Секоја чест! Младиот пијанист Алексеј Белевски од Битола, освои златен медал на натпревар во Њујорк

Алексеј Белевски – петтоодделенец од класата по пијано на проф.м-р Марија Шамоска Буџаковски, при Државното музичко училиште во Битола, е добитник на прва награда и златен медал на Интернационалниот натпревар за млади музичари во Њујорк, САД.

Во силна конкуренција на учесници од 16 држави ширум светот, оценуван од 12 члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и Кина, младиот Алексеј беше избран да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала Carnegie Hall во Њујорк.

-Честитки за големиот успех на нашиот ученик Алексеј и на неговата професорка Марија за работата, посветеноста и љубовта која му ја дава секојдневно. Исто и за поддршката од неговото семејство за реализација на овој настап кој е од голема важност за неговиот пијанистички развој – му порачаа на младиот пијанист од Државното музичко училиште на Алексеј.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.