дома блог страница 861

НАГРАДНО ПРАШАЊЕ: Погодете кои тројца на фотографијата земаат плата над 2.000 евра

Партиите се веќе длабоко влезени во изборна кампања. Се оди од куќа во куќа, се бара поддршка за претседателските кандидати, но и за изборните програми за парламентарните избори.

СДСМ како се’ уште владеачка партија, на овие избори освен за Пендаровски, во Прилеп поддршката ја бара и за единствениот кандидат за пратеник на добитна позиција, Миле Талевски.

За Талевски ова ќе биде втор мандат во законодавниот дом, иако дебело ги загуби локалните избори во 2021 година, а пред тоа губеше како претседател на ОО СДСМ Прилеп и на минатите претседателски избори.

Токму затоа одлуката само тој да се најде на добитна позиција од Прилеп во 4-та изборна единица, наиде на нож кај најголем број од симпатизерите и членството на партијата во Прилеп.

Но, каков и да биде исходот, Талевски ќе продолжи да си зема над 2.000 евра плата…, а кои се другите двајца на фотографијата со слични примања, оставаме да препознаете вие.

Радост за најмалите! Две филмски проекции на популарни анимирани филмови утре во киното “Мис Стон” во Прилеп

Две филмски проекции во кино Мис Стон!

Сабота 13.04.2024

11.00 ч. „Неверојатната приказна за џиновската круша„

(од 4 до 14 години)

13.00 ч. „Кариран нинџа“ (12+).

****************************************

Влезници на билетарницата од киното денеска до 13 часот и сабота од 10 до 13 часот!

Толку од сонцето, температурите ќе паднат и за 10 степени: Еве кога ќе врне!

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од среда се очекува значителна промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.

Што е разликата: IQOS ILUMA споредено со претходната генерација IQOS уреди?

Уредите без чад значително ја променија сликата на пазарот на алтернативи на пушењето. Предводник во оваа категорија несомнено се IQOS уредите. Со загревање наместо согорување на тутунот, уредите нудат подобра алтернатива на цигарите за сите полнолетни пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.

На македонскиот пазар неодамна пристигна технолошки најнапредниот уред за загревање – IQOS ILUMA, што користи технологија за индукциско загревање, а истражувањето што го спроведе Филип Морис покажува дека IQOS ILUMA пружа подобрено корисничко искуство. Овој производ не создаваат чад од тутун, туку аеросол кој содржи 95 отсто помалку штетни материи, што не значи дека е без ризик, бидејќи ослободува никотин.

Новата генерација решава три најголеми предизвици на корисниците: чистењето, непријатните мириси и полнењето. Во продолжение ви донесуваме што точно е унапредено во однос на претходната генерација уреди:

Новата генерација уреди не треба да се чистат

Кај претходните генерации, загревањето се одвиваше преку сечилото во држачот, па поради тоа се собираа остатоци на дното и потребно беше редовно чистење на уредот. Новата генерација уреди користат технологија на индукциско загревање и повеќе нема сечило во држачот. Тоа значи дека нема потреба од чистење на уредот, никогаш повеќе!

Автоматско загревање

За разлика од претходната генерација уреди, каде што загревањето стартуваше со притискање на копче, кај ILUMA држачот автоматски почнува да се загрева, без притискање на копчиња, благодарение на Аuto-start опцијата.

Дизајн и избор на уреди

Покрај тоа што дизајнот е далеку попрефинет од претходниот модел, новото портфолио опфаќа три различни модели – IQOS ILUMA PRIME, IQOS ILUMA и IQOS ILUMA ONE. Дополнително, батеријата на новата генерација уреди има и подолг век на траење.

IQOS ILUMA уредите нудат и следно ниво на елегантен дизајн со дополнително нови бои и додатоци, како и дополнителни smart гестови за проверка на статусот на батеријата, заклучување на држачот. Со постојано унапредување на портфолиото на производи без чад, компанијата Филип Морис ја потврдува својата посветеност на мисијата – иднина без чад од тутун и продолжува да ја предводи трансформацијата на тутунската индустрија кон намалување на штети.

Мицкоски до Пендаровски: По поразот на изборите, ниту ГПС нема да те пронајде

Ја слушнав вчера најновата навреда на Стево, охрабрен, осилен, а во суштина исплашен како глувче мало и вели на професорката која за него е величина голема како Монт Еверест на Хималаите и недостасувало ГПС. Го гледам како се сили на жени, а пред Али Ахмети преде како маче, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево во рамки на претседателската кампања.

Мицкоски му порача на Пендаровски дека после избори и тешкиот пораз ниту ГПС нема да го пронајде.

Јас ќе му порачам да си го зачува ГПС бидејќи ќе му треба после изборот кој ќе му се случи најпрво на 24 април, а после тоа на 8 мај ќе не знае главата каде му е, нека си го чува ГПС-от барем да знае каде точно се наоѓа во тој момент, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Пендаровски се фалел дека изминатите 5 години не крадел, но го праша да каже како ја финансира неговата кампања, посочувајќи му дека во РЕК Осломеј се испорачуваат услуги три пати поскапи, дел од тие пари завршуваат во приватни џебови, а дел за финансирање на претседателската кампања на Пендаровски.

„Она што е главна карактеристика со која што Стево се гордее и вели на полупразните плоштади вели барем не крадев, тоа било главна карактеристика и главен успех изминатите 5 години на Стево Пендаровски. И тука се поставува едно клучно суштинско прашање, добро Стево еве да те разбереме дека не си крадел, но со какви пари ти се финансира Стево кампањата за претседателските избори“, вели Мицкоски и додаде:

„Еве јас ќе ти дадам одговор за да не се мачиш, да не треба повторно да коленичиш во Зајас и да измеќариш пред Али и Артан. Има еден објект недалеку од Кичево, се вика РЕК Осломеј по три пати поскапи цени се испорачуваат услуги таму, дел завршуваат во приватни џебови, а дел ја финансираат твојата кампања. Ете така се финансира со криминални крадени народни пари кампањата на Стево Пендаровски“.

Утре во храмот Параклис, четврт Акатист кон Пресвета Богородица и предавање на тема “ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО ВО ХРАМОТ”

Во четвртиот петок од Великиот Велигденски пост со почеток од 17 часот, во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Големо повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Потоа ќе се одржи и предавање во овогодишниот циклус од предавања на тема ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО ВО ХРАМОТ на кое ќе предава ѓакон Димитар Поп Атанасов, во просториите на административната зграда.

ВОЕДНО И ПОКАНА до верниот народ, свештеното братство за присуството на предавањето.

Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

Мечка нападнала сточар од прилепско, го спасиле неговите две кучиња

Во велешкото село Оморани мечка нападна човек. Имено, 60-годишен сточар од селото Дреновци, прилепско, бил нападнат од мечка додека пасел крави при што се здобил со телесни повреди.

Сточарот го спасиле неговите две кучиња кои ја исплашиле мечката и таа побегнала. За случајот се огласи и ЦУК кој продолжува да ја следи состојбата на повредениот.

„Сточарот при нападот од мечаката успеал, инстиктивно, после неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие“, известува ЦУК.

Kривична пријава за полицаецот од Крушево кој нападна свои колеги и со нож им се заканувал на тројца прилепчани

ОВР Крушево поднесе кривична пријава А.А.(51) од Крушево, полициски службеник во Полициската станица Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 31.03.2024 во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево.

По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и дадени се задолжителни мерки да се отстрани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Tотален хаос, патници се степаа па се легнаа на земја – AВИОН ИТНО СЛЕТА ВО БЕЛГРАД! (ВИДЕО)

Авионот „Сан експрес“ кој на 9 април во 19 часот и 30 минути полета од аеродромот во Манчестер кон Даламан во Турција, мораше принудно да слета во Белград поради патник кој предизвика тотален хаос.

Поради драмата, авионот доцнел на својата дестинација два часа, пишува Дејли мејл.

На видеата што ги снимија шокираните патници и ги споделија на социјалните мрежи, јасно се гледа како еден маж вика и навредува друг патник, покажувајќи со прст кон него.

На крајот се огласи авиокомпанијата „Сан експрес“:

„По слетувањето во Белград, локалната полиција го извади патникот од авионот, а авионот продолжи кон Даламан, планираната дестинација“.

Тие исто така нагласуваат дека безбедноста на патниците им е најголем приоритет.

Приведени 7 лица од Непал, се обиделе илегално да преминат во Грција – Пред 3 дена четири девојки од од оваа држава избегаа од работа во Прилеп

На 10.04.2024 во 10.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле седум лица мигранти од Непал, кои се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Република Северна Македонија кон Република Грција.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – стои во соопштението од МВР.

Инаку, на 07.04.2024 го 21:57часот во Полициската станица Прилеп, Д.Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л.С.(29), Б.К.П.(26), С.С.М.Т.(29) и С.Р.М.(29), кои биле во работен однос со склучен договор во неговата фирма, од околу 19:00часот на 06.04.2024 не се вратиле во куќата во која престојувале во Прилеп.

Засега не е познато дали станува збор за истите лица кои вчера се обиделе илегално да ја преминат македонско-грчката граница.