дома блог страница 883

Tри лица влегле во домот на 73-годишна прилепчанка, ја ограбиле и нападнале

На 20.03.2024год., во 03:30 часот во Полициската станица Прилеп, Ц.Т.(73) од Прилеп, пријавила дека три лица влегле во нејзиниот дом во Прилеп и одзеле пари и други предмети, а откако ги забележала, едното од нив физички ја нападнало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од ОВР Прилеп.

Народот вели: “Испеј си едно петтолебие за здравје” – Eве што значи оваа кратка служба за време на велигденските пости

Мајката Црква, премудро одредила, за време на Четириесетницата (Великиот пост), која е време кога ние христијаните треба да вложиме дополнителен труд за духовно усовршување, преку особена служба, која се нарекува Акатист, ние верните да упатуваме молитви и кон Пресветата Богородица.

Црквата од векови не почучувала дека за време на нашиот краток животен век, кој е обременет со многу животни искушенија, за нас е дужеполезно да ја повикуваме за помош Мајката на нашиот Господ Исус Христос, Пресветата Богородица и да ја молиме да го моли својот Син и наш Бог, Исус Христос, да не’ запази од животните бури.

Во деновите, кога се служи овој посебен чин, Акатистот кон Пресвета Богородица (петоците), според православната традиција, верните принесуваат петтолебие од благодарност кон Бога и за здравје на нивните семејства. Меѓу народот, вообичаено се вели: „Испеј си едно петолебие за здравје“

Петолебието е кратка служба на Благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот. Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот. Ова благословување не’ потсетува на чудото на умножување на лебовите и рибите од страна на Христа, со кои нахранил мноштво луѓе.

Ова благословување обично се извршува за време на празнично вечерно богослужение и особено во петоците од Великиот пост.

По службата, лебовите се разделуваат меѓу присутните верници. Овој благословен леб помага против секакво зло, доколку се прима со вера.

Филмот “Недела”, за животната приказна на Џеј Рамадановски, конечно и во Прилеп

Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски

Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.

Режија: Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ
Улоги: Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски
Времетраење: 130 минути
Земја: Србија
Жанр: Драма

Премиерата на филмот во Прилеп ќе биде на 25.03 (понеделник), со почеток од 19:30ч. во киното “Мис Стон”

Внимавајте што објавувате и што пишувате на Фејсбук: Прилепчанец ќе одговара за коментар и лажен исказ во полиција

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Т.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „давање лажен исказ“.

На 30.11.2023 на социјална мрежа Фејсбук, на објава на портал, објавил коментар со кој поттикнал омраза и нетрпеливост.

Во службен разговор во полициска станица, пријавениот изјавил дека му бил хакиран профилот на социјалната мрежа, но било утврдено дека дал лажен исказ – информираат од МВР.

Жител на Кривогаштани со возилото го попречил сообраќајот во Прилеп, а потоа и агресивно се однесувал

На 19.03.2024год., во 14:30часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. “Јоска Јорданоски” во Прилеп, З.Ч. (51) од с. Кривогаштани, со своето возило го попречил нормалното одвивање на сообраќајот и го наружил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Секој петок во храмот Св. Кирил и Методиј во Прилеп ќе се осветуваат петтолебија и ќе има предавање на тема “Простување”

По повод големиот велигденски пост, секој петок на вечерната богослужба се пее акатистот на Пресвета Богородица и се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ, велат од храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис од Прилеп и ги покануваат сите верници, откако ќе заврши вечерната богослужба, да присуствуваат на “агапе” (вечера на љубовта) на која ќе се зборува за простувањето, а ќе предава чтец Андреј Иваноски.

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Според истражувањето на јавното мислење што Институтот за политички истражувања Скопје го направи за потребите на Македонската телевизија, чии резултати беа преставени во емисијата „Објектив“, ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност во однос на СДСМ што се однесува на тоа која партија граѓаните ја гледаат како победник на парламентарните избори.

На прашањето: „Која партија сметате дека ќе победи на претстојните избори“?, 30,4% од испитаниците сметаат дека победник на парламентарните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, што преставува раст над 2% во однос на февруари кога 28,3% од испитаниците сметале дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите.

Овој процент за СДСМ е тројно помал, односно дека СДСМ ја гледаат како победник на претстојните парламентарни избори одговориле 9,8% од испитаниците. После следува ДУИ со 6,3%, Европскиот сојуз за промена (ЕСП) со 4,2%, Левица 3,3%, ЗНАМ 2,9, Алијанса за Албанците.

Исто така и што се однесува на прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има скоро двојна предност пред СДСМ.

Имено, на ова прашање за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 22,7% од испитаниците, а за СДСМ 12,1%. Трета е ДУИ со 6,3%, а Европскиот сојуз за промени со 4,4%. За левица одговориле 3,7% од испитаниците, а за ЗНАМ 3,2%. АА се движи околу 2%, ниту една 14, 5%. 21% од испитаниците не сакале да кажат за кого ќе гласаат на претстојните парламентарни избори.

Утре сите на МОГИЛА! Забава, игра, дружба, музика!

-На 21 март, паркот на Mогилата ќе биде место за радост, дружба и пролетно задоволство!

Општина Прилеп, заедно со основните училишта, организира Пролетен хепенинг како дел од иницијативата за создавање посветеност кон инклузивноста и заеднички активности по повод Денот на пролетта и екологијата.

Настанот ќе биде исполнет со многу забава и активности, вклучувајќи музика, игри, и најважно – засадување садници!

Придружете ни се и запознајте се со новото инклузивно игралиште, кое ќе биде место за радост и разигрување за сите наши мали и големи пријатели. 21 март, од 11 до 12 часот на паркот на Могилата – стои во соопштението од општина Прилеп.

Хакирана фејсбук страницата на Македонскиот дипломатски синдикат

Македонскиот дипломатски синдикат соопшти дека нивната фејсбук страница била цел на хакерски напад, но дека повторно е ставена во функција.

-Нашата фејсбук страница беше мета на хакерски напад. Во моментов повторно е активна и ставена во функција. Напоменуваме дека сите објави во последните 48 часови се направени без наша авторизација и истите ќе бидат отстранети, стои во соопштението од МДС.

Најстариот има само 23-години: Три млади момчиња ограбиле казино во Неготино

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(20), Н.Ј.(23) и К.Р.(22), тројцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 од Кривичниот законик.

На 25.02.2024, пријавените со закана со пиштол кон вработените, од казино во Неготино одзеле пари – информираат од МВР.