дома блог страница 887

Се’ за прилепските Мечкари: Одличен документарец на млад кинематограф од Прилеп (ВИДЕО)

Младиот фотограф и кинематограф Горан Попоски од Прилеп во неговиот документарен филм “Bear – Man”, на уникатен начин ги претставува сите интересни работи поврзани со маскирањето на касапскиот еснаф во Прилеп, кои за Прочка се преправаат во познатите прилепски Мечкари.

Погледнете во продолжение:

Битола со порака до Ковачевски (ФОТО)

Битолчани упатија порака до претдедателот на СДСМ, Димитар Ковачевски дека СДСМ и ДУИ се тендер коалиција.

Најмаска од минатогодишниот карневал “Прочка”: Тито и Јованка од село Куратица со Мерцедесот и гардата пристигнаа во Прилеп (Фото)

Прилеп веќе пулсира во карневалски ритам. Викендов се одржува карневалот “Прочка 2024”, а во пресрет на утрешното дефиле се потсетуваме на една од најкреативните маски од минатата година.

Кога Тито и Јованка од охридското село Куратица пристигнаа на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, изнудија голем број аплаузи, а прилепчани носталгично се потсетија на деновите во бивша Југославија.

За маската да биде комплетна, маршалот пристигна со бел Мерцедес, а зад него го придруживаше и неговата гарда.

Проштевањето е чистење на душата: Направете го ова пред Прочка

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле.

Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

Таа глетка е многу мила. Полнота на љубов и радост. Колку е благопријатно тоа чувство на проштевање и прегратка. Тоа ја облагородува душата и го поттикнува добродетелството. Тоа е рајска сцена и блажена состојба од душевната радост.

Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Сите тие обичаи се добра семејна радост. Тоа го прави семејниот амбиент топол и мил. Другите, пак, забави по повод Прочка, кои претставуваат јавен настап и посебни претстави (маски и карневали), немаат црковна или верска порака. Тие содржат повеќе хумор и смеа кои се овосветски и земни, материјални димензии на човечкото празнување или испразнување.

Тие го празнат човечкиот дух, а не го полнат. Тоа се пагански остатоци од претхристијанското време, со некои нови примеси за забава. Убаво е и тоа и добра е таа традиција, ама не такваа каква што е, туку, ако претставува парада и промоција на нашата кутура, музика, уметност и вера.

Таа да биде јавен настап на улиците и плоштадите, со претставување на делата полни со мотиви од нашата вера и култура. Да се види тој израз во нашата преубава македонска носија, во уметничките ракотворби, во постигнатите дела, во преубавата песна и во нашето оро со народната инструменталност. Да биде тоа претстава на градската музика и облека, платформа за убавите костими и тоалети, подиум со делата на македонскиот гениј и сето исполнето со богатството на убавината.

Таквата полнота на амбиентот ја облагородува душата и го полни духот со убавина и со добрина. Ете, тоа ни треба и тоа е манифестација на Прочка. Тоа е што го издигнува човекот повисоко, а не што го валка и што го урива надолу. Тоа треба да претставуваат тие излегувања на Прочка пред очите на луѓето и пред очите на Бога.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

ЦУК: Отстранета стара граната кај РЕК Битола, пожарникари од Прилеп и Крушево гаснеа пожар кај Врбоец

Регионалниот ЦУК Битола информира дека вчера во 10.30 часот, од пиротехничар на битолската ДЗС, од рудникот „Брод“ била безбедно подигната артилериска граната со калибар од 155 мм. со потекло од Првата светска војна, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

-Од пожари на отворено, во последното деноноќие има два. Еден утрово сѐ уште се води како активен, според добиените досегашни информации. Конкретно, РЦУК Велес известува дека во 15.22 часот бил пријавен пожар на отворен простор во атар на селото Подлес. На лице место била екипа на ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, со едно теренско возило и петмина вработени. Пожарот е лоциран во реонот селата Подлес – Крајници – Крнино, каде гори нискостеблеста шума и смрека. Поради лошиот и непристапен терен и настапување на ноќта, вработените од јавното претпријатие се повлечени од терен, за ако е потребно во текот на денешниот ден, повторно да се организираат со екипа за гаснење на пожарот, појаснија од ЦУК.

Пожарникарите од ТППЕ Крушево од 14.55 до 17.15 часот, со два пожарникара и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација и ја изгасиле во атар на селото Врбоец.

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено и редовно да се чистат локалните одводни канали, како и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Во последното деноноќие имало вкупно 1.972 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, од коишто „реални“ повици биле 40,97 отсто, а 59,03 проценти за други потреби на граѓаните, не итни. Кон полиција биле упатени 68,19 отсто, кон Итната медицинска помош 28,74 проценти, кон пожарникарите 1,84 од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.

Гимназијалците преблагодарни за донацијата на “ВИК МАКЕДОНИЈА” – Сега “ГЕНТЕРМ” е на потег!

Koмпанијата “WIK Македонија”, како општествено одговорна компанија, постојано дава свој придонес во подобрување на условите за работа во образовниот процес во Прилеп, како на учениците, така и на наставниот кадар.

Денеска претставници од компанијата ја посетија прилепската гимназија “Мирче Ацев”, каде донираа различни наставни помагала, кои секако ќе бидат од огромна помош за ова средно училиште.

-Ви благодариме Вик Македонија за вашата донација. Ви благодариме што вложувате во подобрувањето на условите за работа во образованието. Влогот во образованието е влог во иднината на младите – напиша директорката на гимназијата Весна Михаиловска.

Секоја чест! Ученици од ООУ “Кочо Рацин” со поддршка од компанијата “Тила” ќе засадат 2.000 дрвца

„Тила“, единствениот македонски бренд за деца, овој пат во една малку поразлична добротворна акција, поттикната од добрата и јасна цел на едно деветгодишно дете да помогне на природата со пошумување на дрвја.

Оваа акција се одвива на опожарениот дел на планината Селечка, во близина на манастирот Св. Димитрија во с. Селце. со вкупен број на 2.000 садници кои ги обезбеди ОOУ „Кочо Рацин“ и компанијата „Тила“ од Прилеп, а ќе бидат насадени од страна на сите дечиња од IV до IX одделение.

– Кога се децата во прашање, ние имаме слух за нивните потреби, се разбира во рамките на нашите можности. Досега сме помогнале со разни донации на гардероба од нашиот бренд, но овој пат наидовме на нешто сосема поразлично. Искрено и од сѐ срце ја поддржуваме оваа идеја за да испратиме убава порака до сите дечиња, па и до нас возрасните, за тоа колку малку треба за да се направи едно добро дело – вели управителот на „Тила“, Ивана Зајкоска.

Помошта за реализација на оваа искрена идеја на едно дете не запира тука. Јавното претпријатие „Македонски шуми“ од Прилеп го подготви теренот за ова пошумување, додека компанијата „Дам Дам градина“ од Прилеп е тука за да ги едуцира и води децата низ процесот на пошумување и за нашето влијание врз природата.Превозот на учениците до локацијата го обезбеди ПУП Општина Прилеп.

Деветгодишното дете ја предложило оваа идеја пред своите соученици од IVа одделение во ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп за време на изборот на претседател на класот. Предизвик, а воедно и цел, на ова дете било да направи нешто што би било добро за сите дечиња, со што ја добило довербата на неговите соученици.

Со цел да се реализира оваа добра мисла, „Тила“, како општествено одговорна компанија чиј свет е исто така детскиот свет и нивните потреби, ќе ги поддржи најмладите, заедно со одделенскиот наставник Анета Станкоска и директорката на училиштето – Јулијана Тренкоска.

– Оваа поддршка на едно училиште во воспитно-образовниот процес на децата е исклучителна и од големо значење и само на овој начин ќе успееме заедно во создавањето на совесни и одговорни млади личности – вели Ивана Зајкоска.

„Тила“ е детски бренд за облека со сопствено производство и дизајн во Прилеп. Ние сме единствена компанија во Македонија што целокупниот процес од идеја, дизајн, набавка, производство и продажба на детска колекција, го реализира сама. Компанијата во моментот брои вкупно 22 вработени и успеа да ги задржи најголем дел од своите вработени по невидената загуба која ја доживеа во пожарот на 21.04.2023 година.
Двете сестри, Ивана и Наташа, ја создаваат „Тила“ во 2009 година и го преземаат семејниот бизнис, кој долги години се занимаваше со производство на ексклузивни дизајнерски детски брендови од светската мода.

Учејќи од најдобрите, преку личното работно искуство, двете сестри оставаат свој печат на модниот пазар во Македонија.Нивната единствена цел им е да го создаваат најдоброто за децата, слушајќи ги истовремено потребите на мајките и децата.
Колекциите на „Тила“ се создадени според модните трендови во светот, ставајќи најголем акцент на квалитетот на производството, како и на изборот на материјали.

Низ годините, „Тила“ се труди да биде општествено одговорна компанија, со единствена цел да помага на децата. Во рамките на своите можности, има донирано од својот асортиман на неколку институции и семејства меѓу кои се: општата болница во Прилеп (гинеколошко одделение), ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, ОУ. „Пецо Даскалот“ с. Долнени, „Детска амбасада за сите деца во светот“ од Прилеп, здружението „Порака“ од Прилеп итн.

Нема крај: Уште еден прилепчанец фатен со бесправно сечени огревни дрва – овојпат на патот помеѓу селата Беловодица и Царевиќ

Фото/илустрација

На 14.03.2024 во 20.00 часот на пат за с.Беловодица – с.Царевиќ, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода В.С.(36) од Прилеп.

При контрола на патничко возило „даеву” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва без документација.

Дрвата биле предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Уапсен жител од прилепско Големо Коњари: Полицијата му пронајде пушка и куршуми, за кои се сомневаат дека потекнуваат од кривично дело

На 14.03.2024, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Ч.С.(21) од с. Големо Коњари, прилепско.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Прилеп, биле пронајдени и одземени воздушна пушка, повеќе куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Бојмацалиев: Вложени 45 милиони денари за реконструкција на станиците во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Кривогаштани

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работни средби со раководствата на СВР Битола и Одделенијата за внатрешни работи во Прилеп и Крушево во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

Од страна на раководството на СВР Битола Бојмацалиев беше брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица, при што беше оцененат безбедносната состојба како поволна и без поголеми нарушувања на ЈРМ.

„Изминативе шест години на подрачјето на СВР Битола реконструирани пет објекти и тоа: СВР Битола, ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Крушево и Полициско одделение Кривогаштани кои беа со децении запоставени. За сите посочени пет објекти издвоивме средства од Буџетот на МВР во износ од 45 милиони денари кои според сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик целосно ги задоволуваат бараните критериуми за непречено функционирање на полициските служби во интерес на подобрување на услугите на граѓаните од овој регион”, рече Бојмацалиев, со уверување дека вработените од СВР Битола ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.

За време на посетата на Крушево, Бојмацалиев оствари средба со градоначалникот Томе Христовски на којашто ја констатиравме одличната соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа, во насока на безбеден изборен процес. По средбата, Бојмацалиев го посети и вечното почивалиште на Тоше Проески каде што положи цвеќе во знак на почит на прерано загинатата музичка ѕвезда.