дома блог страница 846

Моќни пораки до идните власти, за афирмација на македонскиот идентитет и држава, на денешниот форум во Универзитетот “Скопје” (Фото)

Силни пораки до идните власти од Форумот за заштита на македонскиот идентитет на Универзитетот Скопје!

Денеска на Универзитетот Скопје, со почеток во 12 часот, се одржа Форум за заштита на македонскиот идентитет. На Форумот организиран во три панел-дискусии, учесниците дебатираа во кој правец се движи Македонија на економски и на политички план, и дали го заштитивме доволно идентитетот. Тие испратија силни пораки до идните власти што треба да се преземе итно за целосна афирмација на македонскиот идентитет и држава.

„Универзитетот Скопје континуирано работи на зачувување и афирмирање на сето она што е македонско“, со оваа порака ректорот Миленковски го отвори Форумот како учесник на првиот панел посветен на политичкиот пат на Македонија.

„На негирањето на нашиот идентитет од другите сме навикнати низ историјата. Денес, најзастрашувачки е негирањето на нас самите од нас самите“, исткана Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, Неговото Блаженство Г. Г. Стефан.

„Како нација и како држава потфрливме на секој план. Токму затоа денеска имаме одговороност да го охрабриме секој Македонец што верува во Македонија, дека можеме подобро! Да направиме сѐ да биде подобро!“, испрати порака до сите активни чинители во државата и до секој поединец амбасадорот Марјан Ѓорчев.

На панелот посветен на заштитата на македонскиот јазик, култура и ситорија, д-р Елка Јачева-Улчар од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ нагласи дека македонскиот јазик денеска е во многу лоша состојба губејќи ги позициите што веќе ги имаше. „Небулозно е да се дискутира денеска дали постои или не!“, истакна д-р Улчар.

Проф. д-р Наташа Котлар од Институт за национална историја има порача на идните власти: „Институциите се тие што треба да го афирмираат идентитетот!“

На Форумот учество земаа и новинарот и уредник Александар Чомовски, претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски, проф. д-р Благица Новковска од Универзитетот Скопје, проф. д-р Зоран Ивановски, проректор за наука и развој на Универзитет Скопје, доц. д-р Викторија Трајков, професор на Универзитетот Скопје и кариерен дипломат, проф. Атанас Конески, генерален секретар на Фондација за македонскиот јазик „Небрегово“, Петар Темелковски, актер и професор на „Еуропа прима“ и Петар Георгиевски-Камиказа, актер, музичар и уметник.

Адвокатот Менкиновски доби ослободителна пресуда за веење на знамето со Сонцето од Кутлеш на Водици

Ослободителна пресуда за адвокатот Тони Менкиноски кој беше обвинет за нарушување на јавниот мир и ред на празникот Водици, откако го развиори знамето со шеснаесетзрачното сонце во Охрид.

И денеска на судењето Менкиноски истакна дека не се чуствува за виновен бидејќи тоа не е спротивно на ниту еден меѓународен договор, ниту закон и подвлече дека сите оние во кои веруваат во македонската кауза ќе се потрудат да го вратат ова знаме како државен симбол на Македонија.

Истиот суд донесе ослободителна пресуда поради недостаток на аргументи и за Александар Ѓурчев кој истакнал големо знаме со сонцето од Кутлеш на плоштадот кај Горна Порта во Охрид.

Важно известување од Станицата за технички преглед “Авто Контрол” до превозниците на патници и стока

Во Станицaтa за Технички преглед и Техничка Служба Авто Контрол Прилеп, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај се вршат прегледи, испитувања, проверка и издаваме потврди за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови кои мора да ги исполнуваат моторните возила за вршење на одделни видови превоз на патници и стока во јавниот патен сообраќај.

Потврдата за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови е потребна за добивање на Лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Техничко-експлоатационите услови што моторните возила треба да ги исполнуваат (во зависност од видот на јавниот превоз) се пропишани во Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај.

“При 10 хирурзи во Битола, пациент за катетер се препраќа во Прилеп” – Упат кој покажува во каква состојба е македонското здравство

Пратеникот Антонио Милошески на социјалните мрежи објави специјалистички упат кој, според објавата го добил пациент во битолската клиничка болница, а со кој бил препратен за поставување на катетер во болницата во Прилеп.

Лекарот кој интервенирал на пациентот во Прилеп, на многу убав начин му напишал упатство за понатамошно лекување.

Според она што стои во објавениот упат, цитираме:

“За срамота, при 10 хирурзи во клиничка болница во Битола, се праќа пациент во Прилеп за поставување на катетер на пациент со ретенција. Крајно време е директорот да си превземи мерки и повеќе да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола го допре дното”.

Цистерната со плин која вчера се преврти во битолско, ќе се отстранува денеска – немале соодветна механизација

На терен интервенирале комбинирано пожарникарите од ТППЕ Битола со четворица пожарникари и едно противпожарно возило, МВР – СВР Битола и Итна медицинска помош – Битола. Возачот на камионот бил лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола, се наведува во соопштението.

Цистерната со плин која беше превртената вчера во 9:30 часот во близина на битолското село Вашарејца ќе се отстранува денеска поради немање соодветна механизација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-РЦУК Битола извести дека вчера во 9:30 часот добиена е информација за превртена цистерна со плин во близина на битолското село Вашарејца. На терен интервенирале комбинирано пожарникарите од ТППЕ Битола со четворица пожарникари и едно противпожарно возило, МВР – СВР Битола и Итна медицинска помош – Битола. Возачот на камионот бил лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола, се наведува во соопштението.

Во последното деноноќие, како што информираат од ЦУК, имало вкупно 1 988 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 45,62 отсто, а 54,38 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 62,18 отсто, кон итната медицинска помош 34,87 проценти, a кон пожарникарите 1,27 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие на бројот 112 во ЦУК бил пријавен само еден пожар на отворено во Скопскиот регион.

УЖИВАЊЕ! Спој на младоста и искуството – “О Јано, Јано” во изведба на женскиот хор од ООУ “Климент Охридски” и жените од “Преродба” (Видео)

По повод празниците што доаѓаат, женскиот хор од OOУ “Kлимент Охридски” Прилеп и здружението “Преродба” од Прилеп направија спој на гласовите преточена во прекрасна изведба на Македонската песна “О Јано, Јано”

Здружението “Преродба” постои од 2006 год и е оформено од жени ентузијасти кој нивното мото е да помагаат во повеќе свери во секојдневниот живот.

Тие учествуваат во многу манифестации и настани,како и во многу хуманитарни акции, помош на социјални семејства,помош на семејства на деца со посебни потреби…

Уживајте во продолжение:

Први снимки од страшниот земјотрес во Црна Гора (Видео)

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Црна Гора.

Земјотресот, кој е регистриран во 04:06 часот, ја погодил областа Никшиќ и бил почувствуван се до Сараево, но и до нашата држава во западна Македонија, Скопје и Охрид.

Според првите информации, поголема материјална штета е регистрирана во околината на епицентарот, а штетите се евидентирани и на територијата на Босна и Херцеговина.

Првите страшни снимки од земјотресот може да ги погледнете ТУКА.

Веднаш по земјотресот беа направени проценки за опасност од цунами, но подоцна беше соопштено дека нема опасност.

Земјотресот бил толку силен што бил почувствуван во Белград и Сараево, како и на многу други места низ регионот.

По силниот земјотрес следеа уште најмалку 30 земјотреси од кои најсилниот беше со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Полицијата изврши претрес во домот на прилепчанец и пронашле пушки, пиштоли и муниција

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Р.(44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 17.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле полуавтоматска пушка, два пиштоли, ловечка пушка со 30 куршуми и куршуми за пиштол – информираат од СВР Битола.

Целосна трансформација и разубавување: CareLux ќе биде главна дестинација на дамите во Прилеп (ФОТО/ВИДЕО)

Нема неубава жена, само ненегувана жена. Затоа постојат козметичките салони и центри за убавина каде соништата стануваат реалност, а секоја жена ја добива насмевката која ја заслужува.

А уште кога за таа насмевка ќе се погрижи некоја млада личност, посветена со целата своја енергија и љубов да донесе среќа, тогаш сликата е комплетна.

Лујза Мијоска е млада девојка од Прилеп, која подолго време работи на свое усовршување за разубавување на припадничките од понежниот пол. Неодамна таа реши целото свое знаење, стекнати дипломи, признанија и сертификати, да ги стави во функција на сите жени и девојки кои сакаат да пленат со својот излед во секоја пригода.

Carelux studio е новиот салон за шминка и депилација во Прилеп, каде оваа млада девојка отсега ќе се погрижи да одговори на сите ваши барања и вашиот изглед да го доближи до перфекција.

Ова катче за Лујза е остварување на сонот, и не само за заработка, туку и можност за исполнување на мисијата да се погрижи што повеќе девојки да изгледаат убаво и да чекорат со многу поголема самодоверба.

Се работи за студио кое изобилува со многу љубов, префинетост и пред се огромна професионалност! Дека тоа е така, ќе ви потврдат голем број муштерики, кои за кратко време се уверија во вредите раце и креативност на младата Мијоска.

“Кога нешто сакате, се вложувате со целата своја енергија. Мојот сон е разубавам што повеќе женски лица, да пренесам позитивна енергија и да вградам што поголема самодоверба во сечие женско срце. Патот до успехот е трнлив и полн со препреки, но верувам дека ќе ја исполнам мојата цел и полека ќе се искачам до самиот врв. Верувам дека можам да ги исполнам желбите на секого и дека мојата посветеност, креативност и подготвеност за работа, при секое излегување од мојот салон ќе биде на обострано задоволство, како мое, така и на моите клиентки”, вели Лујза.

Покрај професионална шминка и депилација, во Carelux Studio можете да искористите и услуга за надградба со свилени трепки, нешто што исто така е во тренд во ова модерно време во кое живееме. Цените се пристапни за сечиј џеб и токму тоа е идејата на оваа млада прилепчанка – секоја жена да може и да си дозволи да изгледа неодоливо.

Следете ги сите новитети, попусти и промоции на Фејсбук и Инстаграм станите на Carelux Studio, термините за март и април се отворени за закажување!

Фестивалот на планински филм “ЕХО” утре доаѓа во Прилеп – Слободен влез и интересни филмски проекции

Прилеп како докажана дестинација која ја негува планинската култура, традиционално ќе биде домаќин на ЕХО фестивалот на планински филм, кој ќе се претстави пред прилепската публика со дел од овогодинешната програма.

Организатор на настанот е здружението Форум за Авангардна Креативност – Прилеп со поддршка на INTERLUCAS и CLS equipment. Форумот за Авангардна Креативност оваа година одбележува 25 години од постоењето и со неколку активности преку целата година ќе го промовира јубилејот.

Проекцијата на филмови ќе се одржи на 14ти март (четврток) во Кино Мис Стон, НУЦК „ Марко Цепенков “ – Прилеп со почеток во 19:00 часот.

Програма:

Блок 1, 19:00 часот

Претставување на најновата публикација на ЕХО: „Пат“ на Нејц Заплотник, 15’
„Еголенд“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 20’
„До планините и назад“, Мајк Квигли, Канада, 47’
ПАУЗА 15мин

Блок 2, 20:45 часот

„Поврзување на летови“, Николас Бриксл, Германија, 19’
„Звучен опсег“, Тими Онил, САД, 15′
„Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Јаник Боисено, Франција, 27’
„АлтаВиа 4000“, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија, 37’
Влезот е слободен.