дома блог страница 876

Николоски: Лице блиско до градоначалникот од СДСМ им ги исекло гумите на активистите од ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Додека граѓани и активисти на ВМРО-ДПМНЕ одржувале состанок во Општинскиот комитет на партијата во Росоман, некој им ги исекол гумите на автомобилите. Како што пренесува потпретседателот на партијта Александар Николоски, станува збор за лице блиско до градоначалникот од СДСМ и дека веќе било повикано во полиција.

-Претпоставувам дека тоа е начин на кој сакаат да нè заплашат, можеби сметаат дека ќе се спасат од одговорност за криминалите што ги прават. Ние не се плашиме и на сите ќе им порачам дека ќе одговараат од прв до последен, порача Николоски пред присутните.

Tрамадоли и бупренорфин пронајдени при претрес на возило во кое се превезувале двајца млади прилепчани

На 27.03.2024 во 20.15 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.А.(21) и Д.А.(19), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив и на патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А.(21), а Д.А.(19) бил сопатник, биле пронајдени повеќе апчиња „бупренорфин“ и капсули „трамадол“ без соодветна документација.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Бог да чува! 18-годишник од Кавадарци ограбил црква

На 27.03.2024 во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети.

Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези во петок доаѓа во Прилеп

На 29. Март 2024 / петок/ од 13.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе биде отворена изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYOE“, што го отсликува светот од 17 и 18 век.

Изложбата насловена „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYOE“-пред публиката ќе биде претставена во рамки на проектот за соработка помеѓу ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, Амбасадата на Јапонија во Македонија, Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“-Скопје,  Музеј на град Скопје и неформалната мрежа на музеи МузеумЛинк-раководена од Јасминка Намичева,кустос советник. Изложбата е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу  Јапонија и Македонија. Ќе биде организирана и цртачка работилница за ученици,  од кои по завршувањето на циклусот патувачки изложби, ќе биде организирана изложба од ученичките цртежи.

Преку 30 копии-принтови од цртежи од најпознатите јапонски мајстори на дрворези од 17 и 18 век, до публиката, ќе допре шармот на „светот кој лебди“ кој е всушност отслик на подемот на трговската класа во градот Едо(денешно Токио) во периодот од раниот 17 век, и нивната  хедонистичка филозофијата која ги подржува моментните задоволства на животот, при тоа славејки ја убавината на природата преку претставите на месечината, снегот, црешовиот цвет или јаворовиот лист. Раскошните квартови во Едо, во кои самураите и граѓаните ја сочинувале новата градска класа, која се натпреварува во елеганцијата и рафинираниот вкус, стануваат неисцрпна тема на дрворезите на ukiyoe мајсторите.

На изложбата се претставени најзначајните мајстори на  ukiyoe,-Хишикава Кишибеи наречен Моронобу, кој во раниот 17ти век, бил првиот сликар кој започнал со ukiyoe дрворези на кои портретирал енергични жени од Едо, полни со живот, наспроти дотогашните портрети на неприродни и кршливи ликови. По големиот успех на неговите  цртежи тој е првиот илустратор кој се  потпишува на своите дела. Хишикава школото привлекло голем број следбеници, со што била започната популаризацијата на новиот уметнички стил-укијое.

Златното доба на оваа графичка практика, од доцниот 17-ти и 18-тиот век, е претставено на изложбата, преку делата на Тори Кијонага и Китагава Утамаро, како и преку неколку дела на прочуениот  Шараку, кој ги портретирал актерите од кабуки театарот. Неговите оригинални дела се прогласени за културно наследство на Јапонија од исклучителен интерес.

Иако монохроматски, првите принтови на укијое мајсторите, биле рачно колорирани за специјални намени, додека кон крајот на 17тиот век, техниката на боење со мултиплицирани дрворези-по еден за секоја одделна боја, била усовршена. Така печатењето на цртежите врз префинета хартија со дебели слоеви боја, наликувало на најквалитетната кинеска брокатна свила, по што и овие цртежи биле нарекувани-nishiki-е  или „брокатни слики“. Можноста за мултиплицирање на принтовите, доведува и до комерцијализација на овие цртежи, така што биле изработувани за најразлични намени.

Вниманието на Европа кон укијое уметноста било за прв пат свртено со претставувањето на јапонски принтови во 1867 год на Интернационалната изложба во Париз, по што особено големо влијание остава врз раните Импресионисти – Мане, Моне, Дега, Тулуз – Лотрек.

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер – Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ, објави Канал 5 телевизија.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции? – ќе се дебатира во овој дуел.

IQOS караванот ја посетува Битола

Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, моментно поставен во Битола. Караванот е лоциран на главното шеталиште пред офицерскиот дом во Битола, а работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.

На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив и за напредната технологија на загревање на тутунот, купување додатоци, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.

IQOS ILUMA семејството вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија. Сите уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. Иако содржи никотин кој предизвикува зависност, претставува подобар избор, поедноставен и технолошки напреден производ за возрасните, кои инаку би продолжиле да пушат.

На глобално ниво, производите без чад на ФМИ се продаваат на 84 пазари. Денес, повеќе од 28,6 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 73% целосно се откажале од пушењето. ФМИ има ангажирано повеќе од 1.180 научници, инженери, техничари и помошен персонал, секој од нив работи во различни, сложени области и има инвестирано над 12,5 милијарди американски долари во истражување, развој на производи и научна поткрепеност на производите без чад на компанијата. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Кај нас, освен во Битола, овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе градови во земјата. Во главниот град Скопје има два IQOS бутика во трговските центри Ист Гејт Мол и Дајмонд Мол и IQOS зони моментно сместени во трговските центри Скопје Сити Мол и Капитол Мол, Веро Тафталиџе и Палма Мол во Тетово. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.

(ВИДЕО) Маестрален музички проект за боемскиот живот во средината на минатиот век – Група “Марифет” ќе ве однесе на прекрасно музичко патување

Група Марифет, повеќегодишното постоење на музичката сцена го заокружуваат со нивната прва авторска песна, “Правите боеми”. Песната е спакувана со спот, во кој е преточена приказната на боемскиот живот од песната, делување и влијанието на боемите во опшественото живеење во средината на минатиот век.

Во спотот е опфатен убавиот и разновиден амбиент од градска архитектура на градот Крушево.

Музиката и аранжманот се на Киро Гаралоски, текстот го нашиша Дуле Темелкоски/Киро Гаралоски, а проектот е снимен во МТ студио на Мендо Ташкоски.

Гости во песната:

Игор Милевски-виолина
Рубин Димкоски-Бузуки
Мендо Ташкоски-хармоника

Видео спотот го изработија:

Александар Пауноски-продукција и режија
Кристијан Теодоров-директор на фотографија
Дуле Јанев-асистет камера и дрон
Марта Дојчиносвка-костимограф
Николина Шапе-шминка

Во реализација на спотот беа вклучени и статисти, и нституции кои дадоа посебен придонес, татарот “Војдан Чернодрински” од Прилеп, галеријата Никола Мартиноски и ООУ “Никола Карев”-Крушево.

Врвни успеси на прилепските гимназијалци од Државниот натпревар по информатика (ФОТО)

На 23.03.2024 год, во ФИНКИ Скопје, се одржа XXXV– от државен натпревар по информатика. Од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп на натпреварот учество зедоја 6 ученици и ги постигнаа следните резултати:

-Михаил Ѓорѓиески I-5 – трета награда
-Иван Јованоски IV-6 – трета награда и стипендија за бесплатно школување на ФИНКИ
-Благој Рујаноски Стојановски II-5 – прва награда и прво место со најдобри резултати од сите натпреварувачи од целата држава, за што доби ваучер од СЕМОС едукација и главната награда „Мендо“
-Михаил Живковиќ II-4 – трета награда
-Давор Димоски III-5 – пофалба за успешно учество
-Петар Рујаноски Стојановски III-5 – трета награда

Ментори на учениците беа професорките Анкица Стеваноска Јанческа и Анета Стојческа

Дали со посната шунка, веганските колбаси и барање соино млеко во кафетерија, оној кој пости го достигнал врвот на својот верски живот?

Пишува: Протоереј Златко Ангелески

„Дали, навистина, постои некое специјално однесување во текот на постот или тоа е само уште една од варијантите на „богоболажливо пренагласување“, со што сакаме да им ставиме до знаење на Бога и на луѓето дека ние, ете постиме, и се држиме до законот!?

Дали, кога постиме, нам ни е дозолено да се рекламираме по кафетерии и ресторани, барајќи соино млеко или растителни џимиринки, притоа одговарајќи на непоставено прашање со – Знаете, јас постам – одговор! Нормално, таквиот одговор е проследен со помала или поголема фацијална акробација.

Дали со посната шунка и веганските колбаси, оној, кој пости, го достигнал врвот на својот верски живот, па сега одлучил тоа јавно да им го соопшти на сите?

Дали ни е дозволено во текот на постот да се интересираме за сите други околу нас, ама никако за себе, и која е поентата на таквиот пост?
Да се облечеме во некаква космичка полициска униформа и да ги апсиме оние кои јадат маслинки или кикиритки во лушпа, кога постат на вода…
Дали постот навистина го очекува сето ова од нас?

Со таквиот став на „религиозните“, постот прераснал во некој засебен ентитет во однос на Христа и денес има некои свои диктати, кои често одат во тотална спротивставеност со она, кое Христос го рекол!“

Николоски во Прилеп и Кривогаштани: “Одиме на најголема победа!”

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во Изборната единица 4, вечерва во Прилеп и Кривогаштани порача дека очекува двојна победа на престојните парламентарни и претседателски избори.

Во Прилеп Николоски беше присутен на отварањето на регионалниот изборен штаб, каде имаше и свое обраќање пред насобраните граѓани.

-Да славиме ГОЛЕМА ПОБЕДА во новиот штаб во Прилеп! Многу убава енергија, многу прилепчани, ќе победиме силно и многу! Одиме на најголемата ПОБЕДА – напиша Николоски на ФБ.