Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијн Мицкоски вечерва со почеток од 19 часот ќе гостува во Дневникот на Сител телевизија.
-Следете го моето гостување во дневникот на Сител Телевизија во 19:00 часот, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Мицкоски.
СДСМ тврди дека нашле уставно издржано решение со кое функционерите нема да добијат по 300 до 500 евра повисока плата со усогласувањето од април.
„СДСМ и коалицијата денеска поднесе измени на сите закони со кои се регулираат платите на сите избрани и именувани функционери. Со измените на законите постоечките коефициенти на плати се намалуваат по што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.“ – рече Мартин Костовски од СДСМ
Сепак, овие измени не значи дека функционерите ќе имаат помали плати, туку само нема да имаат зголемување. Велат дека ова е единственото уставно решение.
„Така е направено да нема драстично зголемување бидејќи пред неколку дена Државниот завод за статистика излезе со пресметки за просечната плата во државата и ова ќе значи енормно зголемување од 15,3%. Ние како одговорни политичари од СДСМ тоа нема да го дозволиме“ – додаде Костовски.
По примерот на Прилеп, и битолската Стара чаршија ќе организира викенд со големи попусти.
Се најавуваат пониски цени и до 75%, а моментлано се работи на организација на настанот.
За повеќе информации следете ја Фејсбук фан страната на “Бабам Битола / Babam Bitola”
https://www.facebook.com/photo?fbid=926317045528438&set=a.710141203812691
Октетот Прилеп, по повод 8 Март – Денот на жената ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе ни дари букет од убави песни.
Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Неодамна на фестивалот Илинденски денови се закити со награда за најдобра интепретација на староградска музика.
Досега има издадено неколку албуми. Работи под покровителство на ЦК„Марко Цепенков“.
Влезoт за концертот е слободен.
Maкедонија вчера одбележа 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.
Многумина ја паметат онаа негова легендарна изјава од времето кога беше заменик министер за надворешни работи, од 1999 година за косовските бегалци во Македонија.
Но, ретко кој го знае и моментот кога претседателот Трајковски му ја покажал вратата на високиот претставник Хавиер Солана. За време на неговото гостување во „Еден на Еден“ пред неколку години, тогаш министер за надворешни работи Никола Димитров, првпат откри што се случувало на една од преговарачките средби во 2001 година, кога тој бил дел од тимот на претседателот Трајковски.
Имаше 2001 со претседателот Трајковски едни тешки преговори со Хавиер Солана, кој во тоа време беше висок претставник во ЕУ. Во една ситуација претседателот Трајковски му рече – Еве ти ја вратата, излези! Солана излезе навреден, а минута после тоа претседателот рече излези по него и врати го. Не знам дали тоа беше спремно од претседателот Трајковски, не знам дека тоа го мислел претходно, но во моментот одлучил дека тоа може да биде корисно да покаже дека ова не оди!, рече Димитров.
Најпопуларното музичко дуо во Македонија, Андреј и Панчо од ДНК, својата Златна бубамара која ја добија за најдобра песна за 2023год.ја ставија на лицитација, а парите добиени ќе бидат наменети за лекување на младиот Лео, момчето кое деновиве ја обедини нацијата.
И не само што успеаја статуетката да ја продадат за 250.000 ден, ДНК собраа речиси три пати поголема сума.
Драги наши ❤️
И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на Популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари.
Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе.
Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Filip Patrikliski (Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце.
Ви Благодариме 🙏
Ваши,
Панчо и Андреј
Прилепското танцово студио NEW GENERATION, се апсолутни победници на големиот интернационален денс фестивал (Белград INTERNATIONAL DANCE OPEN), кој е еден од најдобрите настани во регионот и натпревар на кој се собираат најдобрите групи на едно место.
“Прилеп и Македонија треба да видат горди на нашиот успех. Учествувавме во повеќе категории во хип-хоп, стрит денс и др. Освоивме 4 први и едно второ место во формации, две први места во хип-хоп соло, едно прво место во стрит денс и две први места во опен категорија. Исто така имаме и едно прво место во дуо стрит денс, како и многу други високи пласмани”, вели тренерот на дечките Оливер Богојевски.
Покрај признанијата и медалите за дечките кои се искачија на пиедесталите, NEW GENERATION во Прилеп се вратија и со 4 пехари.
“На гала вечерта влеговме со две наши точки – Магдалена Еленоска настапи соло во хип-хоп, а тука беше и нашата формација 048 D.S.N.G. Прогласени сме за втор најдобар клуб од 46 колку што учествуваа. Добивме признание за најдобра победничка формација на гала вечерта, каде со свои точки се претставија 20 групи и ни беше доделена парична награда од 300евра, а успеавме да се избориме и за пласман на Европското првенство”, вели Богојевски
Честитки за овие талентирани дечки кои од година во година прераснуваат во вистински амбасадори на Прилеп и Македонија. Им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на одлуката од 23.2.2024 година.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на одлуката од 23.2.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,454%, кај дизелот за 0,742%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 1,773%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,187%
Од 27.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,343 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,442 ден/кг и сега ќе изнесува 43,343 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Марија Кулеска, професор, поет и писател, од своето долгогодишно искуство како професор по англиски јазик, споделува неколку совети за мотивацијата во процесот на учење.
Развојот на детето зависи од интернализацијата на стимулите, кои доаѓаат од неговата непосредна средината и неговиот одговор на тие стимули. Реалните способности на децата често се сузбиени, поради тоа што наставата сведена на фронтално предавање и групно работење не се осврнува кон индивидуалните потреби на децата, односно кон зајакнување на нивните когнитивни способности.
Доаѓам до убедување дека општо владее некаква дисторзивна слика за процесот на осознавање и на учење. Учењето е ставено во некаква парадигматска рамка, фрлено и нафрлено врз фокусот на детето. Од детето се бара да запаметува, меѓутоа се изостава начинот на тоа како да го прави тоа. Се дава куп од информации, кои треба да се усвојуваат, но се изостава начинот на нивнот усвојување. Особено се занемарува мотивираноста кај децата. Мотивираноста е нераскинливо поврзана со когнитивната способност на помнењето. По изучувањето на тематските единици, се случува детето да биде испрашано и оценето, и веќе следниот ден да не се ни сеќава, за она што учело. Се разбира, информациите кои се процесираат во мозокот се отфрлени затоа што се само привремени информации, кои се
задржуваат во кратката меморија. Како се стигнува до усвојување на информации, кои остануваат во врежани во долгата меморија и кои би му користеле на детето да ги развие своите креативни способности?
Не би сакала да ја прифатам теоријата на Лок дека човекот е табула раса, па во текот на животот врз неговата меморија, се испишуваат информациите. Сметам дека постојат траги во нашето битие уште од раѓање, а тоа го потврдуваат теориите на Фројд, Јунг, Чомски, Ниче, Хусерл и др. Сметам дека сме родени со потреба да осознаваме. Дека покрај она што Фројд го карактеризира како основен инстинкт, кој треба да се задоволи, постои желба да се осознава. Впрочем сведувањето на Фројдовата теорија каде либидото е психосексуалната енергија, Јунговата теорија во која архетипот е изблик на примодијалните слики и сознанијата на цивилизацијата, синтаксичкиот притап на Чомски, дека мозокот поседува внатрешен капацитет за осознавање е она што во филозофијата на Ниче се вика волја. Човекот е поттикнат од своето детство да издвојува автономија и сигурност. До овој заклучок доаѓа и Дерида. Да ја наречеме таа сила или волја, мотивација. Тоа е она што поттикнува, да извршуваме одредени активности. Канеман пишува дека мозокот е поделен на два дела, Горен и Долен Мозок, дека информациите од Горниот мозок се оние кои се добиваат свесно преку насочено внимание и фокус, додека во долниот дел од мозокот постои силата, која ја поттикнува креативноста кај човекот.
Кога се зема во предвид Блумовата таксономија која ги прикажува следниве цели на учење: запомнување, разбирање, примена на научниот материјал, анализа, евалуација и создавање на нешто ново, односно креативност, би можела да констатирам дека образовната цел на часот, иако се насочува кон највисоката цел на таксономијата, сепак, најчесто се сведува на достигнување на само четири цели. Би сакала да ја споманм таксономската подреденоста на човечките потреби на Маслов, која ги опфаќа следниве потреби : задоволување на физиолошки потреби, сигурност, љубов и припадност, самодоверба и само самоактуелизација. Самоактуелизацијата ги вклучува развојот на когнитивните способности: вниманието, фокусот помнењето и развој на креативните способности. Кога би направиле споредба меѓу двете таксономии, би можело да се дојде до заклучок, дека самоактуелизацијата во себе вклучува градење на Емоционална интелегенција, поттикнување на автономија и креативност кај детето и најбитниот фактор, кој влијае врз сето тоа е доволната мотивираност. Од особена важност е внатрешната мотивација, кога детето чувствува дека она што го учи му е значајно и го сака.
Во своето пoвеќегодишно искуство како професор научив, дека цел на наставникот е да го насочува детето кон стекнување на самостојност или автономија. Патот кон стекнување на автономија е често покриен со неподобности. Наставникот се соочува со низа предизвици, кои треба да ги надмине. Еден предизвик, што според мене беше најголем е мотивацијата. Често кога им поставував прашање на своите ученици дали го сакаат учењето и дали уживаат во него, добивав одговор „Не“. Учењето го доживуваа како нешто што мораат да го прават и им е наметнато. Се заинтересирав за тоа како доволно да поттикнам мотивација во текот на часот. Почнав да осознавам литература за тоа како да ги мотивирам моите ученици, не само да го изучуваат англискиот јазик, туку да го сакаат самото учење. Се разбира дека во предвид ги зедов големиот број на фактори, кои влијаат врз самиот процес на учење и осознавање во текот на часот, но и врз мотивацијата, како што се дисциплинираноста, потребите на учениците, нивните преференции, нивниот круг на пријатели и нивниот однос со своите соученици и со членовите во семејството. Она што ми беше најголем предизвик беше осознавањето на нивната индивидуалност, но и мотивирање да ја развиваат и истакнуваат својата инидвидуалност. Сепак инидвидуалниот пристап неминовно води кон самостојност. Тоа не значи дека групната работа ипроектните активности треба да се изостават, но сепак најголемо значење давам на индивидуалниот пристап, бидејќи секое дете осознава на свој начин. Исто така, севкупноста на социјалните фактори не би ја пренебрегнувала, бидејќи социолошко- културолошки вредности од средината во која детето е родено, имаат големо влијание врз неговиот развој.
Мотивацијата може да се претстави како континуум, која сопоставувајќи ги надворешната и внатрешната мотивација, ја претвора надворешната мотивација во внатрешна. Најпрво се развива надворешната мотивација, која потоа се претвора во внатрешна мотивација. Детето прво добива награди и пофалби, кои се надворешни стимули на мотивацијата, потоа вниманието на наставникот се насочува кон неговите интереси и се обидува предметот, во мојот случај англискиот јазикот да го направи што поблизок до неговиот интерес. На почетокот на секој час, често поставував прашања за тоа кои се интересите на учениците, за да можам вежбите кои индивидуално ги работат да ги прилагодам на нивниот интерес. Мислам дека, кога би се посветиле десет минути на индивидуална работа и задача, која на детето би му била доловена дека е блиска до неговиот интерес, би ја поттикнало неговата внатрешна мотивација.
Самодовербата е битен фактор кој влијае врз мотивацијата на детето. Наставникот се осврнува кон намалување на стравот и го исфрлува како инструмент во мотивирањето, осврнувајќи се кон развој на Емоционалната интелигенција, би водело кон развој на позитивен став кон учењето.
Позитивниот став на детето и неговото чувство за самоконтрола и дисциплина придонесува до развој на внатрешната мотивација. Во текот на часовите, често ја применував теоријата за визуализација на Кубанијова. Таа подразбира создавање и поттикнување на имагинација кај ученикот, со цел да се направи позитивна саморефлексија. Со тоа може да се негува позитивна атмосфера во училницата, намалување на стравот и да се постигне кохезивност во целата група. На секој ученик, му се дава задача во траење од пет минути , да напише како се замислува и како се доживува во иднина. Наставникот во оваа активност му помага на ученикот, да развие визуелизација за подробностите во тоа како неговиот предмет би бил корисен во иднина и кои би биле подобностите од неговиот предмет. Често се користи техника на водечка визуализацијата, каде наставникот го води ученикот да го замислува најдобриот можен исход и да го поврзува неговиот интерес со предметот. Може да се користат и табла за визуализација на која секој ученик, би ги запишувал своите позитивни карактерни особини и би пишувал како учењето на предметот, му помага да ги развива своите карактерни особини. Исто така, водење на дневник е добра техника, во која ученикот, ги запишува своите емоциите поврзани со предметот и детално пишува за тоа како би изгледал неговиот успех во иднина. Имено, кога се поврзуваат емоциите со одредена задача, се подобрува меморијата кај човекот. Кај учениците развојот на позитивниот став кон предметот, намалувањето на стравот и најдобриот исход од неговата работа, би придонесол да се развива внатрешната мотивација.
Доволно е детето да биде поттикнато и мотивирано, за да може да ги развива својата автономија и своите когнитивни способности. Битен е развојот на чувство на само ефикасност и самостојност, со цел да се постигне нивно поврзување со когнитивните способности. Впрочем колку поголема мотивација, толку поголема способност за помнење и фокусираност би имало детето.