дома блог страница 885

Полицијата влезе во затворската ќелија каде биле сместени двајца прилепчани и двајца битолчани – Еве што им пронашле

На 17.03.2024 во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес во просторијата во која биле сместени осудениците М.Б.(28) од Битола, А.Т.(32) од Прилеп, А.Ф.(32) од Прилеп, Е.С.(27) од Скопје и Е.М.(30) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон.

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Николоски: Заедно со граѓаните ќе ја декласираме СДС, на изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе биде убедлив победник по број на гласови и пратеници

„Очекувам најголема победа по изборни единици за ВМРО-ДПМНЕ, со најголем број на гласови и со најмногу пратеници, убеден сум дека четвртата изборна единица ќе го направи тоа, да ги декласираме СДС и да ги испратиме еднаш засекогаш во историја и нив и ДУИ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашната емисија „За или против“.

Николоски кажа дека причината поради која повторно е носител на 4-тата изборна единица е конечно ставањето крај на криминалот и корупцијата како и мотивот да се направи нешто добро за граѓаните особено во земјоделието и економијата.

Како што кажав јас сум втор пат носител во 4-ката не е тоа случајно, прво четвртата изборна единица е најголема изборна единица во Македонија кога ќе видите географски почнува кај Струмичко Ново Село на границата со Бугарија завршува во Битола. Така што целиот тој јужен и југоисточен дел на Македонија е дел од четвртата изборна единица. 19 општини се вкупно, што е исто така голема бројка само да се посетат, да се поразговара со луѓето, 2020 решив да се натпреварувам таму, јас не го кријам тоа ниту сум од Струмица, ниту сум од Прилеп, причината зошто отидов да се натпреварувам токму во 4-тата изборна единица затоа што сметав дека треба да удриме директно во чело на криминалот, тогаш носител беше Зоран Заев и направивме одличен резултат“, истакна Николоски и додаде:

„Причината зошто го прифатив предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да повторно бидам носител во четвртата изборна единица и за што сум многу благодарен е да ја довршиме оваа работа и да го расчистиме криминалот прво на избори а после тоа и правно. Од друга страна 4-тата изборна единица сепак ние сме патриотска партија е најмакедонска изборна единица, најмногу македонци живеат таму и сакам да направиме убави работи секако со цела почит кон сите останати кои што живеат во Македонија, има и многу Турци кои што живеат во 4-тата изборна единица Роми исто така и сакам да направиме убави работи после победата на изборите. Така што ова се мотивите, постојат и бројни други пред се во делот на земјоделието и на економијата затоа што има многу индустрија во 4 ката и за сето тоа ќе зборуваме во кампањата. Јас веќе стартував пред кампања секој ден сум на терен денеска после овој разговор заминувам за Кавадарци и за Неготино. Бев во Струмица, бев во Василево, Босилово, Ново Село, Могила, Новаци, Прилеп, така што веќе половина изборна единица е помината“.

Николоски посочи дека граѓаните во Македонија очекуваат промени и посакуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ односно конечна промена на актуелната власта.

„Со исклучок на оние најтврди членови на СДС, сите останати во изборната единица 4 сметаат дека власта треба да се промени и власта ќе се промени. Тоа очекување на граѓаните ние ќе го постигнеме, причини има многу пред се во делот на криминалот и корупцијата кои што процветаа во Македонија, како и лошите економски состојби и иселувањето“, рече тој.

Дерби си е дерби: Масовна тепачка помеѓу фудбалери на натпревар во Богомила, се вклучила публиката

На 17.03.2024 во 11.00 часот на фудбалското игралиште во село Богомила, општина Чашка, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Богомила од с.Богомила и ФК Мартолци од с.Горно Врановци, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу играчи од двете екипи и дел од публиката, по што натпреварот бил прекинат.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(Фото галерија) Традиционално, со вкусно бело касапско гравче заврши празнувањето на Прочка во Прилеп

Карнeвалски случувања во Прилеп по повод празникот Прочка, се заокружија денеска на Чист понеделник со заеднички ручек во манастирот Св. Ѓорѓија.

Ручекот традиционално е организиран од „Прилепските мечкари“, со што заокружено е годинешното 22-ро по ред издание на карневалот Прочка во Прилеп.

На трпезата неминовно е посното бело вкусно гравче, а на ручекот покрај касапскиот еснаф присуствуваа и голем број гости.

За музичкиот дел, како и минатите години, се погрижи Оливер Лозаноски со неговиот бенд.

Со денешниот ден започнуваат големите Велигденски пости. Нека се за многу години и напомош!

Ќе се апси во труд и социјала? Објавен милионски криминал – Прилеп во врвот!?

2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, обзнани денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

„За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на министерството. Имаме првични сознанија дека забележана е и ретроактивна исплата на средства за повеќе месеци наназад, што отвори голем сомнеж за извршени злоупотреби во институциите под надлежност на министерството за труд и социјална политика“, појаснува министерот Велковски.

Манипулацијата е системска а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица, смета тој, за што е започнат вонреден инспекциски надзор со цел откривање на сторителите позади овој милионски криминал во Министерството за труд и социјална политика.

„Мојата цел како министер за труд и социјална политика е да обзнанам пред целата македонска јавност што се случувало во ресорот кој денес го водам и да не дозволам да се случува вакво изигрување на системот. За да биде појасно, еден од условите за остварување на правата е да се провери материјалната, социјалната и имотната состојба на корисникот, а тоа е да не поседувате возило, како и приходи остварени по други основи. Инспекциските служби од министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори се со цел да се открие кој навистина стои позади овој криминал од милионски размери“, изјави Велковски.

Како што и претходно појасни министерот Велковски, вкупната бројка на детектирани злоупотреби е за 2.252 лица и тоа:

Берово – 15; Битола -166; Валандово – 23; Велес – 98; Виница – 11; Гевгелија – 9; Гостивар – 164; Дебар – 31; Делчево – 3; Демир Хисар – 3; Кавадарци – 23; Кичево – 49 ; Кочани –18; Кратово – 4; Крива Паланка – 9; Крушево – 22; Куманово – 235; Македонски брод – 6; Неготино – 4; Охрид – 40; Прилеп – 229; Пробиштип – 1; Радовиш – 56; Ресен – 1; Свети Николе – 6; Скопје 714; Бутел – 45; Гази Баба – 79; Карпош – 125; Кисела Вода – 155; Центар – 38; Чаир – 151; Шуто Оризари – 121; Струга – 32; Струмица – 70; Тетово – 150; Штип – 59.

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,13% во однос на одлуката од 11.3.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,891%, кај дизелот за 0,594%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,566% и кај мазутот зголемувањето е за 0,314%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,817%

Од 19.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,797 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,222 ден/кг и сега ќе изнесува 43,797 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.3.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Започнува велигденскиот пост: Бадијала не јадеш месо ако го “јадеш” својот брат (ВИДЕО)

Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тогаш, зошто се нарекува Четириесетница? Затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица.

Постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло.

Вистинскиот пост започнува со Чист понеделник, денот по Прочка. Но неделата пред Прочка се вика Месопусна недела, народот ја вика и месопусни поклади зашто тогаш се запокладува, (се запостува) со месо. Во текот на оваа недела се јаде сирење и други млечни производи поради што се вика и Сирна недела, некои ја викаат и Бела недела. Прочка се вика уште и Сирни поклади поради што од тогаш се пости и од млечни производи, а се вика и Проштени поклади, бидејќи тогаш луѓето меѓу себе си ги простуваат гревовите.

За тоа како треба да се однесуваме на овие пости, погледнете го прилогот на поранешната прилепска телевизија “КАНАЛ ВИЗИЈА”:

(ФОТО) Да можат со автомобилите и на Градскиот Саат ќе се качат

Прилеп, недела, празник Прочка…. При десетина паркинзи во центарот на градот, при катна гаража, културата на дел од нашите сограѓани им е следна:

Веројатно да можат, со автомобилите ќе се качат и на Градската Саат кула….

Најмалиот срцев пејсмејкер во светот, имплантиран од лекар од Битола во Германија

Доктор на медицински науки Дејан Начоски, искусен интервентен кардиолог во Ахен/Вирзелен Германија е битолчанец кој работи веќе 17 години во Германија и успешно ги изведува најновите иновации во интервентната кардиологија, како отварање на комплексни запушувања на срцевите садови /стентирања, вградувања на сите видови на пејсмејкери, најновите методи на аспирација на тромб во белите дробови , затварање на вродени срцеви мани итн – објави “КУРИР.МК”.

Др. Дејан Начоски е Македонец, интервентен кардиолог кој е сертифициран за вградување на најмалиот пejсмејкер во светот .

„Накратко за стандарните Пејсмејкери тие се Електростимулатори кои се состојат од електрични жици со дожина од 53 до 60 цм поврѕани со електронско куќиште. За да се вгради стандарден Пејсмејкер треба да се направи рес од 6 до 10см под клучната коска, се препарира џеб во кој се вградува/вметнува Пејсмејкерот, од таму преку вена се вметнуват жиците од 60 цм во десната предкомора и во десната комора види слика“, објаснува Др. Начоски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Првични резултати на руските избори – Путин освоил над 87% од гласовите!

Претседателот Владимир Путин освоил рекордни 88 отсто на руските претседателски избори, покажаа првите прелиминарни резултати и излезните анкети, со што ја зацврсти неговата моќ иако илјадници негови противници организираа симболичен протест „Пладне против Путин“ на избирачките места.

Шефот на Централната изборна комисија Ела Памфилова за руската државна телевизија изјави дека за Владимир Владимирович Путин се избројани 15.759.224 гласови – односно 87,97 отсто.

Излезноста беше 74,22 отсто, рече таа.

Со преброени 30 отсто од гласовите, комисијата на останатите кандидати им дава меѓу 3 и 4 отсто, но централно место на ова гласање ќе бидат гласовите од окупираните украински територии.

Во Луганск, во источна Украина, комисијата му додели на Путин 94,12 отсто од гласовите, во Херсон 88,12 отсто, а во Доњецк и Запорожје исто така му доделија повеќе од 90 отсто од гласовите.

Првиот резултат значи дека Путин, кој дојде на власт во 1999 година, се чини дека лесно ќе добие нов шестгодишен мандат со кој ќе го надмине Јосиф Сталин како лидер со најдолг стаж во Русија по повеќе од 200 години.

Путин освоил 87,97 отсто од гласовите, највисоки досега во постсоветската историја на Русија, според излезната анкета на ФОМ.

Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) го стави Путин на 87 отсто. Првите официјални резултати покажаа дека анкетите биле точни, пишува Ројтерс.