се откриени сторителите. Најмногу возила биле опожарени во 2023, дури 12, во 2022 година се опожариле 9 возила, а во месец јануари годинава 2 возила. Градоначалникот Јовчески бара преземање на посериозни мерки од полицијата за заштита на граѓаните – oбјави порталот “ИНФОКОМПАС”.

„Вакво нешто е недозволиво! Апелирам до Министерството за внатрешни работи итно да ги преземат сите потребни мерки за заштита на граѓаните. Наша основна обврска е да направиме се што е потребно секој жител да се чуствува безбеден и сигурен во сопствениот град“, вели во својата реакција градоначалникот Јовчески.

И граѓаните велат дека се чувствуваат небезбедни. Обвинуваат дека сторителите при голем број криминални дела не се откриваат.

„Ништо тоа е беззаконие што да ти кажам, никој не води сметка за ништо, нема власт, нема закон нема ништо. Не се чувствувам безбедно“’, вели еден граѓанин.

Целиот прилог погледнете го <a href=”https://infokompas.com.mk/2024/01/28/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b7%d0%b0-2-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bf-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8-23-%d0%b2%d0%be/?fbclid=IwAR28T59IJDsJ8554q36szFIMTBaDuInL2O0fHmWY5eq-DuCGAfAnxMqj_Zk”>ТУКА

Македонците од денеска кираџии во сопствената држава, пишуваат српските медиуми

Медиумите од регионот пишуваат за изборот на Талат Џафери за прв премиер Албанец. „Новости“ пишува дека Македонците од денеска се кираџии во сопствената држава, пренесувајќи ја и пораката од пратеникот Антонио Милошоски дека „Џафери не може да биде добар премиер“.

Српска „Република“ пишува дека Македонија доби за прв пат премиер Албанец, кој е еден од водачите на УЧК во 2001 година.

„Вести онлајн“ пренесува анализа за случувањата во Македонија и што ќе ја очекува земјата во следниот период по изборите.

Бугарската телевизија „БТВ“ пишува дека Македонија го доби првиот премиер кој е етнички Албанец.

Грчките медиуми исто така ја пренесуваат информацијата дека Талат Џафери е избран за привремен премиер во Македонија.

Дали и зошто некој го цензурира новинарот Момироски?

Редовната неделна колумна на новинарот Зоран Момироски, “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, која секој петок граѓаните ја читаа на порталот на “Радио Пела”, во предизборниот период нема да ја има. Ова во последното издание на колумната го најави новинарот, кој истакна дека наредните изданија граѓаните ќе можат да ги следат само на неговата фесјбук страна “Зоран Момироски”. Прилепчани кои редовно ги читаа сите изданија логично го поставуваат прашањето, “Дали и зошто некој го цензурира Момироски?”

Во последното пишување на “Радио Пела”, новинарот напиша:

ЗА ДВА ДЕНА МАКЕДОНИЈА ДОБИВА ТЕХНИЧКА ВЛАДА КОЈА ТРЕБА ДА ГИ СПРОВЕДЕ ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ.

ОД НОВИОТ СОСТАВ НА ПАРЛАМЕНТОТ НЕКОИ ОЧЕКУВААТ МНОГУ, ДРУГИ ПАК ДА ПРОДОЛЖИ НАШАТА СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА – ИНТЕГРИРАЊЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА. И НОВИ ПОЈАСНИ И ПОПРЕЦИЗНИ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО БОРБАТА СО СИТЕ ШТО СЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО ЕКОНОМСКО ПОЛИТИЧКИОТ, ФИНАНСИСКИ И ДРУГ ВИД НА КРИМИНАЛ.

ПОРАДИ ЧУВСТВИТЕЛНОСТА НА ПЕРИОДОТ КОИ ПРЕТСТОИ, ОСОБЕНО НА ЛУЃЕТО КОИ СО СВОЈОТ ,,ДЕМОКРАТСКИ“ КАПАЦИТЕТ СЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС, КАКО И ПОРАДИ ЗАСИЛЕНИОТ МОНИТОРИНГ ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ПРОЦЕС, КОЛУМНИТЕ КОИ ГИ ПОДГОТВУВАВ ПОД РАБОТЕН НАСЛОВ ,,ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ Е ПРОБЛЕМ“ НА РАДИО ПЕЛА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД НЕМА ДА ГИ ИМА. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА ВО ИЗМИНАТИВЕ СЕДУМДЕСЕТ НЕДЕЛИ СЕ ОБИДОВМЕ ДА ТРЕТИРАМЕ МНОГУ ПРАШАЊА, СТАВОВИ МИСЛЕЊА И РЕАЛНИ СОСТОЈБИ ШТО ГИ ТРЕТИРАА ГРАЃАНИТЕ.

ПРИТОА ОНИЕ КОИ ГИ СЛЕДЕА И ЧИТАА СЕ СВЕДОЦИ ДЕКА НА НИТУ ЕДНО ДРУГО МЕСТО НЕ МОЖЕА ДА СЕ ПРОЧИТААТ. ПОРАДИ ОБЈЕКТИВНОСТА БЕЗ ПАРТИСКА ИЛИ ,,МАФИЈАШКО-ПОЛИТИЧКАТА“ СЕЛЕКЦИЈА КОЛУМНИТЕ БЕА И ЌЕ ОСТАНАТ ЕДИНСТВЕНАТА МАЛА, АМА МНОГУ ЗНАЧАЈНА СВЕТЛИНА ВО ,,МРАКОТ“ КОЈ НАДВИСНАЛ НАД ПРИЛЕП.

ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА ЈАВНО НИКОЈ ОД ГРАЃАНИТЕ НЕ РЕАГИРАШЕ БИДЕЈЌИ ПРЕПОЗНАВАА ОБЈЕКТИВНОСТ И МЕСТО КАДЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ ДОЗНАЕ ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И МНОГУ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО ТОА ГО НУДИ ЕДНА ОБИЧНА ВЕСТ.

ПОРАДИ СЕТО ОВА КОЛУМНИТЕ ,,ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ Е ПРОБЛЕМ“ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ И ЌЕ ГИ ИМА НА ФЕЈСБУК ФАН СТРАНАТА, КОЈА ДЕНОВИВЕ Е ОТВОРЕНА НА ПРОФИЛОТ ЗОРАН МОМИРОСКИ – ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ Е ПРОБЛЕМ. ОТВОРЕНА СО СИЛНА ПОДРШКА ПРЕД СЕ’ НА ОНИЕ ГРАЃАНИ И НА ПОЕДИНЦИ ШТО САКААТ ДА СЕ ЗНАЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА И ШТО ПРАВАТ ЛИЧНОСТИТЕ ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, ВО ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ И ПОЕДИНЦИ ,,ПЕРЈАНИ“ КРИЕЈЌИ СЕ ЗАД ВИДЛИВАТА – БИ ПОЈАСНИЛ ЗАД ОНА ШТО СЕ НАРЕКУВА ЈАВНА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА ВО ПРИЛЕП.

Пишува : Зоран Момироски

(ВИДЕО) Вака се постигнуваат правата и почитување на земјоделскиот труд и мака: На Французите им шетаат стада овци низ градовите

Повеќе од 72.000 земјоделци со над 41.000 трактори во Франција учествуваа на големите протести во петокот низ речиси целата земја, незадоволни од владините политики, на повик на водечкиот земјоделски синдикат Националниот федерација на земјоделските синдикати (FNSEA).

Во некои општини протестите се одржуваат пред префектурите и административните згради. Медиумите известуваат дека неколку дена со ред земјоделците ја полевале со ѓубрива оградата на префектурата во општината Ажен, на југот на Франција. Ден претходно запалиле стогови сено и автомобилски гуми пред зградата, при што настанал голем поќар. Во средата беше објавено дека мајка и нејзината 12-годишна ќерка загинале во текот на протест на во јужната општина Ариеж, откако додека спиеле на барикадите од сено поставени на коловозот врз налетал автомобил.

Овие протести се совпаѓаат со слични протести на земјоделците во Германија и Полска, пишува Блумберг.

Францускиот премиер Габриел Атал во петокот се обиде да го смири гневот на фармерите, ветувајќи дека ќе го поништи планот за зголемување на даноците на земјоделското гориво и наметнување високи казни за компаниите кои не ги почитуваат правилата за преговори за цените. Тој, исто така, го повтори спротивставувањето на Франција на големиот трговски договор меѓу Европската унија и јужноамериканскиот блок на земји наречен Меркосур.

Сојузот на млади фармери, сојузник со моќната FNSEA, повика на блокада на регионот на Париз.

„Идејата е дека ниту еден камион нема да може да го снабдува главниот град и ќе треба да чекаме една недела за да го почувствуваме недостигот“, рече Максим Буизар, национален претставник на Младите фармери, за ТВ БФМ.

Избега и комшијата од Оливер Спасовски

Се ситни коалицијата на СДСМ, власта загуби уште еден пратеник во Собранието кој не гласаше за предложената влада предводена од Талат Џафери.

Иако денеска тој беше во Собранието од почетокот на седницата за избор на владата на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците пратеникот Мирослав Јовановиќ излезе од салата и не гласаше за техничката влада.

Кумановецот и сограѓанин на премиерот Ковачевски и комшија на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Мирослав Јовановиќ е основач и претседател на Српска странка во Македонија, пратеник во Собрание на Р. Македонија од 2017 година.

Од основањето на партијата таа е во коалиција со СДСМ.

Извор: “Експрес.мк”

17 пијани возачи “уловила” полицијата викендов на подрачјето на СВР Битола: Во Прилеп 4 возачи возеле под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер (27/28.01.2024)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 17 возачи од кои (12 во Битола, 4 во Прилеп, еден Ресен), а откриени биле и 9 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – информираат од СВР Битола.

Нова сезона, стари победнички патеки за прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај”: Девојките направија растур на првото Државно првенство

Успешен старт на новата натпреварувачка сезона за борачите на “7ми Мај – Златна рака” од Прилеп.

На држаниот сениорски турнир, кој викендов се одржа во Кочани, прилепскиот клуб го освои првото место во екипна женска конкуренција.

Девојките поединечно ги постигнаа следните резултати:

Елена Најдоска -50кг 3-то место
Теодора Димеска -53кг 1-во место
Михаела Богеска -53кг 2-ро место
Михаела Тодороска -57кг 1-во место
Леона Настоска -62кг 1-во место
Стефанија Перканоска -65кг 2-ро место,

Додека пак Филип Јованоски во категоријата до 86кг. покажа прекрасни борби и го освои петтото место.

-На нашите борачки и борачи им честитаме за постигнатиот успех и продолжуваме на наредниот фронт, Државното првенство за У23, каде очекуваме одлични резултати како и на ова првенство – велат од прилепскиот боречки клуб.

За пофалба се и тренерите: Стојанчо Тушески, Филип Јованоски и
Теодора Димеска, кои ги предводеа борачите и борачките на овој турнир.

Ангелов до СДСМ: Како што ќе гласате за УЧК – командантот Џафери, гласајте и за бранителите

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов апелира до пратеничката група на СДСМ да гласаат за донесување на поднесениот закон со кој ќе се обесштетат досега необесштетените браните од 2001 година и семејствата на загинатите браните. Како што ќе гласате поранешниот УЧК-овец Џафери да стане премиер, соберете храброст и гласајте за бранителите, порача Ангелов.

„Додека гласаат поранешниот командант од УЧК да стане премиер, нека соберат храброст и следните неколку дена нека гласаат и за оние кои загинаа или беа ранети од истата онаа УЧК од чии редови потекнува премиерот за кој гласаат денес…

Денес македонското Собрание ќе гласа за избор на техничка Влада која ќе биде предводена од досегашниот собраниски претседател и следен премиер, поранешниот командант од УЧК, Талат Џафери. На негово место во Собранието е избран координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

На крајот на ноември минатата година, Достоинство поднесе иницијатива со предлог закон за измена и дополнување на постоечкиот Закон за бранители, со кој треба да се обезбеди обесштетување на 10-тина воени инвалиди и 15-тина семејства на загинатите бранители кои се’ уште се необесштетени.

Со своите потписи пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ даде недвосмислена подршка на оваа иницијатива со што таа стана и официјален предлог закон.

Со образложение дека е испратен на превод на албански јазик, Талат Џафери избегна да го стави на дневен ред на собраниска седница овој предлог закон иако истиот се состои од само еден суштински член.

Затоа, во име на се уште необесштетените десеттина воени инвалиди и петнаесеттина семејства на загинати бранители апелирам до новиот собраниски претседател веднаш да го стави на дневен ред овој предлог закон, а до пратеничката група на СДСМ да даде поддршка на истиот.

Со поддршката на предлог законот на Достоинство ќе се исправи една голема неправда нанесена на воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители, но воедно ВМРО ДПМНЕ ќе ја тргне блокадата на Законот за вработените во одбраната кој го блокираа со над 1.500 амандмани.
Голема благодарност до пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ со надеж дека и пратеничката група на СДСМ на крајот на својот мандат ќе собере храброст и ќе се одважи да даде поддршка на се’ уште необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители од 2001-та. Исто како што денес ќе дадат поддршка на поранешен командант од УЧК, од истата онаа УЧК која ги уби или рани нашите соборци за кои бараме праведно обесштетување“, порача Ангелов.

Борко не запира,Вардар се засилува пред плеј-офот

Српскиот интернационалец Немања Гојковиќ (31) е новото засилување за „црвено-црните“ и ќе настапува за Вардар најмалку до крајот на сезонава. Тој игра на позиција среден бек и доаѓа од Израел каде настапуваше последните три години, во тимот на Бнеи Херцлија.

Со доаѓањето на Гојковиќ ќе се засили конкуренцијата на бековската позиција во тимот и тренерот Владо Недановски ќе има повеќе играчи за ротација на натпреварите.

Во својата играчка кариера Гојковиќ бил вицешампион на Србија со 2019 и 2020 година со екипата на Металопластика од Шабац. Има настапувано и за екипите на Слога Пожега, Ашерслебен (Германија), Пролетер Зрењанин и Младост Чачак.

Има настапувано и во СЕХА лигата со Металопластика, и во ЕХФ Купот исто така со Металопластика. Најдалеку стигнал со Слога Пожега кога во 2018 година играле во четвртфиналето на Челинџ Купот.

За репрезентацијата на Србија има настапувано на Медитеранските игри во Тарагона во 2018 година.