дома блог страница 867

За една година кафаните поскапеле за 6%

Угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0.2 %, а во однос на март лани за а 6.0 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 % и Алкохолни пијалаци за 0.1 %.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6.2 %.

Прилепчани со победа против фаворизираната “Струмица”, ја стартуваа одбојкарската лига на ветерани

Во саботата, на 06.04.2024 започна одбојкарската лига за ветерани во машка конкуренција. Самата лига брои 8 екипи, а меѓу другите тука е и прилепската екипа ОК ” 11 Октомври” – ветерани.

Првото коло се одигра во Гевгелија, а нашиот тим ја победи фаворизираната екипа на Струмица 1 со резултат 2:1 во сетови. Тимот на “11 Октомври” е во состав:

Жарко Илиески, Димитар Стрезоски, Зоран Пилоски, Славчо Кузманоски, Мартин Наумоски, Теодор Ангелески, Гоце Бурнески, Васко Гајтаноски, Петар Толески, Кирил Котески, Никола Димоски, Александар Савиноски, Далибор Раевиќ и Павле Стефаноски.

Да им посакаме среќа и во следните натпревари, и пласман на самиот врв на крајот од лигата.

Прилеп: Со вратата од автомобилот му нанел повреди на полициски службеник и избегал

На 06.04.2024 во 00.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 00.20 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, З.З. од Прилеп не извршил наредба дадена од полициски службеници и со врата од своето возило „фолксваген голф“ нанел повреди на полициски службеник кој извршувал службени дејствија, по што го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

За 350 денари, четири пати ќе го исперите вашиот автомобил само на ова место во Прилеп (ВИДЕО)

Најсовремената самоуслужна автоперална во Прилеп, GALA WASH e повторно со вас! Лоцирана покрај Градската река, на улица “Кеј 1-ви Мај”, GALA WASH е местото каде можете да му пружите најдобра нега на вашето возило, и сето тоа без чекање, сами, а сега и по најниски цени во целиот град.

Цената на еден жетон е само 25 денари, а со тоа добивате 90секунди. Само тука вашето возило можете да го перете со топла вода (55 Степени помешана со шампон), а ако сакате вашиот миленик на четири тркала навистина да заблеска, тогаш на располагање ви е и опцијата за нанесување восок со ладен воден млаз.

Покрај тоа GALA WASH нуди и можност за плакнење на возилото без бришење, со дестилирана вода, а откако добро ќе го светнете возилото однадвор, редно е да се упатите на следната станица, односно добро да ја исчистите внатрешноста. За 1 жетон од 25денари добивате 180 секудни за користење на правосмукалка.

Она што мора да се потенцира е тоа дека автопералната користи исклучиво докажан бренд на хемиски средства, односно од реномираниот белгиски производител NERTA.

На вас останува после дождливото време, да ги посетите и да се уверите во пишаниот збор одблиску.

Ни доаѓа голем празник: Благовец е денот на мајките – еве што според верувањата треба да направите

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

МВР со детали за синоќешниот настан во кој беше претепан сопственик на кафуле во Прилеп – Причината е повеќе од банална!

На 05.04.2024 во 20.15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.М.(21), О.И.(26) и А. А.(34), сите од Прилеп, затоа што околу 19.00 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Maркукуле од очевидци дознава дека причината за настанот, во кој сега лишените од слобода лица го нападнале сопственикот на кафуле пред неговиот локал, е повеќе од банална.

Според исказите, тој бил крвнички нападнат откако им рекол да го фрлат отпадот кој го правеле во корпа за отпадоци, а не на платото пред Градскиот Саат.

С.Ч. од нападати се здобил со телесни повреди и е пренесен во градската болница “Борка Талески”, каде му е укажана лекарска помош.

Важно известување: Водата од овие чешми во прилепско не одговара за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во н.м Алинци (двор – водоводна мрежа) и н.м Лагово (Петрески Тоде, водоводна мрежа) не одговара за употреба и не смее да се користи за пиење – стои во соопштението од општина Прилеп.

Експресна реакција на МВР… уапсени се четворица напаѓачи, кои вечерва претепаа газда на кафуле во Прилеп – Се очекува притвор!

По експресна реакција на МВР уапсени се четири лица, кои вечерва околу 20:45ч., во центарот на Прилеп претепаа сопственик на кафуле.

Лицата моментално се на распит во Полициската станица Прилеп, а граѓаните веќе реагираат и на социјалните мрежи бараат да им се одреди притвор.

Според првичните информации, тие вечерва без посебна причина физички го нападнале сопственикот на кафулето пред неговиот локал и му нанеле потешки повреди.

Лицето со возило на брзата помош е пренесено во градската болница “Борка Талески”, каде му се укажува лекарска помош.

Верниот прилепски народ до последно место ги исполни храмовите и на Третиот Акатист посветен кон Пресвета Богородица во Великиот пост (Фото галерија)

Во третиот петок од Великиот Велигденски пост во прилепските црковни храмови, се отслужи Големо повечерие на кое се читаше акатистот посветен кон Пресвета Богородица и се освети петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Прилепчани до последно место ги исполнија црквите и принесоа петтолебија за здравје и спасение на себе си и своите ближни.

Мајката Црква, премудро одредила, за време на Четириесетницата (Великиот пост), која е време кога ние христијаните треба да вложиме дополнителен труд за духовно усовршување, преку особена служба, која се нарекува Акатист, ние верните да упатуваме молитви и кон Пресветата Богородица.

Црквата од векови не почучувала дека за време на нашиот краток животен век, кој е обременет со многу животни искушенија, за нас е дужеполезно да ја повикуваме за помош Мајката на нашиот Господ Исус Христос, Пресветата Богородица и да ја молиме да го моли својот Син и наш Бог, Исус Христос, да не’ запази од животните бури.

Во деновите, кога се служи овој посебен чин, Акатистот кон Пресвета Богородица (петоците), според православната традиција, верните принесуваат петтолебие од благодарност кон Бога и за здравје на нивните семејства. Меѓу народот, вообичаено се вели: „Испеј си едно петолебие за здравје“

Петолебието е кратка служба на Благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот. Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот. Ова благословување не’ потсетува на чудото на умножување на лебовите и рибите од страна на Христа, со кои нахранил мноштво луѓе.

Ова благословување обично се извршува за време на празнично вечерно богослужение и особено во петоците од Великиот пост.

По службата, лебовите се разделуваат меѓу присутните верници. Овој благословен леб помага против секакво зло, доколку се прима со вера.

Еве како изледаа црковните храмови во Прилеп денеска:

Црква Св. Благовештение – Стара црква

Црква Св. Петка

Црква Св. Кирил и Методиј – Параклис

Вечерва претепан сопственик на кафуле во центарот на Прилеп – Пет напаѓачи се во бегство?

Сопственик на кафуле во центарот на Прилеп, вечерва поради засега напознати причини, бил нападнат пред својот локал од пет лица, кои потоа се дале во бегство.

Лицето потоа со возило на брзата помош е пренесено во градската болница “Борка Талески” во Прилеп.

Настанот се случил околу 20:45ч. во строгиот центар на градот, а според очевидци напаѓачите без посебна причина го нападнале сопственикот на кафулето.

Граѓаните очекуваат брза и ефикасна реакција на МВР!