дома блог страница 884

(Фото галерија) Девет и пол часа, по температури и до -20, снег, магла, плус ноќе – Тројца прилепчани се искачија на покривот на Шар Планина

Tројца млади прилепчани на 10. март направија подвиг на кој ретко кој би се осудил. Својата екстремна љубов кон природата и природните убавини на Македонија, ја крунисаа со екстремна експедиција, а тоа е ноќно искачување на вториот највисок планински врв во нашата држава – Титов Врв.

По екстремно силен ветер кој достигнувал брзина и до 70км/ч, по снег, магла и температура која се спуштила и до -22 °С, Филип Илиоски, Даниел Кочоски и Иге Димитриески , 02:40часот после полноќ на 10.03. се искачија на 2.747метри надморска височина и ни пренесоа невидена убавина, која секој би поскал да ја почувствува.

Искачувањето траело 09часа и 30 минути, а на моменти им мрзнел инструментот за навигација (гарминот), што предизвикало неколку пати да се изгубат од трасата на искачување и да вртат во круг. Сепак на крајот успеале во намерата, а според фотографиите во продолжение ќе можете да видете колку овој нивни напор се исплател:

Mу се може: Албанскиот премиер Рама турна новинарка, затоа што му постави незгодно прашање (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама денеска за време на прес-конференцијата турна новинарка, откако, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето кое што таа му го поставила.

Наводно, новинарката го прашала „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, додека во сегашното пристаниште Драч се продаваат становите на приватните инвеститори“.

229 прилепчани незаконски примале социјална помош?!

2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, обзнани денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

„За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на министерството. Имаме првични сознанија дека забележана е и ретроактивна исплата на средства за повеќе месеци наназад, што отвори голем сомнеж за извршени злоупотреби во институциите под надлежност на министерството за труд и социјална политика“, појаснува министерот Велковски.

Манипулацијата е системска а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица, смета тој, за што е започнат вонреден инспекциски надзор со цел откривање на сторителите позади овој милионски криминал во Министерството за труд и социјална политика.

„Мојата цел како министер за труд и социјална политика е да обзнанам пред целата македонска јавност што се случувало во ресорот кој денес го водам и да не дозволам да се случува вакво изигрување на системот. За да биде појасно, еден од условите за остварување на правата е да се провери материјалната, социјалната и имотната состојба на корисникот, а тоа е да не поседувате возило, како и приходи остварени по други основи. Инспекциските служби од министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори се со цел да се открие кој навистина стои позади овој криминал од милионски размери“, изјави Велковски.

Како што и претходно појасни министерот Велковски, вкупната бројка на детектирани злоупотреби е за 2.252 лица и тоа:

Берово – 15; Битола -166; Валандово – 23; Велес – 98; Виница – 11; Гевгелија – 9; Гостивар – 164; Дебар – 31; Делчево – 3; Демир Хисар – 3; Кавадарци – 23; Кичево – 49 ; Кочани –18; Кратово – 4; Крива Паланка – 9; Крушево – 22; Куманово – 235; Македонски брод – 6; Неготино – 4; Охрид – 40; Прилеп – 229; Пробиштип – 1; Радовиш – 56; Ресен – 1; Свети Николе – 6; Скопје 714; Бутел – 45; Гази Баба – 79; Карпош – 125; Кисела Вода – 155; Центар – 38; Чаир – 151; Шуто Оризари – 121; Струга – 32; Струмица – 70; Тетово – 150; Штип – 59.

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” Прилеп – Во сабота претставата “АУДИЦИЈА”

Сабота (23.03.2024), со почеток од 19:30ч. – претставата “АУДИЦИЈА” од Александар Галин

**************************
Превод: Сузана Киранџиска
Режија : Владимир Милчин
Избор на музика: Ема Маркоска Милчин и Владимир Милчин
Сценографија : Крсте С. Џидров
Kостимографија: Марија Пупучевска.

Играат:

Нина Карнаухова ………………… Марија Спирксока Илијеска
Варвара Волкова …………………. Даниела Иваноска
Кате Волкова………………………… Ангела Наумоска
Лиза Волкова………………………… Сара Спирксока к.г.
Тамара Тумбе ……………………….. Јасмина Мицовска Станкоска
Олга Пухова…………………………. Наташа Ачански
Алберт …………………………………. Илија Волчески к.г.
Тецуѕин Аоки……………………….. Александар Тодески
Борис Карнаухов…………………… Игор Трпчески
Васил Тумбе ………………………… Зоран Иваноски
Биктор Пухов ………………………. Михајло Миленкоски

Утрово се рушеше дивоградба во Ѓорче Петров, градоначалникот порача: Нема заштитени! (ВИДЕО)

Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски кој сподели видео од рушење на дивоградба.

-Нема да дозволиме провлекување на поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со отпочнување постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката и беше даден предвидениот рок да постапи, но истата ги игнорираше нашите предупредувања. Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени кои си играат детски игри на сметка на сите нас, градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола, порача тој.

Вели дека согласно законската регулатива, донеле Решение за отстранување на објектот и нема да отстапат од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.

-Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и “дупки во законот” за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото. Цврсто стоиме на ставот да се справиме со сите кои ќе намислат слично да постапуваат. Имајте во предвид дека никој нема да биде поштеден!, порача градоначалникот.

Tрагедија ја потресе Македонија: Автомобил излета од пат, загина бебе

Бебе почина како последица од здобиени повреди откако автомобил излета од пат.

Трагедијата се случила вчера околу 12:50 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново.

Автомобил „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетал од коловозот.

-Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко, информира МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

МАРИОВСКА БУНА! Се бара спас и развој за една од најголемите области во Македонија (ФОТО)

ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА МАРИОВО ВО САБОТАТА СПРОВЕДЕ УСПЕШЕН ПРОТЕСТ СО БЛОКАДА НА ПАТОТ ЗА МАРИОВО И ГИ ИЗНЕСЕ СВОИТЕ БАРАЊА И СТАВОВИ ВО ОДНОС НА ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИОТ ИГНОРАНТЕН ОДНОС НА СИСТЕМОТ КОН МАРИОВО.

Соопштението од Иницијативниот одбор во целост го пренесуваме во продолжение:

-ОВАА ОБЛАСТ Е ЗНАЧАЕН ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И РАСПОЛАГА СО ЗНАЧАЈНИ СТОПАНСКИ, КУЛТУРНИ, ИСТОРИСКИ И АНТРОПОЛОШКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ, ОСОБЕНО СО СВОИТЕ СПЕЦИФИЧНИ ВРЕДНОСТИ, НО НЕСООДВЕТНИОТ ОДНОС ЈА ДОВЕДЕ ВО КРАЈНО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА, ОСОБЕНО НЕЈЗИНИТЕ ЖИТЕЛИ И СИТЕ, КОИ ИМААТ КАКОВ БИЛО ИНТЕРЕС ВО НЕА. СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА, БАРЕМ НЕКОЈ ОД ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА ВО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ПОКАЖАТ СООДВЕТНА СВЕСТ И ЌЕ ПОСТАПАТ СОВЕСНО КОН ГОЛЕМИОТ БРОЈ ПРОБЛЕМИ ВО ОБЛАСТА НАТРУПАНИ СО ГОДИНИТЕ И ДЕЦЕНИИТЕ!

ВО ДЕЛОТ ОД ПРОТЕСТОТ – СОБИР ПРЕД ОПШТИНА ПРИЛЕП, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПРИМИ ПОГОЛЕМ БРОЈ ОД УЧЕСНИЦИТЕ, КОИ ГИ ИЗНЕСОА СВОИТЕ ПРОБЛЕМИ И СОГЛЕДУВАЊА ВО ОДНОС НА СОСТОЈБАТА ВО ОВОЈ КРАЈ. СРЕДБАТА БЕШЕ СО КОНСТРУКТИВЕН РАЗГОВОР И РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ, МИСЛЕЊА И ИДЕИ И СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЗА НАЈСКОРО ВРЕМЕ ЌЕ ВИДИМЕ И КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ.

ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ИМ БЛАГОДАРИ НА СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА ПРОТЕСТОТ И, ВОЕДНО, ИМ ПОРАЧУВА НА СИТЕ, КОИ СЕ ОБИДОА ДА ИМПЛИЦИРААТ НЕНАКВА ЗАДНИНА НА НАСТАНОТ ДЕКА СЕ ВО ТЕШКА ЗАБЛУДА, БИДЕЈЌИ ОВОЈ ПРОТЕСТ, КАКО И СИТЕ РЕАКЦИИ И НАСТАНИ ОРГАНИЗИРАНИ ОД ОВОЈ ОДБОР ИМААТ ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ, ДА СЕ ПОТТИКНЕ ВИСТИНСКИ ОДНОС КОН ОБЛАСТА И ДА СЕ ЗАПОЧНЕ МОБИЛИЗИРАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ПРАВЕЦ НА НЕЈЗИН РАЗВОЈ. СИТЕ АКТИВНОСТИ НА ОДБОРОТ СЕ ЗА РАЗВОЈ НА МАРИОВО И НЕ СЕ НАСОЧЕНИ ПРОТИВ, НИТУ ЕДЕН СУБЈЕКТ ВО ДРЖАВАТА. ЕИНСТВЕНО, ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ОДГОВОРНИ СУБЈЕКТИ ДА ЗАПОЧНАТ СО ИСПОЛНУВАЊЕ НА СВОИТЕ ОБВРСКИ КОН ОБЛАСТА, НА КОИ СЕ ОБВРЗАНИ СОЗАКОН.

ФОТО/ТЕКСТ/Тренчо Димитриоски

Прилепчанец во иста вечер нападнат два пати: Прво сам, а потоа и со брат му

На 18.03.2024 во 00.20 часот во ОВР Прилеп, Т.Д.(50) од Прилеп пријавил дека во царински терминал на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп бил физички нападнат од Б.Б. и уште едно лице. Подоцна, според пријавеното, на ул.„Борка Влачарот“ во Прилеп, Б.Б. заедно со Х.З. и И.Б. повторно го нападнале него и неговиот брат З.Д..

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицијата влезе во затворската ќелија каде биле сместени двајца прилепчани и двајца битолчани – Еве што им пронашле

На 17.03.2024 во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес во просторијата во која биле сместени осудениците М.Б.(28) од Битола, А.Т.(32) од Прилеп, А.Ф.(32) од Прилеп, Е.С.(27) од Скопје и Е.М.(30) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон.

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Николоски: Заедно со граѓаните ќе ја декласираме СДС, на изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе биде убедлив победник по број на гласови и пратеници

„Очекувам најголема победа по изборни единици за ВМРО-ДПМНЕ, со најголем број на гласови и со најмногу пратеници, убеден сум дека четвртата изборна единица ќе го направи тоа, да ги декласираме СДС и да ги испратиме еднаш засекогаш во историја и нив и ДУИ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашната емисија „За или против“.

Николоски кажа дека причината поради која повторно е носител на 4-тата изборна единица е конечно ставањето крај на криминалот и корупцијата како и мотивот да се направи нешто добро за граѓаните особено во земјоделието и економијата.

Како што кажав јас сум втор пат носител во 4-ката не е тоа случајно, прво четвртата изборна единица е најголема изборна единица во Македонија кога ќе видите географски почнува кај Струмичко Ново Село на границата со Бугарија завршува во Битола. Така што целиот тој јужен и југоисточен дел на Македонија е дел од четвртата изборна единица. 19 општини се вкупно, што е исто така голема бројка само да се посетат, да се поразговара со луѓето, 2020 решив да се натпреварувам таму, јас не го кријам тоа ниту сум од Струмица, ниту сум од Прилеп, причината зошто отидов да се натпреварувам токму во 4-тата изборна единица затоа што сметав дека треба да удриме директно во чело на криминалот, тогаш носител беше Зоран Заев и направивме одличен резултат“, истакна Николоски и додаде:

„Причината зошто го прифатив предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да повторно бидам носител во четвртата изборна единица и за што сум многу благодарен е да ја довршиме оваа работа и да го расчистиме криминалот прво на избори а после тоа и правно. Од друга страна 4-тата изборна единица сепак ние сме патриотска партија е најмакедонска изборна единица, најмногу македонци живеат таму и сакам да направиме убави работи секако со цела почит кон сите останати кои што живеат во Македонија, има и многу Турци кои што живеат во 4-тата изборна единица Роми исто така и сакам да направиме убави работи после победата на изборите. Така што ова се мотивите, постојат и бројни други пред се во делот на земјоделието и на економијата затоа што има многу индустрија во 4 ката и за сето тоа ќе зборуваме во кампањата. Јас веќе стартував пред кампања секој ден сум на терен денеска после овој разговор заминувам за Кавадарци и за Неготино. Бев во Струмица, бев во Василево, Босилово, Ново Село, Могила, Новаци, Прилеп, така што веќе половина изборна единица е помината“.

Николоски посочи дека граѓаните во Македонија очекуваат промени и посакуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ односно конечна промена на актуелната власта.

„Со исклучок на оние најтврди членови на СДС, сите останати во изборната единица 4 сметаат дека власта треба да се промени и власта ќе се промени. Тоа очекување на граѓаните ние ќе го постигнеме, причини има многу пред се во делот на криминалот и корупцијата кои што процветаа во Македонија, како и лошите економски состојби и иселувањето“, рече тој.