дома блог страница 852

Исто како на тој од Прилеп: На газда од Охрид му “избегале” работничките од Непал

-На 20.04.2024 година, во 15:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 24-годишен охриѓанец пријавил дека две жени од Непал, на возраст од 41 и 25 години, кои биле вработени во негова фирма, се оддалечиле од домот во кој престојувале во Охрид.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, информираат од МВР – стои во соопштението од МВР.

Aпсење на шеталиште во Битола: 36-годишна скопјанка фатена како нуди сексуални услуги

На 20.04.2024 во 21.45 часот на Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Б.М.(36) од Скопје, со привремен престој во Битола.

Таа била затекната како нуди сексуални услуги, односно при оддавање на проституција. Против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Се крадело многу во прилепската болница? Филипче знаел се’? (ВИДЕО)

Би сакал денеска да позборувам повеќе за криминалот и корупцијата коишто се случуваат во Општата болница во Прилеп која што е директорувана од директорката кети Смилеска која е поставена за директор од носителот на листата на СДСМ во четвртата изборна единица Венко Филипче, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 4 Александар николоски.

Би сакал денеска да позборувам повеќе за криминалот и корупцијата коишто се случуваат во Општата болница во Прилеп која што е директорувана од директорката кети Смилеска која е поставена за директор од носителот на листата на СДСМ во четвртата изборна единица Венко Филипче, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 4 Александар николоски.

-Имено, состојбата во прилепската болница е ужасна, голем број на одделенија не работа, нема соодветни здравствени услуги, дури нема ни основни здравствени услуги за пациентите. Во време на корона кризата Прилеп за жал имаше највисока смртност токму заради состојбата во прилепската болница. Се сеќавате дека немаше довод за кислород скоро една година, а кога се отвори модуларната болница, немаше крај на забеганоста па Венко Филипче заедно со Јована Тренчевска со хеликоптер слетаа во Прилеп за да ја отворат.

Во Општата болница Прилеп нема лекови за пациентите, нема соодветни здравствени услуги затоа што има криминал и корупција.

Би сакал денес да отвораме една серија на прес конференции на коишто ќе обзнанам бројни криминали во болницата.

Почнуваме со договорите за одржување на компјутерскиот систем. Се работи за два исти договори, едниот потпишан на 2 декември 2021 година и вториот потпишан на 22 февруари 2024 година со истата фирма Кодекс компјутери.

Доколку внимателно се разгледаат овие два договори ќе се види дека за истата работа, а тоа е одржување на постоечкиот информациски систем со иста спецификација која е препишана и е јајце на јајце буквално помеѓу едниот и другиот тендер, разликата во цена е 60.000 евра.

Истата фирма го добива тендерот и во 2021 година и во 2024 година, но во 2024 година за 60.000 евра поскапо.

Доколку одиме на единечна цена што мислам дека најфрапантно во целата оваа работа, за истата услуга одржување на компјутерскиот систем во 2021 година цената е 162.500 денари или некаде околу 2.500 илјади евра, а веќе во 2024 година е 5.000 евра.

Повторувам во 2021 година одржувањето на компјутерскиот систем кој што според спецификацијата е исти и во 2021 чини 2.500 евра месечно а во 2024 година чини 5.000 евра месечно.

Што значи дека во Прилепската болница оди на дупло значи не се зголемило за 10 или 20 проценти како што фамозно крадат од СДСМ тука во прилепската болница директорката поставена од Венко Филипче краде 100 проценти.

За 100 проценти повисок договор дава во 2024 година односно истата услуга која што во 2021 чинела 2.500 евра месечно во 2024 година 5.000 евра месечно или разликата за 24 месечен период е 60.000 евра пари кои што се одлеваат од прилепската болница и затоа нема соодветни здравствени услуги за граѓаните. Ќе продолжиме следниот период да обзнануваме и други криминали што само покажуваат како работел Венко Филипче од каде му пари за скапото ауди и за удопствата во животот тие сигурно не се ниту од министерската ниту од докторската плата очигледно се од криминал и корупција, како што денес не даде одговори на крупните прашања кои што ги поставувавме поврзани со наводите за криминал и корупција во време на неговото министерување, рече Николоски.

Благодарение на верниот народ и домаќинското работење, храмот Св. Петка во Прилеп разубавен со нови порти и кристални лустери (ФОТО)

Најновиот и најраскошниот црковен храм во Прилеп, Св. Петка во населбата “Точила”, благодарение на домаќинското работење и донациите од верниците, се поднови со нови порти и кристални лустери.

-Пред се’ благодарение на Бога а потоа на здружените сили на семејствата Стојкоски, Станчески, Грданоски и на храмот св. Петка, зачинети со умешноста на фирмата Кристални Лустери (SDK Kristalni lusteri) нашиот храм се поднови со уникатен полиелеј кој дополнително ќе ја разубави внатрешноста на храмот. Бог да им дарува здравје и спасение на семејствата кои помогнаа да се оствари овој проект како и на изработувачот, фирмата Кристални лустери – напишаа од храмот Св. Петка.

Пред неколку дена храмот доби и порти, а кога на тоа ќе се додаде уреденоста на дворот, уредените тревници, дрвцата, цвеќињата… може да се каже само едно – секоја чест за луѓето од управата и свештениците.

На чекор од остварување на целта! “Децата” oд Победа донесоа големи три бода од гостувањето во Струга

Eкипата на Победа брзо закрепна од поразот од Кожуф, па со вчерашниот триумф на гостински терен кај Караорман во Струга, е речиси на чекор од остварување на целата, а тоа е опстанок во Втората фудбалска лига.

Головите ги постигнаа Дестан Адили во 23-та и Димитар Шаркоски во 77-та минута од натпреварот.

Со овој тирумф Победа се искачи едно место погоре на табелата и сега е на +6 од опасната зона.

Во наредното коло црвено-белите го пречекуваат Вардар Неготино.

Димитриевски од Битола: Прочитани се како Буквар. Време е граѓаните да ја земат судбината во свои раце и да направат промена

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, синоќа се обрати пред граѓаните на Битола.

„Македонија низ својата историја водела многу борби, имала препреки и проблеми, но македонскиот народ секогаш знаел да изнајде соодветно
решение и да стави крај на тоа што го тишти. Во овој момент најголемиот проблем се оние што народот ги бира во континуитет од 30 години. Тамам ќе ги смениш едните, ќе дојдат дабетер другите. И дојде време, невреме кадешто граѓанинот е на дното, а елитата на врвот. Си седат по
кабинетите и си се договараат со својот вечен партнер ДУИ за ситните цели“, рече Димитриевски и додаде:

– По дваесет години потпишавме Меморандум за соработка со Здружението на бранителите „Братство 2001“ за да може да тргне работата за нивните права. Жално е ова што се случува“, рече Димитриевски.

„Сакам да ветам дека како иден Врховен командант ќе се заложам да се остварат нивните права. Македонија во оваа 2024 година има можнност да
избира помеѓу веќе виденото и нешто ново, Движењето ЗНАМ –За наша Македонија, кое доаѓа од граѓаните, е со граѓните и ќе биде со
граѓаните. Да ја направиме Македонија маскимална и да го дадеме својот максимум за наша Македонија, зашто друг а држава немаме“, потенцира тој.

Димитриевски порача дека со него како Претседател на државата и со Движењето ЗНАМ, никогаш повеќе ниту еден Македонец нема да мора да бега
од своето парче земја и продолжи: „Мора да сме свои на своето и да бидеме како и другите во оваа држава, граѓани од прв ред. Доста гледаме
како ДУИ ги врти околу малиот прст и заедно и со едните и со другите градат биетничко општество. Е има и други! Оваа држава ја направил македонскиот народ. И затоа Македонецот треба да се крене, да се одважи да каже – Доста е! Време е за суштинска промена. Време е граѓанинот да ја земе судбината во свои рвце“, рече тој.

„Јас ќе бидам Претседател кој доаѓа од вас граѓаните, ќе биде со вас, граѓаните и ќе работи за вас, граѓаните. Бидете одважни, не потпаѓајте на притисоци, зашто сите се видени. Сите се веќе прочитан буквар. Суштинските промени доаѓаат со Движењето ЗНАМ и бројот седум“, рече Димитриевски вечерва, пред граѓаните на Битола.

На митингот пред битолчани се обрати и носителката на кандидатската листа за пратеници од ИЕ 5, госпоѓа Весна Бендевска. Таа рече дека ЗНАМ ја гледа Македонија како држава со силна економија, со производство, со храна доволна за сите. Земја во која се изедначени минималната плата и минималната пензија.

„ Ќе ги укинеме сите етнички клучеви и квоти. Во Македонија нема веќе да има енклави кои нема да плаќаат сметки. Сите имаат еднакви права, но и обврските се исти за сите. Движењето ЗНАМ нема да прифаќа уцени ниту од внатре ниту од надвор, рече Бендевска и додаде:

„Битола се буди и ги води сите. Време е да го дадеме својот максимум за наша Македонија“. Караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски вчера ги посети и Ресен, Новаци и Могила.

Инаку денеска Движењето ЗНАМ– За наша Македонија и Здружението на Воени ветерани и Воени инвалиди „БРАТСТВО 2001“ Битола потпишаа Меморандум за соработка и реализирање на повеќе договорени цели од интерес на челновите на Здружението.

Тешка сообраќајка во Македонија: Две лица загинаа, едно е повредено (ФОТО)

Две жртви има во тешката сообраќајна несреќа, што се случи вчера во 14.25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип, потврди портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението лиферувано до медиумите. Жртвите се на возраст од 40 и 64 години, од Кочани од Скопје.

-На 20.04.2024 на експресниот пат Штип Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо” со кочански регистарски ознаки управувано од А.Н.(40) од Кочани и патничко моторно возило „шкода” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Д.(66) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д.(64) во шкодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Во соопштението се посочува дека возачот на шкодата се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Панајотова информира дека од 17.15 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај патот Штип до клучката кај Крупиште. Сообраќајот ќе се одвива по стариот регионален пат Штип – Кочани.

Увидот е во тек. Инаку ова е втора тешка сообраќајна несреќа на овој експресен пат, во февруари на истиот пат во близина на селото Жиганци исто така загинаа две лица.

Прво и единствено соочување: Сите претседателски кандидати вечерва на дебата на МРТ 1

Од јавниот сервис ја потврдија информацијата дека сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата

Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи вечерва (недела, 21 април 2024 г.) на МРТ 1.

Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал.

УЖИВАЊЕ И АТРАКЦИЈА! Штип доби ПАМП ПАТЕКА (ВИДЕО)

Општина Штип ја доби првата Памп патека за велосипеди. Паркот во населба Баби доби уште една содржина со која ќе се анимираат велосипедисти и многу љубители на адреналин.

Погледнете за што точно станува збор:

(ФОТО) Без загубен сет, Работнички останува владетел во женската одбојка во Македонија

Одбојкарките на Работнички Скопје и натаму се прва сила во македонската женска одбојка откако третпат по ред ја освоија шампионската титула. Во третиот натпревар од лигашкото финале за сезоната екипата од главниот град триумфира на гостувањето кај Струмица жени со 3-0 (25-23, 28-26, 25-19).

Девојките од Работнички до титулата во финалето стигнаа без изгубен сет, а две од трите победи ги постигнаа на гостински терен.

Честитки!