дома блог страница 849

Убедилво водство на Силјановска – веќе води над 13.000 гласа на 3% обработени податоци

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова е во убедлива предност на обработени 2,93% од гласовите.

Како што објави ВМРО-ДПМНЕ, таа досега има 23.644 гласови, или 44,56%. Втор на листата е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски кој на обработени 2,93% од гласовите има 9.740 гласа.

Бујар Османи е трет, со 7.473 гласа, а по него е Арбен Таравари со 5.010 гласа.

Максим Димитриевски досега освоил 3.687 гласа, Билјана Ванковска 2.026, а Стевчо Јакимовски 366 гласа. 1.111 гласачки ливчиња се неважечки.

Фатен прилепчанец кој избегал од кумановскиот затвор

На 23.04.2024 во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.М.(29) од Прилеп.

Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена – информираат од МВР.

До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас

Изборниот процес во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и во општина Крушево се одвива непречено и без сериозни проблеми, информираат од општинските изборни комисии.

Според најновите податоци од комисиите, во Прилеп до 13 часот на гласање изглегле 31,41 проценти од вкупно запишаните 62 082 избирачи на 142 избирачки места. Процентот на излезност во Крушево е 36,66 отсто од запишаните 7 755 избирачи, а во општина Кривогаштани до 13 часот гласале 30,6 проценти од запишаните 4 428 граѓани со право на глас.

Од општинските изборни комисии информираат дека нема нарушувања во текот на изборниот процес.

Блескаше на сцената во прекрасна креација! Јана Мрческа од Прилеп ја освои публиката на “Скопски моден фестивал 2024” (ФОТО)

Прилепчанката Јана Мрческа и после објавувањето на нејзиниот кавер-сплет за спомен на нашиот Тоше не запре со нејзините проекти и успеси.

Јана настапуваше како музичар на четвртата сезона на Скопскиот моден фестивал 2024, кој се одржа од 3. до 6. април во Скопје.

Таа пееше на трета фестивалска вечер и беше облечена во прекрасен раскошен фустан од атељето “Per Sempre”. На фестивалот имаше креации од различни земји од Балканот, а македонскиот бренд “Сара Фешн” прослави 25 години од постоењето.

Нашата Јана исто така учествуваше и на меѓународниот натпревар “Сергеј Михајлов” во Штип, кој се одржа на 17. април и го освои првото место.

Во продолжение да се потсетиме на нејзиниот прекрасен кавер во спомен на Тоше:

Еве колку гласови се потребни за победа во прв и втор круг на претседателските избори

Во земјава денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. Право на глас имаат 1.814.317, кои можат да изберат меѓу седум кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски. Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 907.159 гласови.

Доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 8 мај. За претседател ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.

За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

Даштевски: Гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности

Гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности на сите избирачки места, а започнато е на сите избирачки места, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

-Пристигнати се податоци за излезност на гласачите од 832 избирачки места од вкупно запишани 402.748 гласачи. На овие избирачки места гласале 15.487 односно 3,85 отсто од гласачите, нагласи Даштевски.

До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка. На неколку места биле пријавени технички проблеми, за кои претседателот на ДИК објасни дека се решаваат во од.

Гласањето се одвива на 1480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат 1.814.317 граѓани.

Не смеете да сликате зад параванот, се гласа и со истечени документи

Државната изборна комисија (ДИК) е целосно подготвена за спроведување на утрешните претседателски избори, изјави на вчерашната седница претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Правото на глас на изборите, како што појасни Даштевски, граѓаните ќе можат да го остварат со важечки документ за лична идентификација, лична карта и патна исправа со старо уставно име на Република Македонија, како и со лична карта и патна исправа чија важност истекла девет месеци пред денот на одржувањето на изборите, а за денеска тоа е 24 јули 2023 година.

Даштевски кажа дека немало проблеми со гласањето денеска на болните, затворениците, во дијаспората и лицата во старските домови.

На 98-та седница акредитирани беа нови набљудувачи за Претседател и за Парламентарните избори. Вкупната бројка на набљудувачи се зголеми на 1601, од кои 915 се домашни, а 544 меѓународни набљудувачли, 84 преведувачи како и 58 странски новинари.

Дополнително на седницата беа одобрени акредиации на ОБСЕ/ОДИХР за четворица набљудувачи и двајца преведувачи, за Косова прес за двајца новинари, на Амбасадата на САД за четворица набљудувачи, Еуроњуз Албанија за двајца новинари, за Фондација ромите за демократија за двајца набљудувачи, за АБЦ Њуз Албанија тројца новинари, Асошиејтед прес пет новинари, ТВ АРД Германија еден новинар, Прва ТВ Србија двајца новинари, РТВ Косово пет новинари, ТВ ЗДФ 3, Вејк уп дополнување со 570 набљудувачи, Македонски центар за културен развој еден набљудувач, ТВ Н1 за двајца новинари, БНТ тројца новинари, и ИФЕС дополнување со еден набљудувач за парламентарните избори.

Акредитираните набљудувачи и странски новинари и медиуми добиваат беџови од ДИК за да можат да ги следат изборите, додека како што појасни членот на ДИК Борис Кондарко, домашните новинари, фоторепортери и сниматели ќе можат да известуваат и да ги посетуваат избирачките места од изборите само со своите прес-легитимации.

Дозволено е да се снима и да се слика во избирачките места, но не е дозволено да се снима и да се слика зад параванот за да не се наруши тајноста на гласањето, како и Избирачкиот список бидејќи таму има лични податоци на граѓаните. Евентуално може да се направи исклучок ако некој од гласачите затекнати на избирачкото место не сака да даде согласност и не сака да биде снимен, истакна членот на ДИК Борис Кондарко.

Изненадување за сите средношколци од АМД Прилепец – Шанса за бесплатна обука за возачка дозвола!

АВТО ШКОЛА АМД ПРИЛЕПЕЦ со интересна понуда за сите средношколци!!!

До 15.05.2024г. во просториите на АМД Прилепец, сите средношколци кои исполнуваат законски предвидена возраст, ќе можат да се пријават и да бидат во конкуренција за добивање бесплатна обука за А2 и Б категорија на возачка дозвола.

Наградени ќе бидат најдобрите двајца кандидати кои ќе го решат тестот со сите можни поени.

Пријавете се и станете дел од големото семејство на возачи на АМД Прилепец!

Со среќа!

Хумани пријатели вие сте на ред! Да и помогнеме на Дијана во нејзината борба!

Драги хумани луѓе Дијана боледува од ретка болест Neuromilit Optucus, болест која поради нејзината сериозност доведува до губење на видот и отежнато движење. За подобрување на состојбата потребна е соодветна терапија која чини доста скапо, а за тоа и е потребна вашата хумана рака.

И споделувањето е донација.

Телефони за донација:
– Tелеком: 143 177
– A1: 143 403

Жиро сметка за донација:
210-1000006820-46 НЛБ Тутунска Банка

Затворениците денеска гласаат, а затворската полиција во Прилеп на протест

Вработените и полицајците од затворот во Прилеп од утре почнуваат протести кои секој ден ќе се оддржуваат пред затворот меѓу 12 и 14 часот. Тие излегоа со соопштение во јавноста појаснувајќи дека протестираат поради лошите работни услови:

„Сакаме да ве известиме за крајно сериозната состојба во која се наоѓаат дел од Затворите во државата во кои од пред извесен период се распоредени осудени лица од висок ризик, а затворите и затворските полицајци немаат услови да се справат со предизвиците. Еден од нив е конкретно и Затворот Прилеп каде веќе состојбата е загрижувачка и во делот на условите за обезбедување, а и од делот на човечкиот персонал. Под страв и од неможност да одговорат на потребата за обезбедување половина од вработените се веќе на боледување и избегнуваат извршување на работните задачи додека останатата половина од вработените се оставени на милост и немилост. За таа цел како синдикат веќе го известивме Директорот на Управата за извршување на санкции кои го посети Затворот Прилеп кој ни пренесе дека решавањето на овој проблем не е во негова надлежност и тој нема моќ да го реши, при што побаравме средба од Министерот на кое што барање до денес немаме одговор.

Како Независен синдикат на затворската полиција и администрација – Затвор Прилеп, со цел актуелизирање на состојбата и решавање на проблемот од утре започнуваме со протести кој ќе се одржуваат секој ден пред Затвор Прилеп од 12.00 до 14.00 часот.

За протестите и барањата подетално ќе известиме на прес конференција која ќе ја одржиме во 12.15 часот пред Затвор Прилеп, за што би биле благодарни на вашето присуство и поддршка“, велат од Независниот синдикат на затворска полиција и администрација – Затвор Прилеп.