дома блог страница 880

Се изгласа Законот за игри на среќа: Казина и обложувалници на повеќе од 500 метри од училишта

Од 61 присутен, 55 кренаа рака за законот за игри на среќа. Без амандмани во матичните комисии и дебата на пленарната седница, пратениците дадоа зелено светло за законот, според кој се забранува да има автомат клуб, спортска обложувалница или друг објект за организирање игри на среќа на 500 метри од училиштата.

Опозицијата побара точката да се тргне од дневен ред на денешната седница, а откако не беше овозможено ја напушти салата. Движењето Антикоцкање инсистираше на донесување на ваков закон заради заштита на децата, а приредувачите на игри на среќа протестираа, зашто сметаат дека ваквите измени ќе ги затворат обложувалниците и ќе ја уништат нивната индустрија, а 10.000 луѓе ќе останат без работа.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред законодавниот дом изразувајќи го револтот предлог-законот.

Оттаму, тие побараа претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за стапување во сила на законот, велејќи дека со измените ќе се затвори гранка во која има илјадници вработени, а кои со измените на законот ќе останат без работа, со што идиректно ќе се загрози егзистенцијата на 50.000 граѓани.

Шефот на државата неодамна изјави дека нема да го потпише Законот за игри на среќа, кој се носи злоупотребувајќи го европското знаменце, а за кој е јасно дека не постои јасна европска директива.

Примирјето нарушено? Страшен напад од Проданоски кон Пачешкоски (ВИДЕО)

По народната “Турниме да кинисам”, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски, конечно се одважи и излезе на “двобој” со претседателот на ОО СДСМ и Генерален директор на Тутунски-Комбинат Прилеп, Зоран Пачешкоски.

Ако се земе тоа дека социјалните мрежи и чаршијата изминатиот период вријат од реакции, а дел од медиумската фела објави и за наводна преќутна коалиција за ненапаѓање помеѓу првите луѓе на двете најголеми партии во Прилеп, ова беше крајно време за Проданоски прв да тргне во “акција”.

Како да сакаше да каже дека не важи она што новинарот Момироски деновиве го напиша на социјалните мрежи (Сложни попови и во посно мрсат), тој денеска пред портите на Тутунскиот Комбинат жестоко распали по министерот за земјоделие, Љупчо Николоски и директорот Пачешкоски. Неговата прес конференција можете да ја проследите во продолжение:

Останува сега да видиме кој ќе биде потегот на Пачешкоски и дали првиот човек на ОО СДСМ Прилеп има противодговор, на вака изнесените жестоки напади од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Расте рејтингот на опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ во изборните единици 2 и 6

ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност пред владејачката СДСМ покажува најновата анкета на мерењето на јавното мислење на граѓаните спроведена од Институтот за Политичко Истражување Скопје за потребите на МРТВ кои беа презентирани во емисијата „Објектив“.

На прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ е во двојна предност пред СДСМ, односно дури 19.4 проценти од граѓаните даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ само 10 проценти. Трета со поддршка од граѓаните е ДУИ 6.5 проценти, но значителен раст има и Европскиот сојуз за промени со 5.4 проценти, додека ЗНАМ има поддршка од 4.5 проценти, Левица 3.9 проценти, Алијанса на Албанците близу 2 проценти, додека дури 22 проценти од анкетираните граѓани одговориле за ниту една партија, 13.8 проценти не сакаат да кажат, додека не знам или немам одговор дури 11.5 проценти.

Во изборната единица 6, ДУИ има највисока поддршка од 17.9 проценти, но многу блиску или 16 проценти веднаш по него е Европски сојуз за промени, додека од македонскиот блок трета е ВМРО-ДПМНЕ со 8.1 проценти, па Алијанса на Албанците со 7 проценти, а петта со поддршка од граѓаните е владејачката СДСМ со само 4.4 проценти, односно и во оваа изборната единица, ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност пред СДСМ.

Левица со 0.6 проценти, ЗНАМ на Максим Димитриевски е со 0.5 проценти, за ниедна одговориле 20 проценти, не сакале да кажат 17.6 проценти, додека не знам или немам одговор рекле 5.9 проценти.

Понатаму, на прашањето која партија сметате дека ќе победи на следните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ има предност од речиси три пати повеќе во однос на СДСМ во изборната единица 2.

Имено, 28 проценти од граѓаните одговориле дека сметаат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, додека само 10.3 проценти сметаат дека ќе победи СДСМ. Трета е ДУИ од албанскиот блок со 8.9 проценти. ЕСП 4.6 проценти, и ЗНАМ со 4 проценти. За Левица сметаат само 3.4 проценти, за АА само 2.8 проценти, за ниедна одговориле 9 проценти, не сака да каже 3.8 проценти додека 24.4 проценти од испитаниците не сакале да одговорат.

Во изборната едница 6, 18.2 проценти сметаа дека на следните парламентарни избори ќе победи ДУИ, веднаш или со 16.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ќе победи ЕСП, додека за АА сметаат само 6.2 проценти. ВМРО-ДПМНЕ е трета со 10.6 проценти, или четири пати повеќе во споредба со владејачката СДСМ за која само 2.6 проценти се изјасниле дека сметаат дека ќе победи.

За Левица и ЗНАМ сметаат 1 процент, додека за ниту една партија не сметаат дека ќе победи одговориле 10.7 проценти.

Со да сигурно ќе излезат одговориле 42.2 проценти од анкетираните граѓани на прашањето доколку следната недела има парламентарни избори дали ќе излезете на гласање. Веројатно да 9.5 проценти, веројатно не 6.2, нема шанса да гласам 25.3 проценти, и немам одговор 16.8 проценти, рекле испитаниците.

На истото прашање во изборната единица 6 на истото прашање, 32.9 проценти одговориле да сигурно ќе гласам, со 15.2 проценти одговориле веројатно да, додека негативно односно веројатно не одговориле 11.8 проценти, како и 17.7 проценти одговориле нема шанса да гласам. И овде има висок процент односно 22.5 проценти рекле дека немаат одговор или не знаеле.

Анкетата е спроведена телефонски во изборната единица 2 на 1002 испитаници, додека во изборната единица 6 анкетата е спроведена на 1001 граѓанин со маркирана грешка од плус минус 3 проценти.

Познат првиот кандидат за претседател на државата – Еве за кого станува збор!

Проф. д-р Билјана Ванковска е кандидатот од политичката партија Левица за Претседател на Македонија.

Денеска е голем ден за нас, како Левица за прв пат обзнануваме претседателски кандидат и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат, професорката Билјана Ванковска, кажа претседателот на партијата Левица, рече Димитар Апасиев.

„Сметаме дека партијата стигна до ниво, го полага матурскиот испит, тоа е наредното собирање на десет илјади потписи кое планираме да го финишираме успешно и да го имаме според нас, најдобриот кандидат. Дојдено е времето народот да ја препознае разликата и да препознае кој се бори храбро и чесно за интересите на Република Македонија. Со избор помеѓу двете помали зла стигнавме до ова дереџе. Чувствуваме должност да извадиме квалитетен кандидат на овие избори“, изјави Апасиев.

Тој кажа дека повеќе имиња биле во игра, но најдобриот скор го имала професорката Ванковска.

„Конечно е дојдено времето народот да избере солиден, и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат. Им фрламе ракавица на мејнстрим буржоаските партии. Да дадат кандидати коишто ќе се натпреваруваат со нашиот кандидат“, додаде Апасиев.

Aпсења на две локации во Битола: Пронајдени дрога и пари

На 06.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.И.(46) од Битола. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени.

На ул.„Дебарска” во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода и Е.А.(33) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од М.И..

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Битола.

Koмуналец Прилеп вработува – Објавени огласи за три работни позиции!

JKП Koмуналец Прилеп објави огласи за три вработувања. Се бараат:

-1 лице за работно место Референт

-1 лице за работно место Архивар

-1 лице за работно место Инкасант

Огласите се објавени на веб страната на Агенцијата за вработување, а платите за сите три работни места изнесуваат нешто над 25.000 денари.

Огласите се активни до 15.02.2024г.

Ќе се огласи ли ОК ВМРО ДПМНЕ, или важи поговорката: “Сложни попови и во посно мрсат”?

СДСМ ВО ПРИЛЕП НА ГОЛЕМО ВРШИ ПРЕДИЗБОРНИ ПОДГОТОВКИ !?! ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ КАДЕ ШТО ДИРЕКТОРУВА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ЦАКИО КОЈ ИСТОВРЕМЕНО Е И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ИТНО ВРАБОТУВА 67 НЕ ПРОДУКТИВНИ КАДРИ – ОПШТИ РАБОТНИЦИ – објави новинарот Зоран Момироски.

Според информацијата, огласот е објавен на 06.02., а трае само три дена до четврток (08.02.2024г.).

-КОНКУРОСТ Е ОБЈАВЕН ДЕНЕСКА А ЗАВРШУВ ВО ЧЕТВРТОК.КАКВА ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНИТЕЛНАТА ОБВРСКА НА ОВИЕ ,,ПАРТИСКИ ИЗБРАНИЦИ,, ОД ЦАКИО, САМО ТОЈ И НЕГОВИТЕ НАЈБЛИСКИ ВО ТИМОТ СИ ЗНААТ. ТУТУНАРИТЕ НЕКА СТИСКААТ ЗАБИ И НЕКА МОЛАТ ЗА 30 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ПРЕДАДЕН ТУТУН А ФИЛИП МОРИС НЕКА СТИСКА ЗАБИ НЕ ДАЈ БОЖЕ ИНФАРКТ ДА НЕ ДОБИЕ – напиша Момироски.

И додека институциите и државните претпријатија наголемо се полнат во пресрет на изборите, изостанува реакција најголемата партија во Прилеп.

Овие информации од новинарите, како и жестоките реакции на граѓаните на социјалните мрежи и чаршијата, како да не допираат од претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски и неговиот потесен круг на луѓе.

Партијата во Прилеп како се’ уште да е во празнична еуфорија, па заборавија на најавените кривични пријави за низата сомнежи за криминал за кои се зборуваше во минатото, а сега преќутно го аминуваат и ова масовно полнење со предизборни вработувања.

Токму Момироски во последната колумна “Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем”, пишуваше за наводен договор помеѓу првите луѓе на двете партии во Прилеп да не се напаѓаат.

-Порано во предизборен период ,,фрчеа,,соопштенија, изјави, фрчеа аргументи и противаргументи . Сега молк и кај едните и кај другите. Молчат оти ,,наводно,,така ,,братски,, да не се напаѓале си се договориле Цакио од СДСМ и Декио од ВМРО-ДПМНЕ.Сомневањата кои со месеци висат над прилепската јавност дека оваа ,,тајна колација ,,си функционира безпрекорно и си опстојува во сите сегменти на живеењето очигледно стануваат се појасни. Единствено и во едниот и во другиот табор само се подгрева членството и се инсистира на единство со цел да се извојува победа. Дали и во овој случај важи народната: “СЛОЖНИ ПОПОВИ И ВО ПОСНО СИ МРСАТ”, е прашање за еден долар – напиша Момироски.

(Фото галерија) Над 30 реномирани брендови до крајот на годината доаѓаат во Прилеп

На само еден километар од центарот на градот, наскоро во Прилеп започнува изградбата на првиот мол, а прилепчани конечно ќе можат да доживеат посебно шопинг искуство.

Во градот под Марковите Кули наскоро започнува изградбата на новиот STRIP MALL, кој ќе се наоѓа во непосредна близина на “Паркот на револуцијата”, веднаш до регионалниот пат Прилеп-Битола.

Овој нов супермодерен објект ќе се простира на 9.000м2 и ќе располага со паркинг простор од 5.000м2. На располагање на купувачите ќе бидат над 30 реномирани интернационални брендови, кои за Прилеп ќе значат огромен економски бенефит, не само од посетители од регионот, туку и од целата држава, па и пошироко.

STRIP MALL PRILEP ќе се гради по урнекот на така наречените стрип и плаза центри во САД, односно низа на продавници ќе бидат наредени во линија во еден голем објект, со посебни влезови кон секоја од продавниците од надворешниот дел на објектот.

Инвеститорот е во финална фаза на комплетирање на сите административни процедури, а планот е овој трговски центар да се отвори до крајот на оваа година.

Освен економскиот бенефит за градот и вработување за повеќе од 200 лица, изградбата на овој објект ќе значи и огромен бенефит за општина Прилеп.

Според пресметките, на име комуналии во општинската каса ќе се слеат околу 350.000 евра, сума која со сигурност ќе значи голем финанскиски импулс во општинската каса, пред се’ за реализација на нови проекти од интерес на граѓаните.

Исто така тоа предвидено е новиот шопинг мол да понуди разни забавни соджини за најмалите, како и угостителски простор.

Повеќе информации во периодот кој следи.

Кривични пријави за вработени во АА – осомничени дека на кандидати им ги решавале испитите за вработување во државно

Кривични пријави против седум лица за повеќе кривични дела, меѓу кои „злоупотреба на службена положба и овластување“, ,,примање поткуп“, „примање награда за противзаконито влијание“, ,,давање поткуп“ и „давање награда за противзаконито влијание“.

Според информациите се работи за В.Н.(48) од Прилеп, Б.Л.(37) од Скопје, А.А.(51) од Скопје, А.К.(59) од Скопје, М.И.С.(38) од Скопје, В.Е.(34) од Гостивар, А.Е.(39) од Гостивар.

Во периодот од септември 2022 година до првата половина на март 2023 година, В.Н., Б.Л. и А.А., вработени во Агенција за администрација, на одредени кандидати кои конкурирале за работа во државни институции им овозможиле успешно да го положат испитот за административен службеник.

Првопријавениот, за време на полагање на испитот, неовластено преку мрежен пристап навлегувал во компјутерите на кандидатите, а притоа пријавените на одредени кандидати им овозможиле користење недозволени средства за време на испитот. Пријавените В.Н. и Б.Л., од септември 2022 до крајот на 2022 година, од пријавениот А.К. побарале и примиле подарок за да овозможат неговиот син успешно да ги положи испитите и да биде вработен.

Притоа, пријавениот В.Н. му овозможил на второпријавениот Б.Л. да врши проверка и промена на внесените одговори. Во декември 2022 година, пријавените В.Н. и Б.Л., со цел да примат подарок за себе од пријавените В.Е. и А.Е., влијаеле на пријавената М.И.С., вработена во Агенцијата за администрација и претседател на комисија за селекција за вработување за конкретниот оглас, при што во интервјуто на кандидатката В.Е. и дала максимален број на бодови, без оглед на нејзината стручност.

На тој начин кандидатката ги освоила потребните бодови и била избрана за работното место за кое аплицирала – информираат од МВР.

Момироски: Предизборен конкурс за 67 луѓе во Тутунски комбинат Прилеп

-СДСМ ВО ПРИЛЕП НА ГОЛЕМО ВРШИ ПРЕДИЗБОРНИ ПОДГОТОВКИ !?! ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ КАДЕ ШТО ДИРЕКТОРУВА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ЦАКИО КОЈ ИСТОВРЕМЕНО Е И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ИТНО ВРАБОТУВА 67 НЕ ПРОДУКТИВНИ КАДРИ – пишува новинарот Зоран Момироски.

-ОД ОПШТИ РАБОТНИЦИ ДО СПОРТИСТИ. КОНКУРОСТ Е ОБЈАВЕН ДЕНЕСКА А ЗАВРШУВ ВО ЧЕТВРТОК.КАКВА ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНИТЕЛНАТА ОБВРСКА НА ОВИЕ ,,ПАРТИСКИ ИЗБРАНИЦИ,, ОД ЦАКИО , САМО ТОЈ И НЕГОВИТЕ НАЈБЛИСКИ ВО ТИМОТ СИ ЗНААТ. ТУТУНАРИТЕ НЕКА СТИСКААТ ЗАБИ И НЕКА МОЛАТ ЗА 30 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ПРЕДАДЕН ТУТУН А ФИЛИП МОРИС НЕКА СТИСКА ЗАБИ НЕ ДАЈ БОЖЕ ИНФАРКТ ДА НЕ ДОБИЕ – стои во објавата на новинарот од Прилеп.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid06ywBm8s1nsuwxDrY6UBEj8FDdkfWHvEwN3UiMpF1LHU99tmHre7rBxvX2CiLVvnGl&id=100045626952539&mibextid=2JQ9oc