дома блог страница 882

Го светнаа училиштето, садеа дрвца, играа хуманитарни турнири – OOУ “Кире Гаврилоски” Прилеп беше центар на случувањата денеска во Прилеп (Фото галерија)

Добро би било, секој од нас, барем еднаш годишно, да засади по едно дрвце. Тоа ќе придонесе за почиста околина, поздрава средина, почист воздух и зелена природа која ќе значи здравје и живот за сите нас.

Денес е 21 Март – Денот на пролетта, Денот на екологијата, ден кој во ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” во Прилеп се одбележа со многу настани.

Учениците зедоја учество на:

-Хуманитарен турнир во мал фудбал организиран од деветтоодделенците во рамките на Ученичките иницијативи, во кој учествуваа 16 екипи од сите основни училишта во Прилеп.

-Хуманитарен турнир во организација од Црвен крст во одбојка, во кој учествуваат 12 екипи со учесници од 14 до 19 години.

-Засадување на садници цвеќиња во училишниот двор од страна на ученици и наставници од СОУ,,Орде Чопела” и претставници од проектот ,,Слоу-фуд”-Прилеп

-Засадување на садници во дворот на училиштето во соработка со невладини организации и проектот ,,Slow food”.

-Работна акција организирана од учениците и наставниците, во која темелно се чистат училниците, кабинетите и училишниот двор на училиштето.

Целта на оваа акција е подигнување на свесноста, знаењето и ставот кон животната средина. А во исто време да се зголеми капацитетот на учениците за соработка и учество во заеднички активности.

Секоја чест за сите ученици, нивните наставници и сите оние кои зедоја учество во денешните активности!

(ФОТО) Младо момче од Прилеп го загуби животот вечерва кај Плетвар

Поради сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп – Градско, меѓу раскрсницата за село Ореовец и село Плетвар, сообраќајот е во целосен прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот е во прекин попладнево од 18.06 часот.

Maркукуле дознава дека во сообраќајката учествувале автомобил со прилепски регистарски ознаки и цистерна, при што загина 29-годишно момче од Прилеп.

Повеќе информации подоцна.

IQOS ILUMA е во Прилеп – Запознајте се со новиот современ производ

Прилепчани можеби се познати како „мајтапџии” и шегаџии, сепак нивниот дух го прави овој град поинаков и посебен. Не можеш а да не останеш восхитен од беспрекорниот спој на минатото и сегашноста кои се видно изразени во овој град.

Од прекрасната Стара прилепска чаршија на кафе, Саат кулата и плоштадот посветен на Итар Пејо, до домот на културата Марко Цепенков, на театарот „Војдан Чернодрински”, Прилепчани может да се пофалат со многу нешта.

Има уште многу да се раскажува за овој град, но ќе се обидеме директно да дознаеме токму од Прилепчани.

IQOS турнејата продолжува во Прилеп со претставување на следното ниво – IQOS ILUMA.

Сега можеш да преминеш на следното ниво и локално до тебе кај IQOS партнерите, каде можеш подобро да се запознаеш со новиот IQOS ILUMA. Со својата врвна и современа технологија, IQOS ILUMA е уред дизајниран да ги помести границите кога станува збор за искуството на загревање.

Секој уред од IQOS ILUMA портфолиото доаѓа со револуционерната технологија на индукциско загревање. Овој иновативен систем за индукциско загревање се разликува по тоа што грејниот елемент повеќе не е во уредот, туку во посебно дизајниран патрон. Овие уреди немаат грејно сечило, па затоа нема потреба од чистење. Никогаш повеќе!

На овој начин, IQOS ILUMA уредите им обезбедуваат на возрасните пушачи алтернатива на пушењето цигари, без чад и остатоци од тутун, со 95% намалување на штетните материи.

А, она што треба да го знаеш за IQOS ILUMA е дека:

  1. Новите уреди ја користат најновата технологија на индукциско загревање, без сечила.
  2. Добиваш искуство како никогаш досега.
  3. Поинтуитивна употреба со Ауто-старт функција и бројни Smart функционалности со дополнително заклучување на држачот.
  4. Следно ниво на елегантен дизајн со дополнително нови бои и додатоци, нудејќи стотици можности за персонализација.
  5. И секако најважното – нема потреба од чистење. Со помалку непријатни мириси, без остатоци од тутун и без пепел и чад.

Ти и твојот IQOS во твојот роден град, се одлична можност да создаваш нови приказни за градот кои ќе ја поврзат љубовта за родното место со твојот подобар избор.

Важна информација: Овој производ не е без ризик. Само за полнолетни.

Промо. Текст: mk.iqos.com

Вредни дечиња! Ја поддржаа идејата на својата другарка и засадија 2.000 дрвца во опожарениот дел на Селечка Планина (ФОТО)

Денеска се одржа акција за пошумување и засадување на садници на опожарените делови на планината Селечка, во близина на манастирот Св. Димитрија кај село Селце.

Се засадија 2.000 садници кои ги обезбеди ООУ ,, Кочо Рацин’’ и конфекцијата “Тила”, а во акцијата за пошумување беа вклучени ученици од основите училишта, вработените од Македонски шуми, јавните претпријатија, стопанственици и граѓани.

Деветгодишната Mиа Шекероска ја предложила оваа идеја пред своите соученици од IVа одделение во ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, за време на изборот на претседател на класот. Предизвик, а воедно и цел, на ова дете било да направи нешто што би било добро за сите дечиња, со што ја добило довербата на неговите соученици.

Со цел да се реализира оваа добра мисла, „Тила“, како општествено одговорна компанија чиј свет е исто така детскиот свет и нивните потреби, ги поддржа најмладите, заедно со одделенскиот наставник Анета Станкоска и директорката на училиштето – Јулијана Тренкоска.

– Кога се децата во прашање, ние имаме слух за нивните потреби, се разбира во рамките на нашите можности. Досега сме помогнале со разни донации на гардероба од нашиот бренд, но овој пат наидовме на нешто сосема поразлично. Искрено и од сѐ срце ја поддржуваме оваа идеја за да испратиме убава порака до сите дечиња, па и до нас возрасните, за тоа колку малку треба за да се направи едно добро дело – вели управителот на „Тила“, Ивана Зајкоска.

Вистина или лага? Просечната нето плата во јануари изнесува 39 542 денари, велат од државна статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 39 542 денари и во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19,1 процент).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (10,9 проценти), Преработувачка индустрија (4,9 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 59 392 денари.

(ФОТО) Да личи! Битолчани се подновија со нови клупи и корпи за отпадоци

Јавното претпријатие Комуналец, продолжува со активностите за разубавување на јавните површини во градот со соодветни цветни декорации, хортикултурно уредување и поставување на нова урбана опрема.

Како дел од „Неделата на пролетта“, во тек е поставувањето на нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак, а во Градскиот парк се врши соодветно уредување и подготовка на жардиниерите за засадување на нови цвеќиња.

„Неделата на пролетта“, деновиве ја одбележа и расчистувањето на дивите депонии, при што подигнати се над 280м³ отпад.

Со активностите кои се реализираат оваа недела, општината и јавните претпријатија, настојуваат да придонесат за разубавување на градот и подигнување на јавната свест за заедничко дејствување и поголема грижа за чиста животна средина.

Aвтомобил удри во 75-годишна прилепчанка на ул. “Октомвриска” – Жената со тешки повреди пренесена во прилепската болница

На 20.03.2024 во 12.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Октомвриска“ во Прилеп, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р.(49) од с.Црнилиште, удрило во Ц.Х.(75) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Х., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Жени, задолжително погледнете го ова видео – Колку нечистотија содржи четка за коса?

Интернет-платформата „Тикток“ важи за ризница на трикови за мода и убавина. Така, еден од новитетите е видео објавено од корисничката @everything_tidy коешто покажува колку нечистотија содржи една четка за коса…

– Можеби главната причина за мрсна коса не е самата коса, туку четката што ја користите. Сега ќе го тестирам тоа. Сите четки ги ставам во мијалникот и ќе ги оставам така некое време. Ставив топла вода и шампон во мијалникот, појанува „тиктокерката“.

@everything_tidy This is disgusting 🤮 #fyp #foryou ♬ original sound – Everything_Tidy

По извесно време, се покажа резултатот – заматена и сива вода.

– Ги оставив четките во вода еден час, а потоа се вратив да ја проверам состојбата… Одвратно е! Дами, не заборавајте да ги измиете четките што ги користите за стилизирање на косата, советува девојката.

Гимназијалецот Петар Мирчевски од Прилеп, и оваа година ќе ја претставува Македонија на меѓународните олимпијади по хемија

На 28 и 29 февруари во просториите на ПМФ- Институт за хемија се одржа вториот селекционен натпревар по хемија, на кој се решаваше кои ученици ќе бидат во тимот кој ќе ја претставува Македонија на меѓународните олимпијади по хемија во 2024 година.

Првиот натпреварувачки ден беше теоретскиот дел, кој траеше 5 часа а следниот ден практичниот, лабораториски дел.

Конечни резултати од македонската хемиска олимпијада:

1. Петар Мирчевски СОУГ„Мирче Ацев” Прилеп

2. Марио Ванчоски СОУГ „Славчо Стојменски” Штип

3. Иван Костевски СОУГ „Славчо Стојменски” Штип

4. Јусуф Луш СУГС „Орце Николов“ Скопје

Ментор на Петар му е професорот по хемија Блаже Димески.

На Петар му посакуваме многу успеси, а најмалце да го повтори ланскиот успех, кога освои бронзен медал на 55 Интернационална Олимпијада по хемија во Цирих, Швајцарија.

Николоски: Очекувам најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ во четворката, a потоа ќе удриме во чело на криминалот и корупцијата, кои тука се најшироко распространети

Тука во четворката очекувам најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ со најголем број освоени гласови и најмногу пратеници во апсолутна бројка. Мислам дека четворката ќе биде шампион за ВМРО-ДПМНЕ и сум убеден дека ќе имам квалитетен тим заедно со мене, квалитетна листа на пратеници и целиот овој Јужен југоисточен и Централен регион на Македонија после изборите со мое лично залагање и со залагање на сите што ќе бидат со мене на листа и секако со залагање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе добие многу повеќе од било кога во минатото, а за тоа јас сум гарант, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на денешната посета на Неготино одговори на новинарско прашање што очекува од изборите како носител на четвртатата изборна единица.

Николоски исто така додаде дека е убеден во победата и дека време е да се заврши работата започната на изборите во 2020 година, а тоа е да се удри во чело на криминалот и корупцијата кои се случуваат токму во четвртата изборна единица.

-Убеден сум затоа што јас пред четири години не случајно дојдов тука. Јас не сум ниту од Неготино, ниту од Кавадарци, ниту од Струмица, ниту од Прилеп, по потекло сум од петата изборна единица, а живеам главно во првата изборна единица. Дојдов тука во четворката затоа што сакав да удриме во чело на криминалот и корупцијата којшто има извориште токму тука во четворката. Најтесното извориште е токму ресторанот Вила Парк во Струмица, а малце поширокото е целиот струмички регион, пипците одат и до Валандово и до Дојран итн. И сметам дека тоа крими семејство мора да биде удрено во чело ако сакаме ние да имаме држава, потенцираше Николоски и додаде:

-Во 2020 ја почнавме работата, во 2021 на локалните избори зададовме силен удар и ги испративме во политичка пензија, а сега 2024 после овие избори, затоа мислев дека е фер да дојдам пак, ќе си одговараат и пред ослободените институции на судството и обвинителството затоа што мора конечно да се воведе ред во државата и тоа е мојот мотив зошто сум тука.

Николоски исто така потенцираше дека кога правдата ќе дојде на свое место ВМРО-ДПМНЕ ќе направи многу убави работи во оваа изборна единица.

-Откако ќе завршиме со тоа, затоа што не се живее само од правда, ќе правиме многу работи за сите тука и во делот на стопанството и индустријата, затоа што во оваа изборна единица има и сериозна индустрија, но исто така и во делот на земјоделието и развојот на туризмот ќе гледате многу убави работи во следните 4 години, нагласи Николоски.