Поради одрон на камења во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Витолишта, на потегот од селото Штавица кон селото Бунче.
Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е во прекин од 17:10 часот.
Живееме во време кога како никогаш досега сме преокупирани со работни овбрски, со брзање да стигнеме секаде, да обезбедиме денар повеќе и подобар живот за себе и своето семејство. Па не е ни случајно што во една ваква трка со времето, многу често се случува готвењето да го ставиме во втор план.
Ако ги прашате прилепчани пак, тие ќе ви речат дека одамна заборавиле што е тоа готвење, а зошто е тоа така? Епа Прилеп си ја има “Ана Марија”, кетеринг кој секојдневно се грижи за илјадници трпези со највкусни јадења. И сега многумина ќе речат: “Па тоа не е причина да не се готви дома”. Не е причина, но ако ги погледнете нивните цени, а потоа и вашата сметка за потрошена електрична енергија, и тоа како ќе ви стане јасно за што зборуваме.
20 години традиција се нешто со кое ретко кој може да се пофали, а притоа ниту еднаш да не ги разочара оние кои им ја даваат довербата. Сите кои се увериле во квалитетот на храната, услугата, љубезноста, виското ниво на хигиена и уредност секогаш повторно се враќаат.
Менито е секојдневно богато, има од се’ по нешто, па дури и најпребирливите ќе најдат храна која им одговара. За да нема кавги подома од типот “Што ќе јадеме утре?”, тимот на “Ана Марија” навремено ги известува своите потрошувачи за утрешното мени.
Неодамна во нивниот синџир за храна се приклучи и “Ана Марија” ресторанот за брза храна, лоциран веднаш до кетерингот и место каде прилепчани уживаат во најдобрите хамбургери и гиро во градот. Ако сте вљубеници во овој вид на храна, наш совет е секогаш навремено да порачате на телефонскиот број: 072/267-000, затоа што редот на порачки често е долг.
И за понудата на храна да биде комплетна, сопствениците отворија уште и пица ресторан, кој пак се наоѓа веднаш до средното училиште “Орде Чопела”.
Готвена храна со многу љубов, вкус и мирис за уживање, хамбургери какви нема никаде во Прилеп и пици по најниски цени во градот. Сето ова само во “Ана Марија”, а како успеваат да постигнат се’? Eпа затоа се мајстори на својот занает во кој никој не им е рамен.
А за малку ќе заборавевме. Тимот на “Ана Марија” ви стои на располагање за сите помали и поголеми свечености. Нудат кетеринг прилагоден по вашиот вкус, со кој вашите прослави ќе добијат поинаков шмек.
Бидете и вие дел од илјадниците кои својата својата доверба им ја дале на најдобрите. Веќе од понеделник, стартувајте ја работната недела со нешто вкусно и неодоливо.
Побарајте ги на телефонските броеви: Пица ресторан – 073/444-433
Фаст фуд: 072/267-000
Готвени јадења: 075/234-190
Тимот на “Ана Марија” ве очекува!
Денеска (09.03.2024) во 11.15 часот, по наредба за распишана потерница од Казнено поправната установа Затвор-Прилеп, од страна на полициски службеници од СВР Битола на ул. „Мирче Ацев“ во Битола е лишен од слобода Н.Н.(24) од Битола, кој бил баран за издржување на вкупна казна затвор во траење од 9 години и 3 месеци, од кои што издржал 2 години и 5 месеци, за тешки кражби и разбојништва – информираат од СВР Битола.
Наместо со 20 километри на час, која беше максималната дозволена брзина на движење на возовите на пругата Велес-Скопје, отсега возовите на оваа делница ќе сообраќаат со „неверојатни“ 50 километри на час, бидејќи, како што соопшти МЖ Инфраструктура, завршена е санацијата на пругата.
„Сектор ЗОП Скопје во изминатиот период работеше на замена на дрвени колосечни прагови и шини на делот меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес. Замената е завршена и брзината од 20 км/час е зголемена на 50 км/час“, соопштија од МЖ Инфраструктура.
Исто така, во изминатиот период се работело на замена на дрвени прагови во станицата Кадина Река на втор колосек, кој досега беше затворен за сообраќај.
Колосекот е пуштен за сообраќај, со што се овозможува вкрстување на возови и зголемување на протокот на железничкиот сообраќај
Секој човек остава трага во нашиот живот. Но, некои луѓе не само што оставаат трага, туку ни се водилка, затоа што дале бројни совети и цели генерации насочувале и подготвувале за идните фази во животот – напиша на ФБ штипскиот градоначалник Иван Јорданов, кој вчера на 8-ми Март со мало внимание ја посети својата класна раководителка.
-Денешниот ден го посветив на жената која на многу генерации помогна да го изберат вистинскиот правец, од аспект на морални и хумани вредности, да ги изберат позитивни човечки особини и со работа да го слават успехот. Среќен празник на мојата класна наставничка, Грозданка Мешинкова! Среќен празник на сите жени, кои оставаат белег со своето постоење – напиша Јорданов, а за гестот доби илјадници пофалби од граѓани од цела Македонија.
Ракометарите на РК Прилеп денеска со почеток од 17часот, го играат петтиот натпревар од плеј-аут разигрувањето на ракометната Супер лига.
Избраниците на тренерот Боби Мојсов се наоѓаат пред првиот посериозен предизвик, а тоа е гостувањето во Куманово, каде на прилепчани ќе им бидат потребни бодови за останување на првото место на плеј-аут табелата, а со тоа борба до крајот за сигурен опстанок во лигата.
Освен службено добиениот триумф против дисквалификуваниот РК Аеродром, прилепчани досега беа сигурни и против Мулти Есенс, Голден Арт и Скопје, но до крајот има уште 9 натпревари.
Куманово од друга страна триумфираше над Вардар Неготино, Скопје и Голден Арт, а забележа пораз од втората екипа на Еурофарм Пелистер.
Останува да видиме како и дали капитенот на РК Прилеп, Филип Велески, ќе успее да ги мотивира момците, за нови бодови на тешкото гостување.
Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола Весна Котевска спроведувала интервјуа со кандидати за бугарско државјанство, а поради тоа многу барања биле одбиени, откри бугарскиот пратеник Ангел Георгиев од партијата Преродба – oбјави “ДЕНЕШЕН.МК”.
Тврдењето на пратеникот било повод случајот да го испита вицепремиерката Марија Габриел, пишува Њуз.бг. Георгиев за случајот постави пратеничко прашање во бугарскиот парламентдо Габриел.
Министерката, која истовремено е и вицепремиерка, му одговори дека имало системски пропусти во бугарскиот конзулат во Битола, и дека чистачката веќе нема пристап до архивата и конзулската служба. Но, таа негираше дека чистачката вршела интервјуа за бугарско државјанство.
-Ваквите пропусти се недозволиви, кажа Габриел.
Таа додаде дека 2.719 досиеја се вратени на докомплетирање во конзулатот во Битола поради сериозни нарушување во процесот за добивање бугарско државјанство.
Вицепремиерката Габриел побарала увид во дејноста на конзуларната служба и рекла дека хигиеничарката повеќе нема пристап до архивата и до конзуларното претставништво.
– Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви, изјавила Габриел.
Денеска, со почеток од 14часот, на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа ја дочекува Беласица, дерби кое своевремено носеше илјадници на трибините.
Но ситуацијата е сега многу поразлична. Победа грчевито се бори да избори опстанок во Втората лига, а ништо подобар не е ниту струмичкиот тим, кој се наоѓа четири места погоре на табелата.
Црвено-белите од Прилеп во пролетниот дел од сезоната забележаа два порази и две ремија и немаат постигнато ниту еден гол.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа најави повлекување од политичкиот живот.
Тој наведе дека локалните избори во Турција што треба да се одржат на 31 март ќе бидат негови „последни“.
– Изборите на 31 март ќе ми бидат последни во согласност со законот. Нивниот резултат ќе биде пренесување на довербата на моите браќа кои ќе дојдат по мене, посочи Ердоган.
Ердоган политичката кариера ја почна како градоначалник на Истанбул во периодот од 1994 до 1998 година. Тој е основач на владејачката Партијата на правдата и развојот (АКП). Тој беше премиер на Турција од 2003 до стапувањето на претседателската функција во 2014 година.
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.
Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.
На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.