дома блог страница 848

“ЧЕЛИЧНА ТУПАНИЦА” – Двајца прилепчани ќе бидат дел од спектакуларен боксерски настан во Тирана

Прилепчаните Матеј Чатлески и Ице Трајкоски ќе боксуваат на спектакуларен боксерски настан во главниот град на Албанија

Настанот “ЧЕЛИЧНА ТУПАНИЦА” во Тирана, Албанија, закажан на 22 март 2024 година, претставува вистинско боксерско воодушевување. Ова е момент кога тројца македонски боксери ќе настапат во рингот со цел да го докажат својот потенцијал.

Ице Трајкоски ќе се бори во својата петта професионална борба против боксер од БиХ, додека дебитантите Тоше Цветков и младиот перспективен боксер Матеј Чатлески ќе се појават за првпат во професионалниот ринг, спремни да ја покажат својата боксерска умешност и талент.

-Ова е шанса на сите македонски боксери да го покажат својот потенцијал и да чекорат во добра професионална кариера. Сите боксери се во одлична форма, очекуваме борби полни со експлозивни акции. По настанот, планираме да организираме неколку боксерски ревии во Македонија, со што ќе продолжиме да ги презентираме нашите титани во рингот со цел да ги внесеме во фокусот на вниманието на публиката – вели Дарко Чатлески секретар и менаџер на “Про Бокс Македонија”.

Мајсторски погодок каков ретко се гледа и во Прва лига: Прилепско Големо Коњари прими гол од половина терен (ВИДЕО)

Македонија располага со фудбалски таленти, а такви деца има и во Третата фудбалска лига.

Доказ за тоа е дерби натпреварот помеѓу Росоман и прилепско Големо Коњари, на кој домаќините ги изненадија прилепчани и славеа со 3:1.

Победата на овој натпревар ја најави Стефан Костовски, кој во 65-та минута со маестрален удар стрелаше за 2:1.

Со овој пораз клубот од прилепско сега е на втората позиција со 25 бода после 12 одиграни кола. Пред нив со еден бод предност е велешки Борец, а Превалец и Росоман се трето и четврто пласирани, со 23, односно 22 освоени бодови.

Од ФК Големо Коњари после овој натпревар се пожалија од судењето, па на социјалните мрежи напишаа: “Судиската тројка КАТАСТРОФАЛНО го водеше натпреварот, очигледно треба друг да биди прв”.

Во продолжение погледнете го погодокот на Костовски:

Мајсторско дрон видео: Прилепчанец на маестрален начин ги сними убавините на прилепското вештачко езеро

Истражете ја волшебната убавина на прилепското вештачко езеро преку извонредно ДРОН ВИДЕО на Гоце Дојчиноски од Прилеп.

Видеото е снимено во 4K FPV резолуција снимена од DJI Air 3 и ја прикажува прекрасната природа и живописните пејсажи.

Уживајте во глетката во продолжение:

За повеќе вакви видеа претплатете се и следете го јутјуб каналот Skyscapes Production

Објавена програмата на каневалот “Прочка 2024”: Интересен новитет е претставувањето на обичајот “АМКАЊЕ”

Општина Прилеп и Здружението на граѓани „ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ“, како организатори на годинешното 22 издание на Kарневалот „ПРОЧКА 2024“, се подготовуваат за одржувањето на оваа значајна манифестација, која во изминатите години постигна голем успех во поглед на промоција на градот Прилеп во пошироки рамки.

Активностите ќе започнат на 15.03. со отворање на изложба, богатство од креации на маски/сурати, изработени од учениците во основните и средните училишта, под менторство на нивните наставници по ликовно образование и оделенска настава, кои се партнери во целокупната организација. Ова се нашите најмлади учесници, кои во иднина ќе ја продолжат традицијата на чување и презентирање на културното наследство, а годинава за прв пат своја креативна работилница имаат и градинките, кои го најавија своето учество.

Изложбата ќе биде поставена во Центарот за култура Марко Цепенков, каде ќе бидат прогласени и најдобрите избрани маски, а стручна жири комисија ќе го спроведе изборот.

Во сабота на 16.03. на Платото кај Градскиот Саат предвидена е презентација на народниот обичај АМКАЊЕ од страна на Здружението Преродба. Истата ќе биде изведена во автентичен амбиент, привлечен за минувачите, кои во тој период ги има многу, како прилепчани, така и гости, а настанот ќе биде збогатен со настап на младите уметници Марко и Антонио како етно состав Пиреј.

Централен настан е дефилето на маски во недела, на кое ќе се претстават групни и поединечни маски од Прилеп и од други градови од Македонија, а стартот е од пред НУЦК Марко Цепенков. Трасата ќе се движи се до плоштадот Методија Андонов Ченто, каде што ќе биде главното претставување со изведена кореографија и музика. Очекуваме околу 500 учесници во повеќе групни маски, а гости ќе има од Кавадарци, Пробиштип, Куратица, Мокриево, Берово, Сопот, Струмица и други. Покрај дефилето ќе има куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции, кои се карактеристични за овај празник. Почетокот на дефилето е во 12.00 часот, а претходно во 11.00 часот на Камената Бина ќе започне забава со Роби реј Робот, единствениот Дј во Македонија препознатлив по неговите уникатни костуми за сценско шоу.

Пријавувањето е сеуште отворено и сите заинтересирани треба да ја посетат страницата на карневалот: www.karnevalprilep.mk, или фан страницата на социјалната мрежа Facebook, каде има пријава која можат да ја испратат по електронски пат или пак непосредно пред карневалот да дојдат на централната бина на плоштад. За најубавите маски ќе има и награди, а за истите ќе одлучува стручна жири комисија.

Исто така Карневалот „Прочка“, како еден од најзначајните културни манифестации во пелагонискиот регион ќе биде извонредна можност за фотографите да ги збогатат своите портфолија. Имено Фото Кино Клубот од Прилеп ги повикува на дружење сите професионални фотографи и фото-аматери од земјата и странство да се пријават и да земат учество, додека после завршувањето на карневалот, ФКК – Прилеп, во соработка со Општина Прилеп и Национална фото унија на Македонија, ќе објави меѓународен конкурс за уметничка фотографија. На овој конкурс ќе се примаат исклучиво фотографии креирани на овогодинешниот карневал.

За најдобрите и најкреативни фотографии стручното жири ќе додели соодветни парични награди.

Проектот ќе биде заокружен со изложба на фотографии која ќе се одржи на 17 мај 2024 год.

Одлуката за продолжување на работното време на сите кафетерии и ресторани, донесена од Советот на Општина Прилеп е со важност, така да забавата во вечерните часови ќе може да потрае на задоволство на младите генерации. Сите кафетерии, ресторани, пицерии имаат своја предвидена програма, со настапи на ДЏеи и бендови во живо, како за денска така и за вечерна забава.

Се надеваме на уште еден успешно организиран карневал во рамките на предвидениот буџет за оваа година.

Карневалските случувања се завршуваат во понеделник со традиционален заеднички ручек на здружението Прилепски Мечкари во Манастир Св. Ѓоргија.

Предвидени награди:

Изложба:

девет награди во три категории, една Гран При награда и една Специјална награда.

1,2 и 3 место во категорија до 6 одд

1, 2 и 3 место во категорија до 9 одд

1, 2 и 3 место во категорија на средни училишта

Дефиле:

1, 2 и 3 место и една Гран При награда

Наградите се во форма на ваучер за патување/претставување на други манифестации.

ПРОГРАМА

15. МАРТ 2024 (петок) 12:00 часот:
ИЗЛОЖБА на рачноизработени трaдиционални маски/сурати

Свечено отворање и доделување на признанија

Локација: Центар за култура „Марко Цепенков“ Ликовен салон

16. МАРТ 2024 (сабота)

11:00-13:00 Презентација на народниот обичај АМКАЊЕ – Здружение Преродба

Етно состав Пиреј – Марко Солески и Антонио Трајкоски

Локација: Плато кај Градскиот Саат

17. МАРТ 2024 (недела)

11:00-14:00 – Robbie Ray Robot Show – Камена Бина

12:00 – Карневалска поворка

Дефиле на маски и настап на жонглери, кловнови, акробати, куклари

Траса: НУЦК Марко Цепенков / Булевар Гоце Делчев/ Плоштад Методија Андонов – Ченто – Централна бина

18. МАРТ 2024 (понеделник)
12:00: Одбележување на „Чист понеделник“

Традиционален заеднички ручек со Здружението Прилепски Мечкари

Локација: Манастир Св. Ѓоргија – Присад

Прилепското здравство на колена, ама битно Филипче носител на листа?

Откако стана јасно како ќе изгледа гласачкото ливче за претседателските избори, парламентарните се враќаат во фокусот особено откако вчера, опозицискиот лидер Мицкоски речи си ги официјализираше носителите на листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреварува на изборите. Тој ќе ја предводи листата во првата изборна единица, во двојка ќе биде потпретседателот Мисајловски, пратеникот Ковачки во тројка, Александар Николоски во четворка и пратеничката Дафина Стојановска во шестката.

Петтата изборна единица опозицијата се уште ја нема дефинирано. Во СДСМ се уште нема официјални информации, но неофицијално Ковачевски веќе потврди дека ќе биде носител во првата изборна единица.

Двојката би требало да биде за Сања Лукаревска иако таму шанси има и Фатмир Битиќи. Во тројката се прави анализа меѓу Љупчо Николовски и Оливер Спасовски. Четворката веројатно ќе биде за Венко Филипче, а во петката се споменува името на Славјанка Петровска. Се уште се бара кандидатот за шестата изборна единица.

Од останатите партии кои ќе учествуваат на изборите во првата изборна единица се најави лидерот на Левица Апасиев и скопската градоначалничка Арсовска.

Албанските политички партии главната битка ќе ја водат во шестката. Таму се очекува дуел на Ахмети со Касами додека Меџити и Гаши се очекува да се распоредат во првата и втората изборна единица.

Се ќе биде дефинирано до крајот на месецов имајќи предвид дека последниот рок за пријавување на кандидатските листи истекува на 3 април. Кампањата за парламентарните избори почнува на 18 април, две недели претходно на 4 април ќе стартува и кампањата за претседателските избори.

За карневалот “Прочка 2024”, три дена продолжено работното време на кафулињата и рестораните во Прилеп

По повод одржувањето на меѓународниот карневал „Прочка 2024“, работното време на угостителските објекти во градот се продолжува за 2 часа, согласно чл.23 од Законот за угостителска дејност: „Советот на општината, односно Советот
на градот Скопје, за одредени туристички, културни и друг вид манифестации, содржани во годишните програми, можат да го продолжат работното време најмногу за два часа, за угостителските објекти од ставот 1 на овој член,
но во времетраење најмногу до три дена.

Продолженото работно време се однесува само за деновите на одржување на карневалот, односно од петок 15 март до недела 17 март 2024 година.

Одлуката за продолжувањето на работното време на угостителските објекти замеѓународниот карневал „Прочка 2024“ е донесена од Советот на Општина Прилеп, на седницата одржана на 29.02.2016 година и таа се’ уште е со важност.

Oграбена продавница во прилепско Дебреште

На 10.03.2024 околу 01.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во продажен објект во с.Дебреште, општина Долнени, било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени пари од дневниот промет и повеќе производи.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

СЕ ПОЈАВИ ГОЛ НА СЦЕНАТА: На доделувањето на Оскарите публиката подзина кога го виде актерот во ова издание (ВИДЕО)

Американскиот актер и борач Џон Сина ја шокираше публиката на Оскарите со тоа што на сцената се појави целосно гол, а неговиот изглед потсетуваше на Адам. Вака, тој го објави победникот во категоријата за најдобра костимографија.

Статуетката отиде во рацете на костимографите на филмот „Кутрите“, филм кој славеше и во категориите сценографија и шминка и фризура.

Причината за ова беше потсетување на моментот од пред 50 години, кога на сцената на Оскарите неочекувано се појавил гол фан.

Еден грст награди и признанија за прилепските грации од Интернационалниот натпревар “ЕВИТАКУП” во Србија (ФОТО)

Клубот за естетско ритмичка гимнастика “АВАНТГАРД” – Прилеп зеде сериозен замав со успеси со свои учеснички (грации) на интернационални натпреварувања. Прилепскиот клуб оваа дисциплина ја развива рамо до рамо со познати клубови од Балканот и пошироко, кои работат повеќе од 30 години.

Нашите прилепски грации веќе 8 години континуирано се стекнуваат со успеси, а така беше и не последниот Интернационален куп “Евитакуп” кој се одржа во Свилајнац, Р. Србија. Таму изминатиот викенд девојките, предводени од нивниот тренер и претседател на клубот, дип. професор по физичко образование, Александра Стојаноска, ги освоија следните места во различни категории:

Групна вежба AGG (8-10 години)

1 место-(Калина Петкоска, Сара Маркоска, Галена Јорданоска, Галена Ацеска, Марија Кузманоска, Илина Кузманоска, Јована Везенкоска, Ива Конеска, Дарија Бунтеска, Мелани, Ристеска, Исидора Нешкоска и Сања Гулеска).

Индивидуална вежба – реквизит лента
1 место-Анастасија Нешкоска

Индивидуална вежба – реквизит чуњеви
1место-Илина Кузманоска

Индивидуална вежба – реквизит топка
2 место-Георгина Апостоловска

Инфивидуална вежба – реквизит топка
4 место-Јована Везенкоска

Индивидуална вежба – реквизит обрач
5 место-Јана Димоска

Индивидуална вежба – реквизит обрач
7 место-Галена Ацеска

НОВО ОПОЖАРЕНО ВОЗИЛО ВО ПРИЛЕП

На 11.03.2024г. околу 00:10часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека во двор од куќа на ул. “Борка Стеваноски” во Прилеп, сопственост на Б.В. (40) од Прилеп, било опожарено неговото патничко возило марка “опел инсигниа” со прилепски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од ОВР Прилеп, а за настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.