дома блог страница 853

Пендаровски: Јас сум ваш, вие сте мои

Зборувајќи пред граѓаните на Василево, кандидатот за претседател Стево Пендаровски потенцираше дека Македонија веќе е горда на постигнатото.

Пендаровски повика на силна мобилизација и гласање за бројот еден на 24 април во првиот круг на претседателските избори.

„Не оставајте работите да ги решаваме на 8 мај треба на 24 да им покажеме дека мнозинството наши граѓани не сака да се враќа во мрачните времиња. Немаме луксуз како држава да се враќаме назад и 20 години да чекаме, затоа што сите млади ќе се иселат, а нема држава која може економски да просперира ако нема млади. Ако добиеме доверба со оваа политичка структура ние за 4 години ќе одиме напред, ќе одиме кон полноправно членство во ЕУ“, порача Пендаровски во општина Василево.

-Јас сум ваш, вие сте мои, а сите заедно сме наши – ќе успеееме, рече кандидатот за претседател.

Ограничување на верските права и слободи во Македонија, реакција на Митрополитот Григориј на изјавите од Пендаровски

Во продолжение ја пренесуваме во целост реакцијата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во врска со изјавите на Претседателот Стево Пендаровски дадени на Телма телевизија, на 17 април оваа година.

АПОПЛЕКТИЧЕН (КРАЈНО ЛУТ И АГРЕСИВЕН) ДИСКРИМИНИРАЧКИ ГОВОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ Г. СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

Претседателскиот кандидат г. Стево Пендаровски во своите изјави во текот на изминатата година применува „стратешка тужба“ против учеството на јавноста (SLAPP тужба; Strategic Lawsuit Against Public Participation) за критика на неговите неуставни постапки на „загрозување на независноста“ на Македонската Православна Црква (МПЦ), доведувајќи ја во положба на потчинетост или зависност спрема грчката патријаршија од Истанбул. Тој, исто така, протежира и употребува сила со цел да го измени уставниот поредок на МПЦ.

Претседателскиот кандидат со неговите неосновани изјави не бара правда, туку има намера да нѐ замолчи и да ни предизвика „заплашувачки ефект“.

Изјавите на г. Пендаровски содржат „јавна тужба“ ‒ клевета поднесена до поединци од Синодот на МПЦ со цел да бидат одвратени од критика ‒ да бидат спречени да продолжат да „произведуваат“ негативен публицитет против т.н. томос од грчката патријаршијата во Фанар — Истанбул. Целта на г. Пендаровски е да изврши влијание за сопирање на критиката! Доделувањето „томос“ од грчката патријаршија во Истанбул е ПРОТИВПРАВНА (неканонска) постапка, почеток на реформирање на начелото на соборност наспроти супрематијата во Православната црква.

Претседателскиот кандидат знае дека нема ниту „основи на сомневање“, камоли основано сомневање за сторено кривично дело, дека од него посочените „тројца владици од МПЦ“, сториле кривично дело „шпиунажа“, и затоа користи НЕКОНКРЕТНА генерализација, „тројца сториле кривично дело“, но според кој член од Кривичниот законик на Р Македонија или Уставот и законите на МПЦ?!

Самиот г. Пендаровски е свесен дека не постои основ од казнено материјален ниту од казнено процесен аспект, туку тој има за цел да ги спречи критичарите да даваат јавни изјави за своето уверување. Пендаровски ја искористи политичката моќ за да спречи поединците да го искористат своето право на СЛОБОДА НА ГОВОР — изразен преку СЛОБОДАТА НА ВЕРОИСПОВЕД и УВЕРУВАЊЕ, а во врска со автокефалниот статус на МПЦ — res iudicata, правосилно пресудена ствар. Изјавите на г. Пендаровски содржат клевета и дискриминација, за што треба да сноси одговорност!

Кандидатот е свесен дека кај „тројцата членови на Синодот на МПЦ“ НЕ МОЖЕЛ ДА ОЦЕНИ дека постои ОСНОВАНО СОМНЕВАЊЕ или дека е исполнето законското битие на основниот облик на ова казнено дело, како што го квалификува „руска шпиунажа“. Пендаровски имал цел да поддржи, поттикне и разгори јавна омраза и да искреира навредлива или неоснована јавна клевета поднесена поради остварување на нашите политички права или слобода на изразување во врска со прашања од јавен и црковен интерес.

Спротивно, г. Пендаровски изврши дискриминација, поточно во јавноста за „тројцата владици од МПЦ“ искреира жртви на дискриминација (инфинитезимална на Христовата жртва), врз основа на верска, расна, етничка, ксенофобична основа. Пендаровски имал умисла, мотив или цел да нѐ изложи на ризик од извршување насилнички акт врз нас, што е со законот дефиниран како казнено дело. Тој во јавноста поттикна предрасуди и омраза кон „тројца владици од МПЦ“, притоа мешајќи се во внатрешната политика на МПЦ, Пендаровски го наруши принципот на секуларизам, притоа поттикнувајќи раздор меѓу членовите на Синодот на МПЦ.

На „тројцата владици на МПЦ“, Пендаровски им ја донесе во прашање слободата на изразување и уверување, коишто се гарантираат со Повелбата за основните права на ЕУ (член 11) и Европската конвенција за човекови права (член 10), бидејќи изјавите на тројцата владици не повикуваат на насилство или омраза, затоа не смеат да бидат исклучени или ограничени од уживањето на слободата на изразување, односно само во таков случај се дозволува ограничување на слободата на изразување за да се спречи штета на другите.

Не постојат правни и морални основи што можат да го оправдаат прибегнувањето на г. Пендаровски во планирањето и учеството во најекстремните акти против „својата“ Црква, односно нејзиниот суверен. Оваа противправност вклучува дејства како што се учество во потчинување на родната црква под власта на друга црква; „туѓинци се кренаа против нас“ (Пс 53).

Господине Пендаровски, лично нема да Ви дозволам врз мене да го употребите методот DARVO — „одбиј, нападни, и замени ја жртвата со сторителот“ („Deny, Attack, and Reverse Victim and Offender“) — сторителот направи го жртва, а жртвата злосторник! Не Ви дозволувам мојата заштита на уставниот поредок на МПЦ, зачувувањето на називот Македонска црква и унитарноста на Македонската дијаспора под власта на МПЦ — да ја преквалификувате дека сум „руски шпиун“!

Јас лично, како митрополит на МПЦ, имам уставни права и обврски да учествувам во креирањето на политики на Синодот, и немам друг механизам, вклучително и останатите двајца владици, освен да применуваме НЕНАСИЛЕН ОТПОР против политичката сила на претседателскиот кандидат, во (октроирани) услови да гозаштитуваме уставниот поредок и суверенот на МПЦ ‒ од НЕУСТАВНА (насилничка) измена на Уставот против застапувањата на државниот политички фактор Претседател на државата, кој директно се вмешува кршејќи го принципот на секуларност.

Политичкиот филозоф Џон Лок вели: „Што и да пишувам, штом ќе откријам дека не е вистина, мојата рака е таа што најнапред ќе ја фрлам во оган.“ Што треба да направите, Вие господине кандидат, за измаматa што ја ширите дека „тројца владици се руски шпиуни“?!

Почитуван г. Пендаровски, ние — жртвите на дискриминација ќе продолжиме,

Во одбрана на називот Македонска народна црква;

Во одбрана на Македонскиот народ во дијаспората — за да не падне под туѓа управа;

Во одбрана на Православието од реформа на првенство ограничено во Помесната црква, наспроти неограничено првенство над сите Помесни православни цркви, што е цел на реформаторството.

Со парадигмата и постулатите на МПЦ и на Православието нема да компензираме според принципот — quid pro quo или do ut des (ти давам, да дадеш)!

Нема да тргуваме, ниту преговараме за најсветото на нашата православна црква, името МПЦ, кое претставува природно право/вредност — заштитена со ius cogens нормите на меѓународното право. Ниту државата, ниту којбило субјективен политички фактор, нема право да го измени прородното право на самоопределување и самоименување на еден народ на својата црква како Македонска Црква, прифатено и од поголем број Помесни православни цркви.

Митрополит Кумановско‒осоговски Григориј

АЈДЕ ПРИЛЕП, АЈДЕ МАКЕДОНИЈО! Да собереме 17.000 евра за Стефан од Прилеп, и да му пружиме нормален детски и тинејџерски живот!

Малиот Стефан Трпчески од Прилеп боледува од Церебрална парализа – хемипареза на десната страна. Неговите родители од самото негово раѓање се трудат да му пружат здрав и нормален живот, а сега конечно им се пружи шанса за тоа.

Имено, Стефан треба да замине на лекување во болница во Ниш, Србија, каде лекарите гарантираат дека третманот за него ќе биде 95% успешен, а со тоа Стефан ќе има нормален детски и тинејџерски живот.

Лекувањето во Србија чини 17.000 евра, сума која семејството не е во можност целосно да ја покрие, па затоа им е потребна помош од сите хумани граѓани.

Донирајте на телефонскиот број и трансакциските сметки во продолжение:

Димитриевски пред велешани потенцира: Ние од ЗНАМ кажавме дека нема коалиција додека не се потпишат и дефинираат црвените линии за Македонија

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, синоќа се обрати пред граѓаните на Велес.

„За нас и едните и другите се подеднакво исти.Во оваа наша држава од 90-та година наваму граѓаните само еднаш гласаа За.
На референдумот за независност. И така 30 години се вртиме во круг и гледаме како Македонија ја прават наменска држава, по нивни терк“, рече тој пред велешани и додаде дека тие се против модерното ропство.

„Ние сме за поголеми права, поголеми плати, поголеми пензии, подобар стандард на граѓаните. Ние тоа ќе го реализираме. Тешко ќе биде, но ќе успееме. Македонецот ќе биде и граѓанин од прв ред и свој на своето, зашто Македонија ќе биде самоодржлива држава со силна економија“,
потенцира Димитриевски.

„Не негираат оние кои се прегрнуваат со нашата политичка елита. Ние сме тука да ги потсетиме дека нема да може да прават што сакаат и затоа ја бараме поддршката од вас. Мораме да ги промениме работите. Корупцијата ја уништува Македонија. Криминалот е на секој чекор. Професионалци има насекаде, но се ставени во ќош. Партиските војници газат по професионалците“, рече Димитриевски и додаде дека на овие избори ќе го даде максимумот за во Македонија никогаш повеќе да не биде како што било.

Тој исто така рече дека од сегашната опозиција, а довчерашна власт, даваат некакви понуди за национална стратегија, што, како што потсети, е идеја на ЗНАМ. Димитриевски потенцира дека први ја предложиле таа идеја и рекле дека нема да коалицираат, ниту ќе разговараат со некој за идна коалиција без претходно да бидат потпишани и дефинирани црвените линии за Македонија.

„При тоа сакам од тука, од Велес да упатам една порака, бидејќи рековме дека со ова актуелно раководство на СДСМ, коешто многу се огреши и кон народот и кон Македонија, нема теоретска шанса да разговараме за идна коалиција. Но, сакам да испратам порака и до оние кои беа власт
претходно. Дека пред да седнат со нас на маса ќе треба да расчистат со основниот проблем кај нив и сето она што значи заостанати коруптивни
дела од претходната власт, бидејќи немаме намера да менуваме едни за други исти“, рече Димитриевски.

Му порачана Мицкоски да внимава што, како и на кој начин ги презентира своите и тие околу него, но да внимава и какви понуди дава, бидејќи за нив од ЗНАМ зборот е збор и си тежи.

Димитриевски рече дека идна влада без ЗНАМ нема да има,но, дека се подготвени да бидат и опозиција.

„Народот многу повеќе знае од сите нас. Ние имаме обврска, како нова политичка гарнитура, да сме искрени кон вас и кон сите граѓани. Можеби нема да добиете безконечен број на ветувања. Но, тоа што ќе го ветиме ќе го оствариме, зашто имате работа со чисти и чесни луѓе“, рече Димитриевски обраќајќи се пред граѓаните на Велес.

Пред граѓаните на Велес се обрати и носителот на кандидатската листа за ИЕ 3, Генерал-мајор во пензија Павле Арсоски, кој подетално ја претстави програмата на партијата и рече дека, покрај другото, ќе се заложат и за подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата на Македонија.

Во пресрет на Велигден – Знаете ли зошто се бојадисуваат јајца?

Како да го направите најубавото јајце е тајна која секоја домаќинка љубоморно ја чува. Некои од нив ќе бидат ставени во корпи кои ги чуваат зајаци, а овие животни може да се појават и на некоја од велигденските трпези.

Знаете ли зошто и од кога ги имаме овие обичаи?!

Не се радуваат само децата со велигденски јајца, разнобојни и шарени. Секој сака да биде „најјак“ во недела, да ги скрши сите „противници“ и да излезе од борбата како победник.

А оној кому му е скршено јајцето, нема да се лути затоа што Велигден е – најголемиот христијански празник!

Зошто се бојадисуваат велигденските јајца?

Традицијата на бојадисување јајца е многу стара и датира од претхристијанскиот период, па и пред Христа и неговите страдања. Имено, јајцата отсекогаш биле симбол на раѓање и победа над смртта – кога ќе се скрши лушпата, од јајцето излегува нов живот.

Во контекст на Велигден, боењето на јајцата за прв пат се споменува во 12. а во Србија во 16. век.

За овој обичај има многу народни приказни. Еден од нив зборува за стражарите кои го чувале Христовиот гроб и таму јаделе печено пилешко. Еден од нив постојано се плашел да не оживее Христос, поради што останатите постојано го исмевале. Во еден момент му рекоа дека тоа ќе се случи кога печеното пиле што го изеле ќе се оттргне и ќе снесе црвено јајце. Во тој момент тоа се случи и Христос се вознесе и полета на небото.

Според друга приказна, сликањето јајца е поврзано со легендата за Марија Магдалена. Таа дошла во Рим да го проповеда Христовото Евангелие и стигнала до царот Тибериј, кому му донела на подарок кошница со јајца. Кралот не верувал во Христовото воскресение и рекол кога белите јајца во корпата ќе ја сменат бојата. Марија Магдалена рече: „Христос воскресна“, и сите јајца во корпата станаа црвени.

Сепак, постојат легенди кои го поврзуваат чинот на бојадисување јајца со настаните пред Христовото воскресение. Една стара приказна вели дека под крстот на Голгота, на кој бил распнат Христос, имало гулабско гнездо. Крвта ги попрскала јајцата во гнездото и ги обоила во црвена боја, а оттогаш христијаните со бојадисување црвени јајца го одбележуваат денот на Христовото страдање.

Во некои делови, старите луѓе ја раскажуваат приказната за жените кои го спасиле животот на Исус боејќи јајца за војниците кои го бркале. Го виделе Христос како бега, па за да им го одвлечат вниманието на гонителите, набрзина бојадисале јајца. Војниците запреле запрепастени бидејќи никогаш претходно не виделе таков обичај, а Исус побегнал. Господ тогаш ги благослови, па од тој ден јајцата се фарбаат.

Во секој случај, симболиката на сите приказни е иста – на Велики четврток се бојадисуваат јајца во спомен на пролеаната невина крв и воскресението Христово.

АДВОКАТ СОВЕТУВА: На ова прашање не одговарајте кога ќе ве запре полиција

Британскиот адвокат Насир Хафези е многу популарен на социјалните мрежи, а секој ден дава различни правни совети и на пошироката јавност и ги објаснува нивните законски права во одредени ситуации. Пред неколку месеци тој сподели видео на TikTok каде го откри прашањето на кое никогаш не треба да дадете прецизен одговор на сообраќајната полиција.

Видеото стана вирално преку ноќ – прегледано е над 1,3 милиони пати, а сигурни сме дека ова адвокатско објаснување ќе ви звучи многу логично.

„Еве едно прашање на кое никогаш, ниту за милион години, не треба да ѝ одговорите на полицијата без да знаете за кое кривично дело сте осомничени. Тоа е прашањето кога полицијата те запира додека си во автомобилот, а полицаецот ќе те праша: „Знаеш ли зошто те запрев?“, вели на почетокот овој адвокат.

Прашањето е прилично безопасно и првиот импулс на повеќето луѓе е да одговорат искрено или да го наведат најмалиот прекршок што знаат дека го направиле, но се покажа дека тоа е погрешен пристап.

„Доколку не можете да читате мисли, не знаете што точно му се врти низ главата на полицаецот во тој момент, нели? Па зошто тогаш да одговарите доколку немате информации од него?“, објаснува понатаму г-дин Хафези.

Ако мислите дека полицијата само сака да ја препознаете сопствената грешка, размислете повторно.

„Почекајте малку и слушнете ме. Проблемот со ова често, стандардно полициско прашање е што може да биде трик прашање“, истакнува тој, додавајќи дека дури иако полицаецот видел и има докази дека сте направиле прекршок, вие може да признаете и некое друго дело кое тој не го забележал.

„Замислете дека не е трик прашање и не знаете за каков прекршок ве обвинуваат и одговарате: „Затоа што поминав на црвено“, „Затоа што возев пребрзо, „Затоа што јадев додека возев“. Признавате повеќе прекршоци и можеби кривични дела, а полицаецот мислел и можеби имал докази само за едно кривично дело – под претпоставка дека воопшто имал во предвид некаков прекршок“, истакна адвокатот.

На овој начин, вашите шпекулации за тоа на што мислеше полицаецот се претворија во признанија.

Адвокатскиот совет е да го задржите вашиот одговор едноставен, но љубезен. „Те молам кажи ми“, треба да биде твојот одговор на прашањето „Знаеш ли зошто те запрев?“. Дополнителен одговор од службеникот ве става во подобра позиција да разговарате за потенцијалното прекршување.

Мицкоски: Повикувам на македонско национално единство,запирање на сите напади кон Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство.

Тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од големиот народен митинг во Охрид, од каде што традиционално ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата за парламентарните избори.

Мицкоски посочи дека долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, а понекогаш и се занемаруваше и никогаш како сега не било важно како сега да се случи обединување, да се обезбеди национално единство.

„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум во нападите кон партиите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ но, и како моја обврска да се обидам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога таа и е најпотребна на Македонија“, рече Мицкоски.

Додаде дека со Левица и ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ има свои разлики по повеќе прашања и од идеолошка но и од принципиелна природа, но смета дека во моментов, најважно за Македонија е да се фокусираат на оние кои што ја киднапираа државата од граѓаните.

„Но, ценам дека во моментов најклучно за иднината на земјата е да се фокусираме на оние кои ја киднапираа Македонија од рацете на граѓаните. Разидувањата сигурно ќе продолжат, но мора да наоѓаме заеднички јазик без разлика на лични и партиски суети и интереси. Од нив не очекувам да го направат истото. Дури можеби и ќе ме нападнат за овој гест, можеби некои оправдано ќе кажат дека задоцнет, но и покрај тоа, како и да се однесуваат споменатите партии, ние како партија ќе опстоиме на нашиот збор“, порача Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Кривична за двајца прилепчани: Со нож му се заканувале на свој сограѓанин

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ќ.Ш.(43) и А.Р.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 19.02.2024 во Прилеп, по претходна расправија, пријавените со остар предмет му се заканувале на К.И.(33) од Прилеп.

Не ни тргна со знамињава, па тоа ти е…. (ФОТО)

Протоколот на македонската Армија го згреши знамето на Норвешка во благодарноста на „Фејсбук”. Ваквата грешка стоеше 30-минути на социјалната мрежа. Наместо норвешко, стоеше знамето на Исланд.

„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност”, напишаа од Армијата.

И претходно, Владата имаше грешки во протокол. Делегации беа пречекувани со погрешни знамиња.

Инцидент во средно училиште во Битола: Се степале две колешки

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информираше Министерството за внатрешни работи.

„Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, наведено е во полицискиот билтен.