дома блог страница 847

Фатени двајца дрвокрадци од Прилеп

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(19) и А.А.(21), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрва“.

На 27.07.2023 во атар на с.Крстец, прилепско, полициски службеници ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва во шума со која стопанисува Јавното претпријатие „Национални шуми“ – информираат од СВР Битола.

Познатата холивудската актерка со оваа изјава ја направи горда цела Македонија (ВИДЕО)

Холивудската актерка Глен Клоуз го избра филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во промотивно видео пред оскаровската церемонија, во кое на филмски уметници им се поставува прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја.

Цариниците заспани или намерно дремеле? Два тони мобилни телефони поминале на Царина, шверцот го спречи скопската полиција

Скопската полиција синоќа спречила шверц на 2 тони мобилни телефони од Марките Iphone и Samsung.

Случајот е пријавен кај мобилна Царина и кај надлежен Јавен обвинител.

На потег е Царината да истражи како оваа огромна пратка нелегално е помината преку граница.

Ричковци спортуваат и празнично даруваат: Хуманитарен футсал турнир по повод Велигден и Рамазан Бајрам во организација на учениците од СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко”

Хуманоста ја отсликува големината на човекот и затоа децата треба да се учат на хуманост, човечност и емпатија.

Во чест на претстојните празници Рамазан Бајрам и Велигден, Младинската организација при СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко” организира хуманитарен футсал турнир под мотото ,,Ричковци спортуваат и празнично даруваат”.

Пријавувањето на екипите е до 29.03.2024 година.

Се преврти ЦИСТЕРНА СО ПЛИН кај Битола

Во 09.30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на с. Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со плин.

Известени се ТППЕ Битола којашто прати 4 пожарникари со 1 ПП возило, а МВР Битола се веќе на терен.

Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош.

За подигање на цистерната се чека механизација.

Инаку во полиција пријавата е евидентирана утринава во 06:45 часот, а било пријавено излетување на цистерна на патот А3, и дека нема штети и нема излевање на плинот, вела од МВР.

Деца со кои Прилеп треба да се гордее: Ученици од СОУ “Орде Чопела” развија “Паметен Еко Панел” и беа наградени со 2.000евра (ФОТО)

Учениците од СОУ “Орде Чопела” од Прилеп: Андреа Гагалеска, Емилијано Стојаноски, Нина Доклеска, Андреј Ѓорѓиоски и Теодора Ангелеска (како членови на тимот „GREEN AIR“), а под менторство на професорот Ѓорѓија Гагалески, освоија награда од 120.000 денари за имплементација на својот предлог проект „ПАМЕТЕН ЕКО ПАНЕЛ“ .

Натпреварот беше организиран од страна на НВО ЛЕАД (Leaders for Education, Activism and Development) во соработка со ФИТР (фонд за иновации и технолошки развој на Република Македонија), а финансиски поддржан од Амбасадата на Шведска во рамки на програмата UPSHIFT (програма за социјални иновации).

Натпреварот се одвиваше во 5 фази, и тоа:

1. Избор на 10 финалисти врз основа на добиените апликации
2. Организирање на онлајн работилница за подготовка на 10-те финалисти (26 МАРТ).
3. UpShift Air Bootcamp за 10 финалисти (04-06 АПРИЛ, СТРУГА) каде преку Design Thinking методологијата, 10 те избрани финалисти ги развија своите идеи во финални решенија/социјални иновации. На самиот настан се презентираа сите решенија и се избираа 5 победнички решенија кои беа наградени со 120.000,00 денари и менторска поддршка за имплементација на своето решение.
4. Дополнително, 5-те победнички тима треба да посетат еднодневна обука за застапување и за обезбедување дополнителна поддршка и средства од заедницата за реализирање на иницијативита, на база на пристапот на crowdfunding;
5. ФАЗА 5 – Имплементација на социјалните иницијативи (АПРИЛ-ЈУНИ), имено со помош на назначен ментор од страна на ЛЕАД 5-те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

Покрај тимот на прилепчани, со по 2.000 евра беа наградени и иновациите од уште 4 други училишта низ Македонија: СОУ “Гостивар” – Гостивар, СОУ “Љупчо Сантов” – Кочани, СОУ “28 Ноември” – Дебар и СУГС “Владо Тасевски” – Скопје

Со реализација на своите решенија, победничките тимовите ќе придонесат кон намалување на штетните последици од загадениот воздух.

Честитки за учениците и нивниот професор и нека оваа нивна посветеност, иновативност и глад за знаење, биде поттик за сите останати.

ВО продолжение фотографии како се подготвуваше “Паметниот ЕКО ПАНЕЛ”:

Репертоар на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”

„Стапица за глувци“ oд Агата Крист, во петок (15.03.), со почеток од 19:30ч. во прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”.

Режисер- Борис Василески
Драматург – превод- Лидија Митоска Ѓорѓиевска
Сценографија и дизајн на светло – Мартин Манев
Костимографија – Марта Дојчиновска
Музика – Томе Темелкоски
дизајн на плакат – Илина Василеска

Играат:

Сара Спиркоска
Илија Волчески,
Дарко Карбески,
Марија Спиркоска Илијеска
Александар Тодески,
Даниела Иваноска
Михајло Миленкоски,
Димитар Ѓорѓиевски

Побрзајте, набавете влезници на телeфонскиот број: 076 442 378

„Не прашуваме колку се, туку каде се!” – 43 години од формирањето на САЕ „Тигар“

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска одбележува 43 години од формирањето.

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ).

САЕ Тигар е организирана како посебна единица во Бирото за јавна безбедност со намена за:

Планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот
Решавање заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица
Апсење криминалци и криминални групи
Решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје
Обезбедување загрозени ВИП личности и објекти
Давање асистенција во борбата против организираниот криминал
Спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени
Обука и едукација на кадри

Прилепчанец се заканувал со пиштол

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Ј.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 12.12.2023 на ул. „Тризла“ во Прилеп, пријавениот со пиштол упатил закани кон Е.А. – информираат од СВР Битола.

Полицаец од Битола заработи кривична: Ја натепал својата невенчана сопруга

СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

На 29.01.2024 во Битола, Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР.

Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник – информираат од МВР.