дома блог страница 881

Oва е листата на СДСM за Изборната Единица 4: Пачешкоси во длабок аут

СДСМ денеска на конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и за носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај. На собирот ќе биде претставена и партиската програма со која СДСМ ќе се претстави пред гласачите.

Во пресрет на партискиот конгрес, ТВ КЛАН ексклузивно ги открива целосните листи за кандидати за пратеници, при што во ЧЕТВРТАТА изборна единица, каде битката ќе се води во Прилеп, Кавадарци и Струмица како најголеми градови, ќе се соочат Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ и Венко Филипче од СДСМ.

Екс министерот за здравство во оваа изборна единица не листата ќе го придружуваат следните имиња:

Актуелниот пратеник од Прилеп, Миле Талевски, е сигурен за уште еден мандат на третото место на листата, а од Прилеп е уште и Кети Стеванинџија на 13-та позиција. На листата пак го нема претседателот на ОО СДСМ Прилеп и Генерален директор на Тутунски-Комбинат, Зоран Пачешкоски.

Прилепскиот БОКСЕРСКИ АС, Ице Трајкоски, стигна до третата победа во професионалниот бокс – овојпат на мега настан во Тирана (ФОТО)

Прилепскиот боксер Ице Трајкоски, синоќа ја имаше својата петта професионална борба, на боксерскиот спектакл “ЧЕЛИЧНА ТУПАНИЦА”, кој се одржа во Тирана, Албанија.

Трајкоски стигна до третата професионална победа во кариерата против боксер од Босна и Херцеговина, и уште еднаш докажа за каков боксерски талент станува збор.

Да му честитаме за најновиот успех и него и на тренерот Дарко Чатлески, а во текот на викендот ќе објавиме повеќе детали за целата борба, како и за други новитети во прилепскиот бокс, кои следуваат наскоро.

Сега пак се со ВМРО: Петар Богојески, Павле Трајанов, Љубе Бошкоски, Стојанче Ангелов и нивните партии се приклучуваат кон ВМРО?

Листите се во добар дел усогласени, единствено она што ни преостанува е два – три дена да ја затвориме коалицијата со нови коалициони партнери. И тоа што имам да го соопштам сега како би рекол одредена новост за Вашиот медиум е дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширена со во моментов 7 политички партии, кои што до вчера биле во коалиција со СДС, а сега преминуваат во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

„За два – три дена очекуваме одлука од уште една политичка партија. Значи би биле вкупно осум политички партии“, рече тој.

Милошоски додаде дека тоа е сигнал дека коалицијата на СДС веќе не е привлечна.

Toj посочи дека тие партии се Социјалдемократската унија, Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите, Македонски концепт, Демократскиот сојуз, Обединети за Македонија, ТМРО, Достоинство. И се очекува одлуката на уште еден довчерашен коалиционен партнер на СДС.

„Во овој концепт кој што гледаме е дека прво постои интерес и нас ни годи тоа што постои интерес за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, сепак тоа дава сигнал дека овие партии препознаваат на каде се движи политичката тенденција во државата. А, второ заедничкиот именител со овие партии е дека да имало грешки од наша или од нивна страна во минатото, но дека сега е дојдено време за обединување. Обединување за интересот на Македонија“, порача Милошоски.

Милошоски рече дека е време Македонија да биде една подобра држава во која што и демократијата и економијата, и владеењето на правото, и образованието, здравството ќе бидат на еден подобар и повисок стандард.

„Затоа сметам дека ова е еден добар сигнал, тоа што политички партии од јатото на коалицијата на СДС го напуштаат бродот кој што тоне и преминуваат кај ВМРО-ДПМНЕ. Препознаваат тука коалиција што ќе победи на овие избори“, укажа тој.

Народот рекол: “Испеј си едно петтолебие за здравје”, a прилепчани денеска ги исполнија црковните храмови за првиот Акатист во велигденските пости

Во првиот петок од Великиот Велигденски пост во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, се отслужи Големо повечерие на кое се читаше акатистот посветен кон Пресвета Богородица и се освети петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Потоа се одржа првото предавање во овогодишниот циклус од предавања кое беше посветено за ПРОСТУВАЊЕТО, благодарност до теологот АНДРЕЈ ИВАНОСКИ.

Благодарност до верниот народ, свештеното братство за присуството на предавањето, воедно и повик до сите прилепчани да ни се придружат следниот акатист наредниот петок, со ново предавање на нова тема – стои во соопштението од овој црковен храм.

Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

(ВИДЕО) Затоа мотото им е “Секогаш и секаде први”: Волците го кренаа Прилеп на нозе

Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана во соработка со локалната самоуправа, денеска на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп, организираа отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно 4 години од членството на Македонија во Алијансата.

На плоштадот “Александрија” беа изложени артилериски орудија и системи на АРМ, а специјалните единици “Ренџери” и “Волци”, презентираа дел од своите вештини.

(Фото галерија) Изложба на артилериски системи на Армијата на Република Македонија во центарот на Прилеп

Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана во соработка со локалната самоуправа, денеска на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп, организираа отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно 4 години од членството на Македонија во Алијансата.

На плоштадот “Александрија” беа изложени артилериски орудија и системи на АРМ, а специјалните единици “Ренџери” и “Волци”, презентираа дел од своите вештини.

Настанот предизвика голем интерес на прилепчани, а особено кај младите.

Топлото време ги врати и пред Благовец: Штрковите се вратија во своите домови во прилепско (ФОТО)

Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента.

Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.

Иако нивното враќање во нашите краишта народски се поврзува со празникот Благовец, низ Пелагониските села веќе може да се види нивното присуство.

Фотографиите се од денеска од Кривогаштани, каде овие благородни птици веќе се вратени во своите домови и речиси да не постои празно гнездо.

Kомпанијата “Дрекслмајер” Македонија донираше специјално современо возило за општина Прилеп (ФОТО)

Општина Прилеп ја доби донацијата на ново специјално возило, кое го обезбеди компанијата “Дрекслмајер” Македонија.

Возилото е опремено со автоматска рампа за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со посебни потреби.

Специјалното возило ќе биде на располагање за потребите на сите лица и здруженија за лица со посебни потреби од општина Прилеп, а општината ќе се грижи за неговото тековно одржување и сервисирање.

Градоначалникот Борче Јовчески изрази благодарност до Дрекслмајер затоа што компанијата во континуитет поддржува бројни проекти кои се особено значајни за развојот на заедницата.

„Социјалните проекти се од особено значење за лицата со посебни потреби, но и за нашата локална заедница. Би сакал да се заблагодарам за овој убав гест од страна на Дрекслмајер преку кој заеднички ќе успееме барем малку да им го олесниме секојдневието на овие наши сограѓани“, рече Јовчески.

„Можноста да создадеме подобри услови за лицата со телесен инвалидитет, подобрена социјална инклузија и да придонесеме за подбрување на квалитетот на животот на оваа ранлива категорија граѓани нѐ прави особено среќни. Важно е заеднички да делуваме и уште повеќе да ја развиеме свеста за потребите и предизвиците со кои овие лица се соочуват“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Кажете им збогум на лошите животни навики со само 3 алтернативи

Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова, но ви е тешко да продолжите? Не се загрижувајте и не се откажувајте.

Познато е дека старите навики умираат бавно, а нивното менување е процес кој има неколку фази. Потребно e време за промените да прераснат во долгорочни навики, а на патот сигурно ќе се соочите и со пречки. Но, ако се држите до нив доволно долго, тие можат да станат дел од вашата рутина.

Повеќето експерти инсистираат на „забрането “ и „престанете“, но кога се соочуваме со таков избор, тешко е да се следат советите, особено кога станува збор за работи што ги сакаме или кои се дел од нашите животи многу долго време. Но, што ако се фокусираме наместо  на „забрането“ и „престанете“, на „воведување докажани алтернативи“ и на „информирај се“?

Еве три основни навики што треба да ги промените што е можно поскоро:

  1. Исхрана

Не мора да зборуваме за тоа колку се штетни шеќерот, белото брашно и солта. Ние дури и не треба да зборуваме за тоа колку е тешко да се откажеш од сето ова, особено ако се обидеш да го сториш тоа одеднаш. Кризата предизвикана од недостаток на шеќер или производи од бело брашно е позната главно на сите што се откажале. Наместо целосно, нагло откажување, воведете постепени промени. Дали ставате две лажички шеќер во кафе? Ставете една. Солени јадења со половина мерка помала од вообичаеното. Измешајте бело брашно со поздраво брашно од ‘рж или интегрално брашно. Постепено намалете ја количината на шеќер, брашно и сол во вашата исхрана и заменете ги со подобри алтернативи: стевиа, киноа или мешавина од зачини. Првите резултатите ќе ги видите по само неколку дена.

  1. Пушење

Сѐ поголем е притисокот од општеството врз пушачите да се откажат од оваа штетна навика, која влијае не само на нив, туку и на околината. Научниците утврдија дека проблемот со пушењето е согорувањето, бидејќи чадот од цигарите ослободува повеќе од 6.000 штетни материи, од кои речиси 100 се докажано штетни. Секако, најдобар избор е да се откажете од пушењето, но за оние кои не успеваат да го сторат тоа, благодарение напредокот на науката, развиени се алтернативи како што се IQOS уредите што го загреваат тутунот. Иновативните електронски уреди кои загреваат испуштаат 95% помалку штетни материи, што не значи дека е без ризик, бидејќи ослободува никотин.

  1. Движење

Американското здружение за кардиологија препорачува минимум 30 минути умерена активност (брзо одење) пет дена во неделата или 25 минути вежбање со висок интензитет (трчање) три пати неделно. Можеби изгледа речиси невозможно да го вклучите ова во зафатениот распоред, но започнете полека. Наместо да возите до работа, одберете велосипед или пешачете. Лифтот заменете го со одење по скали. Запомнете, ова е маратон, а не спринт и секој напор се брои.

Како да се осигурите дека трајно ќе се држите до променетите навики? Слушајте го вашето тело, прилагодете ги советите на експертите кон своите потреби и можности, бидејќи сепак најдобро знаете што има позитивно влијание врз вас. Не бидете строги кон себе, дури и ако се вратите на навиките за кои мислевте дека сте ги оставиле, обидете се да размислите зошто не успеавте и обидете се повторно.

Денеска се празнува четириесет мачeници и Младенци: Празник на младоста и љубовта!

Празникот на пролетта 22. март младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината.Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте воjници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Именден празнуваат: Младен, Младенка…

Празникот на пролетта 22. март младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината.

Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

На тој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење.
Младенци се посветени на спомените на страдањето на Светите четириесет војници кои во 230 година, за време на цар Ликиниј преминале во христијанството и покрај исклучителната забрана на царот.

Овој празник во црквениот календар е обележан со цpни букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња, кои се нарекуваат младенчиња, и симболизираат долг, среќен и сладок живот. Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на децата и на сите кои дојдат во куќата пред пладне.

Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обичај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.