дома блог страница 863

Битолчани ја објавија програмата за “ЗИМСКАТА ПРИКАЗНА” – 9 дена и ноќи забава пред Офицерски и во Старата чаршија

Битолчани ја објавија програмата за овогодинешната “Зимска приказна”, манифестација која полека станува бренд на градот и одлична туристичка понуда во пресрет на празниците. Оваа година музика и забава ќе има на две локации, пред Офицерскиот дом и во Старата чаршија.

Целосната програма погледнете ја во продолжение:

Зимска Приказна – Програма
——
23.12.2023 – Сабота 🔴🔴
Офицерски дом 🔴
12:00-14:30 – Dj Milojevich – Офф програма, Офицерски дом
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк Сокак
14:30-17:00 – Dj Kox – Офф програма, Офицерски дом
Официјална програма Офицерски дом
20:00 – 21:00 – Expose Dance Studio
21:00 – 23:00 – „Евергрини“ – Сара и Дејан
23:00 – 00:00 – B.Boy “His music/his viny!”
– Disney маскоти
Стара Чаршија 🔴
11:00 – 14:00 -„Заедно да ја накитиме елката“ – ЗУР Македонски Ракотворби
11:00 – 11:30 – Детска градинка „Мајски Цвет“
11:30 – 13:00 – Оркестар „Маестрал“
13:00 – 14:30 – Оскестар „Фаворити“
14:30 – 16:00 – Група „Оскар“
18:00 – 20:00 – „Новогодишен германски базар“ – Наставници по германски јазик
———
24.12.2023 Недела 🔴🔴
Офицерски дом 🔴
12:00 – 14:30 – Dj Limon – Офф програма, Офицерски дом
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк Сокак
14:30 – 17:00 – Dj Goks – Офф програма
Офицерски дом – Официјална програма
20:00 – 21:00 – Sineticsax
21:00 – 22:00 – Група „Гром“
22:00 – 23:00 – Николче Зацески и „Barcode“
23:00 – 00:00 – Sound Waves/Марјан Ѓаковски
Стара Чаршија 🔴
11:00 – 11:30 – ООУ „Коле Канински“
11:30 – 12:15 – „Од децата за децата“ – КУД „Илинден“ – Битола
12:00 – 14:00 – „Традиционален Базар“-Македонско-Турско здружение„Мустафа Кемал Ататурк“
12:15 – 13:00 – „Зимска Фолклорна Приказна 2023“ – А.Ф. „Плетенка“ – Битола
13:00 – 13:45 – „Фолклорна Бајка“ – А.Ф. „Гоце Делчев“ – Битола
13:45 – 14:15 – „Божиќни песни“ – Женски камерен хор „Керамија“ Прилеп
14:15 – 16:00 – „Музика за битолчани“ – Здружение за музичка култура и уметност СЕКВЕНЦА
———
25.12.2023 Понеделник 🔴🔴
Офицерски дом 🔴
12:00 – 14:30 – Dj Acika – Офф програма, Офицерски дом
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк Сокак
14:30 – 17:00 – Dj Boca – Офф програма, Офицерски дом
13:00 – 14:00 – Поп музика, Широк Сокак – Офф програма
Официјална програма Офицерски дом
20:00 – 21:00 – Discophats
21:00 – 22:30 – Симеон Тасев – Emotion Band
22:30 – 00:00 – City Band
Стара Чаршија 🔴
11:00 – 11:45 – ООУ „Елпида Караманди“ – Музички точки
11:45 – 12:30 – ООУ „Гоце Делчев“ – Музичко Драмски точки
13:30 – 14:30 – „Хераклеа Бенд“
14:30 – 16:00 – Дуо Латино – Музичка изведба
———
26.12.2023 Вторник 🔴🔴
Офицерски дом 🔴
12:00 – 14:30 – Dj Anna Maria- Офф програма, Офицерски дом
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк Сокак
14:30 – 17:00 – Dj T- Zobe – Офф програма Офицерски дом
Официјална програма Офицерски дом
20:00 – 21:00 – Виктор Апостоловски
21:00 – 22:30 – „Влатко и оркестар Златко Миладиноски“
22:30 – 00:00 – „Ламбе и пријателите“ – Ламбе Алабаковски
Стара Чаршија 🔴
11:00 – 16:00 – „Новогодишно село“ – Здружение за коњички спортови и заштита на коњи
ГЕСТУЕТ ДРАЈЛИНДЕНХОФ
11:00 – 11:30 – ООУ Климент Охридски
11:30 – 12:00 – ООУ „Кирил и Методиј“
12:00 – 12:30 – ООУ „Трифун Пановски“
12:30 – 14:30 – „Битолски чалгии“
———
27.12.2023 Среда 🔴🔴
Офицерски дом 🔴
12:00 – 14:30 – Dj Anna Maria- Офф програма, Офицерски дом
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк Сокак
14:30 – 17:00 – Dj T- Zobe – Офф програма Офицерски дом
Официјална програма Офицерски дом
20:00 – 21:00 – Виктор Апостоловски
21:00 – 22:30 – „Влатко и оркестар Златко Миладиноски“
22:30 – 00:00 – „Ламбе и пријателите“ – Ламбе Алабаковски
Стара Чаршија 🔴
11:00 – 16:00 – „Новогодишно село“ – Здружение за коњички спортови и заштита на коњи
ГЕСТУЕТ ДРАЈЛИНДЕНХОФ
11:00 – 11:30 – ООУ Климент Охридски
11:30 – 12:00 – ООУ „Кирил и Методиј“
12:00 – 12:30 – ООУ „Трифун Пановски“
12:30 – 14:30 – „Битолски чалгии“
———
28.12.2023 Четврток 🔴🔴
Офицерски дом 🔴
12:00 – 14:30 – Dj Ljubisha – Офф програма,Офицерски дом
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк Сокак
14:30 – 17:00 – Dj Sasho Spect – Офф програма,Офицерски дом
Официјална програма – Офицерски дом
20:00 – 21:00 – ConTruDj
21:00 – 22:00 – Музичка група КОД 369 (Памперс)
22:00 – 23:00 – Група „Паркети“
23:00 – 00:00 – Група “The Groove”
Стара Чаршија 🔴
28.12.2023 Четврток
11:00 – 12:00 – ООУ „Даме Груев“ – Музички и драмски точки
12:00 – 14:00 – Група „Амајлија“
14:00 – 16:00 – Група „Адути“
———
29.12.2023 Петок 🔴🔴
– Дневна програма
12:00 – 13:30 – Гимназија „Ј.Б. Тито“ – Музичка програма
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк сокак
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк сокак
12:00 – 14:30 – Dj Berryqyat – Офф програма,Офицерски дом
12:00 – 15:00 – „Куќарката на Дедо Мраз“ – Зоолошка градина
„22 Нентори“ – Офф програма
14:30 – 17:00 – Box Beater – Офф програма,Офицерски дом
Официјална програма Офицерски дом
-Вечерна програма
20:00 – 21:00 – Театарска претстава „ Трите волшебни кучиња“ – НУ Народен театар
21:00 – 22:30 – Трио „Џентлемен“
22:30 – 00:00 – Група „Фонтана“ и Елена Андоновска
Стара Чаршија 🔴
29.12.2023 Петок
11:00 – 12:30 – Група “Ѓердан“
12:30 – 14:00 – Група „Милениум“
14:00 – 16:00 – Група „Боеми“
————
30.12.2023 Сабота 🔴🔴
– Дневна програма – Офицерски дом 🔴
11:00 – 11:30 – Детски музички фестивал „Тра ла ла“
11:30 – 12:30 – Театарска претстава „Изгубената снегулка“ – Бабец театар
12:30 – 13:15 – Новогодишен мјузикл за деца – Балада арт продукција
13:15 – 14:00 – Театарска претстава „Магична потрага по Дедо Мраз“
14:00 – 14:45 – Театарска претстава „Замрзната Бајка“
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк Сокак
– Disney маскоти
– Вечерна програма – Офицерски дом
20:00 – 21:00 – Jingle bell symphony – Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерен Оркестар на Битола IWConnect
21:30 – 22:30 – Група „Калабалак“
22:30 – 00:00 – Група „Деспина“
Стара Чаршија 🔴
11:00 – 16:00 „Новогодишен Слоу Фуд базар“ Пешачка патека покрај река Драгор
11:00 – 11:30 – „Вплотеност на традицијата и современото“ Комуна на Армините-Власите „Браќа Манаки“ Битола
11:30 – 13:00 „Магнум Бенд“
13:00 – 14:15 – Миле Кузмановски
14:15 – 16:00 – Група „За Мерак“
————
31.12.2023 Недела / 01.01.2024 Понеделник 🔴🔴
-Дневна програма – Офицерски дом 🔴
11:00 – 11:30 – „СИ ДО“ Новогодишен концерт – ЗГ Промедиа
11:30 – 12:30 – Театарска претстава „Новогодишни желби“- Театар ДЕЛ АРТЕ – Битола
12:30 – 13:30 – Театарска претстава „Новогодишна збрка“
13:30 – 14:30 – Театарска претстава „Санката на Дедо Мраз“
12:00 – 14:30 – Isavioloncello – Офф програма, Широк Сокак
– Disney маскоти
-Вечерна програма – Офицерски дом
20:00 – 21:00 – „Eruption Band“
21:00 – 22:00 – „Elicsir band“
22:00 – 23:00 – Група „Чоканче“
23:00 – 00:30 – Битолски дувачки оркестар и Стендап комедија со Марјан Ѓорѓиевски
Стара Чаршија 🔴
11:00 – 12:30 – „Ритам Бенд“
12:30 – 14:00 – Група „Бон Тон“
14:00 – 16:00 – Група „Антика“
12:00 – 16:00 – Dj Jakov – Офф програма
– Disney маскоти
01.01.2024 Понеделник 🔴🔴
„Први на први“ – ЗПСК Олимпус Монс – Офф програма
12:00 – 14:30 – Isa violoncello – Офф програма, Широк Сокак

Посетете ја Битола во пресрет на празниците, а сите случувања можете да ги следите ТУКА

Осминафиналните дуели донесоа 40 погодоци: Ова се најдобрите 8 екипи на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023” (ВИДЕО)

На турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023” вечерва и вчера се одиграа осминафиналните дуели, кои очекувано донесоа одлични фудбалски претстави на теренот и многу погодоци.

Салата во “Ристе Ристески-Ричко” беше исполнета до последно место, атмосферата одлична, прилепчани жедни за спорт.

Ова се резултатите:

Портал Битола-Лимонада 0:5
Компанија Атанасоски-Скара кај Балче 9:1
Могила-За наш Прилеп 1:1 (2:0 на пенали)
Инекс Олгица-Брест Хем 3:5

Љупче Автоконтрол-Брест Солар ТАГ Балкан 1:2
Теа Андреа Хајф Кафе-Џулијано 3:0
АСП ПАК- Фенербахче 4:3
Гостилница кај Мече-Ла Страда 1:1 (3:2 на пенали)

Во продолжение и дел од атмосферата:

Нема повеќе тендери и плаќање приватници: Општина Велес си набави машина за бележење на сообраќајна сигнализација (Фото)

Наместо општината да распишува тендери и да плаќа на приватници, отсега во Велес хоризонталната сообраќајна сигнализација ќе биде обврска на ЈКП “Дервен”.

Набавена машина за одбележување на хоризонталната патна сигнализација!Безбедноста на сите учесници во сообраќајот е на прво место, поради што Општина Велес набави машина за одбележување на хоризонталната патна сигнализација. Редовното одбележување на улиците е неопходно, затоа оваа машина ќе биде предадена на користење на ЈКП Дервен, од каде што во координација со стручните служби од Општината навремено ќе се вршат активностите за бележење. За поубав Велес – напиша градоначалникот Марко Колев.

Си точел гориво во приватно возило со службени пари: Ја оштетил фирмата за 103.961 денар

Полицијата поднесе кривична пријава против С.П.(59) од кичевско поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Тој, од 2017 до 2022 година, во својство на претседател на здружение за лов и спортско рекреативен риболов ја злоупотребил службената положба и неовластено од службената трансакциска картичка наменета за гориво, наместо во службено возило, точел гориво во приватни автомобили“, објави МВР во дневниот билтен.

Со тоа, на здружението му предизвикал материјална штета од 103.961 денари.

Николоски: Заради криминалот на власта никој не ја притиска Бугарија да не се изживува со Македонија на патот кон ЕУ

Тука за жал не гледам капацитет во оваа влада на заминување и ќе треба многу сериозно да се работи на оваа задача после следните парламентарни избори убеден сум дека Македонија има и добро поставени институции и добро законодавство ниту мислам дека ни требаат нови закони ниту мислам дека ни требаат нови институции треба професионалците во институциите да се остават да работат.

Прво да поздравам што на овој начин дискутираме во рамки на националниот совет и комисијата за европски прашања за жал од рационални причини не бевме во можност пред некаде десеттина дена да го одржиме консултативниот состанок пред да се завршат овие документи како би имале и наш посериозен импут во составувањето на овие документи, но се надевам дека во иднина ќе бидат надминати овие процедурални пречки пред се во делот на одржување на комисии кои што се од затворен карактер се со цел да можеме пооперативно работиме не само да коментираме од како ќе се заврши, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

-Два дела сакам да споменам, прво во однос на планот за раст апсолутно мислам дека е добар механизам кој што ЕУ го предлага за сите земји од Западен Балкан затоа што основните две причини зошто луѓето сакаат од регионот да се зачленат или да се приближат до ЕУ е владеењето на правото и економскиот раст, односно подобриот животен стандард.

И тука мислам дека треба да сме паметни како држава и како општество да ги искористиме овие средства со цел да поттикнеме раст во рамки на државата, мислам дека ова ниво на раст во државата не држи далеку од било што би се нарекло европски стандард, мора да работиме поинтензивно на подобрување на инфраструктурата и патна и железничка, мора да работиме поинтензивно на подобрување на комуникациите на дигитализација, но исто така и на давање на шанса на приватниот сектор ние сме мала држава, извозот мора да е основа на развојот на приватниот сектор без разлика дали се работи на производство или за интелектуални услуги мора да работиме на поттикнување на извозот доколку сакаме да имаме цврсто и стабилно стопанство во Македонија.

Сега сето ова е поврзано со владеењето на правото и за тоа нели има исто така патоказ за реформи туку мислам дека Македонија нема со што да се пофали за жал во државата со години корупцијата цвета економијата тоне тоа е константа која што можеме да ја видиме и јас останувам на она што го зборувам со години го зборувам и во овој период дека основна причина зошто Македонија не почнува преговори за членство со ЕУ е високото ниво на криминал и корупција.

Односно државата има слабо досие, има досие со кое што не може да се пофали пред голем број земји членки на ЕУ истите не вршат притисок врз Бугарија и Бугарија буквално се изживува врз Македонија наметнувајќи бескрајни услови кои што гледаме дека од ден во ден се зголемуваат зависно од тоа како има политички потреби во Бугарија.

Но тоа го прават така затоа што никој не им врши притисок да не го прават обратното а гледаме дека доколку се направи политички притисок тоа го видовме и на последниот состанок на Европскиот Совет апсолутно можат да се променат овие работи и како што често велам ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ ние имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија отколку што Бугарија и треба на ЕУ и има соодветни механизми со кои што и самата ЕУ но и земјите членки можат да направат притисок врз Бугарија доколку се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори но за жал неколку големи земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори пред се и заради високото ниво на криминал и корупција и немањето на функционален систем на владеење на правото.

Тука за жал не гледам капацитет во оваа влада на заминување и ќе треба многу сериозно да се работи на оваа задача после следните парламентарни избори убеден сум дека Македонија има и добро поставени институции и добро законодавство ниту мислам дека ни требаат нови закони ниту мислам дека ни требаат нови институции треба професионалците во институциите да се остават да работат.

10 до 15 проценти во институциите се супер корумпирани останатите се чесни луѓе кои што сакаат да си ја работат работата и доколку им се даде шанса да ја работат својата работа јас сум убеден дека првите резултати ќе се видат за само шест до девет месеци. Ова е нешто со кое што дел од моите политички опоненти знаат и да се потсмеваат но јас сум убеден дека за 6-9 месеци работите можат да се средат или да почнат да се средуваат во Македонија во делот на борба со организираниот криминал и корупција и воспоставувањето на функционален систем на владеење на правото.

Нема да одземам повеќе време затоа што претпоставувам ќе сакаат повеќе луѓе да се јават, благодарам и продолжуваме со дискусијата, додава Николоски.

Со украдени пари од Лампард и поранешниот газда на Лестер се купувале автомобили и луксузни имоти во Србија

Српската полиција денеска уапсила шест лица со обвинение за криминално здружување и перење пари до кој дошле на нелегален начин.

Според информациите најголем дел од овие средства кои изнесувале околу 26 милиони фунти биле од грабежот на легендарниот фудбалер Френк Лампард, поранешниот сопственик на Лестер, Вашаи Шриваданапраб и ќерката на поранешниот сопственик на Ф1, Тамара Еклстон.

Овие пари по разни канали биле пренесени во Србија, каде што со нив биле купувани луксузни недвижности и возила, со цел да ги вметнат во легалниот паричен промет, со цел потоа легално да бидат трошени за други намени.

Жител на битолско загина во сообраќајка во која учествувале три возила и камион – Неговите малолетни деца и сопруга се повредени

Жител на пелагониското село Долно Агларци загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Новаци, во правец на РЕК „Битола“ а неговите две малолетни деца се тешко повредни. Во несреќата учествувале уште неколку возила од Битола, Ресен и возило со албански регистарски таблички. Неофицијално причина за тешката сообраќајка е густата магла која вчера ја налегна Пелагонија.

Според официјални информации од СВР Битола несреќата се случила пред 19 часот на регионалниот пат Битола – Маково помеѓу патничко возило марка „сеат”со битолски регистарски ознаки управуван од С.Н. (41) од с. Долно Агларци, Општина Новаци и сопатници во возилото, неговата сопруга М.С.Н. (36) и двете деца на возраст од 6 и 10 години.

Во несреќата учестуваат и патничко возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управуван од Ј.В. (29) од Ресен и двајца сопатници од Ресен, патничко возило марка „рено”со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.О. (48) од Битола и товарно возило марка „даф” со прикачена полуприколка со албански регистарски ознаки управуван од В.К. (38) од Албанија.

„Во несреќата од здобиените повреди возачот С.Н. (41) починал, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека со тешки телесни повреди се здобиле децата на возраст од 6 и 10 години, уште три лица се се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола“, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола.

Целосно изгоре “мерцедес” во Прилеп – Ова е трето запалено возило во неколку дена (ФОТО)

Утрово (20.12.2023) околу 01:20часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. “Киро Базерко” било опожарено паркирано патничко возило “мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М. (50) од Прилеп.

Возилото целосно изгорело, а од пожарот била оштетена и фасада на куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ Прилеп, а повредени лица нема – информираат од ОВР Прилеп.

Слатките елфови на “Витаминка” ги подготвија најубавите новогодишни пакетчиња – Израдувајте ги вашите најмали! (ВИДЕО)

Радоста на креирањето новогодишно пакетче! Слатките елфови со голема љубов, во магична атмосфера, ги полнат кутиите со вашите омилени производи. Откријте што подготвија за вас и вашите сакани. Подарете со љубов, подарете Витаминка новогодишно пакетче.

Ги стопли срцата на прилепчани: Македонската поп дива Калиопи со својот настап ја збогати градската слава Св. Никола (ВИДЕО)

Прилепчани по 16-ти пат вчера се помолија пред својот заштитник на градот, Св. Никола. Стотици верници запалија свеќи за здравје пред параклисот во центарот на градот, а покрај литија и празничен ручек, манифестацијата оваа година беше збогатена со настап на единствената, Калиопи.

Македонската поп дива ги исполни своите најголеми хитови и ги стопли срцата на сите присутни, особено на најмалите кои заедно со неа пееја и играа на Камената бина.

Дел од вчерашната празнична атмосфера на плоштадот “Александрија” погледнете ТУКА